Брoj 2778  среда, 03 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Каде плови бродот на СДСМ

Чуварот на партискиот трон на СДСМ Зоран Заев
е пред големи искушенија

Билјана Јовановска

Враќањето на Бранко Црвенковски на лидерската позиција во СДСМ веќе не е во сферата на претпоставките. Оваа можност ја потврди и самиот тој испраќајќи јасна порака дека активно размислува за враќање на местото претседател на најголемата опозициона партија. Се разбира, доколку во меѓувреме не се случи некој неочекуван политички пресврт, па шефот на државата, од едни или од други причини, одлучи да се кандидира за уште еден претседателски мандат.

Црвенковски јасно соопшти дека не работи на оваа опција, но одредени кругови во партијата докрај не ја исклучуваат ни таа можност. Засега, челната функција во партијата, во чие формирање и самиот активно учествуваше пред 18 години, не му бега.

Во СДСМ, поточно во нејзиниот Извршен одбор, а таквиот став веројатно ќе го потврди и Централниот одбор, нема дилеми дека искуството на Црвенковски на партијата ќе и' биде добредојдено, бидејќи самата минува низ голема криза. За едни таа е минлива и е резултат на постизборниот шок, додека други вината за лошиот партиски рејтинг му ја припишуваат токму на лидерот со најдолг стаж. Го обвинуваат за несоодветната кадровска политика, за немањето поиздржана стратегија, за отвореноста кон само мал круг партиски избраници и затвореноста кон обичните граѓани...



Во меѓувреме, до мај, кога ќе се изврши изборот на идниот лидер на најголемата левичарска партија, в.д. претседателот Зоран Заев ќе мора да го премости овој деветмесечен период до изборниот конгрес и на локалните избори да се освои подобар изборен резултат и ако може да го порази жестокиот ривал Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Во СДСМ, откако Црвенковски соопшти дека би прифатил повторно да ја заземе челната позиција во партијата со која раководеше од нејзиното формирање во 1991 до стапувањето на претседателската функција во 2004 година, страстите полека стивнуваат. По неотповикливата оставка на лидерката Радмила Шекеринска, која по слабиот резултат на парламентарните избори веќе не сакаше да раководи со партијата, неколку месеци наназад во СДСМ на површина излегуваа луѓе со најразлични партиски амбиции и идеи.

Меѓу најсигурните претенденти на претседателското место беше токму и в.д. претседателот Зоран Заев, кому во меѓувреме му се случи невиден пех со спектакуларното апсење и одлуката за негова аболиција, која му ја запечати лидерската кариера. Дежурните критичари и во ова видоа пресметан потег на Црвенковски за враќање на партискиот трон.

Во изминатите четири години СДСМ мина низ многу кризи и падови. По повлекувањето на Црвенковски, со партијата во еден период раководеше колективно претседателство, за во последните три години СДСМ непромислено самиот да си ги потроши своите најквалитетни кадри.

Најнапред, такво брзо согорување му се случи на Владо Бучковски, а истата судбина ја имаше и Радмила Шекеринска. Струмичкиот градоначалник и потпретседател на партијата Зоран Заев е најновиот сдсмовски производ на листата на брзо истрошени партиски луѓе.

Како и да е, во партијата нема дилеми дека на Заев мора да му се помогне. Тој е потврден и исклучително успешен градоначалник, но претседателското место, па макар да е и в.д., бара еден сосема поинаков политички ангажман. Неспорно е дека младиот струмички градоначалник има потенцијал, ама исто така е очигледно и неговото неискуство забележливо при секое појавување во медиумите. Јасно е дека во наредниот период Заев ќе биде набљудуван и под директна палка на Бранко Црвенковски, но, исто така, ќе мора да работи паралелно и на два фронта. Прашање е дали ќе може се' да надополни... Особено што како посебен хендикеп на решението Заев да биде в.д. претседател на СДСМ е неговото отсуство од парламентот и немањето постојан престој во Скопје. Како ќе успее да раководи од Струмица со партијата која многумина ја доживуваат како исклучително урбана и интелектуална, останува да се види. Но, сето ова е едно ново искуство за СДСМ, бидејќи и Црвенковски нема да биде дел од парламентарната група во Собранието и јавноста нема да има можност од собраниската говорница да ги слушне неговите ставови и размислувања.

