Број 2671  четврток, 24 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Наука
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Ексдиректорот на ЈП за спортски објекти проневерил 16 милиони евра

Сали Бислими (56), кој сега работи како професор, беше уапсен пред учениците и колегите од „Зеф Љуш Марку“

Горан Адамовски

Поранешниот директор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, Сали Бислими (56), е осомничен за проневера на 16 милиони евра. Бислими, кој сега работи како професор во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, вчера беше уапсен пред очите на учениците и на професорите, кои беа револтирани поради ваквата акција. За денеска најавија масовен протест.

Според МВР, Бислими, додека бил директор, ја злоупотребил службената положба и овластување, бидејќи склучил повеќе договори и анекси на договори за закуп на спортски објекти во државна сопственост, без да ја извести Владата и без да добие нејзина согласност. Покрај тоа, Бислими за овие договори немал поддршка од Управниот одбор на претпријатието, а немало ниту објавен оглас за јавно наддавање и гаранции за навремена наплата на закупнините. Со ваквото решение ја оштетил државата за 15,8 милиони евра.

Сали Бислими директоруваше со претпријатието од 19 мај 2005 до 29 август 2006 година. Според пријавата, Бислими не само што склучувал нови договори туку и ги потврдувал штетните договори што неговиот претходник Алир Палоши, кого го чинеа кривичен прогон. Додека бил на функција, Бислими под закуп дал дваесетина објекти, од кои 11 во Скопје, а по пет во Битола и во Тетово.

Апсењето на Бислими се случи вчераутро во училиштето додека се одржувала редовна настава. По третиот час, односно за време на големиот одмор, неколкумина припадници на полициските „алфи“, влегле во зградата на „Зеф Љуш Марку“ и му дале допис на директорот на училиштето. Потоа во дворот од училиштето го уапсиле Бислими.

„Срамота. Апсат професор пред очи на деца, од кои поголемиот дел малолетници. Зарем не можеа да го уапсат дома или на кое било друго место“, реагираа колегите на Бислими. Децата во знак на револт поради апсењето на нивниот професор по менаџмент, поставија два контејнера на улицата „Бледски договор“ во населбата Карпош, каде што се наоѓа училиштето и го блокираа сообраќајот еден час, по што си заминаа. Наставата во училиштето беше прекината, а за денеска се најавени протести.

Министерот за образование, Сулејман Рушити, смета дека учениците не треба да бидат вмешани. „Ако некој го прекршил законот, тој и ќе одговара. Ако некој треба да се апси, не можеме да го штитиме“, изјави Рушити, признавајќи дека за акцијата дознал по апсењето на Бислими.

„Не знам зошто не ме информирале за апсењето“, се чудеше Рушити.


Статијата е прочитана 627 пати.

Испрати коментар

Од: ova bilo stramota???
Датум: 24.04.2008 02:17:46
Ova vo nenormalna drzava kako nasata moze da se vika deka bilo stramota da se apsi pred decata??? Ne e stramota tuku e poucno za decata oti tesko niv i menadzementot sto im go predava da znaat od mali sto e dobro a sto loso oti za 16 mil. evra trebalo pred decata da go strelaat kako kuce oti ne ukral mnogu.Od tie banditi na DUI padna sdsm tie se banditi nemozes da gi civiliziras site posti kaj sto imase direktor od dui gi opljackaa se e zabe da se komentira ponatamu.
Од: Parmenion
Датум: 24.04.2008 03:23:08
Do site Nazionalisti. Profesoro e pod somnevanje, vo prasanje se mnogu pari. Poliziata i Zakonot mora da se grubi, si go terat 'SVOJOT' nacin-pravilniot. Profesoro koj spaga vo kateroria 'Ne-profesori' si go teral isto 'SVOETO'. Korupzia 'nemilost'!!! Hemisko chistenje za PARAZITO(I). 'STO POSTO',-podrska : >)
Од: Bekim
Датум: 24.04.2008 04:11:08
Toa sto e pred decata , vo drugite zemji nikoj ne te prasuva , dali si zena , ili gol . ako imas poternica i gol te zimaat ( da bideme realni) vo zapadnite zemji .. Takvite koruptori treba po-strogo da se kaznuvaat , a ne denes pred kamera , a za 5 dena pusten ..
Од: Maca
Датум: 24.04.2008 10:07:47
16 milioni evra za 1 godina? Pa covekov navistina bil nadaren za krazba :) A toa sto ukradenite pari se od narodot? Roditelite sto si gi podrzaa decata vo strajkot treba da razmislat deka tie pari se i od nivni dzeb.
Од: Agim
Датум: 24.04.2008 18:20:53
Se igra ovaa drzava so nas narodot , ili nemaat iskustvo za da vodat Drava ... Covekot e deneska pusten doma , deka komsija mi e , i go vidov , a vcera bese tolkava panika sto mislev i ke go strelaat .. V e molam ne gi gleajte rabotite od nacionalna pripadnost , deka ovaa ne Grcite im e dobrodojdena , samo na toa cekaat od vnatre da pukne.. Ako ukral tolku pari zosto e pusten ??!
Од: aferim
Датум: 24.04.2008 18:36:04
Pa i jas misluvam deka DUI se golemi aramista
Од: branko
Датум: 25.04.2008 08:31:42
kako ne go e bilo sram da ukrade tolku pari a apsenjeto e sram a more samo taka za site kriminalci smrttt na kriminalo vo republika Makedonija

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Министерството за финансии го тужи ексминистерот Хајредини
Тепачите на Гаврилов да одговараат за обид за убиство
Професионалниот војник пронајден мртов во Вардар
Го претепал татка си оти не му давал пари за дрога
Разбојници ограбија пет лица на улица
Суспендиран полицаец за пукањето во Вејце