Број 2861  сабота, 13 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Фељтон

Фељтон

Македонците крем на бугарското општество (5)


Андреј Љапчев со царот Борис

Ресенецот Љапчев бил бугарски Бизмарк

Виктор Цветаноски

Ресенецот Андреј Љапчев ја спасувал Бугарија од големата економска криза во која се нашла по Првата светска војна. Двапати бил воен министер и пет години премиер. Неговата блескава политичка кариера е поврзана со многу судбински моменти на нашиот источен сосед. Тој е една од клучните политички фигури кога се донесувале судбоносни решенија и се потпишувале договори за иднината на бугарската држава.

Кога преговорите со Турција за нејзино осамостојување се нашле во ќор-сокак по петмесечните разговори на сцена стапил тој и во 1909 година потпишал договорот со Рифат-паша, тогашен министер за надворешни работи на Османлиското Царство. Љапчев бил на чело на бугарската делегација и ја потпишал капитулацијата на Бугарија во Солун во 1918 година по поразот во Првата светска војна. Со него бил и првиот бугарски дипломат Симеон Радев, негов земјак од Ресен.

И покрај тоа што Софија не добила никакви гаранции, а околу 100.000 нејзини војници биле заробени, бугарската делегација ја постигнала најважната цел - државата да не биде окупирана од српските и грчките војски. Според бугарскиот историчар Воин Божинов, Љапчев бил против тоа Бугарија да влезе во Првата светска војна на страната на централните сили, но по иронија на судбината токму тој го ставил потписот на документот за повлекување на Бугарија од војната, кога на сите им било јасно дека таа ја загубила.



На Андреј Љапчев му се припишува и заслуга што абдицирал царот Фердинанд во полза на неговиот син цар Борис Трети. Веднаш по враќањето од Солун, Љапчев во бугарскиот парламент побарал Фердинанд да си замине што било прифатено од другите парламентарни групи. Тој одиграл клучна улога и за ж��нидбата на царот Борис за ќерката на италијанскиот крал Виторио Емануел Трети, што се смета дека е успех, бидејќи со таквиот брак, Бугарија излегла од меѓународната изолација во која се нашла по поразот во војната.

Луѓето што ги познаваат тогашните тешки прилики на Бугарија сметаат дека најголем придонес на Љапчев е тоа што мудро ја водел државата од 1926 до 1931 година кога бил премиер. Не случајно го нарекуваат „бугарски Бизмарк“. Со мерките што ги презел во областа на економијата и со кредитот за решавање на проблемите на бегалците ја стабилизирал државата. Од тоа време е позната неговата изрека: „Со кроце, со благо и со малку ќотек“.

„Андреј Љапчев има заслуга во еден клучен момент од развојот на Бугарија да го има она толку неопходно чувство за политички реализам, кое придонесува за смирување на состојбите во државата и за нејзино установување како нормална европска држава. Нашата историја не изобилува со политичари од негов ранг и со негови заслуги", пишуваат историчарите Андреј Пантев и Борислав Гаврилов во книгата „Стоте највлијателни Бугарија“, во која Љапчев го рангираат на 86. место. Овој успешен бугарски политичар е роден 1868 година во Ресен, неговите предци биле доселени во 18 век од селото Нете, денес Нотија, Егејска Македонија. Татко му Тасе Трпков (Љапчето), умрел млад, бил грнчар и познат ресенец. Андреј е шесто машко дете во семејството. Се школувал во родното место, а потоа во Битола, каде што семејството имало продавница за грнчарски производи. Три години продавал грнци и земјени садови и учел во битолската гимназија. Школувањето го продолжил во Солунската гимназија каде што учител му бил неговиот познат земјак Трајко Китанчев, првиот претседател на Врховниот комитет кој, поддржуван од владата на Софија, сметал дека Македонија може да се ослободи само со помош на Бугарија, за разлика од ВМРО која била против мешањето на соседните држави.



За времето на владеењето на Стефан Стамболов бил осуден на две години затвор. Меѓутоа, кога требало да го уапсат побегнал во странство. Во Цирих, Берлин и Париз слушал предавања за економија и историја, но не се стекнал со ниту една диплома. По падот на владата на Стамболов, се вратил назад и се вклучил во политичкиот живот на Бугарија. Во два наврата од 1908 -1911 и 1918 - 1919 година бил воен министер, а пет години премиер.

Меѓутоа, приватниот живот на Љапчев не бил така успешен како политичката кариера. Се оженил на 45 години со дваесетина години помладата Констанца Петрович која во Балканските војни била милосрдна сестра. Пред тоа имал една голема невозвратена љубов. Бил вљубен во ќерката на неговиот учител по политика, Петко Каравелов. Од нејзината мајка дури и ја посакал раката на ќерката Виола, но таа индиректно му дала до знаење дека не гледа во него иден зет.