Сега кога враќањето на најискусниот лидер во Македонија е на повидок, и во СДСМ и во јавноста се' погласно се отвораат многу прашања. Дали ќе го напушти стариот начин на раководење на партијата и познатата изолираност од обичните граѓани? Станал ли во меѓувреме подемократичен, поотворен за различни размислувања и идеи? Ќе работи ли на создавањето нови наследници или самобендисано работите ќе ги гледа од врвот...

Дел од јавноста верува дека без коренити промени, СДСМ нема лесно да ја надмине кризата која му се заканува со нови пасивизирања на најспособните кадри. Исто како што се убедени дека мајскиот изборен конгрес треба да понуди своевидно помирување, кое во практика би значело враќање на заборавените, а употребливи партиски кадри, доближување до интелектуалците, до младите.

Како ќе се одвива консолидирањето на партијата во многу нешта ќе зависи и од тоа кој ќе биде идниот генерален секретар, а кој портпарол. За првата функција, тврдат, во ЦО не гледаат адекватно решение. Од вториот, пак, особено се очекува зашто тоа е мостот кон јавноста, човекот кој ќе мора да ја смени перцепцијата за заштитните лица на СДСМ. Не е помалку важен и составот на идниот Извршен одбор на партијата, кој на Заев ќе треба да му биде десна рака во наредниот деветмесечен преоден период.

Но, бидејќи по лошиот изборен резултат лидерката Шекеринска ја жртвуваше својата глава, логично би било истото чувство на одговорност да го покажат и нејзините поддржувачи на локално ниво. Без тоа одговорноста е делумна и одлуката за нејзино повлекување - нецелисходна. Затоа, за партијата се битни две клучни работи - кој ќе биде подготвен да членува во ЦО и кои луѓе ќе ги сочинуваат локалните раководства, кои не покажаа ниту резултати, ниту лојалност кон партијата на која и' припаѓаат. Ако веќе се прават промени, тие треба да бидат коренити и без пардон.



Академик Иван Катарџиев, поранешен активист на СДСМ, во враќањето на Црвенковски на лидерското место не гледа најдобро решение. Тој потсетува дека својот политички ангажман го завршил во 2006 година зашто во партијата не наишол на разбирање за иницијативата - СДСМ својата физиономија и идеолошка основа да ја базира на корените на социјалдемократијата во Македонија и на социјалните проблеми во државата. Во најавениот потег на Црвенковски гледа прв драматичен чекор што го прави СДСМ. Сепак, нагласува дека сама по себе ниту една личност не може да ги обедини ако притоа не води сметка за времето во кое живееме.

„Од формирањето на партијата поминаа 18 години, има нови генерации, заострени меѓународни односи и потребна е нова идеолошка и политичка стратегија“, вели академик Катарџиев. Смета дека идниот лидер треба да ги синтетизира сите овие промени и интереси. Тој не е убеден дека механичкото обединување преку една личност може да биде успешно и вели дека за него е многу важно партијата да ги почитува демократските процедури, да ја почитува циркулацијата од општинските организации кон ЦО и да се практикува дебатирањето.

Ѓунер Исмаил, поранешен министер во владите на Црвенковски има поразличен став. „Сосема е очигледно дека по два последователни пораза на СДСМ, сакале тие или не, му следуваше консолидација. Македонската демократија е премлада за да си допушти луксуз една таква партија да пропадне. Јасно е дека консолидирањето на партијата ќе го изведуваат оние кои во овој момент очигледно не се само најспособни, туку и најприфатливи да го прават тоа. Што ќе подразбира точно таа консолидација моментно не би сакал да погодувам“, вели Исмаил. Тој истовремено додава дека смета оти Заев во тесна координација со Црвенковски ќе може да истрасира некои од патиштата по кои ќе се движи нагорната линија на СДСМ.

„Оваа одлука го става Црвенковски пред огледало за да си ги преиспита сите чекори од минатото, особено во екипирањето, реекипирањето и релациите на СДСМ и во него. Голема е одговорноста што во оваа ситуација му се наметнува на Црвенковски, но мислам дека станува збор за нормален процес кој без него би бил невозможен“, дециден е Исмаил.

 


Статијата е прочитана 3654 пати.

