Број 2754  вторник, 05 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Британците летово на одмор во Турција и во Хрватска

Главна причина за одбегнување на традиционалните дестинации е скапото евро во однос на британската фунта

Лондон - Британските туристи ова лето ги одбегнуваат своите традиционални дестинации за летување и одмор, Шпанија, Грција и Франција, префрлајќи се кон земјите на Југоисточна Европа и Северна Африка, соопшти Асоцијацијата на британските туристички агенции. Според побарувачката на аранжманите, поголемиот дел од Британците ова лето ќе патуваат кон Турција, Хрватска и Бугарија, како и кон Тунис и Египет, а како главна причина за ваквата промена е скапото евро во однос на британската фунта.

За само една година, од крајот на минатото лето, вредноста на фунтата е намалена за 20 отсто, поради што и онака скапата туристичка понуда на шпанскиот и на грчкиот брег годинава ја направија уште поскапа.

Агенциите кои продаваат аранжмани за летување во странство јавуваат дека побарувачката за Турција е поголема за 14 отсто, за Тунис за 50, а за Хрватска и нејзиниот јадрански брег дури за 150 отсто. Јадранот и Хрватското Приморје ова лето се нудат како „се' уште неоткриено подрачје на Европа“, поевтино од Грција и Шпанија, а исто така безбедносно релаксирано и погодно за семеен одмор.

Во исто време, бројот на аранжманите за грчките туристички центри е намален за девет отсто, колку и барањата за аранжман во Шпанија. Објаснувањето се бара во цените на пакетот со основни производи, што најчесто го користат туристите, а тоа се цените на пивото, безалкохолните пијалаци, кафето и разните кремови за сончање, кои во Грција се за 22 проценти поскапи од оние во Турција. Слични такви споредби се прават и со Франција и со Италија, каде што шише пиво, на пример, е двапати поскапо од она во турските летувалишта.

Авионските компании соопштија дека резервациите за аеродромот во Барселона, кој е врзан за шпанската Коста Брава, ова лет�� се помали за 16 отсто, додека во исто време резервациите кон аеродромот во Даламан, кој ги опслужува Мармарис, Фетие, Олу Дениз и другите места на тој дел од егејскиот и медитерански брег се поголеми за 10 отсто.

Секоја година во Шпанија престојуваат по околу 12 милиони Британци, додека на летување и одмор во Грција заминуваат 2,2 милиона, а во Турција 1,2 милиони туристи од Велика Британија. (МИА)


Статијата е прочитана 527 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Бензинот поевтини 3,5 денари, дизелот четири
На Богородица регистрирани 1,5 милион патници
Храната и нафтата ја ѕидаат инфлацијата
Штипјани масовно си ги намируваат долговите за вода
БМВ работи со загуба
Вредноста на Дојче банк се намали за повеќе од 11 милијарди долари
Романските земјоделци добија 644 милиони евра
Индија најави 450 милиони долари за Авганистан