Топлификација годинава тактички и мудро уште од летоска се подготви за оваа грејна сезона. Но, не навреме да ги затопли радијаторите во домовите на скопјани, кои деновиве измрзнаа, туку дебело да заработи од нивниот џеб.
Во тоа и' помогна и' Регулаторната комисија со одлуката за поскапувањето на парното, што ја донесе во јули, додека граѓаните беа на летување. Заеднички им стокмија цена, повисока за 60 отсто. Потоа, дебелите августовски сметки „Топлификација“ се погрижи навреме да им ги испрати во нов формат и со виша и неразбирлива математика, промовирајќи праведна наплата по мерач. Поскапувањето на парното „Топлификација“ најнапред го оправдуваше со скокот на цената на нафтата. Но, кога нејзината цена почна да паѓа, излезе со фактот дека нејзините топлани користат само 30 отсто мазут, додека другите исклучиво гас. Дури и Регулаторната комисија ја објаснуваше новата цена на парното со фактот дека скокнала цената на нафтата. И кога стана неодржлива одлуката за повисока цена од 60 отсто, веднаш се премина на друга математика – да видиме сега што ќе било со гасот.
Добро сплетена мрежа од математики, проценти, формули, правилници и низа од подзаконски акти, кои не дозволуваат да се грее кога е студено, а не е пред 15 октомври и се' на штета на граѓаните, а во полза на претпријатието. Половина од жителите на главниот град се корисници на нивните услуги и плаќаат цела година за дебело скроените сметки, а „Топлификација“ во изминативе студени денови си поигра дури со 30 илјади корисници, оставајќи ги без греење.
Иако беа изиграни, никој не се стави на нивна страна. Молчат сите од државава, молк од институциите на системот и не реагираа ниту градските власти. Регулаторната комисија не најде за потребно итно да се состане за да донесе одлука за предвремено почнување на грејната сезона. Организацијата на потрошувачите се однесува како да не е од Македонија и нејзините реакции не беа вистински со кои ќе се застане на страната на граѓаните.
Сите се трудат да покажат разбирање за „Топлификација“, а никој за граѓаните. Едноставно - несфатливо.
И додека сите молчат, „Топлификација“ ќарува и време и пари, без реално да го наплати она што секој го потрошил. И дали само „Топлификација“ или можеби има и многу други играчи во големава игра од која добро се профитира? Дали Регулаторната комисија, формирана од Владата, навистина не може да измени еден подзаконски акт како што е Правилникот и Методологијата за пресметувањето на цени за топлинска енергија за да може за скопјани и пред 1 или 15 октомври да започне грејната сезона само затоа што е студено?
Ако може да се смени Уставот, зошто не би се смениле подзаконските акти, кога се покажува дека не чинат. Изгледа дека тоа е најтешката работа во Македонија затоа што треба да се чепне по нечии профити во синџирот на интереси в�� кои е речиси невозможно да се открие поврзаноста на вистинските играчи
А нема ништо поедноставно да се сменат правилниците и граѓаните кои дебело плаќаат да бидат задоволни. Постапката е едноставна. За Словенците, на пример, грејната сезона почнува во втората половина од годината, штом три дена едноподруго во 21 часот се измерат температури под 12 Целзиусови степени. Четвртиот ден во Љубљана се стартува со греење. Сезоната завршува во првата половина од годината, кога три дена по ред повторно во 21 часот ќе се измерат температури над 12 степени. Работите се многу едноставни за решавање, доколку на нив се гледа од аспект на давање соодветни услуги на потрошувачите, на оние што плаќаат за услугата. Но, ако се во прашање поголеми цели во општеството и во целава игра учесниците си ги поделиле улогите како на шаховска табла, тогаш тие си знаат кој е пион, а кој кралица. Матирани остануваат само граѓаните.
site ovie matni igri i odnesuvanjeto na Regulatornata komisija seriozno naveduva na indicii deka i taa ne e potpolni cista i postena pri donesuvanje na svoite uslugi.. Se raboti za golemi pari i seriozni moznosti za nejzino podmituvanje od strana na Toplifikacija. Pa se prasuvam : koj ja kontrolira rabotata i cesnosta na Regulatorite i na kogo mu polagaat smetka za nivnite odluki., bidejci nivniot paternalisticko odnos kon Toplifikacija e zacuduvacki i sekako ne e bez licen interes
Од: Коко
Датум: 25.09.2008 00:33:33
Добар коментар и се е на место кажано. Ме зачудува реакцијата на Регулаторната комисија. Таа не делува како независна, туку е под нечија закрила и игра како ќе и свири владата.
Од: samo covek
Датум: 25.09.2008 06:32:36
a ja otkrivme Amerika. pa jasno e kako den deka interesite se drugi. So ovoj narod vaka ke bide. Vazno e toa deka rejtingot necij raste, nekomu opagja. Koga ke cuesh nekoj kako ti kazuva deka i ke mrznam ama komunistite nema da pobedat na izbori, se prashuvash dali e normalno taka da se razmisluva. znaci ako me tepa mazot treba da molcam, ta maz mi e. Luge, zabegavme epten Zatoa site majtapi igraat, samo e dovolno da ni recat deka onie drugite ova go pravat i nie se palime. Ne ja gledame realnosta. Ne gledame deka smrznuvanjeto i ladnite radijatori nas ni go rushat zdravjeto Tie se great, ukluceni im se klima uredite, samo smetkata za potroshenoto ja plakjame nie.