Испрати коментар

Од: IGOR
Датум: 03.09.2008 00:14:09
Haos ,povtorno haos i samo haos idealna sredina vo koja pliva ovoj izdrogiran som.Ja izvozi sekerinska i buch pa sega za prv pat vozi provincijalec,ne za drugo tuku ne ostana nekoj asalen od "metropolata"za vozenje.Ona sto e poshtedeno od voznja ke treba da odraboti na teren, sto drugo ako ne vrakjanje na seriozno naruseniot image.Ova ke bide sloboden pad na diktatorot BC i so toa ke ja oslobodi Makedonija od 20 godisnata zabluda ama bas vo sekoj smisol,nepodnosliva lesnotija so koja go siluvase ovoj narod.
Од: Sasko Kriva Palanka
Датум: 03.09.2008 00:18:31
Davam golema i bezrezevna podrska za brzoto konsolidiranje na SDSM. Na Makedonija i e potrebna SDSM. Na Makedonija i se potrebni iskusni i mudri politicari koi znaat sto sakaat, znaat kade ja vodat Makedonija posle nekolku godini. Im go cestitm izborot na Zoran Zaev za pretsedatel i Andrej Petrov za potrepsedate, mislam deka toa e najdobeoto mozno resenie za SDSM.Imame dvajca mladi nadezni,vredni,sposobni....politicari koi so pomosta na iskustvoto na pretsedatelot Crvenkovski mozat da ja vrattat SDSM kade i e mestoto a toa e najgolema politicka partija vo Makedonija. Napred SDSM Mora da uspeeme!!!
Од: demokrat
Датум: 03.09.2008 00:37:10
Predolg i amaterski tekst. Ne bi sakal da analiziram, no nekoi raboti ne mozam da gi premolcam. Vo delot za Zaev avtorkata napisala: "Тој е потврден и исклучително успешен градоначалник". Osven "Global" vo Strumica bukvalno se drugo e za`rgano. Od kade avtorkata gi vlece uspesnosta na Zaev, koga taa ne zivee vo Strumica. Se postavuva prasanjeto, dali taa voopsto i bila vo Strumica vo poslednite 2-3 godini! Vo delot za Crvenkovski ke rece: "Станал ли во меѓувреме подемократичен, поотворен за различни размислувања и идеи"? G-go Jovanovska, za nekoj da stane podemokraticen i pootvoren, mora prethodno da bil demokraticen i otvoren. A dokolku Crvenkovski go smetate za vakov, togas navistina imate problemi so vasata profesija...!
Од: ------
Датум: 03.09.2008 01:10:56
Samo Branko e lekot za vmrovcive!Uraganot narecen "papata09" doaga.Se molat site vmrovci da se evakuiraat !!!
Од: pece
Датум: 03.09.2008 01:16:53
Ovaj brodot na SDSM vodi na isto mesto kade sto zavrsi Titanik!Samo poglednetigi trojcata vodaci na SDSM Crvenkovski,Zaev,Buckovski i sve ke vi stani jasno za ova partija,zemi go edniot akni go vo drugiot!
Од: Goran
Датум: 03.09.2008 02:27:37
Vreme e za nova partija koga zatvorenik i nekoj koj napravil rsum 8milini evra krazba ke bide pretsedatel. Vo makedonija e potrebna silna opozicija ali ne ova sto branko go dirigira. Mnogu sum razocaran.
Од: goran makesoski sydney
Датум: 03.09.2008 02:41:16
da zivee Zaev covekot narecen"toaletna hartija"
Од: viktor l
Дат��м: 03.09.2008 03:25:37
gotovi ste so ili bez samobendisaniot predsedatel.i zvanicno ste covek partija. ne se razlikuvate od da na tupurkovski ni pola posto
Од: robert
Датум: 03.09.2008 05:17:27
Crvenkovski i Zaev-nema nisto da mu pomognat na SDSM tuku ke mu odmognat-vremeto sepak ke pokaze.Smetam deka akademik Katardziev e potpolno vo pravo.
Од: strumkcanec
Датум: 03.09.2008 06:10:01
zoki znae zoki moze pokaza vo strumica ke pokaze i na makedonija
Од: GetBet
Датум: 03.09.2008 08:14:26
На СДСМ единствен излез од кризата им е да формираат младина, пошто за 17 години се сменети 17 дифолтни СДСМ-овски генерации со 17 ВМРО-вски генерации.
Од: Битола
Датум: 03.09.2008 08:35:47
