Број 3320  среда, 30 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма

Грујо, не пиеме грчка нафта

Бојан Илиевски


Доста ни е од божемните борци за името и идентитетот, кои само им даваат аргументи на грчките националисти, а нас не' прават заробеници на омраза кон сите Грци. Доколку само малку се навратиме на историјата, не со векови, туку неколку години наназад, ќе забележиме дека истите тие „борци“ се појавуваат како грчки сведоци во судски пресуди против нашата држава, а милионските казни ги плаќаме сите ние, граѓаните на Македонија.

Веќе доста ни е од „борците“што зборуваат за европеизација, демократија и за борба против корупција, а спроведуваат букефализација и корумпираат медиуми, судии, академици и ректори и одлучуваат зад затворени врати. Не ни преостанува ништо друго, освен да им кажеме дека доста ни е од нив, да кажеме големо „не“ против властодршците, кои секојдневно го злоупотребуваат името Македонија за лични, фамилијарни и партиски интереси.

Обвиени од тешката пропаганда што не тероризира, а беше многу тешка да се избегне, бидејќи беше под закрилата на буџетот на Македонија, пропаганда финансирана од народот за народот, но не за интересите, туку за перење на нивните мозоци. Конечно, таа политика го доживеа крахот. Преродбата не може повеќе да се храни паразитски од крвта на народот, сега се соочува со почеток на крајот. Ова е само чекор до последното скалило кога ќе се ослободиме од молкот и мракот што не' обвија во изминативе четири години. Успеваа, ги користеа нашиот страв и малодушност за да ги газат нашите права и слободи, но сега е време да им кажеме дека не им се плашиме, дека не сме восочни фигури, дека сме горди Македонци и со право да побараме да ни ја вратат нашата Македонија, онаа вистинската, победничка Македонија, онаа што сите ние ја заслужуваме.

Меѓутоа, за таа Македонија, европска, треба да се избориме, да не стоиме настрана, да се обединиме во борбата против окупаторите на нашата свест и совест. Само така можеме да бидеме победници, почитувани во Европа, во светот и земја атрактивна за влез на странскиот капитал. Сега или никогаш! Сега е моментот да кажеме „не“ против овој недемократски тоталитарен режим.

Дојде времето кога, конечно, треба да се избориме за нашето достоинство, да покажеме кои сме, да ја искористиме шансата за промоција на нашите вистински квалитети, да ги отвориме хоризонтите на Македонија, да добиеме и ние можност нашите семејства што сега едвај преживуват да бидат горди на себе, да имаат стандард како европските семејства, да ги почувствуваат благодетите на животот, а не да живеат во стандард 60 проценти понизок во однос на нив.

Господине премиере, ние не сме твојот каков-таков народ. Ние знаеме што сакаме, а што не сакаме. И имаме право да се бориме против сите што ја тероризираа нашата совест, сите оние што ја оневозможуваат нашата интеграција во ЕУ и во НАТО само заради бизнис-интересите на вашите лоби и фамилијарни интереси.

Не сакаме изолирана Македонија! Не сакаме држава во која буџетските средства се трошат за партиско рекламирање и за манипулирање со јавноста, а не за решавање на проблемите на граѓаните.

Доста ни е од партиски мегафони што не' трујат со теории на заговори, секојдневно јадат бурек и ни брмчат како бумбари. Доста Ви беше.

Единствено што и' останува на оваа Влада е да си ги собере куферите, да си замине. Оставија многу натрупани проблеми што бараат вистински решенија, а не кукање дека не можат да се решат.


#
Статијата е прочитана 1127 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 30.06.2010 00:10:00
Kasno e momak, veke sme dobro zaglaveni.
Од: srebre
Датум: 30.06.2010 00:42:23
vo pravo si batka ama narod e prost toj veruva se na vlast pa makar jadele popara sekoj den,jas vece izgubiv nadez vo vmro na veruvam deka ce ne vnesat vo eu ni pretstoi uste potesko sega nemame za spricevi so ova pol na vmro nema da ima ni za tableta za glava vo bolnica na golemo se k rade namesto da se investira vo narod se gradat gluposti so drzavni nasi pari a nikoj neznae prava cena,go zabole grujo za bolni,nevaraboteni izgleda spakuvaj si kufer srebre i baraj pasos na brastata i pravec cerno more belkim ce najdes rabota tamu nevrabotenost e 5% zalosno nikoj da ne go procita grujo a ist e kako ucetelotmu ljupce..............
Од: Трпе
Датум: 30.06.2010 00:47:07
Наш мистер мр Рејтинг,не само што пие нафта ,јаде и бурек со јогурт од Сведмилк.Ако може и својот народ ке го изеде со лажниот патриотизам.За пари се работи.
Од: marjan.pp
Датум: 30.06.2010 01:21:18
dosta ni e lazni patrioti,cestitam bojane
Од: Krt
Датум: 30.06.2010 05:16:19
Treba da si zamine vladata, ama bez kuferi ve molam.Pa dali gledate deka istite gi napolnija so pari .Treba da se sutne na kloci, i da se stavi vo zaborav ednas i zasekogas.Nie ne pieme nafta ama mister rejting i drugarmu Ljubcco dobro si ja zavrsija rabotata so OKTA.Nam ni ostanaa mazutot i siromasstijata.
Од: Danton
Датум: 30.06.2010 08:31:03
Danton rekol: "Nema razbiranje i mir so ludje koi Rapublikata ja svacaat kako spekulacija , a Revolucijata kako zanaet" Bi go parafraziral: Nema razbiranje i mir so ludje koi Mekaodnija ja svacaat kako spekulacija , a patriotizmot kako politi;ka manipulacija i zanaet za zamajuvanje na narodot i licno bogatenje.Me ohrabruva sto vo Mk se e pogolema kriticnata masa, koja gi svaca ovie manipulacii i koi se oslobodija od pritisokot i stravot sto ovaj rezim intenzivno go producirase.Na povidok e zorata i svetlinata koja naiduva. Toa im e jasno i na niv , pa zatoa vo ovaa panika koja gi faca i stravot od smetkite koi treba da gi platat za svoetobezdarnicko vladeenje, ce bidat krajno surovi i agresivni so svoite lagi i manipulacii. No narodot vece gi procita i krajot se nazira. Vprocem takov e sekoj epilog na totalitarizmot,dikataturata i koristenjeto na nacionalizmot i seenje na laznen patriotizam za i populizam za licni i samo licni interesi. .
Од: Afion
Датум: 30.06.2010 09:06:31
Jas sum protiv promena na imeto ama ne gi mrazam grcite nitu avtorot na ovoj tekst nitu bilo koj drug sto ima razlicno mislenje od moeto. Da, vo Evropa i NATO ama kako makedonci a ne kako amorfna bezimena masa koja moli za pomos.
Од: sirma vojvoda
Датум: 30.06.2010 10:31:56
kakvo zaminuvanje tie se spremaat za gragjanska vojna ako ima predvremeni izbori ete za sto glasavte,glasavte za podelbata na Makedonija neka ni e nazdravje
Од: tihi
Датум: 30.06.2010 11:56:26
Istovo ova pismo ,malce izmeneto moze da se napise i za drugata strana na medalot.
Од: perica
Датум: 30.06.2010 12:28:10
Tacno e Jovane ne da sme zaglaveni nego do gusa. Zatoa sega e tesko i da se najde nekoj pameten da odglavue.

Најди! во Утрински
Писма
Делбите на Груевски!