„Маршот на ВМРО“ ги испрати во ноќта изборните победници
Атмосферата се вжешти околу 22,30 часот кога со труби, зурли и тапани се пееја патриотски песни
Горан Адамовски
„ВМРО ти си наша иднина, ВМРО ти си наша судбина“ ечеше во ноќта меѓу неделата и понеделникот од центарот на Скопје каде што се славеше убедливиот изборен триумф на „портокаловата“ коалиција. Популарниот „Марш на ВМРО“ во Домот на АРМ каде што беше штабот на владејачката партија, почна да се слуша уште од 21 часот кога веќе се насетуваа изборните резултати. Река од членови, активисти и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се слеваат кон центарот на градот. Портокалови маички, црвени знамиња, најмногу партиски и со сонцето од Вергина и гласни автомобилски свирки беше сликата на скопските улици.
Во седиштето на партијата ноќта беше мирно како никогаш порано.
„Очекувавме висока победа и затоа некако славењето не е како пред две години“, вели еден млад кичевец, дојден само за да биде дел од прославата. Поинаква слика во Домот на АРМ, стотина метри подалеку, каде што партиското обезбедување остави стотици славеници надвор од вратите. Место имаше само за „одбраните“.
Атмосферата се вжешти околу 22,30 часот кога со труби, зурли и тапани се пееја патриотски песни. Во Домот на АРМ беше како во вршник. Клима-уредите не успеваа ни малку да ги разладат просториите, преполни со министри, функционери, видни и познати вмровци. Скандирањето „Никола, Никола“ околу 23 часот значеше дека во штабот пристигна и лидерот на партијата. Еуфорија, торта и шампањско. Говорот на досегашниот, веројатно и иден премиер, беше прекинуван со аплаузи и скандирања. Груевски ги оцени како фер и демократски изборите во 98 проценти од земјава, а за тие „два процента“ каде што се случуваше насилство изрази жалење, сочувство и најави прегласување.
Оттаму сите на плоштадот „Македонија“, каде што веќе се славеше на големо. Дваесетина минути по полноќ, Груевски се качи на импровизирана говорница. Ги соопшти резултатите, им се заблагодари на сите и најави бескомпромисна борба на сите полиња за подобрување на животот.
„Не' чекаат силни предизвици, како што е зачувувањето на уставното име“, изјави Груевски, најавувајќи дека само со „чесен приод кон државата, нацијата и граѓаните“ може да се стигне до резултатите, кои Македонија ги очекува од изборните победници.
„Да живее Македонија, да живее ВМРО-ДПМНЕ“, заврши Груевски, што значеше крај и на прославата на плоштадот, иако пукотници се слушаа во сите скопски населби.
So zurli i tapani svadbata zavrsi vo Nedelata.No problemite koi treba da se resavat zapocnuvat od ponedelnikot.Togas nevestata i momceto si gi pokazuvat zabite.Koj bil motivopt za svadbata.Dali ke zive Makedonija,dali ke zivee dpmne,vremeto ke si kaze Iako carsavot bese krvav.Za blaga rakija treba da se priceka.Vo carsavot moze da se krijat mnogu zamki.
Од: Gox
Датум: 03.06.2008 11:15:03
Mozeme samo da posakame golem del od vetenoto da se realizira so sto stvarno ke se dokaze deka vladata koja sto najiskreno za zasluzi poddrskata na izborite raboti za dobroto na site vo zemjava...Jas mislam deka do sega sme nemale premier koj sto tolku bil blizok so narodot i iskreno ne sakam da veruvam vo razocaruvanje od negova strana..Site zaedno za podobra Makedonija..
Од: bobi
Датум: 03.06.2008 11:39:43
zalno ama vistinito.laz laz laz toa e nikola gruevski.
sepak cestito ,narodot izbra i tuka ima samo tisina.
Од: Buntovnik
Датум: 03.06.2008 13:02:40
Sekoj narod si ja zasluzuva vladata koja ja ima.
Од: Боби Питерс
Датум: 03.06.2008 13:23:08
Честитки за победата!
Денеес е веќе нов ден, се надевам дека идната влада ќе ги исполни ветувањата дадени во предизборието и ќе им врати за масовната доверба дадена од граѓаните. А тоа нема да биде лесно.
Сепак, искрени желби и честитки и напред!
Од: RR:So znaminjata na V.Mihajlov "idnina i sudbina"?!
Датум: 03.06.2008 14:00:59
Za sekoj vistinski Makedonec i patriot,koj shto i posakuva se najdobro na svojata drzhava,nema pomorbidno chuvstvo od momentot koga kje mu bide izlozhen slushniot aparat na taktovite na vmrovskata himna,koja potsetuva na fashistichki marsh .Pogrozno neshto ne mozhe da i se sluchi na Makedonija,koga nasekade se razvejuvaat vanchomihajlovistichkite crveno-crni znaminja.Site koi se obedinija pod toa isto krvnichko zname se turli tava od ideoloshki pozicii,no so edna cel :samo da se bide del od vlasta ,pa za imidzot na Makedonija malo gajle.Zatoa napraednata Evropa i ne gledea taka,pa neka ne ne chudi shto so takva struktura na partiski aktivisti,teshko kje bideme del od nea.Neka Vi e na zdravje Grujo i minhauzenovshtinata vo koja kje uzhivate,dodeka ne ve udri nekoe bugaromansko zname po glava!
Од: mene
Датум: 03.06.2008 14:34:55
well done nikola.srceto mi e puno cestito pobeda,patot e tezok ama ke uspeeme,treba da ima reformi kako na zapad ama nasite gragjani ne se naviknai na reformi i na pocituvanje na zakoni,ako sakaat da bideme u eu treba da se naucat da pocituvaat znam deka e tesko ama moraat ednas da se naucat na red,i mi bese mnogu milo toa sto narodot sepak ne zaboravil na stradanjeto vo vremeto na sdsm i bezvladieto,
USTE EDNAS CESTITO POBEDA