Говорејќи за приватниот живот на Љапчев по повод 140-годишнината од неговото раѓање, Румјана Прванова заклучува дека кога бил млад живеел мизерно и во годините кога бил редактор на весникот „Прјапорец“ спиел на таванот на редакцијата. „Се хранел што ќе најдел или ги молел пријателите да му дадат 50 стотинки за ручек. Ако се потсетиме на неговото потекло- син на занаетчија од гратчето Ресен во Македонија, којшто умира рано и остава многубројна челад, можеме да си дозволиме дека тие тврдења одговараат на вистината“, пишува Прванова.

Со својата млада невеста Констанца, Љапчев заминал на големо свадбено патување. Посетил повеќе градови низ Европа - Виена, Рим, Париз и Берлин. Меѓутоа, скапото свадбено патување нема да остане незабележано од политичките противници, кои нема да испуштат прилика од тоа да заработат некој политички поен. Весниците ќе пишуваат дека тој живеел многу луксузно, дека трошел големи пари. "Меѓутоа, неговиот брак не е среќен. Според еден од внуците на Љапчев, Констанца се сметала за аристократка, а својот сопруг за човек што е подолу од неа. Во 1928 година таа избегала со некој си Краваров во Франција, му ги потрошила парите и се вратила. И покрај тоа што Љапчев сметал дека неговата женидба со неа е грешка, и по тој скандал тој не побарал развод. На една свеченост пред новинарите, цитирајќи ја 'Книгата на Еклеснаст', Љапчев подвлекол: 'Жената е мрежа. Срцето и' е мамка. Рацете и' се окови'“, пишува Прванова.

Во 1931 година, додека се' уште бил премиер, тешко се разболел и заминал на лекување во Берлин каде што констатирале дека боледува од рак на белите дробови. Се вратил во Софија во 1932 година по повеќемесечно лекување. Есента 1933 година, по влошувањето на здравјето, о��ново заминал во Берлин, каде што лекарите му соопштиле дека му останува уште малку живот. Кон крајот на октомври истата година се вратил во Софија и по еден месец починал. Оставил тестамент со кој по смртта на неговата сопруга сиот имот ќе и' припадне на Бугарската академија на науките и на Бугарското економско друштво. Девет години по неговата смрт починала и Констанца на 52-годишна возраст.



Љапчев бил еден од основачите на Врховниот комитет и извесен период негов претседател. Според спомените на неговиот личен секретар Методија Јанчулев, инаку роден во Прилеп, Љапчев сметал дека македонското прашање е бугарско прашање и дека борбата на македонските револуционерни организации била само "фаза од бугарската национална револуција". Негов љубимец е Ванчо Михајлов, кој во перидот кога Љапчев ја раководел Бугарија во Пиринска Македонија создал држава во држава. "Не прикривајќи ја својата благонаклоност кон Ив. Михајлов, премиерот Љапчев, според документите на ВМРО и спомените на учесниците во настаните, има чести тајни контакти со лидерот на внатрешната организација. Во зависност од политичката состојба, премиерот ги насочува активностите на ВМРО и истовремено го информирал царот Борис Трети", пишува Зоран Тодоровски за политика на Љапчев кон ВМРО на Михајлов. Во тоа време Англија и Франција вршеле силен притисок Бугарија да ја забрани ВМРО на Михајлов поради теророт што го вршела, но тој и натаму кон него се однесувал со „кроце и со благо“ и никогаш не презел ништо.

(продолжува)


Статијата е прочитана 2874 пати.

