Прв пат по повеќе од десетина дена, премиерот Никола Груевски се појави во јавноста. Тој вчера присуствуваше на пуштањето во сообраќај на втората делница од обиколница околу Скопје, на потегот од Оризари до Сарај. Последен пат беше виден на свечениот пречек на Љубе Бошкоски од Хаг на 11 јули, а од тој момент видливо беше неговото отсуство од повеќе важни настани.
Во Влада не сакаат да прецизираат дали македонскиот премиер користел годишен одмор или, пак, свесно избегнувал да се појави на некои случувања.
И покрај тоа што самиот го отвори „егејското прашање“ во преписката со грчкиот колега Караманлис, невообичаено беше тоа што Груевски не присуствуваше на големиот собир на децата-бегалци во спортската сала „Борис Трајковски“.
На прашањето каде бил Груевски за ова време, владиниот портпарол Ивица Боцевски неодредено одговара дека „биле во постојана комуникација“. На нашето инсистирање да прецизира дали тоа значи бил сето ова време на работа, владиниот гласноговорник нервозно одговори „јас знам што ви зборува Макрадули“, за веднаш потоа да ја прекине линијата, правдајќи се со презафатеност. (П.Р.)
Zosto ne vie gajle kade e Brane?Pratete paparaci da go sledat i edniot idrugiot pa togas prasuvajte i pisuvajte.
Од: Nikola
Датум: 25.07.2008 08:27:18
Vcera gledav na CNN komentar na eden republikanec za posetata na Obama na Berlin. Niedna navreda, naprotiv pofalbi za takviot cekor. A kj nas, se prasuva kade e premierot, a toj vi odgovara "znam sto vizboruva Makradul"?? Pa kakva vrska ima Makraduli so korektno postaveno prasanje i opravdan interes za objasnuvanje? Dosta so prostakluci promovirani od ovaa vlast!
Од: robert
Датум: 25.07.2008 08:35:43
zosto ne se prasate kade e komandantot na skopskata protivpozarna brigada i nego go nema na rabota 10dena.mozebi e povtorno na nekoj fantomski seminar so negoviot pulen so 3stepen na obrazovanie
Од: Zak
Датум: 25.07.2008 11:20:34
Bidejki ova so premierov vi e staveno vo rubrikata "Na prvo mesto" redno bi bilo na prvo mesto da se objavi i imeto na toj sto go napisal ova. Zarem e mozno deka i so ova se zanimavate? Kade e premierot, nagradno prasanje. Go napravivte vesnikov trach vesnik. Kolku bese edno vreme fino da se cita Utrinski, sushtinski vesti, slucuvanja, informacii...I Utrinski otide vo nepovrat.
Од: kiko
Датум: 25.07.2008 11:46:11
Pa izgleda mu padnal rejtingot vo Krivogastani, pa otisol malku da poraboti za podiganje na istiot... Prerodbata prodolzuva...............
Од: devicanecot
Датум: 25.07.2008 12:11:07
A kade bese rada koga polagase magisterski ispit? Ja prasavte li i na koja tema?
Од: реален
Датум: 25.07.2008 12:33:00
Полагал диктатура!!! :))
Од: dedo dimo
Датум: 25.07.2008 13:52:58
Mozda se uplashi od shekerinska so babarite ha,ha,ha.