Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Анализа

Си велам...

Ало, ги слушате ли нашите прдешки

Ерол Ризаов

Прислушувањето се озакони, а нема одговорност за злоупотребите

Вера Ацева, народен херој од НОБ, ја има изречено можеби најдобрата дефиниција за прислушувањето и за прислушувачите. Уште во времето на комунизмот оваа храбра жена за тогашното највисоко македонско раководство ќе изјави: „Како не им е срам да ги слушаат нашите прдешки“. Денес, во време на плурализмот и демократијата, во време на повеќепартискиот систем нема „маж“ како Вера Ацева да и' грмне на нашава демократска власт: ало, слушајте ги нашите прдешки и уживајте во тоа.

Целиот протест негодувања и реакции во врска со Законот за прислушување во Македонија се сведе на лелекот на неколку универзитетски професори, дежурни заштитници на демократските права и човекови слободи, неколку пратеници на опозицијата, неколку новинари и јавни личности. Македонската јавност не е загрижена што без големи проблеми и без жестоки реакции власта ќе може да прислушува кого сака и колку што сака. Се' е завиткано во обландата на борба против тероризмот и организираниот криминал. Отворени се ширум вратите на најжестокото ограничување на човековите слободи во поновата историја на Македонија во последните 65 години.

Не дека и порано немало прислушување, не дека во светот не постои таква практика и закони. Сите полиции и разузнавачки служби прислушуваат. Но, секаде донесувањето на ваквите закони кои овозможуваат прислушување се проследени со жестоки протести, отпори и сериозни критики кон власта кои резултираат со големи законски ограничувања и одговорност. Особено се строги законските одредби за злоупотребите на прислушувањето, а се ограничени можностите за нивна политичка или каква било манипулација. Македонија, како и секогаш, некои специфичности ја прават единствена во светот. Постапката за да се дозволи прислушување на одредено лице не предвидува никаква одговорност за нарачателот на прислушувањето. Тоа обично е полицијата која во нормални правни држави треба прво да поднесе барање до судот тој да одлучи дека некој може да биде прислушуван. Судот таа одлука може да ја донесе само врз основа на основани сомненија и докази дека наведеното лице е вмешано во тероризам, организиран криминал, дрога, продажба на бели робје, поточно во Законот се точно наведени ситуациите кога само судот може да бара прислушување. Обично законите за прислушување предвидуваат прецизно да се наведе колкав ќе биде периодот на прислушувањето, дали тоа ќе биде 10, 20 или 30 дена. По извршената задача целиот материјал кој деградира и други личности што не се вмешани во криминал се уништува комисиски и не смее во никој случај да се ��лоупотреби. Особено се жестоки казните и се драматични политичките последици доколку за личностите кои биле прислушувани се докаже дека воопшто немаат никаква врска со основаното сомневање на полицијата. Се разбира, во Македонија е сосема обратно. Брзо и едноставно се издаваат налози за прислушување без никакви санкции. Според некои извори, во тек е прислушувањето на стотици граѓани. За експертите тоа значи дека повеќе илјади граѓани во разни околности се спомнуваат во стенограмите од прислушувањето. За неколку месеци ќе се види колку масовното прислушување на стотици луѓе ќе даде докази за судски процеси против терористи и членови на мафијата.

