Брoj 2778  среда, 03 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Интервју

Се намалува бројот на корисниците на социјална помош

Како резултат на зачестени контроли, во април имало 55.128 социјални семејства, наспроти 66.468 колку што биле пред една година, вели Џелал Бајрами, министер за труд и социјална политика

Маја Томиќ



Господине Бајрами, една од главните економски цели на Владата е намалување на високата невработеност. Донесени се бројни документи за подобрување на состојбата. Што е сторено досега и какви се резултатите кај невработеноста ?

Активните политики за вработување е процес што се одвива успешно од 2006 година и ќе трае, се надевам, и натаму успешно, се' до 2010. На почетокот на годинава Владата го усвои Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. Во него се предвидени: програма за самовработување, за формализација на постојни бизниси, за подготовка за вработување, за субвенционирање на вработување и програма за практикантство. Предвидено е да се обезбеди вработување на 7.165 невработени. Деновиве ќе заврши изработката на бизнис-плановите за 500 самовработувања и за 107 лица за формализација на постојни бизниси.

Што се однесува до обуката, преквалификација или доквалификација на невработени лица за познат работодавец, од планираните 3.000 лица, досега се вклучени околу 1.400, од кои над 900 лица успешно ги завршиле обуките. Многу е значајно што 67 отсто, односно 630 лица успешно ги завршиле обуките и засновале работен однос.

Мерката ,,едукација за започнување бизнис“ целосна е завршена на 820 лица. Исто така, и програмата за субвенционирање со која се обезбедува месечна финансиска поддршка за работодавците е во тек на реализација. Националниот акционен план за вработување за 2006-2008 година, донесен кон крајот на 2006 година, може да се каже дека успешно се одвива. Резултати од сите мерки веќе има, бројот на невработените во јуни годинава, во однос на јануари, е намален за 12.516 лица. И стапката на невработеност, според Анкетата на работна сила, во 2007 споредено со 2006 е пониска за 1,1 процентен поен.

Колку средства од Буџетот се потрошени во изминатите месеци од годинава за спроведување на политиките за вработување, дали тие се доволни за намалување на стапката на невработеност ?

Затоа што имплементацијата на активните програми и мерки се реализира на годишно ниво, во моментов не би било реално да се издвојат потрошените средства по одделни програми. За годинава во Буџетот за имплементација на активните програми и мерки за вработување се планирани 138 милиони денари. Сепак, овој износ е недоволен за позначајно намалување на високата стапка на невработеност. Со цел да се зголеми опфатот на невработените лица со различни а��тивни програми, неопходно е да се зголемат средствата. Поради тоа, моја заложба за 2009 година ќе биде да се обезбедат повеќе пари од Буџетот.

Владата најави дека до 2010 година невработеноста ќе се намали за 10 проценти. Возможно ли е тоа?

Предвиденото намалување на невработеноста за 10 отсто до 2010 година, сметам дека е реално.

Колкав е вкупниот број на социјалните корисници и семејства. Дали бројката расте и какви мерки има Министерството за оваа категорија граѓани?

Првпат има намалување на бројот на корисниците на правото на социјална парична помош за 4.612 лица. Односно, додека лани во јануари имало вкупно 66.317 корисници, во истиот месец годинава биле 61.697 корисници. Овој процес на намалување продолжува, и покрај приливот на нови барања. Поради намалениот број корисници по сите основи, се јави заштеда на буџетските средства од 15 милиони денари.

Бројките за корисниците се различни, зависно од тоа кое право се користи. Некаде има намалување, а некаде зголемување. Значително се намалуваат социјалните домаќинства. До крајот на април годинава се регистрирани 55.128 социјални домаќинства, за кои се исплатени 132 милиони денари. Во истиот месец лани, нивниот број бил 66.468. Сметам дека намалувањето се должи на зголемените активности на Центрите за социјална работа, пред се' на зачестените контроли и увиди во домовите. Кај корисниците на постојаната парична помош, пак, има тренд на зголемување. Во април оваа година ова право го користеле 7.198, и за нив биле исплатени 26 милиони денари, додека во истиот месец лани тој број бил 5.095, за што се платени 16 милиони денари. Тренд на намалување има и кај правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице.

Трудовите инспектори постојано „фаќаат“ работници на црно. Имаше акција со синдикатите да се запре работата на црно. Дали се размислува за некоја повторна слична соработка?

