РОБИ ВИЛИЈАМС
Сака да се врати во „Тејк дет“
Пејачот Роби Вилијамс изјавил дека има голема желба да се врати во групата „Тејк дет“, да се потсети на старите добри времиња, а за да биде што поблиску до старите пријатели, одлучил да купи имот во Англија и да се врати од САД.
Како што јавува списанието „Сан“, Роби на својот Интернет-блог изјавил дека му е драго што неговиот поранешен бенд бележи успех и дека нивниот албум не престанува да го слуша.
Тоа дека навистина е сериозен зборува и податокот дека Роби го истетовирал името на групата на својата рака, истакнувајќи дека е навистина горд што некогаш бил нивен член.
Но, скептиците велат дека е многу мала веројатноста другите членови Гери Барлоу, Џејсон Оранџ, Хауард Доналд и Марк Овен да го примат назад. |