Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Мислења

Мислења

Партнер на ДПМНЕ ја поддржува Грција?

Филип Петровски

Според младинецот од партијата на Стиљковиќ, кој ја поддржува Грција за името и Вранишковски за Црквата - тешко е да си Србин во БЈРМ! А ДПМНЕ - молчи!

И така, дознавме дека е тешко да си Србин во Македонија. Всушност, според Бојан Аврамовиќ, жител на Македонија, оваа држава се вика БРЈМ. Ако не знаете која е личноста што ја споменувам, да ви го претставам, тоа е потпретседателот на младината на партијата на Стоиљковиќ. А таа партија, пак, е во коалиција во ДПМНЕ, односно е на власт моментно. Денес ќе проанализираме што е тоа навистина тешко во животот на Србите во Македонија, односно БРЈМ, според нивните партиски ставови. Навистина е индикативно интервјуто на овој младинец од коалициската партија на власт и не е лошо да го имаат предвид тие што сакаат да бидат добро информирани.

Младинецот започнува со оцена дека навистина е денеска тешко да се живее тука затоа што имало организирана асимилација од македонските власти. Посебно по Втората светска војна затоа што Тито и' дал српска територија на новонастанатата нација, односно славомакедонци кои настанале од Србите по пат на асимилирање!? Овој прашалник не е случаен, затоа што не е јасно како може понова нација да асимилира постара или, пак, помала да асимилира поголема. Тоа се нелогичности на кои младинецот не се обидел да даде посериозен одговор, веројатно сметајќи дека нема да биде опсервиран подетално. Оти, ако се суди според однесувањето на сите политички субјекти во нашата држава, секој може да каже се' и сешто за државата и тоа да не се смета за никаков проблем. Можеби играл на карта дека е на власт и затоа за неговите антидржавни изјави не може да има никакви последици.

Како и да е, во интервјуто не застанува само на тоа. Аврамовиќ објаснува и дека единствена легитимна црква во Македонија е онаа на Вранишковски, кој, според него, е архиепископ охридски и митрополит на Скопје. Потоа нагласува дека МПЦ не е признаена никаде во светот. Секако, тоа е партиска позиција, затоа што Стоиљковиќ не пропушта можност јавно да се дружи во Вранишковски и театрално да му ја бацува раката. Секој има право јавно да си каже што си мисли и да се бори за политичка поддршка на своите ставови. Околу тоа немам проблем. Единствено проблематично е тоа што неговата партија е на власт во Македонија.

Додека, од една страна, се жалат дека се дискриминирани и, како што вели Аврамовиќ, со сменувани презимиња од -иќ на -ски, како последица на македонската државна политика, тие се во коалиција и со ДУИ. Сите 200 илјади Срби, колку што ги имало според него - а се плашеле да се изјаснат дека се тоа што се - се во коалиција со тие што најмногу ги мразат. Ако не ги мразат повеќе Македонците! Истовремено, нивен кадар директорува со јавни претпријатија, се вработува во администрацијата и е присутен насекаде во политичките механизми кои имаат влијание. На пример, мојот школски другар, со кого четири години седев во гимназиската клупа, Горан Стојковиќ, денес е директор на „Македонија пат“. Не на која било фирма, туку на голема државна структура. Всушност, не е баш многу активна таа фирма на терен, во смисла на средување на нашите патишта, но тоа е приказна за друг пат. Зборот ми беше дека дискриминацијата на Србите е толку силна што сосила ги тераме да директоруваат и да водат државна политика - истите тие што во интервјуа јавно не нарекуваат славомакедонци и го величаат Вранишковски!

Младиот Аврамовиќ во своето интервју навел дека претходно биле во коалиција со СДСМ. Тоа не била добра коалиција. Веројатно немале толку многу директори како сега. А, ха! Значи, независно од промената на власта тие биле на власт. Значи, најмалку осум години се во владејачката композиција како партија и малцинство. Тогаш, како тие се дискриминирани во оваа држава? Што е тоа што треба да го добијат за да бидат задоволни Аврамовиќ, Стоиљковиќ и другарите? Дури добија право да го реконструираат Зебрњак, симболот на поделбата на Македонија. И тоа од оваа власт. Што е потребно повеќе од тоа?

Од проверени извори знам дека Турците своевремено барале да се реконструираат некои нивни споменици од времето на балканските војни. За возврат понудиле да се вратат илинденското знаме, црешовото топче, како и еден декрет за македонската црква од 19 век. Но, како што се чини, тоа за нас не било интересно, туку да се задоволи коалицискиот партнер и да му се даде буквално се'. За мир во куќа.

