Читателите на „Економист“ ни предлагаат име „Македонославија“
Статијата во британскиот магазин „Што има во едно име“ ескалира во жесток интернет форум на поддржувачите на Македонија и Грција
Соња Крамарска
„Македонославија“ е името што некои од читателите-учесници на форумот во британски „Економист“ го предлагаат за нашата земја. Дис��усиите се вжештија по објавувањето на статијата со наслов „Што има во едно име?“, објавена на 24 март на страниците на популарното светско списание.
Две седмици, колку што беше достапна за коментари на читателите, статијата го заземаше првото место на најкоментирани четива на списанието со испратени 900 коментари од поддржувачи на Македонија и на Грција, но и на независни посматрачи што првпат слушнале за спорот околу нашето име.
„Предлагам ново име за Македонија - Македонославија!“, повика еден од читателите среде вжештената форумска дискусија.
Грчките поддржувачи, притоа, најмногу атакуваат на Македонија поради мапата на голема Македонија што беше покажана на едно државно чествување во присуство на премиерот Никола Груевски, преименувањето на аеродромот, како и дека сакаме да ја украдеме нивната историја. Од македонските поддржувачи, пак, се упатени контранапади за фактот што дури по распаѓањето на СФРЈ Грција го именува северниот регион во Македонија и дека Александар Велики е Македонец а не е Грк.
Но, има и многу духовити коментари или, пак, забелешки за исти или за слични имиња на држави во светот, или исти историски наследства на современи земји, но, кои за разлика од Грција и од Македонија немаат проблем со имињата.
„Заклучете ги двете страни во една соба и кажете им дека може да излезат кога ќе најдат решение. На медиумите од двете страни да им биде кажано да запрат да си играат со оган и да прифатат и да поддржат секое решение што ќе го договорат преговарачите“, предлага еден читател на „Економист“.
Друг вели: „Ние веројатно сме параноични со инсистирањето на глупавиот акроним ФИРОМ. Но, како би се чувствувале вие ако вашата соседна земја сака да го носи името што го носи еден регион во вашата земја и ако има јасни сигнали за територијални аспирации од ФИРОМ кон Грција, придружени со тврдења дека постои македонско малцинство во Грција? Господа, целата оваа галама не е заради етничката гордост, туку е прашање на ред“.
Некои читатели даваат споредби со надеж дека ќе придонесат за попуштање на тензиите меѓу Атина и Скопје со следнава забелешка: „Зарем навистина мислите дека светот трпи заради тоа што постои областа Бретања во Франција и држава со име Велика Британија? Или дека постои Внатрешна Монголија во Кина и држава со името Монголија? Или дека историските територии познати како Сирија и Етиопија не се совпаѓаат точно со границите во кои се модерните држави со истите имиња или, пак, дека модерната Гана е стотици километри подалеку од некогашната империја Гана“?
Други велат: „Во американската држава Охајо постои град со името Македонија. Можеби и тие имаат територијални претензии? Многу земји делат исто име и исти херои од историјата. Кај Грците станува збор за гордост, кај Македонците станува збор за нивната иднина“.
Читател што очигледно стекнал симпатии со оваа статија кон Македонија коментира дека станува збор за „прилично глупав спор“. „Не толку глупав колку спорот меѓу Велика Британија и Фокландските Острови, но, во секој случај, прилично глупав “, вели читателот.
Еве и една директна порака кон македонските граѓани: „Јас сум Финец, мојата земја ја нарекувам Суоми, додека сите вие ја нарекувате Финска, но јас немам поради тоа проблем со мојот идентитет, како што фиромци тврдат дека ќе имаат“, гласи еден од коментарите.
Меѓу споредбите и советите што ги даваат читателите на „Економист“ е и следнава: „Што да се каже тогаш за американската сојузна држава Њу Мексико и соседната држава Мексико, за канадската Британска Колумбија и за американската сојузна држава Колумбија, или полска Шлезија и чешка Шлезија. Па, фиромци откажете се од вашата битка, бидејќи никому не му е гајле, а и вам не треба да ви биде“.