Во оваа кампања активно беше вклучен Државниот инспекторат за труд со отворена телефонска линија, преку која анонимно се примаа повици на граѓани кои пријавуваа правни субјекти кои ангажирале лица без договор за вработување. За неколку месеци беа примени 259 повици, од кои 107 се однесуваа на работа на црно. Имаше и пријавени пензионери. Во Сојузот на синдикатите имаше отворено линија и се состави листа на правни субјекти каде што работеа непријавени работници. Секаде каде што имаше повреди на законите, донесени беа решенија за забрана за работа, а против правните субјекти и одговорни лица се поднесоа барања за поведување прекршочна постапка.

Во моментов во Министерството се подготвува таканаречениот „кол- центар“, отворена телефонска линија на која граѓаните наскоро ќе можат да ги пријавуваат сите неправилности од работниот однос, а потоа инспекторите ќе вршат проверка на пријавите. Она што го правевме досега пробно заедно со Синдикатот, натаму ќе го правиме сами.

До каде се работите со реформите во ПИО и воведувањето на третиот пензиски столб?

Со воведувањето на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување или трет пензиски столб, се заокружува реформата во пензискиот систем, како една од најуспешно спроведените реформи. Воспоставувањето на законската рамка е завршена со донесувањето на измените во Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во јули годинава. Она на што интензивно ќе се работи во Министерството и во МАПАС е подготовката на подзаконските акти во делот на лиценцирање, отворање индивидуални сметки и друго, како и приспособување за старт на третиот пензиски столб.

Што мислите за аферата со пензиите во Битола?

Во постапка на утврдување податоци за стаж и плати за стекнување права од пензиско и инвалидско осигурување во Фондот на ПИОМ се утврдени незаконски постапувања во Скопје и во Битола. Тие, како што знаете веќе, се предмет и на истражните органи, а ние, како Министерство и Фонд за ПИОМ, не само што ја поддржуваме акцијата за целосно расветлување на случајот туку правиме се' ваквите појави во иднина да се намалат или искоренат. Впрочем, ние сами откривме што се случува во „нашиот двор“’. Сега заедно со помош на другите институции останува сопствениот двор темелно да го исчистиме и да го одржуваме чист.

 


Статијата е прочитана 371 пати.

Испрати коментар

Од: Кичево
Датум: 03.09.2008 00:58:56
Најдобар потег на Владата на РМ,ова Министерство што го препушти на албанска партија.Имено,арогантниот однос на Мешков не се поднесуваше,не сум имала ников контакт со тие служби но на ТВ кога го гледав ги отвораше народните кујни беше горд,а требаше да се срами.Исто и Илјаз Сабриу беше многу добар министер на тој ресор.Позз.и успех на овој министер да нема социјални случаи и невработени,а најмалку народни кујни...достоинствено Македонци еднаш се живее,а достоинството е пред се.
Од: Трпе
Датум: 03.09.2008 07:57:32
Мислите,луѓето се` помасовно умираат и се самоубиваат?Бог да чува и од вас,си правите бајрам со умот.
Од: verag
Датум: 03.09.2008 14:11:57
Сите Албанци што живеат на село обработуваат земја,имаат значителни приходи од тоа,а земаат социјална помош бидејќи земјата се води на дедо,прадедо. Званично,немаат ништо.
Од: od mene
Датум: 03.09.2008 14:32:02
Ja pozdravuvam citatelkata od Kicevo i ja uveruvam deka e potpolno vo pravo koga veli deka Meskov bil najaroganten minister za socijala. Toj bese nesto i uste poloso. Covek bez smisla za humanost, covek bez idei. Nego go interesiraa parite, parite i samo parite. Go povikuvame Drzavniot Zavod za revizija i nezavisen ekspert-revizor da napravat uvid vo negovoto rabotennje dodeka bese minister, ke ima sto da vidat. I MVR ke ima rabota, no ne se nadevame tolku zatoa sto toj kako i Zoran Krstevski se ulizaa na ovaa Vlada, pa taa ke gi nagradi za site nedela sto gi napravile. Zalosno, ali vistinito.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Фирмите имаат уште четири месеци да ги одблокираат сметките или - стечај
Турската ТАВ и официјално концесионер на аеродромите
Спасеноски
Прокредит банка започна брз трансфер на пари
Почина чевларскиот крал Томаш Ј. Бата
Славески
Осигурувањето на возилата ќе се намали за 30 отсто
„Телеком“ со нов пакет за корисниците
Нафтата во Лондон поевтине на 104,14 долари
Британската фунта на најниско ниво во однос на еврото од 1999
МОЛ ќе стане единствен сопственик на ИНА
Големи нафтени извори во Босна?