Брoj 2760  вторник, 12 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Црвенковски и Велјановски во војна со писма

Претседателот на државата ќе го потпише само Законот за јазиците

Светлана Унковска

Шефот на државата, Бранко Црвенковски, и собранискиот спикер Трајко Велјановски, иако и двајцата се на годишен одмор, преку своите кабинети вчера повторно разменија пораки и обвинувања за тоа кој ги почитува, а кој ги крши процедурите.

По најавата дека претседателот на државата ќе се произнесе за законите откако ќе се врати од одмор, вчера, иако се' уште не беше вратен, од неговиот кабинет соопштија дека тој нема да ги потпише петте спорни закони и бара од Велјановски да ги стави на повторно изјаснување пред пратениците. Таквото барање претседателскиот кабинет го образложи со фактот што законите биле ставени на повторно разгледување без претседателот официјално да се изјасни дека ставил вето.

Во меѓусебната преписка кабинетите на Црвенковски и на Велјановски разменија обвинувања за блокирање на институциите и за тоа кој е повеќе одговорен во продлабочување на политичката криза.

Црвенковски, кој утре се враќа од одмор, како што веќе и официјално е соопштено, ќе го стави својот потпис само на Законот за употреба на јазиците кој по втор пат беше ставен на изјаснување минатиот понеделник откако до парламентот стаса неговиот допис дека одлучил да не го потпише пакетот закони, меѓу кои беше и овој закон.

Но, Црвенковски нема да ги потпише и преостанатите закони кои Владата набрзина ги стави на повторно гласање во парламентот само врз основа на политичката порака која Црвенковски претходно ја прати до опозицијата дека нема да ги потпише законите како услов СДСМ и ДПА да го прекинат бојкотот на парламентот.

„Законите за работни односи, за лобирање, за адвокатура, експропријација и енергетика повторно беа изгласани спротивно на пропишаната процедура, односно без претходно добиено писмено известување од страна на претседателот на државата. Поради тоа, претседателот нема да ги потпише указите за стапување во сила на овие закони“, соопшти вчера претседателскиот кабинет.

Црвенковски, како што се додава во со��пштението, му предлага на собранискиот спикер Трајко Велјановски преостанатите пет закони да ги стави на повторно гласање во парламентот.

„Законите дополнително ќе добијат поголем легитимитет ако се изгласани во присуство и на опозицијата и на тој начин би се нормализирале парламентарниот живот и функционирањето на политичкиот дијалог, како еден од критериумите неопходни во процесот на нашето интегрирање во ЕУ и во НАТО“, порача Црвенковски.

На тоа уследи експресна реакција од шефот на парламентот, Велјановски, чиј кабинет вчера ги отфрли обвинувањата за кршење на процедурите и побара од претседателот Црвенковски во рок од седум дена да ги потпише законите.

„Претседателот на државата, Бранко Црвенковски, уште еднаш ги надминува своите уставни надлежности и грубо се меша во надлежностите на законодавната власт – Собранието, и на судската власт - Уставниот суд“, реагираше Кабинетот на Велјановски.

Во реакцијата на Велјановски се тврди дека спорните закони се изгласани по втор пат на 1 август откако поминал рокот од седум дена од нивното прво донесување, а во овој рок претседателот на државата не се изјаснил дали ќе ги потпише.

Објаснувањето на Велјановски е дека, според член 52 од Уставот, новодонесените закони во рок од седум дена треба да се објават во „Службен весник“, што значи дека претседателот на парламентот по истекот на тој рок може да ги стави законите на повторно изјаснување.

Војната со писма меѓу двата кабинети, на претседателот Бранко Црвенковски и на шефот на парламентот, Трајко Велјановски, и вчера не даде одговор за тоа кој е во право. Оваа седмица можеби ќе се разјаснат работите, но дали ситуацијата ќе се развива во правец на продлабочување на очигледната криза, за што се обвинуваат меѓусебно Црвенковски и Велјановски, или пак ќе стивнат страстите, допрва ќе се знае.


Статијата е прочитана 1178 пати.

