Број 3341  сабота, 24 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хроника

„Еколог“ подари транспортери за чиста околина

ТЕТОВО - Компанијата "Еколог" вчера подари три професионални камиони за собирање и транспорт на отпад на општините Тетово, Гостивар и Сарај. Под мотото "За подобра и чиста околина", генералниот менаџер на компанијата Љазим Дестани, им ги врачи клучевите на современите возила на градоначалниците на трите општини, чија вкупна вредност изнесува 300.000 долари.

"Со оваа донација им помагаме на општините да ја подобрат лошата состојба и даваме придонес на граѓаните за успешно справување со отпадот на најсовремен начин и да го заштитиме населението од можни последици", беше истакнато на вчерашната свеченост. Со оваа донација компанијата по втор пат издвојува средства за иста намена по онаа од 2005 година свесни за значењето на екологијата и важноста за нејзиното одржување во градот од каде што потекнува компанијата "Еколог".

"Се гордееме што успеавме да развиваме бизнис во светски стандарди. Даваме придонес да ја видиме Македонија во ЕУ толку посакувана дестинација. Камионите што ги подаруваме се адекватни на нивната намена, опремени со механизација што одговара ��а современите трендови", подвлече Љазим Дестани. Компанијата "Еколог" во Тетово постои веќе десет години со 130 вработени, а свои претставништва има во Германија, Кина, Турција, САД, Кувајт и во Обединетите Арапски Емирати. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 938 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester. Sidnej
Датум: 24.07.2010 07:51:53
Bravo. Za pocit.

Најди! во Утрински
Хроника
Цариниците на Ново Село поитри од бугар��ки шверцер на цигари
За Бигорски мора некој да одговара
Штип ќе легализира 4.000 дивоградби
Заскитан куршум погоди девојче