Старите лични карти мора да се заменат до февруари
Околу еден милион граѓани во наредните четири месеци треба да ги заменат старите документи со нови
Даниела Трпчевска
Сите стари лични карти со темносина боја граѓаните ќе треба да ги заменат со нови до февруари идната година. Според некои процени, станува збор за уште околу еден милион лични документи, кои треба да се заменат со биометриски. Заклучно со 15 септември, во изминативе три години се издадени 405.153 лични карти, кои ги содржат новите заштитни кодови. Одлуката за замена на старите лични карти важи за сите граѓани, без оглед на тоа дали се' уште не им е изминат рокот на важност на исправата, или, пак, поседуваат трајна лична карта.
Во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, новите документи што почнаа да се издаваат во 2007 година, мора да се заменат во рок од три години. Рокот изминува на 27 февруари 2010 година, од кога почнуваат да важат само светлосините лични карти, кои се слични на кредитните картички.
Терминот за вадење нови документи може да се закаже само телефонски, доколку се јавите на бесплатниот број 0800 192 92.
Кол–центарот работи секој работен ден од 8 до 20 часот, а во саботите од 8 до 16 часот. Поради големиот број повици треба да се почека неколку минути пред да се јави операторот. Доколку денеска се јавите да закажете термин за вадење нова лична карта, слободни термини што ќе ви бидат понудени се 5 или 6 октомври. Скопјани можат да аплицираат за нови документи во подрачната единица на МВР, која се наоѓа кај старо Беко, или, пак, во зградата на МТВ. Од Кол-центарот добивате прецизни информации во колку часот, на кој шалтер и во која кабина треба да се фотографирате за новите документи. Операторите можат да ве информираат и за сите документи што се потребни за вадење нова лична карта, во случај таа да е изгубена или доколку сте го смениле местото на живеење.
За да се извади нова лична карта потребно е да се пополни барање и да се уплатат 190 денари, во која било банка или во пошта. Уплатата може да се изврши и претходно, со што ќе се олесни целата процедура. Фотографирањето се врши во просториите на МВР, каде што апликантот ги остава своите отпечатоци и своерачен потпис за поголема заштита на новите биометриски документи. Во подрачните единици на МВР се истакнати огласни табли за неопходните документи, кои граѓаните треба да ги поднесат при аплицирањето за нови документи. Апликантите се известуваат со СМС- порака кога можат да ги добијат готовите документи. Од МВР уверуваат дека постапката не трае повеќе од десетина дена.
Со цел да се избегнат големите мешаници пред завршувањето на рокот, од МВР најавуваат дека ќе преземат низа активности за навремено информирање на граѓаните до кога треба да ги заменат личните документи со биометриски. „За таа цел ќе се отпечатат плакати и летоци, кои ќе бидат поставени на повеќе локации во градот и во земјава“, ве��и Иво Котевски, помошник-министер за информирање во МВР.
Бидејќи станува збор за голема бројка на граѓани што треба да ги заменат старите документи, можно е да има преоден период во кој ќе се толерираат задоцнетите апликации, велат надлежните. Во Законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, објавен во „Службен весник“ број 19/2007 на 19.2.2007 година, се предвидени и парични казни за оние што нема да поседуваат валидни лични карти, но засега од полицијата не можат да прецизираат дали и од кога тие би можеле да се применуваат.
Граѓаните се жалат дека понекогаш е многу тешко да се добие слободна линија за да се закаже термин за вадење нови документи. Од МВР, пак, објаснуваат дека фирмата што е задолжена за Кол-центарот засега има обезбедено 11 слободни линии, но доколку се јави проблем тие се должни да ги зголемат капацитетите за да им излезат во пресрет на граѓаните. „МВР има капацитет дневно да прими од две до три илјади барања од граѓаните, со што за три месеци би можеле да издадеме и до 300.000 нови документи“, вели Котевски.
За разлика од личните карти, пасошите и возачите дозволи можат да се заменат со нови во наредните две години. Со оглед на најавите за визна либерализација од јануари идната година, граѓаните масовно ги менуваат старите пасоши со биометриски, што, пак, ќе им овозможи патување без виза во земјите на ЕУ.
abe kakva liberalizacija ke sonuvame za liberalizacija , badijala narodot si gi dava parite samo drzavata da kasira pari nema pari drzavata nasaaaaaaaa siromasen narod sme nije .
Од: stevo_bojler
Датум: 30.09.2009 00:51:19
...лични карти, кои ги содржат новите заштитни кодови.... Da da, sodrzat kodovi, no so 666. Steta sto Makedonija ova go prifati. :-(
Од: Realist
Датум: 30.09.2009 00:52:18
Odlicen tekst. Gledam nieden od drugive vesnici ne pisuva na ovaa tema. Sigurno mislat deka dnevnopolitickite bistrenja ni se povazni od licnite interesi.
