Брoj 2702  вторник, 03 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

ДИК ја потврди победата на „портокаловата коалиција“

„Мост“ го окарактеризира денот на изборите како тензичен, со притисоци и тешки инциденти

Катица Чангова
Жаклина Хаџи - Зафирова


Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со 479.219 избирачки гласа е победник на вонредните парламентарни избори. Триумфот на ВМРО-ДПМНЕ и сојузничките партии го потврди и Државната изборна комисија, објавувајќи ги вчера околу 3,25 часот изутрина на својата веб-страница првичните збирни резултати од вонредното гласање за пратеници што се одржа на 1 јуни, базирани на 98,49 проценти обработени податоци од гласачките места.

Презентираните графикони од ДИК, коалицијата „Сонце“ обезбеди двојно помала поддршка од електоратот, односно 231.978 гласа.

ДУИ е третопласираната партија, за која се изјасниле 109.940 избирачи, четврта е ДПА со 101.123 гласа, а петта ПЕИ со 14.489 гласа.

Потпирајќи се на обработените податоци, ДИК објави дека одѕивот на изборите изнесува 57,45 проценти. Официјалниот број на мандати за партиите ќе биде дополнително објавен.

ДИК, наспроти очекувањата дека до пладне ќе ги соопшти првичните изборни резултати остана, нема. Вчерашниот ден беше препуштен на партиски реакции и информации од партиските штабови, како и од невладината организација „Мост“, која излезе со прелиминарен, но не и целосен извештај, бидејќи податоците се однесуваа на само четири изборни единици, но и со оцена за изборите.

Денот на изборите, „Мост“ го окарактеризира како тензичен, со притисоци и ограничени, но сериозно тешки инциденти. Прелиминарна оцена на „Мост“ е дека одредени сегменти на изборниот процес се сериозно влошени.

Конкретните бројки за освоени мандати беа за четири изборни единици, а за другите две не се обработени, поради прекини во гласањето и затворање на гласачките места, каде што 97 набљудувачи на „Мост“ се повлечени или избркани.

Според извештаите од набљудувачите распоредени на 70 отсто од гласачките места, „Мост“ евидентирале повеќе неправилности: полнење на гласачки кутии, палење и одземање гласачки материјал, проблеми со избирачките списоци, групно гласање и непочитување на процедурата на гласање и пребројување на гласовите.

„Евидентирани беа случаи на нужна интервенција на полицијата и нужна употреба на оружје. Во престрелките има жртви, убиен и ранети, како меѓу учесниците во инцидентите, така и недолжни граѓани“, изјави извршниот директор на „Мост“, Дарко Алексов, на вчерашната прес-конференција.

Тој додаде дека граѓаните на денот на изборите биле заплашувани и трпеле притисок поради инцидентите, а под притисок работеле и повеќе избирачки одбори и набљудувачи.

„Иако и во дел од другите четири изборни единици се регистрирани пропусти, тие битно не го назадуваат квалитетот на изборниот процес споредено со другите изборни циклуси, на кои имаше постојан напредок и го дефинираа демократскиот амбиент во државава“, изјави вчера Алексов, презентирајќи го прелиминарниот извештај на организацијата. Тој додаде дека и покрај целата атмосфера, Државната и општинските изборни комисии покажале подготвеност за брза реакција.

Крис Хеншоу, претставник на НДИ, вчера потенцира дека е многу тажно тоа што мал процент луѓе се однесувале на начин што успеале да го растурат тоа што требало да биде прекрасен ден за иднината на Македонија.

„Она што е потребно сега е сите нерегуларности да бидат истражени, а оние што се одговорни да бидат изнесени пред лицето на правдата. Македонија заслужува иднина во Европа и НАТО и ние сите работевме за тоа. Но, за жал, имавме инциденти кои го потврдуваат спротивното“, работите тргнаа во спротивна насока во некои региони“, оцени Хеншоу.

Зачудува тоа што ДИК, која во текот на изборниот ден во неколку наврати и во цел состав одржа неколку прес-конференции, вчера до доцна попладне никаде ја немаше, тактизираше и не се појавуваше пред јавноста. Не беше одржана закажаната седница во 12 часот, а за нова саатница немаше информации ниту до 15 часот.