Власта доби уште едно моќно оружје, а тоа е целосна озаконета контрола врз голем број граѓани со можност за нивна лесна компромитација доколку се јават како политички противници, или доколку пречат на партиските бизниси. Стравовладата во Македонија станува се' поизразена дури и преку вакви законски проекти кои директно се косат со европските принципи и светските прокламирани стандарди за заштита на човековите права и слободи. Ретките протести и критики не дадоа никаков плод кај власта, Законот за прислушување да има барем одредени ограничувања и одговорност за нарачателите на прислушување, особено при нивната злоупотреба. Загрижува фактот што ниту една од јавните личности наклонети на власта кои се присутни во јавноста со свои мислења не го жигоса фаличниот закон и не укажаа на опасноста од злоупотреби. Напротив, поддржувачите на оваа власт ја оправдуваат инсталацијата на големото уво со реченицата не треба да се плашат тие што се чесни и дека прислушувањето е наменето само за криминалците. Точно е дека чесните не треба да се плашат од гонење за криминал, но никој нема да одговара што ќе бидат ни криви ни должни прислушувани, бидејќи во оваа ера на комуникации и густина на телефонскиот сообраќај секој со секого комуницира, што значи дека и самите ќе бидат предмет на прислушување. Чесните што се во мрежата на прислушување ќе се водат како колатерална штета, со извонредни шанси да бидат предмет на јавни жигосувања за нешто што нема врска со криминал, но има дебела врска со политика, или бизнис. Апологетите на власта не се прашуваат јавно дали највисоките функционери секој ден ќе имаат на масата доверливи извештаи кој со кого и што зборувал, разни пикантерии во стилот кој на кого му должи, кој чија љубовница е, кој е мачо, а кој е хомосексуалец, кој се разведува од сопругата, кој ќе купи нова куќа. Таа зависност од тајните билтени на полицијата станува посилна патологија од секојдневното водење грижа за сопствениот рејтинг и сопствената популарност. Покрај законските ограничувања, влегувањето во туѓите животи предвидува и некои непишани правила. Се случува слушателите на „прдешки и воздишки“ да се најдат и себеси во тие разговори, при што самите се селектираат од извештаите за големите шефови и нарачателите на оваа поганштија. Се разбира, таа цензура, подоцна по други канали предизвикува афери и скандали кои неминовно, откако ќе дојдат до јавноста, во демократските држави завршуваат со оставки на највисоки нивоа. Во Македонија тоа сигурно нема да се случи. Едно досега откриено и признато прислушување заврши со аболиција од претседателот на државата, Борис Трајковски, и по 2-3 илјади евра симболичен надомест за прислушуваните новинари. Сите други прислушувани, кои се десетици пати повеќе од оние што беа соопштени, останаа тајна засекогаш. Значи, злоупотребата е гарантирана.

Има многу трагични и комични ситуации при прислушувањето. Веќе е пуштен во оптек и првиот виц, кој веројатно е копија од едно поранешно време, а кое гледаме дека се' уште не е поминато. Вицот оди вака: „Влегува граѓанин во кафеана мртов трезен и гласно извикува: ’Да живее ВМРО-ДПМНЕ. Да живее Никола Груевски. Тоа се моите политички определби. Слушнавте ли добро. А што ќе зборувам по две-три ракии, тоа е само јадење г... ’“.

Шегата на страна, прислушувањето кое и досега беше злоупотребувано, во Македонија сега влегува во една нова легализирана озаконета фаза. На повидок се големи злоупотреби. Во Законот, што е штотуку донесен во парламентот, нема ниту една одредба, ниту пак санкција, ниту пак каква било одговорност за тие што влегуваат во туѓите животи и што ја загрозуваат нивната приватност, а во Законот нема строги санкции за нарачателите на прислушувањето доколку се злоупотребат. Македонија од ден на ден заостанува во развојот на својата демократија.

Слободно прислушување - г��рантирано со закон.

Слободно апсење - пред ТВ-камери заштитено со закон.

Слободно читање обвинителни акти пред ТВ-камери уште пред судење - заштитено со закон.

Слободно нарушување на човековите права и слободи - заштитено со закон.

Кодошлакот во Македонија добива чудовишни димензии. Националниот спорт присутен повеќе векови сега е заштитен со закон и се потпира на висока технологија.


