Број 2929  петок, 06 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Фељтон
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Заменик-министерот за надворешни смета дека Нимиц ги исцрпил своите капацитети

Дали Нимиц ја губи довербата кај македонските власти 

Тамара Грнчароска



Процесот на разговорите за името со Грција е доведен во ќор-сокак, со целосна негова блокада и „дојде време за реформирање на преговарачкиот процес“, изјави вчера заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров, кој учествуваше на трибината „Спорот за името“, во организација на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.

Заменик-министерот за надворешни работи рече дека посредникот Метју Нимиц есеноска го дал својот најлош предлог досега и оти излегол од рамките на својот мандат исто како и што и преговорите се излезени од рамките на спорот. Според Петров, „медијаторот ги исцрпи своите капацитети, а процесот од стагнација влезе во блокада“, додавајќи дека е потребно реформирање на процесот, што не значи дека тие мора да се прекинат. Петров потенцира дека стопирањето на преговорите не е поради изборите во земјава.

Петров во своето обраќање ја потврди констатацијата на модераторот на трибината, Светомир Шкариќ, дека преговорите за името излегле од својата првична рамка - Резолуцијата на ОН 817 и се прошириле со Резолуцијата 845 и Привремената спогодба, додавајќи дека излегувањето од рамките на спорот и ширењето во непознати граници е поради нашата терминолошка непрецизност (преговори - разговори, разлики - спор), но и нашата постојана конструктивност да се најде решение, додека другата страна, т.е. Грција, не прави никакви отстапки да се реши проблемот. „Отстапки има само од македонска страна, додека Грција само прави привид на конструктивност“, рече Петров. По ветото во Букурешт и по изјавата на Бакојани дека таквата стратегија Грција ја подготвила уште во 2007 година, според Петр��в, целиот процес на преговорите е ставен под прашалник.

Шкариќ како модератор на трибината рече оти смета дека „спорот ќе трае подолго време и не знам дали ќе може да се разреши“.

Павле Трајанов, пак, навраќајќи се на историјатот на спорот, рече дека Македонија од 1993 година влезе во една чудна ситуација, а тоа е дека сите нејзини власти разговараат за името и за предлозите што се даваа како решение, но не носат одлука плашејќи се дека опозицијата ќе го употреби тоа за да ги симне од власт, иако тогаш од земјава се барале помали отстапки од денешните. „Сега првпат опозицијата во земјава се согласува на компромис, но власта се' уште смета дека промената на името ќе ја загрози иднината на земјава“, изјави Трајанов, додавајќи дека преговорите се многу одговорна работа и за да се донесе таква одлука, треба многу храброст.

 


Статијата е прочитана 719 пати.

Испрати коментар

Од: Mihajlov
Датум: 06.03.2009 00:37:09
Грција, не прави никакви отстапки. GR napravi otstapka so toa shto se soglasi da se vikame Gorna ili Severna Makedonija, a Petrov izgleda podrazbira pod otstapka, da ne priznae GR pod ustavnoto ime.
Од: Ime
Датум: 06.03.2009 10:07:36
Site predlozi bea vo korist na Grcija. Ne znam jas zosto se macea tolku predlozi da davaat.
Од: b
Датум: 06.03.2009 10:29:12
За капацитетот на другите, без коментари. Не се сите исти. Петров, утнал во рачуниците. Овие безгласни букви на пастирчето, т.н.министри, заменици и слични, колкав им е капацитетот, знаеме.
Од: menekm
Датум: 06.03.2009 17:00:52
Ако магарето е заморено треба да се одмори.Ако преговорите влегле во погрешна насока треба да се поправи насоката.ако е промашена резолуцујатра на ОН треба да се замислиме .Кој му дава право на медијаторот да „дава идеи„ надвор од пропишаната рамка,дали М.Нимиц тренира мегународна дипломатија на наш грб.Но факт е и тоа дека сакајки да постигне приближување на ставовите мегу нас и Грција се оддалечи од суштинското прашање.Македонија нема ништо да загуби со нов преговарач освен што ке се пролонгира времето,но затоа амбасадорот во Америка треба добро да ослушне и да излобира да не ни се наметне некој гркољубимец.

Најди! во Утрински
На прво место
ОН
Медиумски бомби за тајни проекти на Црвенковски