Иванов: Остануваме доследни на евроатлантските интеграции
Евроатлантското сојузништво не е декларативно, туку е реална потреба
Истанбул – Поврзаноста меѓу мирот, безбедноста и стабилноста не е никаде толку изразена како меѓу Азија и Европа во заедничкиот евроазиски простор, истакна претседателот Ѓорге Иванов на Конференцијата за интеракција и градење мерки на доверба во Азија (ЦИЦА), што се одржува во Истанбул.
„Во нашите стратегиски определби се водиме според сфаќањето на мирот, безбедноста и стабилноста како поврзани неделиви категории. Поради тоа, остануваме доследни на патот за евроатлантските интеграции, водејќи одговорна надворешна и безбедносна политика“, рече македонскиот претседател, потенцирајќи дека за Македонија евроатлантското сојузништво не е декларативно, туку е реална потреба, како за нас, така и за нашите партнери.
Пораката од Иванов е дека мирот, безбедноста и стабилноста се засноваат и на споделеноста на одговорност и само така вистински може да придонесеме кон мерките за доверба и заедничката иднина во Европа, во Азија, а со тоа и во поширокиот заеднички евроазиски простор.
Демонстрирајќи го генералниот правец за македонската надворешна политика „отвореност кон сите“, тој пред повеќе од 20 шефови на држави и на влади нагласи дека инклузивниот модел на интеграција без асимилација, кој претставува предизвик за многу држави, во Македонија е реалност. Доследно применет од сите држави во регионот, рече Иванов, овој модел може да донесе траен мир на Балканот, но пошироко во Европа и во Евроазија. Во таа насока, тој ја изрази подготвеноста на Македонија да ги сподели со сите своите искуства и придобивки.
Македонскиот претседател во обраќањето укажа дека не може да се гради иднина без визијата и енергијата на младите. Затоа, третиот приоритет, истакна Иванов, е да се иницира „Охридскиот процес“, кој има цел да се овозможи размена на мислења и искуства на младите од ЈИЕ и пошироко. Со тоа се приклучуваме кон глобалното одбележување на 2010 година како Меѓународна година на младите, прогласена од Генералното собрание на ОН. (МИА)
Bravo za predsedatelot! Odlicen govor! Kamen im padnal koga slusnale deka "доследни на патот за евроатлантските интеграции". I koga im kazal deka nie imame politika na „отвореност кон сите“, osven sprema orospijata se razbira. A najgolemiot biser e deka mozeme da sluzime za primer vo sozivotot. Cel svet ni zaviduva nasata dvojka Nikola i Ali.Istotaka Iran, Malezija i Tadjikistan budno go sledat „Охридскиот процес“,
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 09.06.2010 05:46:06
Остануваме доследни на евроинтеграциите? А создаваме земја некомпактибилна со европските критериуми за европска демократска земја.Ова со партискиве вработувања во администрација,судство,школство,здравство...Партиски комесари...Со тоа ќе одиме во Европа.Та и да ни дадат датум за преговори, со ваква политика како ќе ги искорениме овие зла од создадената клима на партизам и непотизам? Или за тоа ќе мислиме подоцна.
Е токму затоа паднавме на дното во Европа, па сега ќе сме соработувале со Африка, Азија...Таму не се наоѓаат евроатланските држави а и принципи...
Од: sandokan
Датум: 09.06.2010 06:29:42
podobro bi bilo Horhe da kaze deka "ostanuvame POSLEDNI vo evroatlansite aspiracii. site ne presisaa. pak ostana makedonceto na opaskata.
Од: b
Датум: 09.06.2010 09:32:55
Да, да! Му верувам. Остануваме со Ахмединеџат. И нормално, Азербејџан, Туркменистан и други. За ЕУ и НАТО, уште не пораснал. Нема ни да порасне!
Од: nekojsi
Датум: 09.06.2010 09:46:00
Ние си го гласавме, сега останува да уживаме во претставата.
Од: Трпе
Датум: 09.06.2010 12:03:40
Кој сака вакви цигани во ЕУ и НАТО,со власт која не доведе до ова дереџе.Ни го уништија целосно менталниот склоп.Економијата е таква,каква што ја имаме од сериозната влада со економски способности.Да не стане збор за судството или пак здравството кое ни наликува како пред неколку века.А за образованието и нема што да се коментира и него го уништија.Без разлика што има монитор за секој ученик.Кој сака квантитет,неможе да извади квалитет.Но кој високо лета и кога ке падне од таа висина и невиниот граганин го уништува.Но за срека си го имаме Ѓоле,кој нема ни срам ни образ да си играт како со палјачо на конци.