Статијата е прочитана 2180 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 05.09.2008 03:22:17
Jas ne se plasam ako nekoj me prislusuva ili ne!..Neka se plasat tie sto ziveat vo kuki sto gi zarabotile so krazba na drzavni pari i ne platile danok za toa..I tie sto vozat skapi koli kupeni od nezakonski steknati pari!..Neka se plasat tie i nivnite semejstva ,duri i doma da ne mozat da se pofalat glasno na zenata kolku pari ukrale i kolku lesno ili tesko bilo toa delo storeno..
Од: ljupco,bitola
Датум: 05.09.2008 05:53:48
Poraka do site novinari : sledete go primerot na stanarite vo Idrizovo , stapete vo strajk protiv prisluskvanjeto
Од: Itar Pejo
Датум: 05.09.2008 08:41:53
Prvo se donese zakon za kaznuvanje na poranesnite kodosi. Potoa se nosi zakon za legaliziranje na segasniot kodoslak. Pred Makedonija e svetla idnina. Posle prvi juni nema kaenje
Од: devicanecot
Датум: 05.09.2008 08:52:53
Erole, Zosto nasiot ni aktuelen pretsedatel ne kazuva koj mu gi dade stoticite, a mozebi i iljadnicite stranici na prislusuvani makedonci od Vlasta i novinarite? So niv kako opozicija maftase vo Parlamentot. Neli e toa oddavanje na nekakva si tajna na vrabotenite od MVR, koi toa mu go dadoa na Branko Crvenkovski. Ili toj odma istite po pobedata na 15 septemvri ovoj narod, gi vrati na klucnite pozicii vo 5-tata uprava???
Од: boro
Датум: 05.09.2008 08:53:47
gospod da ne' cuva od vakvi aferi! Branko ja otvori vakvata afera vo dekemvri 2000 pa po 3 meseci izbuvna kofkikt potiknat od UCK. vo operativna smisla niv im bese potreben to vremenski prostor da go organiziraat razmestuvaweto na edinicite i organiziraneto na pocetokot na akcijata. mozebi e se toa sa mo koincidencija, mozebi Branko naivno vletal, ama sepak gospod da ne cuva i od vakvi dusegriznici!
Од: Коко
Датум: 05.09.2008 08:57:16
Каде сте сега македонски 'патриотчиња" да се јавувате и коментирате и да фрлате дрвја и камења по почитуваниот новинар. Значи темата што ја обработува не ве интересира. Вашиот водач прво вас ке ве прислушува, да види дали сте му верни. Срамота од вакви закони. Во ред е насловот на коментарот.
Од: Спектатор
Датум: 05.09.2008 09:19:08
Многу суптилно прашање, каде извонредно тешко се одредува границата до каде може да се оди со употреба на техничкото средство прислушување (и уште потешкото - тајно снимање во интимни ситуации). Пред неколку дена во еден дневен весник излезе текст во кој се тврди дека Бранко Црвенковски располага со транскрипти од снимени прислушувани разговори и со нив ги уценува прислушуваните лица.
Од: Nikola
Датум: 05.09.2008 09:37:04
Mijalkov ce pobara prislusuvanje koe po urgencija na Apelacionata sudijka Filimena Manevska, koja e "kapo di Kapo" vo sodstvoto, ce padne kaj novoizbranata sudijka a soprugata na Ivo Kotevski, portparolot na MVR. Otkako toa ce se odobri po nekoe vreme ce izleze portparolot na MVR na TV ce kaze nekoi konstrukcii za nekogo, ovoj ce povede spor za nelegalno prislusuvanje, sudot nema da mu dade za pravo, ce se zali i do Vrhoven sud, a tamu kumot na Veljanovski ce ja zavrsi rabotata. Ete sto ce se raboti vo nasata policija, obvinitelstvo i sudstvo. Kakvi reformi, kakva ekspertnost vo sudstvoto! I seto toa ne se slucuva vo romani od minati vreminja, tuku vo 21 vek. Nazad, nazad i ... samo nazad Makedonija so vakva vlast.
Од: struzanec amerikanec
Датум: 05.09.2008 09:43:08
tesko na narodot se reklo fukara fukni i izgleda odgovara na nasiot mentalitet,i na nasata ni mila zemja.svetot se otvora se siri barieri se rusat vo ekonomski i politicki ,kulturen plan a nie izgleda odime obratno ili naopaku.namesto da se strem ime so site intelektualni sili da se otvorime i da bideme del od svetot toy svet na napredok kako evropa nie odime po patot na drugiot totalitaren,zatvoren ,kontroliran nazaden, pa luge razbirate li deka prislusuvanjeto e najgolemiot neprijatel na demokratijata? zarem ne se naucivme od minatoto?
Од: Dolno Vodno
Датум: 05.09.2008 10:02:42
