Број 2743  вторник, 22 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Анализа

Европа - Балкан

Арогантни господари

Иван Торов

Апсењето на Заев не е исклучок на балканските простори, но е симптом на болеста во Македонија која се движи кон тоталитаризам на една партија и нејзиниот „водач“

БЕЛГРАД - Спектакуларното апсење на успешниот струмички градоначалник и потенцијален лидер на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, со нескриени политички мотиви, ја потврди мрачната слика за балканскиот тип на демократија. Нему му е својствено и практично дозволено се': подредување на судската извршна власт, суспендирање на државни институции, елиминација и компромитација на политичките противници така што полицијата ќе ги изложи на јавен полициски и медиумски третман без никаква милост, па тој "прилог против криминалот и корупцијата" ќе го повторува во ударните емисии.

Значи, целта не е истерување на правдата "ни по татко ни по стриковци", туку манифестирање моќ и самоволие на една политичка групација (во конкретниов случај, ВМРО-ДПМНЕ), чијашто автократичност, агресивност и ароганција почиваат на фактот дека нема таков државен (непристрасен) механизам кој ќе ја зауздува и ограничува. Уште кога, како и во овој случај, имате слаба и неорганизирана опозиција, латентен конфликт на две заемно нетрпеливи национални (албански) групации и хронична опасност од судир меѓу неа и водечките, македонски, економскиот и социјалниот амбиент кој на авторитарната власт и' овозможува со демагошки манири себеси да се прикаже како "национален спасител", ете можност дека почетните форми на автократија ќе продолжат во форма на сурово самоволие и апсолутизам.

Но, македонскиот пример "на предупредувачко апсење" во ништо не е оригинален, иако со право може да се постави прашањето како е можно една власт, за чиј краток мандат е прокоцкан евроатлантскиот интегративен пат, Македонија во економска и цивилизациска смисла да падне на најниски гранки, влета со сета сила во синдромот на внатрешни конфронтации, следните избори да ги добие уште поубедливо отколку претходните. Одговорот, секако, би морал да се побара во логиката на обичниот граѓанин - избирач дека "јаловата демократија му е преку глава", односно дека му е потребен "господар" кој во секој момент ќе знае што треба да прави и кој, на крајот, ќе го среди хаосот што го создадоа самите политичари за конечно "да го усреќат народот". Така, речиси законски, се стигнува до затвореното изолирано општество, национализмот, како најцелосен и најделотворен обид на тоталитарна логика на владеење "во име на демократијата и напредокот". Во општество обликувано на тој начин се' е можно и изводливо ако "на господарите" им се овозможи да владеат без отпор, а самото тоа чувство на несигурност и страв од режимските репресии, макар и во најбенигна форма, едноставно го дестимулираат секој обид за отпор и пркос. Уште повеќе што ривалскиот политички табор, по тешкиот изборен пораз, е во особена конфузија.

Балканските држави, особено оние настанати по распадот на југословенската заедница, се полни со такви и слични искуства. Уште од почетокот на деведесеттите години, па се' до денес. Таа хомогенизирана и компактна симбиоза на држави, политики и национализам би можела да се анализира низ практиката, од "прастарата" на Милошевиќ и на Туѓман, преку "малку поумерените" на Изетбеговиќ и целата плејада екстремни и воинствени ликови на националистичка школа, до најновиот, би се рекло, просветен, но, во суштина, ни помалку ригиден, конзервативен и властодржечки образец на "тренирање на строгост" на Јанша. Сепак, Словенија како развиена членка на ЕУ отиде предалеку за некои потези на нејзиниот премиер да го нарушат веќе воспоставениот демократски систем.

Иако секој случај би можел да се обработува како специфичен, на сите им е заедничко - наклонетоста кон неконтролираната, апсолутна власт, па дури и тогаш (како во словенечкиот случај) европските правила на игра треба да бидат еден вид одбранбен штит од злоупотребата на власта.

Времето на Милошевиќ со владеење на Србија, сепак е најилустративно искуство. Јавнувајќи го националистичкиот коњ по расколничката Осма седница, во моментот кога остатоците од Берлинскиот ѕид станаа колекционерска вредност, српскиот "водач" неприкосновено владееше повеќе од една деценија. Организираше војни, етнички егзодуси, Србија ја втурна во економска и социјална беда низ хиперинфлација и предизвикани санкции, прогонуваше (а некои и едноставно ликвидираше) политички ривали, симулираше плуралистичка демократија, а всушност, спроведуваше диктатура на една единствена, национал-социјалистичка (СПС), го влечеше ѓаволот (големите сили) за опашка, повикувајќи го бомбардирањето. Неговата националистичка матрица во форма на "нема светот да ни ја крои капата", опстојуваше се' до крајот на деведесеттите години, додека не ја потроши целата внатрешна енергија и "инвентивност" и почна да ја губи контролата на одделни сегменти на државата.

