Кој колку ќе даде?
Земјите од еврозоната ќе и' доделат различна сума пари на Грција за излез од економската криза. Светските медиуми објавија листа на земјите од еврозоната и висината на средствата што тие ќе ја одделат за Грција. Предвидено е земјите од еврозоната да и' дадат на Грција 80 милијарди евра во следните три години. ММФ ќе и' додели на Грција дополнителни 30 милијарди евра за три години. Германија - 22,4 милијарди евра, од кои 8,4 милијарди во првата година, Франција - 16,8 милијарди евра, од кои 6,3 милијарди првата година, Италија - 14,7 милијарди евра, од кои 5,5 милијарди во првата година, Шпанија - 9,79 милијарди евра ок кои 3,67 милијарди во првата година, Холандија - 4,8 милијарди евра од кои 1,8 милијарди во првата година, Белгија - приближно 3 милијарди евра, од кои една милијарда во првата година, Португалија - 2,06 милијарди евра, од кои 775 милиони во првата година. (МИА) |