Од: zare
Датум: 25.09.2008 09:57:38
Не е чудно милчењето на институциите, ако тоа е ‘платено‘ со пари од Топлификација, т.е. од нас граѓаните. Зошто не се провери со кои пари и колку Топлификација учествува во спонзорирање на политичките партии за време избори и после? Затоа не не чуди ‘независното‘ однесување на институциите, посебно на Регулаторната комисија
Од: verag
Датум: 25.09.2008 10:08:47
Тоа што сите надлежни молшат за мене е разбирливо бидејќи она што останува непроменето кај сите власти,локални и на државно ниво,е олитика на извлекување што повеќе пари од граѓаните. Така може да се случи приватните автобуски превозници да секазнуваат за пониски цени,да се укине нивна линија до Зелениково која наплатуваже по цени за град. Со вакви граѓани знаат дека може да ги дигаат цените колку сакаат,да го полнат буџетот и да се фалат со тоа,а парите да ги трошат за цркви и за сунети.Јас многу пати се жалев за студен стан но тофликација по правилникот може да не смрзнува со 18,19 степени.Сега кога за ист зстуден стан морам да плаќам повеќе, единствено ми остана да се откажам од парното и веќе почнав со греење.
Од: Vasko -
Датум: 25.09.2008 10:13:55
Ќе Ве молам да го актуелизирате прашањето за одлуките на регулаторната комисија со незаконски мандат.
Имено, одлуката за именување на претседател и членови на регулаторната комисија е со датум 23 јули 2003 донесена од страна на собраниетот на Р.М, стапува на сила на денот на донесување а објавена во службен весник бр. 50/2003 од 28 јули 2003.
Според таа одлука мандатот на претседателот, господин Славе Ивановски е 5 години и соодветно престана на 23 јули 2008 година!!!
Неговото претседателствување и сите одлуки донесени во меѓувреме се незаконски, затоа што колку што јас сум запознает со целата ситуација, мандатот на господин Славе Ивановски не е продолжен.
Од: Goran
Датум: 25.09.2008 10:15:13
Иако имам многу забелешки на работата на топлификација, сепак пријатно се изненадив од августовскита сметка, која остана речиси иста со претходните месеци наместо зголемена за 60%. Доколку и останатите сметки се со исти износи, тогаш централното греење останува за мене најевтин начин на греење.
Од: luta
Датум: 25.09.2008 10:51:45
Mnogu od vladata imaat akcii vo toplifikacija i sega ja shitat poveke toplifikacija otkolku graganite
Од: Nezavisen ama za VMRO glasac
Датум: 25.09.2008 10:51:48
Ako treba i ke sedam bez parno cela zima, ama ne smee Grujo na konunjarite da im dozvoli da se vratat, epten ja unistija Makedonija, zatoa Grujo sega ne moze da ja sredi, Ako treba neka poskape i strujata ke placam se, samo ne smee komunjarite nazad. Dosta mi e od tie nisto ne rabotea, a Grujo sekoja cest , verovatno posle Tito ne sme imale ovakov prekrasen lider, obrazovan, ucen i umen. Ne mi e jasno zosto komunjarite go vikaat 10:10 ili 13:50 da ne im e krivo nesto???
Од: skopjanka
Датум: 25.09.2008 12:10:46
potpolno se slozuvam so samo covek i verag i toa e toa so ovoj narod mazat da pravat sto sakaat i pak ke si kutime.Sami sme si krivi.Zosto ne proglasime GRAGANSKA NEPOSLUSNOST?Tuku site poitaa da najdat druga varijanta na greenje,a toa pak odi od nivniot dzep.Ne be od Makedonce (ne dzabe taka sme nareceni vo DEMINUTIVCE)ne biduva nisto !
Од: meri
Датум: 25.09.2008 16:10:59
ima nesto trulo vo sevo ova, nekoj debelo se ofajdil.
i sega nema korupcija vo drzavava?
pa dosposin Gruevski sega ste vie na poteg, neli vie ste toj sto stoji zad gradjanite, povelete pa pokazete go toa na delo, a ne samo so zborovi, ukinete go toj monopol, i nedozvolete da iljadnici mali deca, starci, bolni i hendikepirani sedat vo ladni domovi i mrznat!!!!!
Од: ROM PLUS
Датум: 25.09.2008 16:28:14
Поскапувањето кое го изгласа регулаторна комисија основана и назначена од Влада на РМ за топлификација е 60%, но за граѓаните тоа е 73% од причина што на поскапениот износ за топлификација поскапен е и ДДВ. Така владата разбирливо молчи од причина што во нејзина каса ке се слеваат многу повеке пари, а со тоа и и неконтролираното трошење на Влада уШте повеке ке земе замав.
Овакво покачување на цени да се случи во западноевропски земји ке значи =трета светска војна= во најмала рака генерален штрајк на ите граѓани во земјата. Во Франција за многу помали покачувања сме виделе се што прават демократски весни граѓани на Франција.