Се заврши како што се заврши, но фаталната привлечност на владеењето без контрола е, своевидна репресија, особено полициска и медиумска, со голема асистенција на тајните служби, со монополизирање на политиката и на државата, опстојуваше макар и во форма на "повеќепартиски", всушност, "демократски национализам" и по падот на Милошевиќ. Симулирана е таканаречена "национална собирност" на Коштуница, т.е. племенско собирање околу огнот во часот "кога татковината е загрозена". Со други зборови, тоа би било собирање околу еден водач, една идеја, создавање посуптилн форма на целосна контрола над државата.

Тоа време на обновен авторитаризам, за жал, Србија ја чинеше многу. Предизвика многу внатрешни конфронтации (бунт на "Црвените баретки", убиството на премиерот Ѓинѓиќ, суспендирање на речиси сите државни институции, медиумско миење на мозоците, сопирање на евроатлантските интеграции) и симулирање "борба против криминалот и корупцијата". Ова последново, всушност, се претвори во школски пример како, од една страна, да се ослободи од политичките ривали, а, од друга страна, да се создаде впечаток "дека во борбата против корупцијата нема недопирливи". Се разбира, ако се на "онаа, другата страна". Спектакуларно, како и во случајот со Зоран Заев, уапсени се многу видни поединци, од претседателот на Трговскиот суд, Горан Кљаевиќ, окружниот обвинител Раде Терзиќ до поранешниот министер за правда, Влад��н Батиќ. Се редеа едно по друго приведувањата на секакви "мафии", но долготрајните судења не ги дадоа "очекуваните резултати". На удар беше и "првиот" српски бизнисмен Богољуб Кариќ, на кого, меѓутоа, му беше овозможено да побегне во моментот кога власта на Коштуница процени дека неговите политички амбиции ги надминуваат "дозволените граници". "Протеран е" и "кралот на тутунската мафија", Станко Суботиќ, бидејќи неговото сведочење би можело да биде непријатно за многу политичари од поранешната и од сегашната номенклатура. Кога на тоа би се придодале прогоните на луѓе, чиј збор би можел да ја расветли политичката заднина на убиството на Зоран Ѓинѓиќ, сликата за вистинската природа на власта на Коштуница добива вистинските димензии.

Дека во целата таа приказна за таканаречената борба против криминалот е вмешан и српскиот бизнис покажа и неодамна скандалозното и понижувачко апсење на двете легенди на српскиот спорт, на фудбалот, Драган Џаиќ, и на кошарката Владимир Цветковиќ. Иако дури во истрагата се осомничени дека "проневериле пари од трансферот на играчи", досегашните наоди се' повеќе ја релативизираат таа режимска приказна, но во прв план го исфрлаат фактот дека познатите спортисти опасно им се замериле на спортските амбиции на најбогатиот Србин, Милорад Мишковиќ, еден од водечките финансиери на владејачките партии. За време на апсењето се повтори истото она што му се случи и на Заев: апсење пред камери, лисици на рацете, специјалци под полна опрема. Изостана само едно - кеси на главите. Намерно, за народот подобро да ги види "злосторниците".

Значи, искуството на Зоран Заев не е исклучок, но е симптом за сериозна болест на едно општество.


Статијата е прочитана 1212 пати.