Интересно е што Аврамовиќ забележал дека е неприродно да се биде во коалиција со ДПМНЕ! Тој ВМРО го нагласува како зло за Србите од Вардарска бановина, затоа што Черноземски (името не го навел, можеби не го знаел) го убил нивниот крал Александар. И покрај се' - сепак се во коалиција! Што ви кажува тоа? Дека се' што се кажува се приказни за мали деца. Дека треба по секоја цена да се изразува незадоволство за да се добие поголем дел од колачот. Всушност, целата политика што се води од оваа партија и нејзините пулени е на штета на Македонија, а во нивен личен интерес.

Какви се, се виде. Осум години молчат и се инсталираат во системот. Но, сега се демаскираа пред пошироката јавност. Дури поуспешни се и од ДУИ, која имаше мала пауза во власта меѓу 2006 и 2008 година.

Меѓутоа, се прашувам што прави ДПМНЕ? Зошто го толерира сето тоа? Се сведува ли политиката во Македонија само на интерес? Споменувајќи интерес, мислам на личен интерес. Оти, национален интерес никако не може да биде премолчување на изјавите во кои се дава поддршка на Грција во спорот за името. Момчето забраздило ептен спротивно на владината политика за антиквизација. Македонија, според него, била дел од античка Грција, како што се Атина и Спарта. А, Александар Велики бил по татко Влав, а по мајка Грк. Ова е прв пат некој отворено во нашата држава да им дава поддршка на Грците во нивните намери. Има ли оваа држава јавен обвинител? Да го прочита ова интервју внимателно и да се произнесе за него. Или нема?

Како и да е, проценувам дека ДПМНЕ нема да реагира. Нема да се произнесе. Така прави секогаш кога нема што да каже. Но, не е лошо да се потсетиме дека српското влијание во таа партија е сега многу силно и игра можеби пресудна улога во формирањето на политиките и стратегиите. Се сеќавате ли на Косана Николиќ, која го тестираше имунитетот на „вмровците“ со пуштањето на „Девет југовиќа“ на годишнината на жените. Се' си помина како да не било. Не било, ама само во нивните редови. Внимателните аналитичари го забележаа овој историски дисконтинуитет, кој сега веќе станува концепција според која се владее.

(Авторот e доктор по политички науки)