Некои цинично ќе забележат: „Таа акронимска дипломатија може да се користи и за други територијални спорови. На пример, ако Шкотска се отцепи од Велика Британија, би можеле да ја прекрстат во поранешна членка на Обединетото Кралство Шкотска на кралицата Елизабета“.
Додека, пак, според духовитоста се издвојува следниов коментар: „Можеби е време малата проблематична држава Грузија (Американците ја викаат Џорџија н.з.) лоцирана меѓу Црното и Каспиското Море да искаже претензии кон американската сојузна држава со истото име Џорџија. Во очекување сум некој руски генерал, загреан со вотка, да распостеле мапа, да ја окупира американската Џорџија и да инсталира марионетски режим“.
За оние што не ја следат светската политика еве и еден пример: „Слична е ситуацијата со Романија и со Република Молдова. Романија има провинција наречена Молдова што е поголема од државата Молдова, но тоа никогаш не било причина за кавга меѓу двете земји“.
Ова е несомнено предлог на грчка страна, бидејќи вели: „Доколку станува збор само за името зошто ФИРОМ едност��вно не се преименува во Нова Македонија? Колку да се направи разлика од древната Македонија на Александар Велики. Или тоа не сака да го направи затоа што ФИРОМ сака да каже дека е негов наследник... тврдејќи дека и тој е Словен...?“
Прогнозата на еден читател е дека спорот никогаш нема да биде надминат. „Дискусиите овде покажуваат дека проблемот им е оставен на Грција и на Македонија сами да го решаваат. Тоа значи дека никогаш нема да има решение. Кој ќе биде губитникот? Прво, Македонија - затоа што никогаш нема да влезе во ЕУ и во НАТО. Второ, ЕУ, бидејќи со блокадата на Македонија се покажува дека надворешната политика на ЕУ не е доследна. Трето, Грција - бидејќи грчките фрустрации никогаш нема да престанат без оглед какво име да им наметнат на Македонците“, вели во својот коментар на статијата.
Симпатиите кон Македонија се изразуваат и на следниов начин: „Да негираш една цела нација и нејзиниот јазик само врз основа на неколку историски цитати е неприфатливо во модерната политика на ЕУ. Јас сум Холанѓанец со шведско потекло и сакам тоа да го кажам: извинете мои грчки пријатели, но јас немам разбирање и симпатии за вашата позиција. Таа е сосема неоправдана и базирана на емоции и ксенофобија“, вели нашиот поддржувач.
Кај некои, очигледно, тешкиот спор предизвикува хумор. „Сега сум во исчекување на воен конфликт меѓу Луксембург и Белгија. Ви се верува ли дека една провинција во Белгија се вика Луксембург?! Како ли им е на жителите на провинцијата знаејќи дека соседната земја го носи нивното име? Ужас!“, коментираат читатели.
И за крај, еден од посериозните коментари ја дава следнава констатација: „Големиот број коментари на статијата покажува дека двете страни имаат емотивен пристап кон темата. Грчката страна почна со националистички поглед на проблемот уште во 1992 година, но со годините созреа во ставовите. Страната на Северна Македонија, пак, покажуваше голема зрелост во 1992 година, но подоцна забега во екстремен национализам. Штета што не се изнајде решение во 1999/2000 година“.
Не успеавме да ги пренесеме бескрајните историски ламентирања што се најдоа под Интернет-изданието на „Економист“ и статијата „Што има во едно име?“ посветена на спорот меѓу нашата земја и Грција. Она што паѓа в очи, меѓутоа, е фактот дека македонските граѓани се чувствителни на грчките барања, но и дека во Грција е присутно мислење дека Владата во Скопје го поттикнува македонскиот национализам.
Sigurno deka e nashe pravo kako kje se vikame, no konfliktot za imeto so GR, go pokazhuva problemot shto go imame so nashiot identitet. Za cel svet naciite se kulturni zaednici, shto e i logichno, bidejkji narodite se meshale non-stop, dodeka vo Makedonja se bara nekoja genetska vrska so antichkite makedonci, koi zhiveele pred 2 iljadi godini i toa somo vo eden del na Egejska Makedonija. Vo Vardarska Makedonija zhiveele iliri i trakijci. Ako gi barame nashiot identitet kako i site drugi na baza na jazik, tradicii, religija, mentalitet i zaednichko minato, togash ni se najbliski bugarite, a toa sakame da go izbegneme po sekoja cena.
