|
|
|
|
|
|
Колумна
Премиере, не го сакаме планот Б
Нина Нинеска-Фиданоска
Ние сме за опцијата А, а тоа е европска Македонија, членка на НАТО, респектирана, богата и перспективна
Засега немал во план премиерот Никола Груевски Македонија да се повлече од преговорите за името со Грција. Така барем ни обелодени во своето последно интервју дадено за еден домашен медиум, откако веројатно длабоко се покаја што истрча на лизгав терен со Б-92 и со онаа „напалена“ српска новинарка, која не најде ни малку разбирање за „добронамерноста“ на последните потези на премиерот и на неговата Влада.
Како и да е, Груевски по којзнае кој пат уверуваше дека немало да го напуштиме преговарачкиот процес за името. Иако следуваше оној втор дел од реченицата кој никако не ми се допадна и кој ми го внесе црвот на стравот и сомнежот, каде што премиерот, онака спонтано, нафрли дека „поддршката од граѓаните за еден ваков чекор со текот на времето се' повеќе се зголемувала“.
Што сакаше, всушност, да ни каже премиерот, се прашувам и по неколку дена откако го прочитав ваквиот негов, навидум безболен исказ, но за мене и за мојата непоправлива НАТО и ЕУ-амбиција премногу неизвесен. Дури и опасен.
Демек, еве ние од немајкаде преговараме со Грците, затоа што мораме, ама граѓаните се' повеќе сакаат да кренеме раце. Па зошто и да не ги послушаме, веројатно ќе следува како дилема во некое од наредните интервјуа на првиот министер. И воопшто нема да биде изненадување ако таква мисла произлезе од него, бидејќи тој, нели, секогаш и за се', се раководи исклучиво од интересите на граѓаните. И сега одлично му доаѓаат најновите анкети што го сондираат јавното мислење, а кои, за волја на вистината, и тоа како покажуваат се' поизразена резервираност и скепса дали воопшто и натаму треба да се преговара за овој децениски проблем.
За кој било потег на премиерот и на неговите министри, алибито го бара во широките народни маси што му ја дале довербата на последните избори. Ако го прашате, на пример, зошто упорно го турка оној кич од проект „Скопје 2014“, за кој секаде на глас ни се смеат, тој многу прецизно ќе ви одговори дека инспирацијата ја црпи од плебсот, кој му дал мандат да работи во негово име. Нешто во смисла дека ние го избравме и сега да го оставиме да покаже што знае и умее, а не постојано да наоѓаме мани на сите залагања за подобра иднина. Или, ако се обидете да спорите со премиерот на тема зошто ММФ не чинеше лани кога сиот нормален свет ги користеше неговите евтини кредити и така ја ублажуваше атаката врз граѓанството од драматичната криза, а зошто сега истите тие монетарци стануваат наши добронамерници кога ни нудат „заемче“ од 480 милиони евра, кои пак, онака попатно, никој поим нема кога, како и за што ќе се трошат, Груевски сосема сигурно ќе ни повтори оти тој најдобро проценил и оти има целосно право да не' задолжува до бесконечност, бидејќи, нели, нему сме му го отстапиле правото да одлучува што е најдобро за нас и за нашата држава.
Е па ако е така, премиере, зошто тогаш бегате кај граѓаните во обид да најдете утеха за Вашите, се надевам само бенигни размислувања, за евентуален прекин на преговорите за името со нашиот јужен сосед. Зошто сега ги мешате нив во ваквите, макар и само зародишни идеи? Што треба да очекуваме, дека ако граѓанските проценти „контра“ преговори и „за“ растурање на калимерата и со Грците и со целата меѓународна заедница нагло пораснат, Вие ќе ги послушате и без пардон ќе ставите „вето“ на сите досегашни надежи оти некогаш ќе станеме дел од богатиот и елитен европски клуб?
Па, нели, граѓанството Ви даде пас да работите во негово име и сега повелете и да го одработите тоа. Но, немојте да го правите тоа така што ќе се криете зад наводните народни желби „да не им се попушта на Грците“, туку истерајте го она што е навистина најзначаен национален интерес. А тоа сигурно не е изолација и економска бесперспективност поради отсуство на реални странски инвестиции, а уште помалку е она бескрајно инаетење со сите европски претставници кои Ви укажуваат колку многу грешите, туку исклучиво НАТО и ЕУ-интегрирање.