Од: zagrizen-markirani
Датум: 30.09.2009 00:59:52
Пошто сакаат да не маркираат нека бидат бесплатни.Кој тоа сака ние први во Европа да имаме биометриски пасоши и лични карти,КОЈ/? и Зошто,што фактор сме ние,па да мораме да имаме нови документи,нека е објасни некој поентава...ако не се работи за молзење пари,што е финатата.Нема никој такви л.к не може пасоши да не натераат,па сега лк...Абе срамота е што се прави со Македонскиот народ....Срамота.Дај опрајте е државата најдолни сме во Европа,станавме како тие поранешните што беа во Пустец,сега и тие се поугледни од нас...Кое право имате вие да е користите од Македонија,како да сте е ослободиле вие и од кого,па Македонија ни припаѓа на сите и сите подеднакво да имаме,нели за тоа ве гласаме сите политичари...скапаници едни....
Од: goran
Датум: 30.09.2009 05:12:59
dali onie gragani koi imaat trajni licni karti koi platile za da gi dobijat sega ke gi dobijat novite bez nikakov nadomestok i na site onie na koi se uste im vazat ke treba da platat? ako treba da platat sto ke se desi ako vladata posle edna godina i tekne pak da gi smeni licnite karti toa ke znaci pak da placame ili drzavata ke moze da si sobira pari kolku pati saka. Sto ako nemam telefon kako da zakazam? dali ke mi zakazat posle rabotno vreme ili za vreme na rabotnoto vreme treba da zemam den od godisniot odmor? Sto ako gazdata (organizacijata vo koja rabotam) ne mi odobri koristenje na den bas togas? ziveam vo nov zeland site moi potrebni gokumenti gi dobiv bez pari i po posta se razbira po posta gi prativ aplikaciite. pozdrav
Од: MILCO
Датум: 30.09.2009 07:17:11
pa ubavo kazano ,no izgleda ke treba kako evrite sto gi nosele vo logor-ausvic,, so bageri da ne butkaat ,zamislete ostanuvaat uste 150 dena a treba 1 000 000 milion, --- 7000 licni karti dnevno ,toa ako se napravi treba da vlezeme vo ginisovata kniga na rekordi ,, bravo ,,, sepak na vreme kazano""
Од: Ајван Доктор®
Датум: 30.09.2009 07:42:32
Доообар бизнис! Секој нов што ќе седне на фотелјата на власта, смислува нови лични карти, пасоши, дозволи, хартии, планови... Феномен, или добар начин за полнење на касата? Би било добро да изброиме колку нови документи беа принудени граѓаните да вадат од Осамостојувањето до денес!
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 30.09.2009 07:47:09
Do Utrinski vesnik edna golema molba za da mi objasnat mene i na celata dijaspora kade i kako nie ke mozeme da gi zamenime site ovie graganski dolznosti sto gi bara RM,bidejki sakam da go napravam i jas toa iako zivejam vo dijasporata , potocno AUSTRALIJA i ke ve molam da ja prezemete ovaa odgovornost i da dobijam celosna invormacija na mojot e-mail dostaven vo komentarot ili preku odelot na vesnikot.Od napred vi se zablagodaruvam i ke ve molam da bidam izvesten,bidjki sakam da ja zavrasam ovaa graganska dolznost na RM.POZZ ORCE MAKEDONSKI-SAZDOV
Од: s.m
Датум: 30.09.2009 08:05:21
nisto ne e taka kako sto e napisano ! prvo vistinska sreka e da uspeete da zakazete zatoa sto nikoj ne kreva slusalka, a koga ke uspeete da zakazete iako go znaete tocniot cas ke ostanete da cekate uste najmalku 1 cas pred salter bidejki sekoj vlaga od kade saka !!!!!
Од: Зоран
Датум: 30.09.2009 08:52:02
Законот за новите Лични документи стапи на сила на 01/10/2007 и рокот за замена на личните карти беше три (3) години сметано од 01/10/2007, односно 01/10/2010. Е сега, зошто излезе МВР со оваа „наредба„ за замена на ЛК седум месеци пред истекот на законскиот рок, не знам ....?!
Предпоставувам на државата и се потребни пари: 1,000,000 ЛК х 190 = 190,000,000 денари или повеќе од 3 милиони Евра! Пари што не се за фрлање.
Понатаму, Министерката Јанкуловска десет пати повтори дека ослободувањето од визната обврска ќе важи за сите граѓани, независно од тоа каков пасош поседуваат, стар (син) или нов (црвен-биометриски). Тоа беше и логично, зато што визната либерализација важи за граѓаните на државата, а не за пасошот, но сега одеднаш излегува дека треба да вадиме и нови пасоши, зато што со старите сеуште останува обврската за вадење Шенген виза. Инаку, само како информација, старите пасоши законски важат до 2012 година.
