„Илинденска“ ќе се пушти на Богородица
„Илинденска“ ќе биде пуштена во сообраќај на 21 септември, на верскиот празник Раѓање на Пресвета Богородица, заштитничката на Скопје. Со тоа заврши неколкумесечната изградба на булеварот и скопјани, конечно, ќе можат да се возат по новата сообраќајница, чија изградба подолг период создаваше метеж по околните градски улици.
По повод празникот, прв пат ќе биде организирана и манифестацијата „Појадок на мост“ на Камениот мост. За учество во манифестацијата досега се пријавиле 1.100 граѓани, а пријавувањето завршува денеска, информираат од Градот Скопје.
Граѓаните ќе можат да пробаат од храната и пијалаците обезбедени од донаторите, а за време на појадокот ќе ги забавуваат градските музичари. (С.Н.) |