Број 2861  сабота, 13 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Швајцарија влезе во шенген-зоната

Лихтенштајн кое е во границите на Швајцарија станува надворешна граница на ЕУ

БЕРН - Официјалниот влез на Швајцарија во шенген-зоната ќе овозможи поблиска соработка од претходно со ЕУ во областа на полицијата и проблемите со азилот. Вчера, на денот на приемот, министерката за правда Евелин Видмер Шлумпф се состана со шенген-експерти од ЕУ во Брисел, на северната граница од Швајцарија. Голема прослава, на министерско ниво, се планира кон крајот на март кога швајцарските аеродроми ќе бидат интегрирани во Шенгенската спогодба. Накратко, Шенгенската спогодба се однесува на укинување на систематските пасошки контроли меѓу земјите-потписнички. Имаше многу поголем ентузијазам пред една година кога осум источноевропски земји и Малта влегоа во шенген-зоната. Политичари и толпа народ прославуваа во стил, со конфети и огномет при укинувањето на граничните служби. За голем број Источноевропејци патувањето во шенген-зоната без пасошки контроли беше конечна победа над железната завеса.

Меѓутоа, нема да има поголеми промени на швајцарските граници при официјалниот влез во шенген-зоната. „Царинските контроли ќе останат во сила, што значи дека влезот на Швајцарија во шенген-зоната нема да го има истото симболично значење“, изјави Катрин Кропф од швајцарското Министерство за правда и полиција.

Но, Швајцарија и Лихтенштајн пред десет дена потпишаа рамковен договор за полициски и погранични контроли. Кнежеството допрва треба да го ратификува договорот со ЕУ. Тоа моментно нема контрола врз 41 километар што ги дели двете земји, но, сепак, границата и ефективно од 12 декември стана шенген-граница, иако Лихтенштајн досега ја нема ратификувано спогодбата. Таа беше потпишана на 3 декември меѓу двете земји и вклучуваше одредби за издавање визи во согласност со правилата во шенген-зоната и прекугранични движења на луѓе, соопшти Свисинфо. Со спогодбата, исто така, се дефинираат условите според кои швајцарските граничари може да дејствуваат на територијата на Лихтенштајн.

Со оглед на тоа дека Швајцарија не е членка на царинската унија на ЕУ, нема да има промени за производите што влегуваат во земјата. На пример, шенгенот нема да ја промени количината црвено вино што луѓето можат да го внесат во Швајцарија од Франција, а царинските контроли ќе останат во сила. Систематските контроли на пасошите и личните карти на граничните премини ќе бидат укинати, но ќе бидат заменети со проверки по случаен избор во граничните региони и меѓународните возови. Меѓутоа, всушност, ова и не е некоја новина за Швајцарците, бидејќи швајцарските граничари веќе некое време вршат мобилни гранични контроли. Шенгенот ќе донесе повеќе промени за полицијата, која сега ќе може да ја користи банката на податоци на Шенген-информативниот систем (СИС) иако ова привремено беше спроведено во август.

Министерството за правда и полиција ги опишуваат првите искуства со СИС како „екстремно позитивни“. Швајцарските полицајци и граничари се соочуваат со 30 таканаречени случаи во базата на податоци. Во првите сто дена од процесот, тие наидоа на 900 имиња, главно странци на кои не им се дозволува влез во шенген-зоната. Голем број од нив беа за украдени автомобили или фалсификувани банкноти. Имаше околу 25 лица за кои имало распишано потерница од други земји.

СИС во иднина ќе биде заменет со многу поефикасна база на податоци позната како СИС II, во која, на пример, ќе може да се чуваат и отпечатоци на прсти. Системот веќе користи отпечатоци на прсти „Еуродак“, кој содржи информации за лицата што бараат азил и оние кои илегално влегле во земјата. Швајцарија ќе се спои со „Еуродак“ на 15 декември. ЕУ, исто така, работи на создавање база на податоци за апликантите за визи.

Овие системи што ја сочинуваат сржта на шенгенот, претставуваат многу поголем проблем за властите за заштита на податоците како во државата така и во кантоните. Тие треба да осигурат дека се заштитени правата на регистрираните лица. Експерти од шенген државите на почетокот од оваа година посочија дека заштитата на податоците во Швајцарија е адекватна, меѓутоа, предупредија дека треба да биде зајакната и да стане понезависна.

Швајцарија на 12 декември стана и членка на Даблинската спогодба на ЕУ за азил. Оваа спогодба е дизајнирана да ги разјасни одговорностите на земјата за оние кои бараат азил. Како општо правило, од оној што бара азил се бара да аплицира во земјата-членка во која најпрво влегол. Таквиот систем има предности за земјите што немаат излез на вода, како што е Швајцарија, бидејќи се опколени со други членки на Даблинската спогодба. (Свисинфо)


Статијата е прочитана 1038 пати.

Испрати коментар

Од: Goran
Датум: 13.12.2008 06:39:49
Dobro e sto i Svajcarija vleze vo sengen zonata,ama koga ke gi ukinat vizite za nas??2019 god??
Од: More
Датум: 13.12.2008 09:41:24
Arno be,vleze Svajcarija ama nie Makedonija so vmrovcive vleguvame vo predistorijata koga zemjata bese zona na haosot,izolacija siromastija ,politizacija na sve,platite kasnat,rklami,covekovi sudbini,..........,......,/...... i.t.n.
Од: EU
Датум: 13.12.2008 12:30:21
Super, sega ke ja vidam i Svajcarija...
Од: Sande
Датум: 13.12.2008 21:43:09
Do MORE. E sto ni vazi toa deka imame studenti pa eto ovoj vreska SVE namesto SE': OVIE NAMERNO GO SAKATAT MAKEDONSKIOT JAZIK.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Полицијата уби тинејџер во Австралија
Човечки синџир околу Мумбаи
Санадер подготвен да го посети Белград
Никола Саркози импресиониран од своето претседавање
Индиските адвокати не сакаат да го бранат напаѓачот од Мумбаи
Грција ќе ослободи пет илјади затвореници
Снег ја затрупа Австрија