Испрати коментар

Од: IGOR
Датум: 22.07.2008 00:49:26
Totalitarizam e koga ne smees da pomislis da privedes nekoj sto e osomnicen deka napravil krivicno delo otimachina,samo zatoa sto na nekogo ne mu se dopagja momentot ili licnosta koja treba da odgovara i spored toa treba da bide sto drugo ako ne uapsen.Totalitarizam e koga "lepite Kati"od opozicijata mu sugeriraat na nivniot jatak od Beograd gradot koj go bombardirase polovina planeta da im ja beli chesta koja nikogas ne ja imale tuku i toa go otimale od drug.Totalitarizam e koga se povlekuva paralela pomegju sostojbit e vo vecito problematicnata Srbija i sostojbite i borbata protiv kriminalcite vo MKD.Jalova rabota g-dine Torov, na ovakvi statii vo MKD povekje nikoj ne se vozbuduva odamna ste iscitani,osve "Lepite Kati" od SDSM i ne toku "Lepi"od LDP.
Од: mitko ne se slaga so se
Датум: 22.07.2008 02:01:44
Grujo ednostavno go nema kapacitetot na eden Milosevic ili Tudjman, nitu RM go ima kapacitetot na nivnite drzavi. Zatoa toj mnogu brgu ke trokira, veke se gleda i kako. Grujo ima zapocnato mnogu sitni proekti (kako sadenje drvca, ogranicuvanje na dvizenje, voveduvanje na verski fundamentalizam, gradenje muzei za falsifikuvanja istorija, precekuvanje na Hunzi i nivni krvnici vo ist den i sl.) koi cesto naiduvaat na odobruvanje kaj naselenieto. Zatoa i pobedi vo kasapaanata. No toj so svoie nedokvakani ministercinja ne uspeva da resi nitu eden od bitnite problemi na ovaa drzava (nevrabotenosta, malite str. investicii, strujata, trg. bilans i sl. ) Najgolema steta ima napraveno na poleto na integraciite, sto vo osnova e idninata na ovaa drzava. Toj taa idnina ja ima celosno unisteno za podolg period. Eden den toa na site toa ke vi bide jasno. PS Zaev e kriv.
Од: tome
Датум: 22.07.2008 05:04:46
"како е можно една власт, за чиј краток мандат е прокоцкан евроатлантскиот интегративен пат." Za koj pat zboruvas bre covece pa ti si ludnicav bre! Prvi i najprvo ovaa drzava ne ja biva za vo EU i NATO, vtoro, i da ne biva ne ni treba takvi clubovi kade sto nema da ne priznaat pod naseto ime. Za koj pa t zboruvas deka e prokockan, pa ti stvarno treba da si nenormalen!
Од: Jas ne se slagam so Mitko
Датум: 22.07.2008 06:44:29
Mitko prijatelu.Nasata idnina e donekade predodredena od minatoto.Cheizot od minatoto ni bese Privatizacijata-sto nekako ne sakas da ja spomenes,Oktopodite,Tenderite vo 4 oci,Klinicki so 32 milioni evra zaguba,Rezervni delovi,razno razni Bachila itn.Ne deka Grujo e svetec ama ovie od SDSM se omazija.Ako ti prijatelu sakas da ukazes deka treba Grujo treba da odi po stapkite na Crvenkovski i samo da gi ukori mafijasite-kako sto toa bese so Oktopodot-togas vreme e da si se razbudis malku.A ovie od SDSM sakaat da zarat i palat i da pravat dzeparac od 7-8 milioni evra-togas slobodno mozat da odat vo Zimbabve.A od TOTALNO unistuvanje na 3-4 milijardi evra ekonomija i 350 000 nevraboteni pa napravis presvrt vo 2 godini-togas Makedonija mora da lezi na NAFTA.P.S bidi realen Mitko-think with cool head and don't make premature comments.
Од: Cumu taka
Датум: 22.07.2008 06:46:24
Sekoj za koj posti osnovano somnenie deka napravil kriminal trebada ponesi odgovornos, bez razlika na negoviot polozaj, dali bil gradonacalnik ili potpresedatel na partija. a za da vinata se dokaze potrebni se predistrazni ,istrazni dejstvija , oformuvanje na izdrzan predmet so fakti i sudenje na licnosta,No cumu onie spektakli so kameri , novinari i sl. Kade e tuka prezumcijata na nevinost. Covekot pred javnosta odnapred e osuden. Znaci postapkite ne se dobri. No ne e dobra i postapkata na mitinguvanje i vresenje na pritisok vrz sudot koja ja pravi SDSM samo za svoite vidni licnosti( za Buckovski i Zaev)Takov pritisok vrz sudot vo sekoja pravna drzava e strogo kaznivo. Pa koj sudija vo onakva atmosvera samostopjno ce odlucuva i se odluci za pritvor na obvinetite?Znaci postapkite od dvete strani ne se ispravni. Ne sakam da predviduvam , za Zaev ne znam no za Buckovski so golema sigurnost mozam da tvrdam dekaima materijalni dokazi za dokazuvanje na negovata vina.
Од: Jane
Датум: 22.07.2008 08:42:44
Tokmu koga bese apsenjeto na Zaev imase uste eden slucaj na apsenje koj nikoj ne go zabeleza. Toa bese edna grupa od 3-4 koj bea uapseni za PERENJE PARI i prikrivanje danok. Edno od tie lica, iako e samo tretoobvinet, e isturen igrac na nekoj pogolemi bosovi (za koj pere pari, svercuva, prikriva danoci i slicni valkani dejnosti so osiguranja itd.) koj se krijat zad nego i veruvale ili ne bea vednas ekspresno oslobodeni. Ne sum protiv apsenjeto na Zaev ,no protiv sum selektivnoto odnesuvanje i selektivni apsenja. Deka vo ovaa drzava ima eden kup kandidati za apsenje (duri i za besenje) toa veke mu e na sekogo poveke od jasno, no da ne bide toa vo stilot, so edni ke pravime spektakularni apsenja, a drugi ke gi zataskuvame.
Од: devicanecot
Датум: 22.07.2008 08:44:13
G-din Torov, Do koga so isprevrteni tezi. Sekoj osomnicen treba da bide priveden ili sam da pojde na soslusuvanje. Ako e ispraven, sto ima da se plasi i da sobira cela partija? A bil uspesen? Isto kolku i Zingo? Ce se vidi. Dosta e od spojot na tajkuni i vlast. Togas kriminalot nikogas nema da se iskoreni. Takov sistem imavme do 1990 godina. A da predlozis Strumica da se preimenuva vo Zaevo, bi ti bilo najumno i najizdrzano.
Од: виктор
Датум: 22.07.2008 12:25:44
Не ми е јасно кога т.н. интелектуалци ке разберат дека и политичарите може да бидат апсени како што се случува во цел свет , кога има налог од судија...или немаат инспирација за што да пишуваат!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Анализа