Ранко Петровиќ
сопственик на радио Бубамара
Се будам наутро, но полека станувам. Првата дневна активност ми е еден час вртење по скопските улици и проверка на проточноста на сообраќајот, па така психофизички подготвен чекам пред некоја амбасада. По 18 часот седнувам пред телевизор да ги гледам вестите, да видам ��о каде сме дошле.
Ева Нединковска
пејачка
Веќе ја извршив мојата летна преселба во Охрид, што може да се нарече и враќање дома, па се одморам во друштво на семејството и блиските пријатели. Денес планирам прв пат летово да одам на плажа, а вечер веројатно ќе посетам некој концерт од Балканскиот фолклорен фестивал.
Роберт Билбилов
музичар
Бидејќи вчера имав настап во Гостивар, и доцна се вратив дома, во Скопје, спијам подолго. Кога ќе станам прво одам да регулирам некои граѓански обврски - да платам сметки, а потоа во студиото. Доцна попладне поаѓам на пат за Струмица, каде што вечерва имам настап. |