Испрати коментар

Од: kemba
Датум: 13.12.2008 00:53:29
Очигледно е дека многу наши сонародници биле убедени дека сме една нација со Бугарите. Исто така тие имаат многу докази за сите наши преродбеници, дека секој по некаде се декларирал како македонски бугарин, додека некој од нашите историчари на тоа најчесто возвраќат дека се фалсификати. Затоа предлагам: да се отвори јавна дебата помеѓу историчарите, каде што ќе има недоверба во некој приложени документи да се викнат независни експерти кој ќе го прифатат или отфрлат приложеното, со што би ставиле крај на сите препукувања и би изградиле еден заеднички став за нашата и нивната историја и што е најважно ќе се расветлат сите недоразбирања по што по мое мислење ќе изградиме еден голем сојузник кој очигледно ние повеќе од потребен во времињата што ни надоаѓаат.
Од: Todor
Датум: 13.12.2008 00:57:14
"Opasnata tajna, chetnichka organizacija VMRO sakashe da se izbori za povtorno prikluchuvanje na MK kon BG. Kriloto na VMRO koe se zalagashe za edna nezavisna MK vo sporedba so probugarskoto beshe neznachitelno. VMRO beshe vo BG eden mokjen poluoficijalen aparat, koj mozheshe lesno da ja stavi vladata na Sofija pod pritisok i kontrolira vnatreshnata i nadvoreshnata politika na BG." -M. Weithmnn, germanski doktor po istorija.
Од: MANU e na red
Датум: 13.12.2008 11:12:14
Mnogu poznati istoriski licnosti i dejci rodum od Makedonija seimale izjasnuvano kako Bugari. Togas nikulecot na makedonskata nacionalna svest bila vo zarodis , a i opstestveno politickite sostojbi takvi.kako bugari se imle isjanuvano: Grigor Prlicev pri zemanje na nagradata za Serdarot vo Atina, Sapkerev, Zinzifov,bracata Miladinovci, Dimitar Pop_Georgiev Berovski, T, Aleksandrov,D.Gruev, Nikola Karev , K. Misirkov, pa i G.Delcev pri upis vo gimnazija vo Solun i vo podoficerskata skola vo Sofija ,pa i drugi.Makedonskata naucna misla treba da dade vbjasnuvanje na ovaa poijava so jasna distinkcija od togasnite opstestveno- politicki i kulturni sostojbi vo Makedonija od vistinskite etnicki obelezla i nacionalni cuvstva na ovie licnosti, bez zamagluvanja i premolcuvanjana nekoi faktiPred se tuka mislam na MANU( bez B. Ristevski) a i drugite naucni institucii.
Од: Илија
Датум: 13.12.2008 13:17:33
Кога се зборува за Андреј Љапчев, не може а да не се спомене уште еден ресенчанец: Симеон Радев - познат публицист, историограф и дипломат. Меѓу другото, тој бил и првиот бугарски делегат во Општеството на народите во Женева. Би било убаво Груевски и Милошоски да отворат престижен факултет за дипломатија во Ресен што ќе го носи неговото име. Понатаму, семејство на македонски бугари од Беломорска Македонија во 1910 година ја отвораат првата уметничка галерија во Софија, позната под името Трпковата галерија. Факт е дека, македонските Бугари не само што биле туку и понатаму ќе бидат елитата на бугарското општество.
Од: Виктор
Датум: 13.12.2008 13:28:22
Јас мислам дека е крајно време да престане да си го лажеме народот и да си му ја кажеме вистината. „Вистината со солзи е подобра, отколку лагата со насмевка„. Господа МАНУвци, за жал секоја лага има кратки нозе.
Од: Александар
Датум: 13.12.2008 13:53:24
Татко му бил грнчар и умрел додека Љапчев бил мал. А Љапчев се школувал во бугарска гимназија. И што може да се очекува да биде тој освен бугарин. Исти е случајот со тие што се школувале во грчки и српски школи. И тука нема никаква тајна. Во Македонија одамна е расчистено со пропагандите, па би ги замолил модерните бугаромани да не не масираат со глупости по коментарите на весниците. (А со академикот Б. Рестевски не отековте, трн во око ви е човекот).
Од: pajkomalec
Датум: 13.12.2008 17:05:14
ako tatko mu na ljapcev e od nonte (meglen vodensko vo grcija) togash toj e vlav. nonte bilo naseleno so vlasi koi vo 17-18 vek bile primorani na sila da go primat islamot. onie shto ne sakale izbegale. ovie poturceni vlasi od nonte so razmena na naselenieto so turcija se preselile vo selata okolu istambul i starire seushte go znaat vlashkiot meglenski govor ( gi pronashol germanskior naucnik ted kall pred desetina godini). denes vo nonte ziveat grci po poteklo od mala azija.
Од: ucitel
Датум: 13.12.2008 18:25:19
Eve uste edna poucna prikazna za eden covek koj rabotel za protivnicite na svojot narod.Imalo takvi i ke ima.Ne me boli sto se prodale,me boli koga jas gi gledam eve tuka ,a drugite nikako da gi vidat.Kako Ljubco na primer.Pa sega soli pamet, a pred nekoja godina lugeto gledaa spas vo nego.Gospod da ne cuva od Bugarasi.Neka znaat deka dzabe im se pasosi - pak na niv ke gledaat so somnez.A bre luge tug covek e tug covek
Од: neutralen
Датум: 14.12.2008 00:23:04
toa sto za albanija predstavuva kosovo, za bugarija e makedonija
Од: Dejan
Датум: 14.12.2008 12:50:34
kako moze toa shto za Albanija da e Kosovo za Bugarija e Makedonija. Vo Makedonija nema Bugari toa da vi e na jasno vo Makedonija ima Makedonci koi mislat deka se Bugari poradi razlicni istoriski vrski i poradi svoi licni interesi. Makedonskata DNK e totalno razlicna od Bugarskata. Toe e i dokazano, ishto ushte treba da vi se dokaze za da svatite deka ne ste Bugari... Kako i da e Makedonija nema da bide Bugarija i Makedoncite ke ostanat Makedonci...a vie izrodnici sonuvajte za podobri vreminja....
Од: Makedonija
Датум: 14.12.2008 14:08:47
Shto treskate gluposti bre "mnogu Makedonci se chuvstvuvale kako Bugari"??? Pa ushte da se preispitala istorijata??? Imalo i takvi izjavi, ne velam ne, megutoa toa go pravele OD MAKA a ne od kejf ili zatoa shto navistina taka se chuvstvuvale. "Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединување на Македонците кон Бугарија, Србија или Грција, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин но не и за добар Македонец. - Гоце Делчев-"

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Фељтон