Овај брод плови во Европска Македонија,во иднина за сите,а не враќање во времето на отоманската империја,е таму плови овај брод.
Од: boro
Датум: 03.09.2008 08:43:13
pa i vo DPA se site krivi osven "vodacot"
Од: До Ѓунер
Датум: 03.09.2008 08:50:54
Добро бе Ѓуки, зар мислиш дека за пропаѓање на една партија треба демократијата да и даде дозвола? Па оваа партија е со декрет формирана (знаеш од кого?) и сега ајде со декрет да ја спасуваме? Крајот и онака и се гледа, само многу време помина. Бранко само може да го забрза процесот на распаѓање. Цитирам "Јасно е дека консолидирањето на партијата ќе го изведуваат оние кои во овој момент очигледно не се само најспособни, туку и најприфатливи да го прават тоа." А зарем мислиш дека ќе најдат други? Нема, потрошен им е купонот.
Од: ma-ri
Датум: 03.09.2008 09:55:56
Se bi bilo vo red dokolku BC nee tolku cinicen i aroganten.Dokoga misli da zloupotrebuva mladi i neiskusni politicari.Zaev razmisli ????????
Од: Profesor na praven fakultet
Датум: 03.09.2008 10:38:23
SDSM e vo golema kriza poradi toa sto nemozela da go resi problem so imeto. Pred pet godini SDSM barala od VMRO da pristapi kon sudsko resenie. Denes, SDSM bara imeto da se smeni! Zosto denes ne bara resenie vo Megunarodniot sud vo Hag?! Sega pretsedatelot e od SDSM. Zosto se premier i pretsedatelot okruzeni so nekvaliteten sovetnicki kadar? Kakov kadar ima i ministerot Milososki? Zarem tie luge zimaat na rabota samo svoite drugarcinja? So takvi luge, kako ministerot, premier i pretsedatel, i nemoze nisto drugo da se ocekuva osven porazi na sekoe polje.
Од: vmro
Датум: 03.09.2008 11:13:32
neka se crati brane da go zakopa sdsm na grobista zasekogas ..sdsm mozi da opstani kako partija samo ako dojdaqt novi kadri so novi idei ne so segasnive komunisticki i aramiski idei ..i plus da rabotat za inte4resite na makedonija ne kako ovie segasni gledaat nacin kako da e snema makedonija od karta..
Од: anon
Датум: 03.09.2008 11:27:53
"urbana i intelektualna partija" zatoa mora da bide liderot od skopje :) koja demagogija, bravo
Од: tomo
Датум: 03.09.2008 11:32:59
kako ne im je jasno na sedeseto deka tokmu radi branko nikoj ne glasa za niv. vmro uspea da go nametne branko kako dezuren krivec za site finansiski nevolji na makedonecot. treba branko i negovite da si odat, da dojdat novi koi ke se izvinat za kriminalnata privatizacija. Da zivee Jane Miljoski, tvorecot na makedonskata "tranzicija".
Од: Рубин Крстески
Датум: 03.09.2008 11:37:54
Хееееее, хехехехехе.... хеее...... а хеееееееее
Од: Mensur Shaqiri, Oslo
Датум: 03.09.2008 12:20:35
Vrakanjeto na Crvenkovski vo SDSM znaci celosno samoubistvo na partijata. Vo poslednite 4 godini SDSM toni vo depresija zaradi cenata sto ja plati ze reformiranje na partijata so moderni i mladi kadri i proevropske ideologia. Tokmu ova e edinstven pat za SDSM da izleze od depresjia. Namesto da se prodolzi so reformiranje i obnovuvanje na ideologijata, na partijata i se nametnuva edno resenje koja ke ja vrati na devesetite godini i vo vecno rivalstvi so VMRO DPMNE. Absurd!
Од: Јован
Датум: 03.09.2008 12:54:09
Ако насловот е прашање - одговорот е “На суво“.
Од: vesna
Датум: 03.09.2008 13:02:33
a sto ako branko pak resi da se kandidira za pretsedatel?
Од: nov zeland
Датум: 03.09.2008 13:06:57
jas mislam deka branko e najpameten politicar ne samo vo makedonija tuku vo cel svet znae toj kako treba napred brance ti ke bides pak na vlast ,ako ti ne otidese za pretsedatel na makedonija ,ostanese vo sdsm gruevski mozese samo voda da ti nose samo napred
