Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Триумфалниот поход на власта

Билјана Ангеловска

Oна што и на лаиците одамна им беше јасно, сега го кажа Уставниот суд. Измените на ДУП „Мал ринг“, кои ги потврдуваат поголемиот дел од објектите од „Скопје 2014“, се донесени незаконски. Се вели, судските одлуки не се коментираат, туку се спроведуваат. Но, кај нас, за жал, само се коментираат, а ниту се почитуваат ниту се спроведуваат.

Последната одлука на уставните судии, се чини, како да не ги допре оние на кои се однесува, нарачателите и изготвувачите на планот. Власта најави дека ќе го продолжи триумфалниот поход на плоштадот „Македонија“. Премиерот Никола Груевски рече дека нема намера да го запре проектот „Скопје 2014“, оти за објектите веќе имало обезбедено одобренија за градење.

Леснотијата со која тој ја изигнорира судската одлука е повеќе од загрижувачка. Како да сакаше да каже дека законите се за плебсот, додека боговите се над се', па и над законите. А, признавањето на грешките е за обичните луѓе, другите се безгрешни.

Ароганцијата со која премиерот се стави над институциите на системот, не е нешто на што не сме навикнале. Тој уште еднаш го покажа својот однос кон државата и кон сопствениот народ. Газејќи по Уставот, со својата надменост само потврди дека Македонија не е правна држава. А, ако власта сама не го почитува судот, тогаш тоа не треба да го очекува ниту од граѓаните.

Случајот можеби ќе имаше поинакви димензии доколку се работеше за одлука со која се поништува пропис донесен од друга владејачка гарнитура. Како тогаш би реагирале надлежните општински и државни органи, дали ќе го игнорираа мислењето на судиите или уште истиот ден ќе ги донесеа багерите да уриваат на плоштадот?

Тоа и не е толку тешко да се замисли, оти еднаш веќе имаше таков случај, кога тогашниот главен градежен инспектор Љупчо Балковски направи попара од прекрасните куќи во Злокуќани. Целата јавност тогаш гледаше со чудење, но и со страв дека ако се прави нешто спротивно на законот, последиците кога-тогаш ќе мора да се понесат.

Се разбира, не значи дека и сега треба да се постапи исто. Никој не ни помислува на Скопје да му се случи второ Злокуќани. Таман работа некој да крене рака на објектот на Уставниот суд. Не зашто тој не е спорен, туку зашто е многу пологично наместо да се урива, да се смени ДУП-от. Впрочем, и самата судска одлука нуди избор: или уривање на објектите или нивно ставање во законска рамка. А, кога од двете зла ќе се одбере помалото, логично е да се пристапи кон донесување нов ДУП за „Малиот ринг“.

Но, власта, очигледно, има други планови. Таа не сака да губи време и најави дека нема да ја запре реализацијата на проектот. Да се рече дека нема ништо да се случи со „Скопје 2014“ зашто за објектите веќе имало издадени одобренија, е навреда не само за урбанистичката фела, туку и за целата јавност.

Ќе си го обели ли образот Општината Центар пред своите граѓани така што ќе ја почитува судската одлука? Општината сама го донесе прописот, кој потоа сама и го прекрши. Доколку Центар навистина има намера да ја почитува уставната одлука, што е нејзина законска обврска, тогаш ќе мора да ги запре сите дејства на плоштадот се' додека не го скрои новиот ДУП. А, тоа би значело барем шест месеци пауза во изградбата.

Но, исто така, прашање е што сега ќе преземе опозицијата? Во една пригода беше речено дека за новиот изглед на Скопје треба да одлучи народот на референдум! Ќе бара ли опозицијата сега референдумско изјаснување? Или и овој пат ќе остави со власта да се справуваат невладините орган��зации, па и по цена да изедат ќотек! Празното ламентирање од канцеларија нема да ја допре власта, а уште помалку ќе ја исплаши и ќе ја принуди да преземе чекор во правец спротивен од оној по кој веќе се движи.


