Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

Класичните светилки одат во историјата

Европа до 2012 треба да замени 5 милијарди сегашни сијалици со халогени

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска


Брисел - Стандардните сијалици, со кои растеа десетици генерации, од вчера стануваат историја. Според новата регулатива на Европската унија, денес стартува забраната за нивно производство и увоз така што до 2012 година тие треба да исчезнат од пазарот на Унијата.

Иако Македонија не е членка на ЕУ, сепак, и таа ќе биде погодена од оваа мерка, бидејќи стандардните сијалици нема веќе да постојат, па ќе мора и нашите граѓани да ја применуваат европската регулатива. Оваа на прв поглед небитна одлука предизвика лавина реакции во земјите-членки, поради тврдењата на некои експерти дека новите халогенски штедливи сијалици, што отсега ќе се применуваат, се далеку поскапи од стандардните и можат лошо да влијаат на здравјето на потрошувачите.

Според процените на Брисел, наредните три години треба да се заменат околу пет милијарди сијалици, и тој процес ќе спречи 15 милиони тони штетни емисии на јаглероден диоксид. Она што треба да ги мотивира граѓаните, бидејќи секоја нова сијалица ќе чини четири ипол евра наспроти 60 центи за стандардните, е дека за осум месеци ќе ја надоместат разликата со заштедите во енергија и заштедите во нивно купување, бидејќи за време на животниот век на една халогенска сијалица би требало да се сменат од шест до десет стандардни. ЕУ вчера ги уверуваше граѓаните дека секоја ваква сијалица ќе штеди до 80 отсто енергија, а тоа значи дека за една година нивните сметки за струја ќе бидат помали од 25 до 50 евра.

„Осветлувањето претставува една петина од потрошувачката на струја на семејствата. Со новите сијалици Европејците ќе заштедат струја еднаква на потрошувачката во Романија или на годишното производство на десет електрични централи од 500 мегавати“, изјавија вчера од Европската комисија. Според нивните процени, тоа ќе и' заштеди од пет до десет милијарди евра на европската економија, што ЕУ ја прави авангардна во заштедите на ресурсите и во заштитата на животната околина. Ваквото самозадоволство, сепак, го намали фактот дека засега Куба е прва и единствена земја во светот, која целосно го завршила процесот на замена на сијалиците, а во ист рок сијалиците треба да се заменат во САД и во Канада, додека во Австралија замената е во тек.

Замената, сепак, постави многу контроверзи, а поради амбицијата на ЕУ силата на сијалиците да не ја мери со вати туку со новоизмислена мерка лумен, во некои медиуми беше дочекана како доказ дека Брисел продолжува со славната регулатива за правите краставици и аспарагуси со еднаква големина. Брисел денеска, исто така, се бранеше од обвинувањата дека новите сијалици имаат премногу жива, поточно пет милиграми, и како такви можат да предизвикаат канцер, тврдејќи дека тоа е значително помалку од присуството на овој материјал во забните пломби (300 милиграми) и во разните батерии. Електромагнетските бранови што ќе ги емитуваат сијалиците, според Брисел, се во рамките на дозволените лимити, а со нормална употреба на сијалиците, што значи не премногу изложување на вакво светло, наводно нема опасност од мигрени и влошување на здравјето на епилептичарите. Болните од кожни заболувања што доведуваат до пречувствителност на светлина веќе побараа специјален третман и исклучоци, и според изјавите на едно засегнато лице, малата употреба на халогенските сијалици досега и' го загорчила животот во голема мерка толку што станала зависна од седењето дома, бидејќи од ваквите сијалици во институциите добива црвенило на кожата и повраќала.

Најсериозна забелешка, сепак, е дека новите суперсијалици, всушност, даваат многу послаба светлина од стандардните, па ако треба да се употребат повеќе за ист ефект, нема ништо од заштедите и корист ќе има само индустријата. Кај Европејците, по се' изгледа, е вклучен аларм, па потрошувачката на старите стандардни сијалици изминатите денови се зголемила за 60 отсто, што покажува колку тие им веруваат на аргументите на Брисел.


#
Статијата е прочитана 1348 пати.

Испрати коментар

Од: Светле и свети на Светлана
Датум: 01.09.2009 09:07:38
Европа до 2012 треба да замени 5 милијарди сегашни сијалици со халогени ??? Имате ли вие воопшто лектори? Тие "сијалиците" не сијаат туку светат и затоа се нарекуваат СВЕТИЛКИ. Ќе се ослободиме ли еднаш од проклетите србизми?!?
Од: Dejan
Датум: 01.09.2009 09:43:56
Imam doma 2,sporo se palat i koga po 2 minuti konecno ke se zapalat kako sto treba navistina svetat poslabo-kao neonka.Ne e bas najdobro resenie.
Од: Kiro
Датум: 01.09.2009 10:04:30
Najinteresno od se` e koga nekoj me tera da stedam a ich nemam namera da go pravam toa. Ne sum propustil navremeno da platam niedna smetka i imam namera masovno da trosham struja. Nikomu nisto ne mu dolzam i mi se troshi. Zoshto nekoj me tera so sila da stedam struja i me tura vo situacija da se cuvstvuvam vinoven, kako da ne sum ja platil??!! - Uzivam vo klasicnite lambi, a sakam i koga kje usijam grealka da mi sveti vo soba srede zima vo temnica. I toa ne edna tuku nekolku naredeni edna do druga srede golem stud. Me potsekja koga bev dete i koga socijalizmot ne ne` terase da stedime nishto, a i bez vizi idevme sekade. Poteknuvam od aristokratsko semejstvo na koe komunistite se` mu zemale so sila. Arno ama nikogas ne sum stedel na nishto. Najmalku pak na struja. Bijlerot sekogas greel od kjef i ne cuvstvuvam potreba toa da go smenam. Za moi pari nekoj da me tera da stedam na sila? - Zoshto?
Од: jovan
Датум: 01.09.2009 12:54:56
Mi se dopadna komentarot na Kiro. Mozebi covekot e vo pravo. Na kraj kraeva ako mozam da platam, ke trosam kolku sakam, zatoa se i parite, za da si platis ona sto si potrosil. Ako nemam, ke stedam, nema da trosam. Ako imam, za moj pari ke trosam kolku sakam. Po logikata na EU, ispaga deka i netreba mnogu da jademe, treba da stedime resursi. A najgolemi potrosuvaci na planetava se tokmu tie sto zagovaraat stedenje. APSURD.

Најди! во Утрински
Втора страница
Македонија стравува од нова блокада на Грција
Непристојни споредби
Вербатим