Од: taipov-intelektualec pripadnik na turskata nacionalnost
Датум: 03.09.2008 13:25:49
vo politikata treba covek da e praveden shto obeka treba da go toa izvrsi vo tek na 4g.Nemam protiv protiv pretsed.na RM-ke go postuvam bidejki e toj pretsed.na Rm,ke go poshtuvam i gospodinot gruevski bodejki e premier minister.A shto e vistinata turcite vo RM se lojalni grgjani na RM-od sekogas za dobroto na zemjata.nas ednas mozesh da ne prevaris ne dvapati bidejki nie sme ostatok na edna imperija so visoka kultura koja vladeela na tri kontinenti, SDS-od sekoj pat e bliska do starite idei na SFRJ-bea protiv prisustvoto na kontingentot vo mirovnite akcii na turskite sili vo Bosna i kosovo za vreme na embargoto nad ostatokot na Jugoslavija stalno granicite bea otvoreni kon rest jugoslavija fakticki ja pomagase tocno vladata na SDS protiv interesot na muslimanite vo bosna i Kosovo. Dodeka Gruevski im dade shansa na site etnicki zaednici da se del od vlasta na RM i zatoa e sakan i cenet od site za dobroto na RM. Da se prisetime koga beshe SDS.na vlast shto se sluci so seloto Topolnic
Од: Antipater
Датум: 03.09.2008 14:28:22
Katastrofa.Sramota.
Од: ljupco,bitola
Датум: 03.09.2008 14:29:37
SDSM seuste ne go doprelo dnoto na politickata jama. Toa doprva ke e desi so vrakanjeto na B.C. Problemot so taa partija e vo toa sto tie seuste go tretiraat narodot kako nepismena raja. Nivnata arogancija izvira od site potezi sto gi pravat. Kako i da e, na slednite izbori ke doziveat te pokatastrofalen poraz.
Од: macor
Датум: 03.09.2008 14:52:18
razberete deka prioritet na MK e nato i eu. novi investicii, novi rabotni mesta, bezvizen rezim. koga ke imame podobar zivot nikoj od nas nema da se zanimava so branko i zaev, gruevski i ljubco. veruvajte nieden od niv ne misli kako ke pomine mesecot, ne mu ja misli za ucebnici i dali da go otkaze parnoto...mislime jas i ti. ostavete gi niv da se samounistat vo nivnoto ludilo,i taka go isturkaa narodot na marginite na opstanok. nikoj od niv ne gladuva, narodot veke da...vidovme branko so napravi za 15g, a ovoj noviot-star veke ni najavi deka i narednite 4 nemal namera da ne vnese vo nato,ko da toj e od gospod praten da ja odreduva sudbinata,mojata i na moite deca. a dali ke bide vodac na sdsm branko ili zaev, mi e gajle kolku i za aleksandar dali bil peder ili ne
Од: avtenticno vmro
Датум: 03.09.2008 15:08:46
Ovie vmrovcinja-partiski pioncinja mnogu se zasekirale za sostojbite vo SDSM.Abe,gledajte si gi vasite maki.Go izglasavte so boksovi Grujo,ama toj vi udi zauska.Se ujdisa so Ahmeti i Bajram,si gi dovraboti rodninite i priatelite,vam vi ostanuva da cicate prst i da kukate za "problematicnoto"vrakanje na Branko.Ne mozam duri da ve narecam pateticni,vie ste ednostavno gluperdi!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Сара Пејлин
Врховните судии во пензија со 70 години?
Зденко
Кораб и патриотите
Издишан штрајк
Секој септември иста приказна за кумановските средношколци- Албанци
Славески
Сара Пејлин предизвика шок кога призна дека нејзината 17 - годишна ќерка е трудна
Службено семејство
Москва задоволна од ЕУ, Лондон тврди дека ќе следуваат санкции за Русија
Вербатим
Прекинат штрајкот во „Идризово“
Двајца вработени од битолската млекарница заразени од бруцелоза
Карикатура
Владата ќе купува дури 102 двокатни автобуса

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.