ДИК на средба со новинарите требаше официјално да ги потврди првичните резултати за сите учесници во изборниот натпревар по изборни единици, општини и избирачки места, но и да даде оцена за текот на изборниот процес. Тоа беше значајно, бидејќи шефот на ДИК, Јован Јосифовски, завчера откако призна дека инцидентите ќе фрлат сенка на изборите и ќе влијаат на општата оцена за процесот, подоцна се коригираше и кажа дека изборите, генерално, ќе можат да се оквалификуваат како демократски, на поголемата територија на државата. Од Јосифовски се очекуваше и да информира во колку точно локации ќе се прегласува затоа што ДИК самата потврди многу неправилности и незаконитости во Арачиново, Сарај, Гостивар, Боговиње, Дебар, Куманово, Чаир, од кршење и полнење кутии, од кражба на избирачки материјал, заплашување на избирачки одбори, тепачки, повредени и една жртва.


Статијата е прочитана 1334 пати.

Испрати коментар

Од: A.Nikolov
Датум: 03.06.2008 10:41:04
Da,uverlivo pobedi koalicijata za podobra Makedonija predvodena od dpmne.No se plasham na raduvanjeto na koalicijata da ne bide zaludno.Bez razlika na usvoenite glasovi na izborite pa neka se i 600 iljadi.Dobro e poznato od kogo se i kako se dobieni takov broj na glasovi.Toa ne se glasovi samo na dpmne-ovcite.Tuka se glasovi i na onie koi ne im e poznato zoshto glasea a da ne zboruvame kolku partii uchestvuvaa vo koalicijata.ULOGOT e mnogu golem.Za edna kremenadla se zakla VOL.So gospod napomosh,zivi i zdravi da bideme pa ke vidime.
Од: komisioner
Датум: 03.06.2008 10:50:02
Most napravi golema rabota na teren za podignuvanje na demokratskite standardi. No imalo mesta kade nabluduvacite na most ne bea na visina na svoite zadaci. Nabluduvac na most vo Izbiracko Mesto 2062 pomagal pri polnenje na kutite sto e snimen na mobilen i dokolku ima potreba ke se pusti na Yutube
Од: Gox
Датум: 03.06.2008 10:57:52
A.Nikolov ? Zemi be edno dijazepamce i smiri si ja dusata..Mislam deka 500000 ne moze da se poglupi od 200000..nema logika neli ? Mnogu ste zlobni,ironicni,zavidlivi,a nema pricina..Siguren sum deka DPMNE ke se posvetat na rabotite so uste pogolem intenzitet od porano i ke rabotat za dobroto na Makedonija za site nas..SDSM dobi i poveke od sto zasluzi,proveri gi site nivni mitinzi i plateni reklami i ako na edna mi posocis sto oni ponudija za dobroto na zemjata i narodot jas vetuvam deka na naredni izbori glasam za niv :)))
Од: Bitolcanec
Датум: 03.06.2008 11:49:22
Pobeda na portokalovata koalicija so sreka neka im e. Ama i pobeda na silite koj ja destabiliziraat Makedonija. Ministerkata za vnatresni padna na ispitot, iako nivniot kolicionen partner najavi "Kasapana" Ke pocekame uste 10 godini za slobodno bez vizi da mozeme da izlezeme od nasata drzava e toa ti e portokalova pobeda. Narodot padna pred se na mediumskata kampanjata "Prerodba vo 100 cekori" Ama i eden drug evropski narod padna na ista kampanja" koja se vikase isto taka "Prerodba vo 25 Cekori" posto za vreme na izborite vidovme vo taborot na portokalovite prestavnici na toj ist narod koj ni go falea Premierot. Cudna nekoja doktrina i koincidencija. P.S. Intelektualcite vo nasata napatena ni drzava ne se setija od kogo e idejata za tava prerodba.
Од: DDDDDDDDDDDDD
Датум: 03.06.2008 12:32:45
Sto komentar, poveke od jasno bese deka ke pobedat vo Makedonija, no deka nitu vo edna opstina nema da pobedi SDSM, toa nikoj ne go ocekuval i ne e normalno. takvi pobedi imase samo vo ednoumieto i vo komunizmot. Ispadna Grujo najgolem komunjar, a i metodite mu se takvi. Ke go zameni Kastro ili Pinoce. Da gi prasam site sto glasaa za niv, dali se svesni kolku narodni pari dadoa za da kupuvaat glasovi i kolku kamioni zejtin i brasno raznesoa niz drzavata????
Од: do DDDDDDDDD
Датум: 03.06.2008 13:46:38
Со зејтин и брашно не се купуваат толку гласови и СДСМ да даваа и зејтин и брашно пак толку ке беа гласовите. За тие гласови треба памет во глава. За тој народ сиромашен и изнапатен треба начин да му се приближиш и постепено , не да му ветуваш излез во Европа кога знае дека уште долго ке биде таков каков што е. Паролата на коалицијата Сонце се однесува и ветува благосостојба на мал дел од народот, оној кој има се и му останува само да шета. Во тоа е причината за изгубените избори.
Од: Vancho
Датум: 03.06.2008 14:34:20
DIK objavi pobeda na koalicijata "za podobra Makedonija" a ne na "portokalovata koalicija" kako sto vie pishuvate dragi moi novinari,imajte malce doblest i novinarski kodeks vo pishuvanjeto,ostavete ja pariskata influenca vo miruvanje
Од: goran bitola
Датум: 03.06.2008 14:44:01
Glasav za Gruevski sega se od nego zavisi.Ako e mudar i prodolzi da raboti za dobroto na nasata zemja na narednite izbori ke ima ne 64 ami 73 pratenici.Ke te molam ostani blizok do nas narodot bidejki nie te cuvstvuvame za takov.Cestitam i za mnogu godini da e Evropska Makedonija od se srce
Од: Marko
Датум: 03.06.2008 15:14:00
Операција успешна, ПАЦИЕНТОТ Е МРТОВ!
Од: stiv
Датум: 03.06.2008 15:20:48
Kastro i Pinoce se mali deca za nasiot portokalov Gujo. Ama od denes natamu ke zapocne da pocrvenuva i na kraj ke pocrni koga ke treba da razresi se za koe barase mnozinstvo vo Parlamentot. Kriv za seto sto ne mozese da go resi mu bese SDSM. E sega e sam. Verojatno za dve godini ke pobara dvotretinsko mnozinstvo i togas nastapuva mrakot. Imeto, martovskiot i majskiot dogovor, pretpristapnite fondovi koi nema ni da gi dopre. Toa se problemite nase portokalovo kanarince.
Од: непозната
Датум: 03.06.2008 15:45:08
Нека му честито на Груевски но нека знае дека со таков како него држава не бидува, одма со него и со неговата коалиција ќе ни ја поделат државата па после тешко на нас и идните генерации.Овие избори беа закоп за цела Мкедонија. Само едно да знае Груевски дека „Сонце„ коалицијата беше подобра и ќе биде секогаш најдобра о него и неговата коалиција.
Од: nezavisen nabljuduvach
Датум: 03.06.2008 16:31:11
Obratete vnimanie na brojot na dobieni glasovi na Socijal demokratskata partija na Makedonija. Trikot im uspea. Pochesno ke beshe da vlezea vo koalicija so VMRO bidejki jasno se gledashe deka sorabotuvaa. Kako nezavisen nabljuduvach vidov deka edno isto lice im nosi hrana i na nabljuduvachot na VMRO i na onoj od SDPM. Nabljuduvav na mesto kade shto glasaa golem broj stari lica i odgovorno tvrdam deka del od niv se imaa zbuneto. Nemam nishto protiv Rada Shekerovska - neka e ziva i zdrava zenata, ama sekoj koi ima malku chest ke priznae deka toa beshe nizok udar.
Од: Makedonec
Датум: 03.06.2008 17:08:49
Dobro do site komnisti od -es-de-es sto ostavaat negativni komentari za Vmro Dpmne imam edno prasanje: Dali mislite deka vo prethodnite 3 mandati na SdsM ziveevme bezprekorno? No moram i da gi potsetam sto tocno se sluci vo tie godini: TAT, Promena na znameto, Promena na imeto vo fyroM, 400,000 nevraboteni, katastrofalna ekonomija, najkorumpirana privatizacija na drzavniot kapital vo Istocna Evropa, neefikasno sudstvo,promena na ustavot, se sluci Uck da vlezi vo nivna koalicija samo mesec pred toa da potsetime tie lugje go ubivaa tvojot narod i pukaa protiv tvojata drzava, se sluci Struga i Skopje koga Buckovski i Crvenkovski go tepaa svojot narod itn itn .. moze mnogu da se pisuva. Za tie site sto gi poddruzuvaat sdsm go poddrzuvaat i gorenavedenoto. Blagodaram.
Од: hihihi
Датум: 03.06.2008 17:13:48
vi gori pod noze komunjarcinja neli?VMRO ve zgazi ko shleper-mrava da zgazil!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
ВМРО-ДПМНЕ слави голема победа, СДСМ доживеа дебакл