И запрашајте се еднаш, барем еднаш преиспитајте се, кој најмногу има удел што луѓето овде веќе и не веруваат дека има некаков бенефит од божемните преговори што ги водите. Немојте да го потценувате народот, тој е свесен дека практицирањето на преговарачкиот процес со сегашниов стил никогаш и никаде нема да не' одведе, па можеби и затоа Ви сигнализира дека или треба да преговарате, ама машки, или воопшто не преговарајте. Сигурна сум дека тоа е скриената порака што сака да Ви ја испорача граѓанството во анкетите, иако можеби не знае да се снајде најдобро во некогаш комплицирано формулираните анкетни прашања.
Колку и да веруваме во ветувањето што го лиферуваше вчера и претседателот Ѓорге Иванов, дека Македонија останува во преговорите и дека само во НАТО и во Е�� ја гледа својата перспектива, никако не можеме да се ослободиме од оној горчлив вкус на немање желба работите околу името реално да се поместат од мртва точка, можеби затоа што пак ги слушнавме истите и добро познати бетонирани позиции.
И мора да е свесен премиерот Груевски дека ние го сакаме планот А за земјава. А тој е само и само европска Македонија, членка на НАТО, респектирана, богата и перспективна. Планот Б, премиере, или другата алтернатива, која, како што самите рековте, веќе ја живееме 20 години наназад, веќе не ја сакаме за нашата држава. Дајте еднаш да се одлепиме од такви искривени сценарија и дајте еднаш да го одбереме вистинскиот план. За доброто на сите. |
#
|
Статијата е прочитана 2051 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 15.12.2010 12:29:26 |
|
Eve jas od denes ke se odnesuvam kako onie sto gi laze VMRO. Lele luge EU ke se raspadne sto barame tamu? Uaa Eu. Uaa Grcija, ne ne saka, ke vidat oni. Uaa Bugarija, tie ....ma ke vidat i oni. Uaa Srbija, Uaa Fuere-ke go zaboravev ;) ma cel svet neka ide u ....Nie tuka site ke gi isplukame...da daj gi inavredime-da vidat koi sme! Silni sme! Da da...ustvari a sto posle? Pa posle otkako ke go zadovolat svoeto isfrustrirano ego (koe e takvo od pricini sto vo drzavata nema normanlni uslovi za zdrav i sreken zivot, mora da prizanete kolku i na vam da vi e dobro na tie okolu ne im e pa ne e lesno da se bide vo takva sredina), ke ostane samo praznina. |
|
|
|
|
|
|
Од: 3G |
Датум: 15.12.2010 12:29:50 |
|
Ova e demokratija i politicki pluralizam. Vam nikoj ne vi brani da ziveete vo iluzija na planot A. No nedemokratski i totalitaristicki e da go nametnuvate na parlamentarnoto mnozinstvo i voljata na narodot. Samo vistinskite zelbi stanuvaat realnost. |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 15.12.2010 12:55:36 |
|
Srbija koja bese bombardirana veke gotovo ke stane kandidat za EU,i Crna Gora.Kaj sme noie? |
|
|
|
|
|
|
Од: професорка |
Датум: 15.12.2010 13:55:53 |
|
До сега веќе требаше да биде решен проблемот со името. Груевски не ја искористи (намерно, заради својот рејтинг) огромната поддршка за ЕУ и НАТО кои му ја даваа граѓаните. Се гледа дека чека, а богами и активно работи на тоа, таа поддршка да ја снема. А ја снемува дека веќе никој не верува дека воопшто за нешто се преговара. Не осудија да се вртиме во еден маѓепсан круг на лаги и лажни надежи. Но, се надевам дека наскоро ќе им дојде крајот. |
|
|
|
|
|
|
Од: Горан - М. Каменица |
Датум: 15.12.2010 14:22:46 |
|
Почитувани читатели иако имам два факултети сепак сакам некој да ми одговори на едно прашање:Што треба да направи Груевски за да Грците омекнат и дозволат наш прием во ЕУ и НАТО, и што ќе направи СДСМ кога ќе дојдат на власт за да ги убедат Грците во поддршка за наш прием. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 15.12.2010 14:29:41 |
|
Во право е кога мистер Рејтинг кажува дека кој последен се смее,најслатко се смее.Кога не испокара во државата и подели на наши и ваши.Кога не испокара со ЕУ,Нато и соседите.А не приближува кон афричките земји и со некои непознати азиски земји и ни воведува диктатура.Не да се смееме и нашите и вашите ке плачеме и лелекасме. |
|
|
|
|
|
|
Од: opa |
Датум: 15.12.2010 14:36:49 |
|
Imeto na Makedonija e nad NATO EU i drugi kvaziorganizacii....Plan A B V G i ponataka e Republika Makedonija ....Na EU treba da i se dade ultimatum ili ke ne primite ako RM ili f...off |
|
|
|
|
|
|
Од: Bogomil |
Датум: 15.12.2010 15:06:54 |
|
Go delam Vasseto mislenje vo vrska so voluntaristicckoto vladeenje na ovaa politiccka garnitura. No, imam edna zabelesska vo odnos na tekstot, kade se povikuvate na Vasseto JAS. Vie kako glaven i odgovoren urednik i novinar generalno, go zastapuvate, taka bi trebalo, stavot na mnozinskiot ccitatel, zatoa, najkorektno vo vakvi sluccai, da se izbegnuva PRVO LICE EDNINA. |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 15.12.2010 15:10:14 |
|
Goran-M.Kamenica,ne kaza koi dva fakulteti gi
imas?????