Испрати коментар

Од: Александар
Датум: 12.08.2008 00:30:20
Штом има олку препирки со законите дефинитивно нешто не е во ред.Едната страна упорно сака да протурка некои свои цели и идеи што изгледа не се реални за нашите услови и потреби.
Од: Форум “Воденица“
Датум: 12.08.2008 00:36:37
Нема дилеми дека и двете страни се обидуваат да се надмудрат меѓусебно. И кај претседателот од една и кај законодавната и извршната власт од друга страна отсуствува желба за работите да течат како што е најдобро за државата. И мислам дека овде сепак поголема одговорност има кај власта, која што по изборите бескрупулозно се обидува да манифестира моќ и да покажува сила.
Од: Crni Grujo
Датум: 12.08.2008 02:02:22
Ajde decina pionircina odma vkrevet na spiejne dane vi dojdi Crni Grujo da ve najt nelegnati.I da se spremate za docek na Brane od Turcija ,ama ne zaboravete i pionirskite marami da si gi ponesite .Laku noc
Од: bel Branko
Датум: 12.08.2008 04:58:03
Nasiot bel Branko ja ocrnuva Makedonija so site sili.Uste nekolku meseci i oop-mashinerijata negova birokratska ke zapree.Tolku.Komentarov nema da go objavite ama who cares,barem vie ke go procitate!!!
Од: Стариот Бате
Датум: 12.08.2008 08:21:09
Преродбата се кочи, вината за неуспехот ќе се насочува кон Претседателот на РМ. Собранието ќе добие минус, повеќе денови нема донесено Закон, ефектот му паѓа. Но, за секој случај повторно да се повикаат пратениците и по трет пат експресно да ги изгласаат спорните Закони.
Од: Зоран
Датум: 12.08.2008 09:37:24
Две години гледаме само кавги: те со опозиција, те со Грција, те со меѓународни претставници, те со ЕУ, те со Нимиц и ... сега и со претседателот. Човек да се запраша дали овие знаат да водат држава без пред тоа да креираат кризни состојби?!?!
Од: Trajko
Датум: 12.08.2008 10:20:55
Vo ovaa zakonite neshto mnogu smrdi,shtom ne se svareni kako shto treba.Ovie koi go kritikuvaat pretsedatelot moze da mu se fatat za ovaa podolgoto.Branko e iskalen politichar,ne gazi na trula daska.Nekoi moze samo da si laat kako zagari po traga.
Од: Atanasija
Датум: 12.08.2008 10:27:46
Naseto opredeluvanje za parlamentarna demokratija imase za cel demkratija,a ne samoljubie.Sega Vladata i mnozinstvoto vo Sobranieto (koe se imenuva so Parlament-zasto,verojatno pootmeno zvuci) ja ignoriraat institucijata Pretsedatel na Drzavata:Vladata predlaga,Sobranieto prihaka,nevodejki smetka deka za nekoi zakoni treba da bide slusnata i pozicijata.A toa sto spikerot na Sobranieto treba da se grizi Sobranieto da raboti vo potpoln sostav- go ostava na strana,se nasrcuva na Pretsedatelot na Drzavata,koj spored ona kako razmisluva ,Pretsedatelot treba se sto ke mu dodade na masata-i da go potpise,bez razmisluvanje.No,eve Pretsedatelot poinaku misli,i treba toa da bide pocituvano i od spikerot na Sobranieto,i od Vladata.Zatoa vlasta e podelena na zakonodavna-Sobranieto i izvrsna-Vladata i Pretsedatelot na Drzavata.Ne mora site isto da mislat,no mora megjusebe da se slusaat ,pa da odlucat za da ni go podobrat zivotot.A brzanjeto,kako i sporosta ne se nikakvi doblesti .
Од: epten zaeban
Датум: 12.08.2008 10:39:25
Sega da se najde nekoja nevladina organizacija koja bi morganizirala protesti na aerodromot koga ce pristige pretsedatelot p a da vidam dali nema da potpise PS samo neka obezbedat povece maici
Од: Veles
Датум: 12.08.2008 10:41:03
Трајко си ги тумачи законите како сака па нели човекот е бивши адвокат, само незнам дали е дрвен или обичен. Ако не знае како оди процедурата нека ја види досегашната практика, а не да дава свои тумачења. Јасно е дека човечето има задатак. Што се однесува до спорните закони и не мора да се донесат, посебно законот за робовски односи, пардон работни односи, но со оглед дека ДПМНЕ е десно орјентирана па одозгора и демохристијанска партија вакви и слични закони се својствени за нивната политичка опција. Законот за задолжително средно образование е донесен само за да можат нашите сожители да бараат отварање на нови паралелки и таму каде нема ни минимум услови. Го молам Трајко да ми се јави кога ке казнат некого затоа што не го запишал своето дете во средно, посебно од припадниците на нашите сожители.
Од: sonja
Датум: 12.08.2008 11:05:13
E sega i e tesko na vladata deka Pretsedatelot ne gi potpisuva zakonite ,ama i taka i treba oti sakat apsulatizam.
Од: dedo dimo
Датум: 12.08.2008 11:52:28
So godini vaka se raboti kaj nas vo zalna Makedonija ,umesto site da zapnat neshto dobro da storat za makedonija i makedonskiot narod ,politicarite na Makedonija sakaat koj poveke shteta da i donesat.Dobro bre luge dali imate razum vie ,narodot ve glasa ve smetaa kako po pameti i da ne izvadetetena prav pat a vie se natprevaruvate koj po glupav ke izlezi .Za zal e nashata Makedonija (vie nisto ne ste nauchile od postarite da ve potsetam "koga dvajca se karaat tie gubat a tretiot izleguva pobednik"pogledajte kade e nosite zemjata nasha (vo propas) sram da vie a i na Makedonskiot narod shto vakvi kuchinja glasaa.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Гасот „пијанка“ усмрти еден, а повреди друг рудар во јамите на „Злетово“
Избрзан потег во големата игра
Зденко
Претходен број
Собранието штанцува закони како „брз воз“!
Грузија сака брз мир со Русија
„Топлификација“ добила 500 барања за исклучување на парното
Магичниот театар на Питер Брук конечно во Македонија
Важен е и резултатот
Кајакарот Николовски 19-ти, стрелачот Несторов последен
Пејзажист на нашиот чад
Рекламирањето лек ќе се казнува со 25.000-50.000 евра
Драма во базенот
Слики од Олимпијадата
„Пород“ дисквалификувана без причина за ин витро
Тешко бреме на војните
Verbatim