Dali ima covek pricina da se plasi ili ne od prisluskuvanjeto,toa e opasno za sekogo,bidejki go ogranicuva pravoto na slobodata. Se sekjavam na vicot sto cirkulirase pomegju generacijata na nasite isplaseni roditeli,vo periodot na "vremeto na kozite" . Zaekot bega preku granica. Go fakjaat i go prasuvaat zosto bega. Pa veli " gi kolat kozite"! " pa ti ne si koza"! A zaekot odgovara:" Eh, dodeka jas dokazam deka ne sum koza....." Vo toa vreme postoese na konferenciite i tocka" kritika i samokritika"... lugjeto digaa raka( taka trebelo) i naivno se "samokritikuvaa". Tie samokritiki bea cuvani " vo fioka" se do eden den koga "mozebi nekomu im trebea za da mu smestat na samokritikuvacot"! A nasiot slobodoumen prijatel Rizaov,verojatno e veke na listata za prisluskuvanje!
Од: Битола
Датум: 05.09.2008 10:27:15
Значи Господинот Бранко Црвенковски бил во право,за аферата „големо уво“,ама изгледа за многу работи е во ПРАВО.Пасрамота е ова што гоправат (и историски гледано)вмровците со Македонија и со народот,скоро цел век само лаги ,интриги и лажни патриотизми.
Од: opel
Датум: 05.09.2008 10:41:19
E pa sos. Erole a kako vie ce se zastitite od kriminalot, korupcijata,terorizmot ! ?.Jas ziveam momentalno vo edna od naj "slobodnite drzavi vo Evropa pa i vo svetot. Posle 11 septemvri sega samo se legarizirase. A sto ima makedonskiot narod da krie.Vece sve e pod kontrola na nekoj akomsaka. pa i ova sto go pisuvame sega, ne se brise. Kaj nas ovde ne se brise 1 godina za vo slucaj ako si ,Manjak kriminalec i sl. ce se vidi na domasniot kompjuter.Toa e toa. I ti baraj privatnost. A ako si vinoven sto ce baras !. Anonimen da , ali prisluskuvan e vistinata.Da ne sakas policajci na ulica da prisluskuvaat i sl.Poz
Од: Читател
Датум: 05.09.2008 10:57:27
Најтажно од се е не што не прислушкуваат , туку како што пишува авторот во Македонија нема реакција. И во Германија се донесе закон за прислушкување ама 6 месеци траеа жестоки дебати и кавги. Вистинските интелектуалци и демократи беа речиси едиственои дека тоа е срам за Германија. Предалгачот под притисок на јавноста смени могу одредби до законот. Одговорноста на тој што ке дозволи прислкушкување е огромна ако дојде до злоупотрееба. Македнија е е мртво море. никој не се буни. Ме радува што има добри ВЕБ коментари. Само напред македонче побуни се. . Добро е што има вакви весници и новинари. Тоа дава надеж
Од: Chichko Stoilko
Датум: 05.09.2008 12:30:08
Mene me chudi sto patriotite od Amerika,Kanada i Avstralija ne ja komentiraat ovaa kolumna ili pak niv ovaa rabota ne gi interesira.Sigurno vakvata tematika ne im go budi patriotizmot bidejki ne ziveat vo drzava kade moze da im se slucuvaat raboti kako sto nas ne snajdoa vo nasava mila Makedonija.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 05.09.2008 12:49:17
Da odgovooram na nekolku nevernici pogore. Ako ova e nekoj dobar novinaski prilog, jas neznam sto e dobar. Kazete sto ima konkretno za da moze nekoj da Vi odgovori. Vo situacija koga SDSM imaat svoi privatni sistemi za prisluskuvanje, i takvi vo nekoi sega privatni institucii, kako Banki, osiguritelni drustva i sl. iluzorno e da se zboruvanesto driugo. Sekoj znae koj prisluskuval , koj ne. A sto se odnesuva do segasnosta, kako nekoj moze da kaze deka nekoj formira buget i donesuva Zakoni, samo za privatni ili partiski celi. Se raboti ili za vidoviti luge, seznajkovci ili kako uste ne, ili pak za partiski poltroncinja, sto e najverojatno.Zatoa, osvestete se i oladete, nikoj nema da Ve prislusuva. Drzavata, koja ne vi e ,nitu nekogas ke vi bide po keif, ke raboti samo na bezbednosta na drzavata, sekako i od vnatresni elementi, koi Vie gi izmislivte od osamostojuvanjeto. I vo borbata protiv najvisokite oblici na kriminal, se razbira. a dokolku ima zloupotrebi , ke baram da odgovornost.
Од: Zoran Skopje
Датум: 05.09.2008 16:31:36
Ve molam gospodine i pokraj celiot moj respekt kon vas zadrzete go svojot dignitet i nemojte da upotrebuvate izrazi od tipot PRDEZI zo'to vo krajna linija i vie kako makedonski drzavjanin ste prdez

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Анализа

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.