Ете тоа се случува, кога некомпетентни луѓе ги водат преговорите
Од: bitola
Датум: 30.09.2009 09:10:58
Na novite biometriski licni karti stoi grbot so svezdata a pred nekoj den ja simnaa od grbot taka da sega i tie so imaat novi licni karti ke treba da gi menuvaat sramota so e ova sto se pravi vo drzavava
Од: seka
Датум: 30.09.2009 09:15:34
Госпоѓо Даниела
Информациите н е ви се точни и кога нешто пиувате треба да проверите.Вчера закажав за лична карата о ми одредија термин за 14 Октомври, а не како што велите за 5-6дена,значи за 15 дена.Грујо нема пари па собира арач од народот за нови биометриски лични карти,пасоши,возачки дозволи и картончиња за упис на казнени поени, дозволи за оружје и други разни работи.Кому му се потребни овие глупости - никому,а децта гугаат на интернет и сакат да влеземе во Европа.Таму не се влегува со ГУГАЊЕ.На здравје Македонче и пак гласај за пилиштариве.
Од: ljubica
Датум: 30.09.2009 09:41:22
Dosega smeneti 405 iljadi za tri godini. Eden milion lica za 5 meseci? Dali MVR ima kapacictet ? Samite izjavuvaat deka za tri meseci moze da izdadat do 300.000 novi dokumenti. Daj da bideme realni togas, da ne sozdavame panika. Ili se raboti za 190 -te milioni denari kolku sto ke se soberat od ovaa akcija. A sto da pravat starite, bolnite i iznemosteni lica? I niv li ke gi maltretirame?
Од: MARKO
Датум: 30.09.2009 09:46:00
Bravo za vladata, naprolet ke smenat grb na drzavata pa pak ke mora da se smenat i licnite karti i pasosite.
Од: zzzz
Датум: 30.09.2009 10:03:54
Olku nabiena negativna energija kaj komentatorite e nevidena rabota.Ocigledno e deka loso spiele ili loso sonuvale.Se sto cini za niv ne cini.Ubavo im e vo temniot vilaet vo koj se rodeni,rastele,se obrazuvale.Nikoj ne smee da spomene napredok,perspektiva,kvalitet,razvoj... Takvite zborovi im smetaat.Bi rekol, plod na seksualna nezadovolenost i frustracii
Од: goce
Датум: 30.09.2009 10:29:24
zosto vakvi spekulacii se pravat a ako e vistina za mene licno e perene na pari zosto treba da se plati koga rokot ne im e istecen treba da bide besplatno do koga ovaj siromasen narod ke bide ograbuvan stramota e ova pa ova ne bilo ni vo tursko vreme
Од: zapad
Датум: 30.09.2009 10:31:42
do koga ovie komukisticki nasledstva pana zapad dobiete preku posta zdravtvena karticka vo vid na kredit kartica bez slika i toa vazi za se nikakvi slikanja nikakvi salteri i gnjavaza nikakvi drzavljanstva ili izvodi do koga ovie gluposti mi se cini drzavata kako da e fabrika za dokumenti stalno izmeni pari da zemat
Од: јас
Датум: 30.09.2009 11:16:41
Неписмена бирократија и НЕПИСМЕНА ВЛАДА !!!Само и само да соберат некое денарче од сиромашниов народец..Јас лично НЕ МЕНУВАМ ЛИЧНА КАРТА, па нема година-две откога ја извадов постојнава.Ако сакаат да ми ја сменат бесплатно со поштенска достава дома , НЕКА ПОВЕЛАТ , а јас НЕ ОДАМ!!!!Ова веќе ги врви сите граници.Ами ако утре им текне да го менуваат грбот, ај пак „сликајте се за лична карта ““.НЕДОКВАКАНИ ДЕЧИНА НИ ЈА ВОДАТ ДРЖАВАВА, затоа е вака!!
Од: brane
Датум: 30.09.2009 11:19:35
bidi patriot setaj bez licna karta so pasos samo:))))
nego cim vleguvame vo EU zosto ne gi namalat kaznite za prekrsoci kako vo nekoi evropski gradovi na procent spored platata sto ja zimas Ne moze isti kazni da plakame so pratenik koj zima 60 000denari i poveke so nasite 12 000denari isti kazni smeski:)))
Од: Rasipnici
Датум: 30.09.2009 11:27:58
Jas odamna imam nova licna karta, ama ne mozam na ovie da im se nacidam na inventivnosta za da izvlecat sto poveke pari od narodot. Bravo, prerodbenici, ajde sea so parite od licnite karti da pravime akvalend vo Vardar i da naredime novi skulpturi od Saraj pa sve do Zelenikovo.
Од: Anandra
Датум: 30.09.2009 14:08:41
"Arach. arach davaj ,rajo!"
"Lebec, lebec, gospodaru"
( Ivan Mazuranic:Osman"
Од: tebe
Датум: 30.09.2009 14:23:32
eden milion po 3evra super za kasata,samo od licni karti.bravo
Од: aleksandar
Датум: 30.09.2009 15:52:58
kogo lazat tie be.kakva liberalizacija.mozeme samo da sonuvame.neli gledate oti cim ce se stvori nekoja sansa onie od vladata ce napravat nekoj skandal kako so encikl. i drugi iks pizdarii samo da ne napreduva drzavata.pa toa nim im odgovara.trlo bez kucinja.kradi kolku mozes,a za narodot ic da ne ti e galje.