Број 2754  вторник, 05 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Македонците летуваат во Турција, а Грција непопуларна

Други атрактивни локации се Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Во Охрид 30.000 туристи

Александар Пешев

Турција оваа сезона е најатрактивна туристичка локација за македонските туристи, тврдат туристичките работници. Други атрактивни локации што ги посетуваат граѓаните во екот на сезоната се Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Исто како и кон почетокот на сезоната, така и во екот на туристичката треска, Грција остана непопуларна локација во споредба со минатите години.

Од туристичката агенција „Савана“ потврдуваат дека најатрактивна локација за одмор е Турското Приморје. За оваа тура од „Савана“ организираат два чартер-лета и автобуски превоз. Најатрактивни локации во Турција, според Ана Крстевска од „Савана“, се Кушадаси, Мармарис и Бодрум.

„Голем е и интересот за Хрватска и за Црна Гора. Овие локации се привлечни и за помладите и за повозрасните“, вели Крстевска.

„Во споредба со минатата година, интересот за Грција е опаднат. Интерес има кај дел од граѓаните поради блискоста на таа локација. Всушност, најголем е интересот за семејни одмори во Грција“, додава Крстевска.

Директорот на „Адријатик Маврово“, Ангел Иванов, потврдува дека Турција е најатрактивна локација. На листата на популарни дестинации во оваа туристичка агенција е и Бугарија. Најатрактивна локација на приморјето на источниот сосед е туристичкиот комплекс Сончев Брег кој, според Иванов, е бугарскиот Акапулко.

„Во комплексот има околу 200.000 легла, првокласни објекти и целосни аранжмани со почетна цена од 35 евра дневно, што е многу поволно. За младите има одлични услови за добар ноќен живот со многу забави“, објаснува Иванов.

Според пресметките на „Адријатик Маврово“, интересот за летување во Грција е намален до 75 отсто. „Грција се бара со прескок. Тоа значи дека добар дел од граѓаните ја прескокнуваат, а само мал дел ја бараат. Албанија и другите туристички дестинации, вклучувајќи ги и домашните, и' го зедоа местото на Грција“, вели Иванов.

Меѓу другите понуди за летување во странство преку туристичките агенции се Египет и Шпанија.

Туристичките работници тврдат дека годинава висок е и интересот за летување на домашните туристички локации. Најпопуларен, како и изминатите години, е Охрид, а не изостануваат ни Струга ни Дојран. Според инволвираните во туристичкиот бизнис, Охрид, исто како и лани, е актуелен за викенд-туризам, посебно за младите, поради ноќниот живот. Охридското Езеро е посебно интересно за семејни одмори.

„Ќе патувам со две деца и не би сакала да ризикувам. Посигурно е дома“, вели една скопјанка.

Цените за летување во Охрид се различни, во зависност од тоа што бараат туристите. Почетна цена за ноќевање во главниот туристички центар во земјава е 600 денари или 10 евра, додека за престој во хотел цените се движат околу 2.500 денари или 40 евра за една вечер.

Во Охрид над 30.000 гости

ОХРИД - За илинденскиот викенд во Охрид престојуваа над 30.000 гости, што е максимална посетеност во годинашната главна туристичка сезона. Се бараше легло повеќе, некои преспаа на плажите и во парковите, а дел се сместија во блиските селски населби. Слободни легла немаше ниту во поскапите хотели, каде што цените се над 50 евра за ноќевање.

Причина за ваквото драстично зголемување на бројот на гостите беа високите температури и богатата културна и забавна програма во која централно место имаше завчерашниот концерт на светската рок-атракција Лени Кравиц. Се проценува дека само за концертот во Охрид допатуваа над 5.000 млади луѓе, не само од Македонија туку и од соседните земји.

„Дојдовме десетина другари од Загреб за да присуствуваме на концертот, но и да ги видиме убавините на Охрид и на Македонија. Тука цените се пристапни и пониски отколку во Хрватска“, вели Марко Баршиќ, студент од Хрватска.

Драстичното зголемување на бројот на посетителите за време на илинденскиот викенд покажа дека инфраструктурата на градот не може да го издржи притисокот на толкав број гости. Околу 20.000 автомобили на гостите и уште толку на домаќините речиси го парализираа сообраќајот. Километарски колони бавно се движеа кон туристичките населби, а вистински хаос владееше на градските улици.

Дневните журки на плажите се хит кај младите гости. Цените на пијалаците и реквизитите велат дека се високи, но фактот што уште од рано претпладне се резервираат места покажува дека има доволно гости кои можат да си го дозволат овој мал луксуз. (С.И.)


#
Статијата е прочитана 2234 пати.

Испрати коментар

Од: Vojno USA
Датум: 05.08.2008 04:36:34
Gospod ga go prokolne sekoj Makedonec koj ce letuva vo Grcka. Toj ce bide najgolemiot predavnik na Makedonija Letuvajte vo bradskite zemji (po azbucen red)Albanija, Bugarija, Crna Gora, Hrvatska i Turska Tie se nashite braca!
Од: mama
Датум: 05.08.2008 13:09:16
tebe da te prokolne gospod i takvite kako tebe sto mislat deka e predavstvo letuvanje vo Grcija. Ostanete i skapete vo Ohrid, pa tvojot narod neka te zafrkava so 40 e hotelski aranzman od den. Bezobraznik eden.

Најди! во Утрински
Македонија
Граѓаните од Нова Битола добија нов пазар
Ромите во Средорек во мрак
Регионален пат - убиец
Се реконструира струмичката тврдина Цареви Кули

"""