#
Статијата е прочитана 1380 пати.

Испрати коментар

Од: redovna citatelka
Датум: 03.07.2010 00:41:49
dali ovaa vlada ke bara da se pocituva clenot od zakonot za gradenje na osnova na koj na graganin ke mu se odzeme imot dokolu se konstatira nekoja neregularnost vo procedurata za odobrenie za gradenje?
Од: milko
Датум: 03.07.2010 00:48:45
eden moj prijatel cesto znae da rece esapi kolu se budali! odat do tamo sto mislat deka se drugite budali.avtorot prasuva i ako go znae odgovorot . ako e obit da napravite budali od citateli na pogresna vrata ste otisle. niti me interesira koj i kako samo me interesira da imam rabota oti kako gradeznik da imam plata i da nosam doma parce leb za familijata a dali ke gradi vlasta ili opozicijata ili nekoj tret ne mi e griza. vie imate redovna plata i vopsto ne vie griza za nas. taman ses maseci da pomine gradeznata sezona a nie ke jadime kamena a ti ke odis na odmor vo grcija.
Од: gimi
Датум: 03.07.2010 00:51:46
Аааа не Билјана се почитува законот и одлуките на Уставниот суд (сети се само на законот за 3 дете,за веронаука, законот за забрана на пушење на јавно место и многу др. закони).Што мислиш дека владата не знаеше каква ке биде одлуката на Уставниот суд? Знаеше многу убаво и затоа си превзеде навреме мерки и го насамари судот така да Уставниот падна на Уставен. Ова повеке ми личи на онаа * Кучињата си лаат караванот си поминува*
Од: Eddy
Датум: 03.07.2010 02:27:07
Kolku shto jas razbrav od izjavite na vladata, oni mislat deka ukinuvanjeto na DUP-ot znachi deka novi gradezhni dozvoli ne mozhe da se izdavaat po osnova na toj DUP. No onie shto vekje se izdadeni, ostanuvaat vazhechki. Mozhe edna pravna analiza na ovaa rabota da ni dadete, mesto da ni davate propagandistichki moraliziranja, ve molam?
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 03.07.2010 04:13:52
A ,be Ovoj Nikolce.mnogu se beizobrazi; Stana kako Fancuskiot Kral,sto go rece:: Se Ta, Se Muaa ! [Drzavava ,eToa ,Sto Sum Jas]:Nema Vrhoven Sud,nema nikoj ,Jas Sum : Se Ta se Muaa!.
Од: zoro
Датум: 03.07.2010 05:33:56
Sto znaat fasisite sto e ustav.Za niv ustavot e nivniot partski statut i 100-cekornata im programa.I sega ke se javat nivnite poddrzuvaci koi ke ne ubeduvaat deka kicot e umatnost,a arhitekturata ne e nauka.Da ne im dozvolime na onie cij vkus go formiraa plasticnite veneciski gondoli nad televizorite,od nasiot glaven grad,no i cela drzava,da napravat Las Vegas.
Од: pameten
Датум: 03.07.2010 06:04:59
Kogo pobedil Grujo pa gradi triumfalna porta? Mozhe bi pobedil Ustavniot sud?
Од: Пинг
Датум: 03.07.2010 07:56:17
Најмногу ме загрижува леснотијата со која Премиерот ја омаловажи одлуката на Уставниот. Па нека се и сите таму комуњари, па нека и грешат, одлуката мора да се почитува. Најмногу оние кои треба да ја спроведуваат. За жал, многумина не се свесни за последиците, и од “нашите“ и од “нивните“. Поздрав и до едните и другите. ПС: во знак на протест повторно нема да Ве читам се` дури објавувате коментари кои не се напишани на Кирилица. Едноставно решение е да тоа го нагласите во Вашиот Правилник за објавување на коментарите НЕ КАКО ПРЕПОРАКА, туку како услов.
Од: sirma vojvoda
Датум: 03.07.2010 09:12:12