Ako navistina si so dva fakulteti,a baras drug da ti dade odgovor,togas nesto ne e vo red so fakultetite
ili so diplomecot na tie fakulteti.
Obidi se sam,napravi analisa na dvete moznosti za idninata na zemjata,so kompromis integrirani ili
bez kompromis neintegrirani.
Ako samo malku analizite gi pravis objektivno,
so sopstvena glava ( citaj razmisluvanje), a ne pod drugo vlijanie i pristrasnost ce go dobies popovolniot odgovor. Da se razbereme vo dvata slucai pred nas se ispreceni bolni odluki i
strasni knedli za goltanje.
Prasanje e koja povece ce ne zadavi????????????? |
|
|
|
|
|
|
Од: zio willy |
Датум: 15.12.2010 15:37:05 |
|
gospogjo novinarke,vie licno ste za planot A.Jas i mnogu drugi sme otvoreni i za drugi opcii,ako ovaa ne moze da se izvede.razbirayte? |
|
|
|
|
|
|
Од: blagoja |
Датум: 15.12.2010 15:51:08 |
|
Nino, Jas sum vo Evropa cel zivot. Rabotam jas,zenata i sinot, ama nisto nevidovme od bogatata Evropa. Makedoncite vo Makedonija ne se bas nekoj narociti rabotnici. Ovde so taa rabota sto ja rabotite tamu ce izumrite za jadenje. Plan B postoit. Treba da si odime pri toj narod so kogo imame ista kultura,a toa e Turcija. Premierot so Skopje 2014 ja opljaska skros naskros. |
|
|
|
|
|
|
Од: Од мене |
Датум: 15.12.2010 15:57:58 |
|
Драга Фидановска јас незнам кај ви е вас паметот/Зар по секоја цена треба да се оди во Европа или тоа што го пишувате е по нечииј налог? Искрено ве жалам. Се надевам дека ќе го објавите иако е малку касно но неможев поранода го прочитам. |
|
|
|
|
|
|
Од: todor |
Датум: 15.12.2010 16:54:34 |
|
Професорке, не сте ја разбрале лекцијата. Оваа Влада е анти Македонска и не сака да се обединат сите Македонци во ЕУ. Они сакат да не приклучат кон Бугарија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпче |
Датум: 15.12.2010 19:03:09 |
|
pa najbrz vlez vo EU e da ne okupira Blgarija, Grcija nesaka iako ima mnogu tenkovi... ubavo e i Turcija da ne okupira , treba da pomine so vojska preku Grcija ili Bugarija... ama nishto od seto toa, se e Kuklen Teatar, Grcija mati so Srbija, saka Grcija da ima monopol na perenjeto EU pari za Zapaden Balkan... ke prai Grcija taka se dodeka ne i ja udrat klocata ili ne se rasturi poradi Grcija EU , sto ne e nevozmozno...posebno ako go ukinat Evroto kako valuta.. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 15.12.2010 19:48:15 |
|
Сигурен сум дека многу добро сте го разбрале премиерот во врска со подршката од народот.За оние неупатените е фактот да по сите анкети од ИРИ ,владини и опозициски анкети народот вели НЕ за влегување во ЕУ и НАТО по теркот на соседот со над 72%.И на крајот според Викиликс Американците ни ја ОДОБРУВААТ борбата за зачувување на јазикот и националноста а советуваат промена името на аеродромот. |
|
|
|
|
|
|
Од: MIMI |
Датум: 15.12.2010 20:20:31 |
|
samo se odvlekuva naseto vnimanie od vistinskite problemi...zosto nekoj ne prasa za kriminalot vo bitolskiot univerzitet i familijarnite vrabotuvanja na nesoodvetni lica od strana na rektorot Zoglev??? dobrva ke se otvoraat tie temi |
|
|
|
|
|
|
Од: sasko |
Датум: 16.12.2010 00:44:27 |
|