Од: Kimov
Датум: 15.04.2010 04:46:13
Dokolku ne bese podelena Makedonija dali sega ke se spomnuvaa Sloveni, ili Trakiici, ili iliri i sto ti ne. Posle sto pravime so imotite na Makedoncite sto tie luge kazuvaat deka se Makedonci a ne Iliridi, Trakiici, ili Sloveni . Posle podelbata na Makedonija narodot go pretvorija vo sekakvi pleminja samo da nebidat Makedonci. Samo referendum vo vo trite Makedonii dase izjasni narodot kako se custvuvaat.
Од: nacional-patriot
Датум: 15.04.2010 05:46:05
Antickite Makedonci ne ziveele samo vo egejskiot del na Makedonija,tuku i vo ostanatite delovi na Makedonija.Sto se odnesuva do jazikot,tradiciite,Makedoncite se bliski sega i so Srbohrvatite,Slovencite,pa duri i so Poljacite,vo nekoi zborovi poradi toa sto Makedoncite se slovenizirani.Sepak Makedoncite imaat razlicni koreni od site drugi narodi i sekako razlicni koreni i od sloveniziranite Tatari i Trakijci(pogolemiot del od denesnite takanareceni Bugari).Komentarite vo britanskiot vesnik,od ona sto e izdvoeno,nekoi se realni i objektivni kako deka geografski dodavki moze da imaat provincii,a ne drzavi i sekako realen e onoj komentar deka kompromis nikogas nema da ima.
Од: Цепенко
Датум: 15.04.2010 05:59:03
"Едно име имаме, во душата го носиме . . . ", и тоа за севкупна употреба - Ergo omnis.
Ако мора ново име може да биде само МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА.
Од: novoselec
Датум: 15.04.2010 05:59:20
'Kultiviran balkanec, ako sakas da se pisis bugarin jas apsolutno nemam nisto protiv, No, da me pravis mene, od strumicko, bugarin ne mozes. Bugarite se sloveniziran turanotatarski element. Zemi bilo koj istoriski leksikon od zapaden pisatel pa procitaj. Slovenite dosle, ili nedosle na balkanot zemi koja sakas verzija ama ne ziveele na prazen prostor bez da se mesaat so lokalnoto naselenie ili so "osloboditelite". Slicnosta so bugarite ne e sporna ama slicnosta ne znaci ednakvost! Ili, dosle ili ne dosle slovenite od nekade, teritorijata na koja ziveele ili del (ili neka e samo edno selo) se sovpagja so teritorijata na Aleksandar Makedonski. I sam vikas oti naselenieto se mesalo E pa togas zosto samo Grcija da bara ekskluzivitet po nasledstvoto na Aeksandar MAkednoski? Bakojani vika Istorijata bila vekje napisana? Neli e istorijata nauka a vo naukata nisto e dadeno za sekojpat. Vo sprotivno stanuva dogma. A dogma i demokratija ne odat zaedno. Ili , moze ama na grcki nacin.
Од: Некултивиран Балканец
Датум: 15.04.2010 08:01:33
Какво значење има мислењето на читателите на Eкономист? Какво значење има мислењето на секој кој не е Македонец за нашето име, идентитет...?
Од: Мене до Вас
Датум: 15.04.2010 09:07:15
Сите го „забораваат„ фактот - вистината дека во окупираниот дел на Македонија сега под Грчка власт живеат македонци на свои вековни огништа. Истите тие македонци доживеаа трагедии со одделувањето од својата група македонци, роднини и пријатели. Истите тие македонци со децении наназад беа и се малтретирани, затварани и тепани за да си го променат името и презимето и потеклото. Тој терор го вршат грци со цел да го асимилираат староседелското население и да ја присвојат историјата како на грците им одговара. Кожодерачите одат дотаму што сакаат да сменат име и идентитет на една нација. И поединци ги поддржуваат, но забораваат дека самите стојат зад некој идентитет. Како би се осеќале да им го промениме идентитетот? Да извршиме ревизија на сите народи, па да воспоставиме ред во куќа. Овака само трошиме сили на непотребни докажувања. Јас сум Македонец од Македонија. Ако вам не ви се допаѓа, ваш проблем.