http://filippetrovski.blog.mk/


#
Статијата е прочитана 5699 пати.

Испрати коментар

Од: man
Датум: 24.04.2010 00:41:41
Pravo vo srzta!!!hrabro i unikatno!
Од: Realen
Датум: 24.04.2010 01:21:29
Ima pravo Avramovic 100% ,a na kogo ne mu cini neka gi isfrli od koalicijata,
Од: nacional-patriot
Датум: 24.04.2010 01:47:40
Se soglasuvam so Filipce deka tie izjavi od mladiot cetnik treba da se sankcioniraat,a ne da se premolcat.No negovite stavovi so koj ja podrzuva Atina protiv Makedonija,se isti so stavovite na Filipce i OM.Zosto vo ovoj tekst ti Filipce glumis deka si protiv promena na imeto na drzavata,koga veke se poznava vo tvoite izjavi porano deka si tokmu za promena na imeto.Zatoa glavnata,ako ne i edinstvena pricina sto otide kaj pateticniot Boskovski i sto se zalagas za smena na vlasta e tvojot predavnicki stav za dodavka na imeto.Koga ti Filipce si iskren,odnosno neiskren,togas ili sega?
Од: rade
Датум: 24.04.2010 01:53:59
konecno radikalnite albanski islamisti i srpskite patrioti na ista strana :-))) . jadna makedonija pred kogo se nama da kleci samo za mir da ima :-((( .
Од: Крт
Датум: 24.04.2010 06:34:15
Колку е обесправен дотичниот млад господин се гледа ми по тоа што презимето му завршува на -иќ.Како тоа до сега никој не се сетил да му го смени презимето.Учел малиот од ,,начертанијата на Гарашанин,, или пак го прескокнал основното образование.И јас познавам многу граѓани од српска националност што се поставени на видни места така да верувам дека се чувствуваат ,,угнетени,, па и асимилирани.
Од: Dejan
Датум: 24.04.2010 07:39:18
Kako shto i Stojan Andov kaza, site vladi vo Makedonija od 1991 do sega se pod direktna kontrola na Srbija. Da ne nekoj misli deka antikvizacijata e izraz na makedonshtina? Sekako deka ne e, toa e samo proces na sprechuvanje i zabavuvanje Makedonija da vleze vo NATO i EU pred da vleze Srbija. So doagjanjeto na DPMNE na Gruevski na vlast zapochna veke ociglednata srbo-jugoslovenizacija, duri i vo samoto DPMNE koga na konvencija peeja srpska pesna "Devet Jugovici". Pa poglednete samo koj e vo koalicija i koj e mediumot na Gruevski - Zingo, Sitel, Kanal5 i se ke vi stane jasno. Nekoj namerno saka zaradi zagubata na Kosovo, Makedonija da ja vrati vo pregratkite na Srbija kako kompenzacija.
Од: pameten
Датум: 24.04.2010 07:42:26
ANTICHKA Makedonija bila del od grchkata civilizacija. Aleksandar ne bil Grk no sekako bil heleniziran. Ovo ne e nitu Grchki, ni Srpski stav. Ovo e istorija. Vo 20 vek del od Bugarskiot narod koj shto nemal shansi da se pripoi kon deneshnata Bugarska drzhava evoluital vo sovremeniot MAKEDONSKI narod. Ovo isto e istorija. Negiranjeto na negovoto pravo na ime i ekzistencija e krshenje na najelementarnite chovekovi prava. No fantaziite za poteklo na deneshnite Makedonci od antichkite samo i shteti na Makedonskata kauza.
Од: Vangel
Датум: 24.04.2010 08:17:42
Eden e Avramovic, ama iljadnici SDSMovci sto odamna se prodadoa posto zasto kaj Grcite. Primer? Saatot na liderot.
Од: Nikola, Vlavot od Germanija
Датум: 24.04.2010 08:48:43
Previse vreva se diga za edna izjava na eden voopsto vo javnosta nepoznat covek,koj pritoa e i pripadnik na edna etnicka zaednica,koja od sekogas ja smetav za 5-kolona!Srbite seuste si ziveat eden "Kosovski-juzen-Srpski-banovinski" son,od kogo vo koe vreme i da e poleka no sigurno ke se razbudat.Dzabe insistiraat na suverenitet vrz Kosovo i MPC koga nemat prakticen pristap do "pozelnite celi" i taka ke ostane.Sto se odnesuva do MK,tokmu takvi nastani ukazuvaat na sto pobrza,ama istovremeno dostoinstvena (citaj:socuvanje na MKskiot identitet,jazik i kultura),integracija vo EU i,ako treba,vo NATO.Taka MK ke bide vo pozicija da i postavuva uslovi na Srbija "za dobrososedski odnosi" namesto da bide izlozena na kontinurani uceni i umalozuvanja od strana na Srbija.Dodatno treba da se intenzivira sorabotkata so noviot sosed,Kosovo,na site polinja,zaedno so Albanija i Bugarija,po moznost so vklucuvanje i GR vo toj krug.Srbija ne i potrebna na MK-MK preku AL/GR bi bila povrzana so Evropa!
Од: Nikola Jovanov
Датум: 24.04.2010 08:53:43
Gospodine Doktore, bese vistinsko uzivanje da se procita ovoj tekst. Ne mozese da bide pojasno i poslikovito. No, prasanje e sega; ke ostane li ovoj alarmanten povik samo voKompjuterot?!
Од: Gola vlast
Датум: 24.04.2010 09:34:03
Stavovite na mladinecot od partijata na Stoiljkovic ne me zacuduva , bidejci iako glumea , Srbite nikogas ne mozea da se pomirat, ni vo Poranesna Jugoslavija , sto Makedonija ne e srpska privincija so ime "Vardarska Banovina" i toa mikako ne moza da mu go oprostat na Tito. No me za cuduva ova "iskrivokolceno " koaliciranje samo zaradi " gola vlast" kako i molkot na portokalovite patrioti.
Од: kumanovac
Датум: 24.04.2010 10:06:13
Dzabe gi napagash bugarashite od dpmne, koga ti si od malecok isfrustriran srbofob. Vprocem podobro i da sakas nekogo pa neka se toa i bugari, otkolku da mrzis narod kako sto se srbite.Mozes i da puknes od maka ako sakas dzabe ti e, srbite ni se i ke ni bidat najbliski kumanovac moj, sakal ti ili ne!
