Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Сите ги чекаат најтазе милионерите

Македонската јавност ќе ги дознае само најголемите суми екстра приходи кои легнале на нечии банкарски конта

Александрија Стевковска


За десетина дена ќе се дознае колку старо-нови милионери има земјава, бидејќи тогаш се очекува Управата за јавни приходи да обелодени колку граѓани и од каде оствариле највисоки дополнителни приходи во 2009 година. Оттаму информираат дека се подготвуваат решенија што ќе бидат испратени до даночните обврзници, со прецизираните заработени суми и дали тие си ја исполниле својата обврска кон државата преку плаќање данок на тие пари, или имаат нешто да доплатат.

Потоа македонската јавност ќе може да ѕирне во банкарските конта на луѓето на чија сметка лани легнале најмногу пари по основа на регистрирани екстра приходи, но само во нивните суми, а не и имиња. Во истата пригода ќе биде објавено колку изнесувале ланската највисока плата и пензија исплатени во државава.

И годинава, како по традиција, нема да бидат кажани имињата на македонските милионери и богаташи, кои секој месец сметката си ја зголемуваат со високи приходи, бидејќи тоа не го дозволува обврската за заштита на личните податоци.

Во очекување на новите податоци за приходите од минатата година, на луѓето се' уште им е свежо сеќавањето на милионерот од наше маало, за кој лани беше објавено дека во 2008 година, надвор од редовните примања, заработил фантастични 15 милиони евра.

Годинава, за ланските приходи, до УЈП беа доставени околу 150.000 годишни даночни пријави, што претставува зголемување во однос на 100.000 пријави поднесени во 2009 година, меѓу кои беше и пријавата на македонскиот милионер.

Мистериозниот милионер лани пријавил 911,6 милиони денари остварен вкупен приход во 2008 година или точно 14,8 милиони евра, што е добивка три пати повисока од остварената во 2007 година, кога скопјанец од областа на осигурителниот бизнис имаше пријавено вкупен бруто-приход од пет милиони евра.

Во недостиг од официјални информации за лицето кое најмногу се опарило во 2008 година, неофицијално се ширеше информација дека станувало збор за бизнисмен, кој не и' познат на јавноста, но е многу добар во бизнисот што го водел, што се докажа и со остварената заработувачка. Богаташот најголем дел од финансискиот колач го добил преку продажба на акциите од сопствената фирма. Сето тоа се случувало во година која беше кризна и во која берзанското тргување го допре самото дно, за разлика од годината пред неа, кога Берзата го доживеа својот процут и кога од неа се офајдија многумина. Втор по остварен вкупен приход во земјава во 2008 година бил битолчанец, со сума од над 2,6 милиони евра, а тр��т по приходи бил скопјанец со приход од 2,3 милиони евра.

Што се однесува до висината на плати и дополнителни примања од работниот однос, минатата година лидер на листата најплатени бил странец, кој работи во областа на телекомуникациите, со годишен приход од 243,6 илјади евра, што би значело дека тој месечно добивал плата од 20 илјади евра. Втор на листата со највисока исплатена плата, исто така, е странец кој земал по 19,5 илјади евра месечно. Евиденцијата на УЈП покажа дека трет приход по висина бил оној на лицето кое секој месец си инкасирало по 17 илјади евра месечно.

И дел од пензионерите во 2008 година не биле за жалење, барем гледајќи ги бројките со највисок годишен приход од пензија. Тие бројки покажуваат дека најголемите пензии биле исплатувани кај битолчани, кои ги држеле првите три места на листата за највисоки годишни бруто-приходи од пензија. Највисоката пензија тежела 8.200 евра, што значи дека месечно во паричникот на тој пензионер влегувале 684 евра. Друг битолчанец по оваа основа лани месечно добивал по 678 евра. Многу покус не останал и третиот битолчанец на листата за највисоки приходи од пензија, со пензија од 672 евра месечно. Оние што не ги пријавиле навреме даночните решенија за дополнителните приходи, или не платиле данок, ќе бидат казнети од 500 до 1.000 евра.


#
Статијата е прочитана 2899 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 31.07.2010 09:07:53
Само ме интересира...да не се тоа новите пријатели и фамилијарци на Фамилијата...
Од: kumanovac
Датум: 01.08.2010 01:13:51
a ke mu tekne li na nekoj vo smesnava drzava da gi prasa tie MILIONERIod kade im se parite t.e DA IM GO ISPITA POTEKLOTO NA MILIONITE IM?ili toa voopsto i ne e bitno.bitni bile nivnite iminja.gluposti.znaci dali si gi ukral od drzavata,ili pa banka si opljackal abe ne e bitno toa,bitno bilo kako ti e imeto.e makedonijo,makedonijo.ke mi bide tesko ali po se izgleda ke mora da se otselam odovde.sto pobrzo toa podobro za mene.a vie i ponatamu voodusevuvajte im se na milionerite i voopsto nemojte da gi prasate od kade im se tolkavi pari vo zemja vo koja veke dve decenii prosecna plata e okolu 250 evra.nego pred zaminuvanje aj ke vi kazam od kade im se.opstestvenata sopstvenost bese proceneta (1990god)na 5 milijardi dolari.od prodazba (esm,telekom,pivara,okta.....)se zede samo edna milijarda.kade se 4milijardi dolari?sega jasno vi e od kade im se tie milioni?
Од: makedonce
Датум: 02.08.2010 10:52:06
HAHAHAHA, SMESNA RABOTA! MILIONERI! BIZNISMENI! SUPRE! Dajte malku pogolemi plati od vasite milioni na rabotnicite sto rmbaat za milionite sto si gji stavate vo djep, za da mozat da ziveat covecki, mozebi ke vi se olesni sovesta?!? Srekni praznici na site makedonci vo svetot, milioneri i prosjaci!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Небулози на патот до НАТО
Се избања во вотка за 21. роденден
Жените се за жените
Се загуби врската меѓу Иванов и неговите гласачи
Историски времеплов
Карма на нашите клетки е храната
Македонија полека се престрашува
Вељаноски не повикал полицајци во маички
Работнички бескрвен, Ливерпул рутински
Мислете на староста, чувајте ги бубрезите
Збогум НАТО!
Мистеријата на зетот на Насер
Големата гасна игра на Русија
„Невидливи“ шумски хотели
Пожари во централна Русија однесоа осум животи
За вашите дигитални спомени