Број 2929  петок, 06 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Фељтон
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Без дијагноза - нема терапија за кризата

Со државни мерки треба да се поддржуваат здравите компании, бидејќи ако пропаднат тие ќе пропадне економијата

Маја Томиќ



Не треба само Владата да се занимава со економската криза, туку во наоѓање излез од неа треба да се вклучат сите институции, јавноста и медиумите, бидејќи станува збор за најголемата криза во последните 50 години. Никој не може да предвиди како и кога ќе заврши, но секако ќе трае до крајот на годинава, кога се очекува да го доживее максимумот. Развиените земји полесно ќе се справат со кризата, затоа што имаат капацитет, за разлика од помалку напредните, кои уште долго ќе ги чувствуваат последиците. Треба да се формира работна група што ќе ги следи состојбите, во државата треба да се води реално буџетирање, да се продолжи соработката со меѓународните организации и да се стимулира кредитирање со умерени јавни трошоци.

Ова, меѓу другото, го препорача вчера професорот на ЈИЕ, Абдулменаф Беџети, на семинарот во организација на Стопанската комора на Македонија и Турција - МАТТО, посветен на глобалната криза и позицијата на Македонија.

„Без дијагноза, нема терапија. Владата мора да направи сценарио на ефекти со контрадејство. Оној пакет-мерки на Владата од 330 милиони евра не беше за спас на економијата, туку за помош на фирмите кои лошо работат, а тие и во иднина ќе имаат загуби. Владата во ситуација на криза треба да ги поддржува здравите и извозно ориентирани компании, бидејќи ако пропаднат тие, ќе пропадне и економијата. Владата не треба да се однесува како кризата да не постои, а најдобро е доколку се има регионален пристап кон ова економско зло“, рече Беџети. Тој додаде дека во вакви услови треба да се води мешана, не чисто пазарна политика, затоа што така на цедило ќе останат голем број компании.

Според Мендерес Хучи од „Комерц Тетово“, владините мерки не му помогнаа на стопанството. Тој смета дека од нив единствено профитираа загубарите, кои и онака го отежнуваат стопанството. „Таквите компании треба што побрзо да се реформираат и да отидат во стечај. Така ќе ја растоварат нашата економија и таа побрзо ќе се движи“, изјави тој.

Претседателот на МАТТО, Ејуп Кахмеџи, рече дека Македонија засега помалку ја чувствува глобалната криза, во споредба со Турција.

„Не можеме да кажеме дека кризата нема влијание, но колкав е нејзиниот интензитет, засега е рано да се прецизира. Треба да почекаме до јуни“, рече тој.

За разлика од западните земји, кризата кај нас најмногу се рефлектира во реалниот сектор. Финансискиот немаше последици, што е доказ дека пазарот на капитал во Македонија е недоволно развиен и малку оперирал со финансиските деривати. Големи падови регистрираат металургијата, градежништвото, транспортот, текстилот, трговијата со автомобили, земјоделството каде што, според Беџети, Владата даде помош од 150 милиони евра, а без ефекти, што е економски неоправдано.

Тој препорача дека во време на криза треба да се има песимистичко сценарио и да се прават реални, одржливи економски проекции, а не раст на БДП од 5,5 отсто за годинава и 2,8 отсто буџетски дефицит, кога сите земји од ЈИЕ проектираа многу пониски стапки. Не треба да се прават и непродуктивни расходи, како што се на пример инвестициите во спортот и во културата, кои не продуцираат економски ефекти.

Беџети ги оцени како најрадикални реформите на Владата во насока на привлекување странски директни инвестиции, но и по две години резултатите изостанаа. „Тоа покажува дека не се доволни само фискалните поттикнувања, потребни се и други мерки. Ако навистина имало 580 милиони долари странски директни инвестиции минатата година, во олку мала земја требаше веќе да се почувствуваат големи економски ефекти, а ние не забележавме ништо“, посочи Беџети.

 


Статијата е прочитана 289 пати.

Испрати коментар

Од: Magister na ekonomski nauki
Датум: 06.03.2009 09:36:47
Da, celosno se soglasuvam deka treba prvo da se dade dijagnoza na dolgogodisnata ekonomska kriza, a potoa da se opredeluva terapija. No, tokmu okolu dijagnozata postoi golema praznina. Prvo, strukturnite problemi vo mak. ekonomija se napraveni so apsurdnata planska/socijalisticka ekonomska strategija! Vtoro, za resavanje na ovie problemi se nudi neoliberalna terapija! Znaci, Kasa popara! Ogan i voda ili drveno zelezo.

Најди! во Утрински
Економија
Владата конечно призна - буџетот слабо се полни
Берзата на нивото од пред четири години
Црни прогнози за македонската економија
За Владата бруто-платата успешна
Никој не продава, а сите сакаат да купат девизи
УЈП отвори Контакт-центар во ГТЦ, ќе нема метежи
Путин се закани - „Нафтогас“ вети дека ќе го исплати долгот
Банките со повисок профит за 40 отсто
ЕЦБ и Банк оф Енгланд ги намалија каматите