Број 3258  четврток, 15 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

На Саемот му треба нова концепција

Преку комуникацијата со книгата се стекнува богатство што не може да го одземе ниту една светска криза

Невена Поповска

Во тек е уште едно издание на Саемот на книгата, кое според посетителите на саемот, авторите и издавачите не направи некакво поголемо поместување. Факт е дека има посетеност од ученици �� студенти, но тоа се должи на вчерашното отворање на Саемот за образование, па некако патот ги води идните студенти и во правец на штандовите со книги. Исто така, факт е дека цените на книгите се пониски од минатата година и според тоа и продажбата е зголемена. Но, исто така, е факт дека со години наназад, Саемот на книгата функционира со традиционална програма и како продажен панаѓур. На најмасовната редовна културна манифестација во земјава се презентира најновата книжевна продукција, жанровски разновидна литература, илустрирани изданија, но сепак Саемот не е на она ниво на кое би требало да биде. Постојат повеќе аномалии кои со години се провлекуваат. Почнувајќи од функционирањето на Здружението на издавачите, Скопски саем, целокупната организација на манифестацијата, поставување на приоритети, желбите на читателите, писателите... Која е причината за реализацијата на манифестацијата според принципот „раштиман оркестар“ не се знае. Секојдневните промоции се одвиваат на штандовите на издавачите и најчесто се слабо посетени или доколку станува збор за издание за деца-тогаш има организиран�� посета од градинки, училишта итн. Гостите-автори од странство кои беа најавени ќе бидат во помал број, а реклами и билборди за манифестацијата нема.

„Ако Саемот на книга сака да биде вистинска културна манифестација, тој така треба и да биде организиран, со помош на професионални менаџери“, вели писателот Александар Прокопиев. „Вака, останува само добра прилика да се види и да се купи добра книга по поевтина цена, и евентуално, да се напие кафе во претесното бифе со некој сретнат пријател“.

„Саемот е секогаш убава манифестација која треба да се одржува секоја година“, вели Павлина Лазаревска од „Магор“. Целокупната ситуација таа ја објаснува со влијанието на економската криза и слабата рекламна кампања од страна на Скопски саем. „Немаше никаква маркетинг кампања, низ градот требаше да има билборди, невпечатливи беа рекламите во дневните весници испишани со ситни букви или можеби и кризата влијаеше, но посетеноста на Саемот е значително помала во однос на минатите години“.

За монотониот изглед на Саемот, кој се повеќе потсетува на продажен панаѓур, Димитар Башевски од „Слово“ вели: „Годинашниот Саем не се одвојува со некои посебни карактеристики во однос на претходните. Навистина има еден број нови наслови, како впрочем и секоја година, писателите се отсутни, што се однесува до промоциите, би издвоил можеби една или две и тоа значи дека неможе да се каже дека беше некој културен настан на нивото на некои други претходни години. За жал Здружението на македонските издавачи практично како и да не постои. Формално, се разбира дека постои, но издавачите немаат свое здружение преку кое би можеле да ги поставуваат и остваруваат своите интереси“.

„Ако продолжи вака, Саемот сам ќе се укине“, вели Христо Петревски од „Феникс“. „Учесниците нема да сакаат да доаѓаат, а се плашам дека и самите читатели ќе ни свртат грб. Не се нуди нешто атрактивно. Потребно е здруженијата на издавачи да направат заеднички тим, кој долгорочно ќе го осмислува саемот како културен настан. Освен отворањето, на кое домашни автори читаа своја поезија на Саемот не се одржа ниту еден друг дополнителен настан. Не се одржаа ниту трибини за проблемите со кои се соочува книжевноста, издаваштвото, авторите, а кои се вообичаени на поголемите саемски случувања“, заклучува Петревски.

За разлика од кај нас, големото интересирање за книгите на меѓународните саеми на книга во Белград и во Софија го потврдува и реката посетители, дури и кога правилото за „добро“ граѓанско однесување налага кон крајот на октомври задолжително да се прошета низ саемските хали, меѓу книгите. Бидејќи всушност и погледот кон книгата е средба со книга. А секоја средба претставува отворена врата и можност да се запознае еден поинаков свет и да се збогати сопствениот.

Да не зборуваме за големите саеми од типот на парискиот, лондонскиот или франкфуртскиот саем на книга. Таму поинаку се гледа на работите. Таму има атмосфера каде што книгата претставува стока. Ако се обидеме да ги наброиме сите професии, без кои книгата како производ не би постоела ниту на саемите, ниту во книжарниците, ниту во библиотеките, во домовите, киосците и на рафтовите во самопослуга, тешко дека би успеале да ја составиме целосната листа, а да не се испушти некоја професија. Тука се уредниците, издавачите и печатарите, програмери, книжари и лектори, возачи, магационери, трговци и сметководители, аквизитери, дизајнери и фотографи и којзнае уште колку други професии. И сите тие би требало да живеат од книгата. Поради таа човечка потреба да се живее, меѓу толку вработени во пренесувањето на книгите од писателот до читателот се случува неминовното: книгата стана стока. Во овие вакви наши услови единствени кои не живеат од книгата, туку со книгата се писателите и преведувачите. Но и читателите. Не смееме да заборавиме дека книгата е најважното место за средба со современиците кои имаат различни мислења, идеи и професии, средба со другите култури, со оние кои живееле вчера, пред десет, пред сто или пред илјада години, со сето она што постоело и со се она што може да постои во сите времиња и простори. Преку таа комуникација се стекнува богатство кое ниту една светска криза не може да го одземе. Благодарение на тоа искуство читателот гради сопствен универзум, се ослободува од заробеништвото на прво лице множина, ја согледува манипулацијата, не се согласува да биде бројка и да носи сопствено име и презиме.


#
Статијат�� е прочитана 1002 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
Д-р Михалис Хаѕипрокопиу 1937-2010, eкономист
Митрополитот Златанов ќе рецитира на изложба на ИРВИН
Македонскиот балет повторно ќе гостува во Италија
„No norms No rules“ премиерно во ЦК
Трето издание на „Кич, да?!“