Веќе е јасна стратегијата на владава. Тоа го потврди и претседателот дека големи одлуки не чекаат догодина, т.е. дека името ќе се реши догодина, без разлика дали тоа го сакаат Бранко, Фуере, Папандреу, или авторката, т.е. со одлуката на судот за времената спогодба (нормално ако е во наша полза) или ќе не примат во Нато или ќе престанат преговорите, и со тоа проблемот ќе биде решен. Голема подршка за оваа стратегија. Баш сакам да видам како ќе реагираат грциве, европејциве и европеизираните фироманци. Објавите го коментарот. плс |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 16.12.2010 07:48:17 |
|
Е,браво бре ,Среле!Кога го одобриле тоа? На ручек со Мето Коловски?Ако го одобруваа тоа,сега ќе бевме во НАТО и ЕУ!Се надмина самиот себе во глупостите.Верувам дека овој текст е твој,ни Бициклата такво нешто не би рекол! |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 16.12.2010 08:44:21 |
|
Премиерот ја кажа реалноста, без разлика дали тоа на Нина и се допаѓа или не. Факт е дека се зголемува разочараноста на граѓаните од постапките на Грција и на ЕУ. Зошто мислите дека граѓаните слепо ќе сакаат да се интегрираат во ЕУ и НАТО? Јас не сакам Македонија да влезе во унии кои даваат поддршка на безмислени причини кои ги наметнува Грција. Во какви тоа (не)принципиелни унии се стремиме да одиме? Ако сакаш ти Нина, тогаш тоа е твое право, исто како што е мое право да не сакам јас. Ама тие како мене се се побројни, а сега крив е Премиерот што ја кажал реалноста јавно? Да, можеби можел да премолчи, но тогаш ќе станел како нашите македонски новинари - креирачи на мислења, без стратегија, со нечиј или ничиј налог или притисок (без разлика дали е суптилен, финансиски, егзистенцијален). Новинарот што размислува вака, и што ја има моќта да го објави ваквото свое размислување, има право на тоа, но понекогаш прави поголема штета отколку оној кого сака да го прикаже дека кажал нешто штетно. |
|
|
|
|
|
|
Од: зоре танески скопје |
Датум: 16.12.2010 09:35:11 |
|
Мислам дека во Р.М. нема нормален човек кој не е ЗА прием во Нато и ЕУ.Но која е цената што треба да ја платимеИ дали треба по секоја цена.Е тука се разликуваме многу.Ако почитуваната г-га новинарка ги застапува тезите на челниците на СДСМ дека мораме по секоја цена да влеземе во Нато и ЕУ тогаш ништо од бизнисот драги мои.СДСМ не уверува дека се преговара само за промена на името на државата. ДА точно е тоа.Затоа што Грција не признава постоење на Македонски идентитет и јазик.Тоа значи ако го смениме името на државата тогаш нас МАКЕДОНЦИТЕ ќе не снема од политичката карта на светот и официјано и документирано.Туа е заблудата на СДСМ и очигледната манипулација што сакаат да ја продата на народот.Затоа ДА за Нато и ЕУ но исклучиво како Р.Македонија и како МАКЕДОНЦИ. |
|
|
|
|
|
|
Од: Do Goran |
Датум: 16.12.2010 10:02:57 |
|
Abe Goran,Premierot treba da prestane da sozdava opsta atmosfera vo drzhavata za napustanje na pregovorite,odnosno deka nato i eu ne ni se potrebni.Vtoro treba da raboti na opcijata za dvojna formula,treto za zashtita na indetitetot,jazikot.A dali ti so tie dva fakulteta si svesen deka povekje opcijata za dvojna formula nikoj ne ja spomnuva od vlasta,tuku samo indetitetot i jazikot kako primaren problem.A site znaeme deka ovoj problem kje bide machno da se reshi.Kako ti sto vikash deka Makedonija e na makedoncite i Grcite vikaat isto,ama na makedoncite vo Grcija(nivnite makedonci)Sea sogledaj gi rabotite onaka kako sto se vo realnosta.Ako nema zaguba na dvete strani,togash nema ni da ima reshenie.Togash ostanuva da se promeni neshto tektonsko vo EU pa drugachje da se reshi ovoj problem-so vojna na nasha ili nivna shteta.Pa vidi sea ti. |
|
|
|
|
|
|
|
|