Број 3398  понеделник, 04 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Втора страница

Требаше да дадам неотповиклива оставка

Гледано од оваа временска дистанца, ми се чини дека требаше да дадам оставка за атентатот врз тогашниот претседател Киро Глигоров, вели професорот по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје, д-р Љубомир Д. Фрчкоски, кој, во времето кога се случи овој немил настан пред 15 години, беше на функцијата прв човек на македонската полиција.

„Министерот, објективно, е одговорен кога ќе се случи еден ваков настан. Во нормални околности без размислување би се повлекол од функцијата. Но, тогаш беше извршен притисок врз мене и политичките калкулации беа такви дека е подобро да не се прифати мојата понудена оставка и да останам на функцијата“, вели Фрчкоски.

На прашањето дали во сите овие години е доволно направено за да се откријат извршителите на атентатот, но уште поважно да се пронајдат инспираторите и организаторите, професорот е прилично резервиран во одговорот.

„Место да се води истрага, секоја година, па и оваа, се водат некакви дебати околу атентатот, што е сигурен знак дека не се прави ништо. Се испушти еден решавачки момент, а тоа е падот на српскиот режим, кога требаше да се проверат сите траги што водеа кон структурите на КОС“, потенцира ексминистерот. Вели дека му е жал што пред две години Обвинителството не обрнало доволно внимание на новиот сведок што тој го посочил, поранешен припадник на ДБК, преку чие сведочење е поминато многу бегло.

На нашето прашање дали не е малку цинично да се префрла вината врз други, кога токму тој, како задолжен за полицискиот ресор во тоа време, излезе на прес-конференција со сериозни обвинувања за постоење на т.н. бугарска врска.

„Можеби е погрешено. Но, тогаш се проверуваа сите траги што одеа во повеќе правци. Се проверуваше т.н. братиславска врска, а нашите сознанија во тоа време не беа насочени кон источниот сосед, туку кон една мултинационална компанија, што зборува дека контекстот беше поширок и мултилатерален и еден крак водеше и кон српските разузнавачки служби“, додава Фрчкоски. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 2411 пати.

Испрати коментар

Од: Pishuchkin
Датум: 04.10.2010 12:06:51
Rano ti tekna...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 04.10.2010 12:12:48
Добро е да треба скоро 15 год. да се увиди што требало да се направи тогаш.А инаку тогаш имавме холивудски скеч,кобајаги оставка а премиерот брзопотезно ја одбива.
Од: Од запад
Датум: 04.10.2010 12:29:24
И ти не знаеш ништо.
Од: Petrovski Toni
Датум: 04.10.2010 12:32:43
se znae koj gi koristi ami 8 za treniranje na eksplozii i koj gi kupuvase sirum evropa toa e model na dejstvuvawe na legija na strancite ili nivnite eks ucenici,slicen napad so isto vozilo pred nekolku godini imase vo Srbija pa ako nemase indiccii za nasiot atentat ce imase vo toj slucaj koj trebase da se raboti kako da e nas
Од: vlatko
Датум: 04.10.2010 12:44:23
profesore,profesore,sees magla kako i sekogas,kos,multigrup,bratislavska vrska,obicna magla,skopska.ako znaes nesto kazi,ako ne zamolci veke ednas
Од: Mirjana
Датум: 04.10.2010 12:56:06
Prikaski za mali deca. Mnogu e providna izjavata. Da dal neotpovikliva ostavka i da go ostavi Branko sam vo ovaa rabota. Ne moze, razbira se.Ne se rabotelo na slucajot. Pa koj da raboti ? Vie najdobro zvaete togas bevte na vlast, prvi lugje. Ajde vi se molam.
Од: do felix
Датум: 04.10.2010 13:54:45
Да, да, ти најдобро ги знеш ваквите скечеви! Најмногу од тие чив верен поданик си На пример,од оној прилепски студент од транспорт, кога се удавија петнаесетина луѓе. А инаку, сите други твои шефови не ни шуле за зборот оставка. Ти, како врвен коментатор и ,,многу учен,, треба, можда, да ги подучиш.
Од: забеган.
Датум: 04.10.2010 14:13:24
Жалам одсекогаш на СДСМОВЦИТЕ ви иде умот од кога ќе замине кумот.Да не бевте толку АРОГАНТНИ немаше овие Пилиштарци да ни солат памет.Дури кога ги глеам си се смеам од мака на ГЛАС На кого овој НАРОД му поверил ДРЖАВА.Па тие несе способни една поголема Фамилиа да водат а кам��ли Држава.
Од: tihi
Датум: 04.10.2010 14:15:35
A koga pa ovoj kazal nesto saglam i konkretno sto vredi.Osven sto prodava pufki i izdisani baloni , sto neznam koj bi trebalo da mu gi kupi , i za kogo se nameneti.
Од: egej
Датум: 04.10.2010 15:25:12
Pa nesto ne ti veruvam,ako dozvolis "druze".Nemas ti svest za ostavka ili nekoja slicna "drebulija",mentalnata sklopka ne ti e takva.Obratno,mislam deka so UCENA na togasniot premier/Crvenkovski/ bese naimenuvan za minister za nadvoresni raboti,ako dobro se sekavam.PS:Navistina e golema nesreka za Makedonija,sto ti i kako tebe slicni neranimajkovci 20 godini se zaebavate so drzavata.
Од: "vodolija"
Датум: 04.10.2010 17:00:50
Prostorot e mal za EDUKATIVEN komentar,na ovaa tema, no od gragjani i komentatori kako: Feliks, Vlatko , Mirjana, Makedonija e VTASANA ZA VLEZ VO NEKOE TRLO ,a ne vlez vo nekoja civilizirana Unija na drzavi.Feliks, ZASRAMISE ima ljuge i koi Te poznavaat,a i semejstvoto tvoe Te cita. Ako neznaes sto da napises, ne se pravi Ideoloski Terorista !! Ima mnogu elementi relevantni sa otkrivanje na Zlocinot, no sekogas ljuge kako teve ja usmeruvaat istragata vo suproten pravec,zatoa sto Vi godi drzavata da bide vo LABILNA SOSTOJBA, vo takva drzava sakate da vladeete!!??NO.....nema da uspeete da ja turnete drzavata vo gragjanska vojna kako toa go napravivte i so Grcija 46/49 g.Bidi pozdraven!!!???
Од: Goran
Датум: 04.10.2010 19:12:39
Po 15 g. se setil deka nešto dobro će napravel so ostavkata,ne treba g-dine Danailov veće da se zanimavate voopšto so politika še vi bide,sedete si nastrana i gospod da ve vidi,držete fakultetot i familijata,najdobro za site i vas a i Makedonija.
Од: Stojko
Датум: 04.10.2010 19:51:29
@feliks > Imam vpecatok deka osven ovaa rabota da pisuvas po naracka, i toa samo za odbrani temi (za temi kako sto se socijala, grad Skopje, penzii, zdravje, deca idr te nema nikade), nikogas nisto ne si rabotel, ili barem ne nesto odgovorno.

Најди! во Утрински
Втора страница
Кој да верува во судството?
Атентатот врз Глигоров и по 15 години мистерија
Вербатим






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma