Број 3286  среда, 19 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Се избира фирма за изработка на новите тезги

На штандовите регистрирани трговци ќе продаваат рачни ракотворби, уметнички и занаетчиски дела

Три фирми се јавиле на повикот на Градот Скопје за изработка на новите тезги што ќе се поставуваат на јавни површини. Во текот на неделава се очекува да се спроведе постапка за евалуација на понудите, по што ќе следува одлуката, која од фирмите ќе ги направи новите тезги, информираат градските власти.

Засега, велат во Градот, не се знае колкав број штандови ќе се нарачаат, ниту пак, каде ќе бидат поставени. Градоначалникот Коце Трајановски пред неколку месеци најави дека еден дел ќе бидат постојано лоцирани на плоштадот „Македонија“, а дел на други локации. Нивниот број ќе се зголемува кога ќе се одржуваат различни манифестации. Засега се знае дека на нив ќе можат да изложуваат и продаваат само регистрирани трговци.

„Унифицираните штандови имаат долгорочна функција за подобрување на естетскиот изглед на јавните површини. Стратегијата на Градот е да се изработат и да им се издаваат на регистрирани субјекти што се занимаваат со изработка на рачни ракотворби, уметнички дела и занаетчии со цел да се афирмира традиционалното и да се подобри туристичката слика на градот“, велат во Градот Скопје.

Според идејното решение на авторот Звонко Ставревски, кое беше избрано на конкурсот на Градот, тезгите треба да бидат со површина од 2 квадрата, мултифункционални и со унифициран модерен изглед и изработени од алуминиум и пластика. Тезгите едноставно се монтираат и демонтираат и лесно се транспортираат. Имаат и тркалца со сопирачки заради полесно преместување кога се монтирани. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 578 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Завршува дератизацијата
Се реконструира платото пред црквата „Свети Спас“
Комарците нападнаа, дезинсекција дури на крајот на мај
Започнува пролетното чистење на Скопје