Од: nekoj
Датум: 15.04.2010 10:20:45
Eve se ovie vmrovcive so nivnite anti-svetski teorii za povrzanosta so antikata :D Eve vaka e spored niv: vo 6 vek se sobrale grupa sloveni od centralna Evropa, naracale nekolku carter letovi i trgnale na odmor vo Solun. Im se bendisalo, toplo ubavo pa resile da ostanat. Na lokalcite tolku mnogu im se dopadnal noviot jazik sto odma go prifatile a svojot sosema go zaboravile. Bile zamaeni od ubavinata, hrabrosta na ovie dojdenci se vljubile i izmesale. Od niv nastanale prekrasnite, unikatni, najpametni, bezgresni, super naslednici na antickite makedonci-Kimov, Nacional Patriot, "mene do Vas" i drugi.
Од: eleni
Датум: 15.04.2010 11:24:15
Ona sto bode oci e i toa sto grckiot "branitel" vo komentarite , kako argumenti gi citirase izjavite na Kiro Gligorov ,ambasadorkata vo SAD Lubica Acevska, ambasadorot vo Kanada ,Gordan Veselinov , intervjuto na Denko Malevski vo Utrinski na 16 oktomvri 2006, izjavite na Ljupco Georgievski......
Од: do makedonecot od makedonija
Датум: 15.04.2010 12:17:01
Баш се интересни коментарите на читателите на Економист. Треба да научиме да баратаме со факти а не од типот ‘јас сум македонец од Македонија‘ и точка нема дискусија, окупирани територии (кога тоа Македонија била цела и самостојна па да ја нарекуваш окупирана територија???? тотално непзонавање на историјата), античко наследство-ама не сте вие криви, криви се овие што ве задоија со тие приказни, да... историјата не е дефинитивна категорија ама не е ни категорија која секоја нова власт може да ја менува како ќе посака во политички цели. И еднаш за секогаш, зарем не ви е јасно дека ако сакаш да си дел од европската заедница- некоја отстапка ќе мора да се направи. А ако сакате да живееме сами (АМА ГОРДИ НЕЛИ) е тоа е пак ваш проблем а не е мој!
Од: NIN
Датум: 15.04.2010 13:03:27
Не оди баш така „ви пренесувам ставови“ он незнам каде. Но кога веќе насловот е бомбастичен, секако дека Македонославија не одговара бидејќи има повеќе сличности со повеќе држави, народи и територии, Словенија, Словачка, Славонија, Словенци, Словаци, Славонци ... А ние не сме Коминтерна да измислуваме нации. Туку треба само по демократските принципи на слободното човештво да се прифати она што постои Македонија и Македонците. А зошто името ни е исто со едно античко кралство и еден антички народ - самото ќе излезе на површина - бидејќи ништо не е случајно.
Од: Komentator
Датум: 15.04.2010 13:21:53
Ne veruvam deka nekoj na cela zemjinata topka dobil tolku ponudi na kumstvo kako nie...a se znaee...kumot trebe i da odresi kesa...ama za toa najmalce se zboruva ....eba..e.kumovi....ha...!!.
Од: Јован АН
Датум: 15.04.2010 13:28:23
Во привремената спогодба НЕ СЕ БАРА НОВО име на Македонија!!!За тие што не разбираат - нека се прашаат ЗОШТО нашиот јужен сосед бара промена на името?Скоја промена на името на Македонија ќе биде кобно по нашата држава и Македонскиот народ!Ако “се попушти“ со НЈС,со свои барања ќе се јават нашите други соседи и дел од нашите сограѓани(веќе некои и се јавуваат) со свои услови за почеток на преговори(!),а за прием и да не зборуваме!На крај,Парламентите треба да одлучат.Очајно се надевам дека нашето раководство нема да подлегне на притисоците,а домашните подржувачи на овие подолу од нас,ги молам да не ја забораваат Македонија поради омразата према некои политичари!Тие се менливи,а Македонија треба да биде вечна!