Од: Regaconi
Датум: 24.04.2010 10:06:41
I sto e poentata??? Demokratija e i sekoj zboruva sto misli a i pisuva sto misli. Sto saka avtorot koga toj ne e del od koalicijata na vlast ne mi e jasno.
Од: egeec
Датум: 24.04.2010 10:47:51
Абе патриотче, има една разлика...ПАРТИЈАТА НА ФИЛИП НЕ Е ВО ВЛАДАТА....дпмневците како тебе можат само да ја критикуваат, шо и го прајте,ама тоа четниците ( твој израз) можете да ги исфрлите од владата...е ај сеа да ве видам...."патриотчња" едни, низаедни....
Од: Jordan
Датум: 24.04.2010 11:19:59
Се надевам дека конечно престанавте да ја слабеете десницата, на која што велите дека и припаѓате.Мој совет ви е да ја преземете програмата на СНС од Словенија на Змаго Јелинчич(најнационална партија).Водачот и покрај тоа што има удбашко минато, постојано е во парламентот.Бошкоски бидејќи нема удбашко минато, може да има поголем успех.Така ќе извршите притисок Груески да се ослободи од комунистите.ВМРО НП треба да ја преземе програмата СЛС(десна странка во Словенија).Лилјана Попоска(доколку може да ја издржи лустрацијата) треба да ја преземе програмата на НС(словенечка десна партија).На овој начин секој десничар ќе си го најде местото, а по изборите ќе направите силна коалиција, која што дефинитивно ќе расчисти со комунистичкото минато и со комунизмот денес, кој што е пречка за ЕУ и НАТО.Името никако не смее да се менува.Веќе постојат три правни средства за да се спаси името.
Од: Ристо Тетово
Датум: 24.04.2010 11:22:53
Живеам во подрачје од тетовско кое од другите е декларирано како место каде живеат Срби. Меѓутоа не е така. Има понекој , кој деклрирајќи се како Србин мисли дека којзнае што направил (а и става понекогаш и шајкача). За национал-патриотот - патриотизмот не сака само декларативни изјави (како портокаловите). Патриотизмот се брани меѓу другото и со полн стомак , и со барем каква - таква можност за екзистенција . Такви патриоти како Тебе има многу ама нема никакво фајде од нив. Умни и ладни глави се потребни ане голи националисти. Нели отидовте на Солун (да го земете)? Се вративте со ст.... во раце. Оваа македонија бара ангажман за економски развој , а останатото ќе следи.
Од: TRETA SILA-GARDIJAN
Датум: 24.04.2010 11:40:33
Licemerna e makedonskata strana koja se luti na agresijata na grckite politicki travestiti(Grci i bozem Makedonci koi nikade ne smeat da se pojavat isto kako i vo Bugarija a Makedonija ne smee da se zanimava so tugite travestii) namesto da ja prezentira i da se izbori za realnosta-deka nikoj nema ekskluzivno pravo na terminot Makedonija pa spored toa Grcija nema pravo da diktira nacin na negova upotreba so raznorazni ingridienci a Makedonija osven pravoto da go koristi kako tipicno i oficijalno ime treba da se izbori i za patot do negovo konecno etabliranje so modifikacija na kratenkata vo BJR Makedonija. Nisto ne paga od nebo pa nitu ovaa superiorna pozicija so koja se luksuzira i ja doveduva vo opasnost makedonskata vlada.
Од: Предраг, Даблин
Датум: 24.04.2010 12:32:02
Детето се занесува исто како и ти порано. Младост лудост, сака да биде на власт. Фино лепо јави му се на дечкото и кажи му „Еве и јас спиев во шатор пред Собрание, викав против Албанците и што - ме ставија за директор на Библиотека. А имав такви планови за Македонија и за ВМРО„
Од: Лаброски_М
Датум: 24.04.2010 13:55:03
Темава во колумнава за некое интервју од некојси кој бил во коалиција со нас т.е. ВМРО ДПМНЕ е непотребна, бидејки директната политика во ВМРО ДПМНЕ ја крои, никој друг туку Г-динот главен уредник на Сител. Така што погорните анализи се излишни. Поздрав.
Од: Kosmopolit
Датум: 24.04.2010 23:01:08
Ништо чудно што му се случува на ВМРО-ДПМНЕ.Купува всушност партнери само со интерес да добијат повеќе гласови и да владеат, а што ќе произлезе од тоа не им е гајле, иако и продадените се само за една употреба - до следните избори ќе имаат само десетина гласови - од оние кои се офајдија од власта.Пари,пари,пари...тоа е тоа...
Од: penzioner
Датум: 24.04.2010 23:23:05
Sto i da napise nekoj makedonec pa makar i da e dobro,ce se javi nekoj patriot,po nego nekoj idiot,po nego nekoj koalicionen partner i ce go raskinuva makedonskoto tkivo stavajki zar vo vekovnite rani na makedonecot.Vo makedonija ima se 400 iljadi albanci,200 iljadi Srbi, preku 100 iljadi Bugari, 80 iljadi romi, 50 iljadi vlasi, 150 iljadi egipjani, 500 iljadi nedefinirani.se ima samo Makedonci nema.E makedonci, makedonci ( medju koi sum i jas i nasiot ace golemiot) da imavme malku um ne samo sto ce imavme drzava tuku i nasiot jazik ce bese svetski.vaka sekoja bitanga ce ne zaebava plus i ce go ranis.Dozvolivme onie sto ni go jadat lebot da ne navreduvaat , sto ostana za Grcite koi neni se nisto.Zatoa trpete patrioti od vasite partneri i so vas i ostanati idioti koj ve trpat vas
Од: mimi
Датум: 25.04.2010 01:02:02
Neka si odi partnerot vo grcija i tamu neka ja podrzi vo MK nema mesto za takvi pozzzz

Најди! во Утрински
Мислења
Одмаздата на лошите ученици