SCENARIOTO od strana na dpmne zapocnuva posle uspesniot miting na red e scenarioto koi sami si go kazuvaat od uvo na uvo a toa e gragjanska vojna samo i samo da ne ja dadat vlasta
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.07.2010 09:48:31
Добар дел од партискиве војници не сваќаат ако сакаме да имаме и да сме држава дека мора и да ФУНКЦИОНИРАМЕ како држава.А ова можело или не можело да се гради.Разбирате дека сите тие градби за кои не е запазена законската постапка, не смеат да се градат додека не се донесе ДУП= според законската процедура.Тоа важело и во КОМУНИЗМОТ, кој овие забеганиве го плукаат.Но денес нели сме феудализам па затоа законите важат САМО кога Пастирот со Фамилијата така ќе кажат.Несреќа е што нема санкционирање на владата кога ја уништува државата, бидејќи нема извршители - освен НАРОДОТ.На крај така ќе мора да биде. Ќе ни се случи народ - и покрај напливот на незаконски нови вработувања кои се в о тек ( создаваат должници и партиски војници).
Од: aleksandar
Датум: 03.07.2010 10:18:05
demokratijata e vladeenje na zakonite a ne na mnozinstvoto
Од: Pravo i pravna drzhava
Датум: 03.07.2010 11:12:40
Sudot sam se zapletka. Odlukite nemaat vazhnost na izvadeni dozvoli. Taka e po zakon i tuka nema nepochituvanje, bez razlika shto mislat poddrzhuvachite na sdsm vo ovie komentari.
Од: Oskar.
Датум: 03.07.2010 11:59:10
Napolno se slagam so Avtorot. Smetam deka Skopjani treba so ziv stit da go sprecat pocetokot na gradba na takanarecenata Triumfalna porta koja so nisto ne e opravdana a pretstavuva samo zaluden trosok na graganite. Da gi potsetam gospodata od Vlasta deka tie ja stopiraa izgradbata na Kermes, koja isto taka imase gradezna dozvola, a sega velat deka odlukata na Ustavniot sud nevazi zatoa sto veke imale gradezni dozvoli, a odlukata ena U.S. e bas poradi nelegalno izdadenite gradezni dozvoli, kako vprocem bese i so Kermes.
Од: јас
Датум: 03.07.2010 13:18:40
Багра портокалова !!! За сите важат законите , само за нив не важи !! Па , самите ке се закопаат со ова непрактикување на законот ..
Од: zoki
Датум: 03.07.2010 13:37:33
Nepocituvanje i potkopuvanje na stolbot na drzavata,branitelot na ustavnosta vo ovaa drzava, e rusenje na drzavata.Vakvi postapki ne i nosat nisto dobro na Makedonija.
Од: Mite
Датум: 03.07.2010 15:32:22
немам ништо против Уставниот суд, но дали тој ќе се огласеше или ќе ги чуваше во фиока барањата за преиоспитувањето на уставноста на : - промена на името од РМ во Фир Македонија, а сега преговорите за нови промени - преговори за здружување во воена прганизација - НАТО - испраќање на војници на туѓа територија, во држава со која немаме никакви проблеми -размена на територија со протекторатот Косово... .
Од: pravda
Датум: 03.07.2010 23:33:58
Do Pravo i pravna drzava: po tvoja logika i onie koi izvadile dozvola za gradba i izgradile ama ne ja fasadirale kucata po noviot vmrovski zakon ne treba da placaat kazni oti toa go napravile so dozvola pred da se donese zakonot,po tvoja logika a se gleda deka ti e plitka vmrovska zosto mu go odzedovte imotot na Daravelski pa go steknal vo vase vreme i pod vasi zakoni ama pustite za rejting se ke napravite ama rejtingot se topiiiiiiiiii!

Најди! во Утрински
Едиторијал