Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Кого претставува Треневски – себеси или Владата

Без оглед на ставовите, нема шанси НАТО да ги одбие агреманите на Треневски

Слободанка Јовановска



„Паднав од смеа. Мислев дека сум јас најанти-НАТО во Македонија“, беше реакцијата на професорката Билјана Ванковска вчера околу презентацијата на новиот амбасадор на Македонија во Алијансата, Мартин Треневски. „Едно е да имаш личен став, или научен, но дипломат е дипломат зашто внимава што зборува. Ме изненади неумешноста со која ги кажуваше нештата и мислам дека досега немало понедипломатски настап на кандидат за амбасадор на Македонија“, оцени таа.

Дипломати со контакти во НАТО оваа слика за Треневски ја сметаат за олеснителна околност за Македонија, иако звучи парадоксално. Сега барем ќе знаат со сигурност со кого си имаат работа, па нема да го прашуваат за мислење и нема да го земаат за сериозно, порачуваат тие.

Веста за намерите на новиот македонски амбасадор во НАТО вчера не беше стигната во Брисел и не можеа да реагираат, но, генерално, порачаа дека без оглед со какви тези доаѓа, ако земјата го именувала, нема да му ги ускратат агреманите.

Тоа, според дипломатски искуства, не е практика на Алијансата која има амбасадори во Брисел и од земји кои немаат намера да станат членки или имаат конфронтирачка реторика, како таа, на пример, на Русија. Дури и од политички кругови блиски до ВМРО-ДПМНЕ, надвор од опкружувањето на премиерот, беа шокирани од настапот на новиот амбасадор, кој заборави дека и Македонија има војници во мисијата во Авганистан, па нејзиниот неуспех е и наш.

Амбасадорот со најдолг стаж во НАТО, Нано Ружин, му порача на Треневски да стане повторувач т.е. да си ги преработи тезите и уште еднаш да ги брани пред Комисијата за надворешна политика, за да не не' срами во Брисел. „Можеби е добар за конзул, но не е подготвен да биде амбасадор во Алијансата“, оцени Ружин посочувајќи дека покрај останатото, лош е и јазикот со кој настапи во парламентот. „Најавата дека ќе работи на тоа да се смени начинот на гласање во НАТО и принципот на солидарност е глупост“, вели Ружин додавајќи дека ниту францускиот лидер, Николас Саркози, ниту лидерот на САД, Барак Обама, можат да го сторат тоа, бидејќи начинот на функционирање на НАТО е загарантиран со неговиот статут. Според него, амбасадорската платформа на Треневски била мно��у неточна и неосмислена, па може само да наиде на критики во Брисел.

„Поразувачки е некој да мисли дека може да наметне свои правила во организација како НАТО“, беше првата реакција на Ризван Сулејмани, поранешен заменик-министер за одбрана на Македонија. Според него, не е работа на дипломат да изигрува пророк т.е. да кажува што ќе се случи, туку да спроведува ставови на Владата. „Опасно е да се впушта во такви ситуации. Тој треба да се фокусира на правците на движење на Алијансата и да се позиционира според нив, место да биде против нив. Ние сме премали за тоа“, оценува Сулејмани.

Речникот со кој настапи Треневски и за него не е нешто нормално во дипломатијата, а не држи ни тоа што премногу ја базира политиката врз дијаспората, која не може да ја креира политиката на државата, дотолку повеќе што тој во Брисел треба да ја претставува Владата. Во МНР неофицијално не биле возбудени многу од реакциите на презентацијата на новиот амбасадор во смисла дека за секое чудо треба три дена, па и ова ќе биде заборавено.


