Број 3336  понеделник, 19 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

ЕУ ќе се вклучува во Европската конвенција за човекови права

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Под македонско претседателство со Комитетот на министрите на Советот на Европа, во Стразбур официјално пред околу една недела беа отворени преговорите за членството на Европската унија во Европската конвенција за човекови права.

Почетокот на преговорите официјално беше означен со настапот на потпретседателката на Европската комисија и европска комесарка задолжена за правдата, фундаменталните слободи и граѓанството, Вивијан Рединг, пред Комитетот на министрите во Стразбур. Во таа прилика, Рединг нагласи дека станува збор за „историски ден“. Бидејќи, според неа, со ова се „воспостави алката која недостигаше во европскиот систем за заштита на фундаменталните права и ја гарантираме кохерентноста меѓу визиите на Советот на Европа и Европската унија“.

Македонскиот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски, в понеделник треба да се состане со Вивијан Рединг, но во својство на претседавач со Комитетот на министрите на Советот на Европа. Членството на ЕУ во Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) стана можно со усвојувањето на Лисабонскиот договор.

Директорскиот комитет за човекови права, задолжен да го подготви документот за модалитетите на приемот на ЕУ во Европската конвенција за човекови права, веќе има избрано една работна група од 14 члена (7 од земји-членки на ЕУ и 7 од земји-нечленки) кои ќе учествуваат во работната група која ќе ги води преговорите со Европската комисија. Крајот на преговорите меѓу Советот на Европа и ЕУ е предвиден на 30 јуни 2011 година.

Шведската парламентарка Керстин Лундгрен, известувачка при Парламентарното собрание на Советот на Европа за последиците од Лисабонскиот договор за Советот на Европа, смета дека е потребно да се решат на меѓувладино ниво техничките детали за процесот за зачленување на ЕУ во Европската конвенција за човекови права.

Со зачленувањето на ЕУ во Европската конвенција за човекови права ќе биде хармонизиран механизмот за заштита на човековите права меѓу двете организации. Членството на ЕУ во Европската конвенција за човекови права им дава можност на поединци, кои откако ќе ги искористат сите национални процедури, да се обратат до Судот во Стразбур и да ја тужат ЕУ за кршење на нивните фундаментални права од страна на ЕУ.


#
Статијата е прочитана 700 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 19.07.2010 13:36:27
Дуле млекарот ќе им биде пример за почитување на човековите права...во овој случај за злоупотреба на власта за партиски цели...

Најди! во Утрински
Втора страница
Дивиот коноп - кошмар за семејството Илиевски
Пациентот на Уставен
Вербатим

"""