#
Статијата е прочитана 1586 пати.

Испрати коментар

Од: Naumov
Датум: 31.07.2010 00:17:50
Covekov ne go biva. Makedonija ke se strami,veke napravi golema steta. Brisel e izvesten i sigurno Trenevski ke dobie laden priem tamu.Ako se ima razum da ne se praka covekov,koj ednas si go smeni imeto od Mitre vo Martin, moze da zamislete sto ke napravi vo NATO.
Од: smile
Датум: 31.07.2010 01:09:03
A shto postignavte vie -slobodanka, biljana vankovskai toj nano ruzin so vasheto ponizhno lizganje i prodavanje na makedonija -nishto,samo podsmev i majtap od brisel.- Martin Trenevski e praviot chovek za da e prestavuva MK vo nato.
Од: stole
Датум: 31.07.2010 06:59:13
gospodinot Martin Trenevski kako dobar clen na dpmne vo minatoto tvrdese deka gi pocituva site istoriski vrednosti na Makedonija od obicaite(adetite) pa site pravoslavni verski praznici prvoslavni iminja so koi Makedoncite gi krste svoite deca i vnuci, a toj gi pogazi ovie negovi tvrdenja so samoto toa sto si go promeni sopstvenoto ime dadeno od negovite roditeli od Mitre vo Martin. Za nego imeto Mitre (cisto Makedonsko i pravoslavno ime) ne bilo dobro za pravenje na politicka kariera?????, a vednas se prikluci vo probugarskata opcija. Pa zar vakov nedokvakan covek ke ni bide ambasador i toa vo NATO tek sega mi stana jasno koja opcija ja podrzuva Gruevski. Sto ima poznacajno napraveno na politickata scena g-din Martin (Mitre) Trenevski neka me potseti nekoj jas ne mozam nisto da se setam.
Од: koki
Датум: 31.07.2010 06:59:45
Pa go pretstavuva GRUJO, razbira se..................
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 31.07.2010 08:51:56
Интересно протежирање на пробугарскиот кадар на Љубчо, но и конмтроверзен а сега и опасен за Македонските интереси а и достоинство на Македонската држава.Или е точно тврдењето на градоначалникот дека немаат кадарни кадри?Срамота за државата,државјаните ииднината на државата....Народот сепак сеуште носи розови очила...Дај боже да ги симне за да ја види вистината сива и сурова....
Од: Трпе
Датум: 31.07.2010 09:04:07
Треневски ја претставува партијата,ако не сака да биде риба на суво.А рибата мора да исполнува нечии желби,за да ја извадат од мрежата.
Од: Od Zagrizen graganin
Датум: 31.07.2010 09:44:02
E dragi gragani videte i uverete sami sto vi gotvi ovaa vlast, a toa e izolacija, popast, siromastija, i sram,.Ova sto go kazuva vo negovite tezi ovaoj kontraverzen Ambasador e odraz na politikata koja go vodi Grujo...Pa neka nie so sreka propasta i izolaijata.
Од: nagradi
Датум: 31.07.2010 09:44:54
otkako makedonija dobi nagrada za najdobar ambasador vo nato sega ke dobie nagrada za najkatastrofalen ambasador (iskreno ne znam kako da go narecam) ni da se smees ni da places
Од: terezija
Датум: 31.07.2010 11:53:05
Kolku pati treba da Vi se povtoruva, KOJ E KAPACITETOT na momentalno vladeachkata PROSTA MASA ???
Од: јас
Датум: 31.07.2010 13:11:33
Не ни требаат надворечни непријатели ?! Со ваква влада и вакви амбасадори САМИТЕ СМЕ СИ НАЈГОЛЕМИ НЕПРИЈАТЕЛИ !!! Ваков човек да пратиш во најзначајното амбасадорско место се граничи со ЛУДОСТ !! Ама така е тоа кога треба да се плќаат стари долгови !!
Од: ГОЛЕМИТЕ СИЛИ
Датум: 31.07.2010 17:02:15
Големите држави се толку неправедни што баш како Треневски треба да се биде. Каков ке му спротиставиш на оној што ни го враќаше саатот. Или оној Французинот демек да не гледаме во 19 век. А Грција се врати 3000 г назад демек Александар бил нивни. А кога формирале грчка држава во 1832 ниту сонувале дека дури во 1913 ке лапнат пола Македонија без грчко население внатре. Е од каде Македонија грчка. Се е нефер и лажно. Несмееме на овој несреден свет да му поверуваме и сами да се докусуриме.
Од: oceski
Датум: 31.07.2010 18:17:54
do smile> Ovaa e najlosata i najkatastrofalnata vlada sto ja imala makedonija.Nisto znacajno nema napraveno na megunarodna scena,ama bas nikakov uspeh. Site clenstva vo sovetot na evropa,potoa vo nato kako partneri,kandidatura za pregovori i sl. napraveni se vo vreme na sdsm.Nad 120 drzavi ne priznaa pod ustavnoto ime megu koi sad,rusija i kina, vo vremeto na sdsm.Za vreme na ovaa vlada niedna drzava ne ne prizna pod ustavnoto ime duri nekoi go povlekoa takvoto priznavanje. E sega trenevski ce sedi na stolce sto sdsm go obezbedi. I zamisli covekot ce go discipliniral na nato-smesno i zalno. Ako se znae deka Mitre Trenevski treba da sproveduva politika na vladata sprema nato, kazanoto od negova strana ne e negovo tuku stav na makedonskata vlada. Ete kakov e stavot i sto treba da ocekuvame od ovie samobendisani nacional-patrioti i antimakedonski igraci. Sramota i brukaaa.
Од: eu
Датум: 01.08.2010 01:08:48
Ama nema potreba od dramoletki. Kakva Vlada, kakov Pretsedatel, kakov Parlament, i, na krajot na kraistata kakov narod sto gi birase istite, takov i ambasador pri NATO.

Најди! во Утрински
На прво место
Протоѓер им се правда на избрканите новинари

"""