Број 3098  среда, 30 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Свет
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Економија
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Анализа

Груевски има само две опции

Нови избори или помирување со ДУИ се можните решенија што ги има премиерот

Александра М. Митевска


Како што на политичката сцена се разгорува огнот што го потпали Македонската енциклопедија, така зовриваат и сомневањата дека нарушените соживот и релации меѓу коалиционите партнери може да се искористат како повод за нови предвремени избори.

Доколку не ги релаксира односите со ДУИ, премиерот Никола Груевски тешко ќе излезе од кризата во која е втурната Владата, по неколкуте радикални изјави на Али Ахмети, како поткрепа на навестувањата дека албанскиот партнер размислува за раскинување на сојузништвото со ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, или која било друга партија од македонскиот блок, не би можела да владее ефикасно без поддршка од партијата која има најмногу претставници од албанскиот блок. За таа цел и се одеше на предвремени избори и се формираше актуелнава влада“, потсетува аналитичарот Даут Даути.

Актуелната политичка ситуација според многу нешта личи на предизборните случувања во почетокот на 2008 година, кога тогаш владејачката ДПА во критичен момент (пред Самитот на НАТО во Букурешт) се закани дека ќе ја напушти Владата. Овој пат ДУИ во клучен период за државата (во очекување на извештајот на ЕК) размислува дали да се збогува со Груевски, кој, пак, последниве денови не направи речиси ништо за да го амортизира револтот на партнерите во власта.

Оттаму и сомневањата дека новосоздадената политичка ситуација дури и се подгрева, со цел да биде искористена како аргумент за распуштање на парламентот. Само прашање е дали ДУИ и овој пат ќе го повлече чкрапалото или, пак, иницијативата ќе потекне од друга страна. Можеби од Нова демократија, која во изминатиот период беше воздржана околу темата предвремени избори и околу која постојано се плетат приказни дека се надева на место во власта.

Клучот за евентуално распуштање на парламентот и онака е во рацете на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која има 63 пратеници. Дали тоа мнозинство ќе биде искористено за распишување нови избори, во атмосфера кога и опозицискиот СДСМ се обидува да влезе во офанзива, паралелно со заострувањето на конкурентската битка во таборот на десницата?

Туркајќи ја идејата за етаблирање на земскиот грб со лавот како државен симбол, ВМРО-НП, всушност, му фрли ракавица на Груевски. Љубе Бошкоски, пак, лоцирајќи корупциски скандал во концесионерството за патарините, навести пожестока активност контра актуелната власт, за која оцени дека „панично се подготвува за опозиција“.

Дали одново вжештената атмосфера во политичката арена ќе добие слична разврска како во 2008 година? Со тоа што овој пат мотивот за нови избори би се побарал во извештајот на ЕК, сеедно дали ќе се исполнат очекувањата дека тој ќе биде поволен или, пак, случувањата околу Енциклопедијата ќе ја нарушат генералната оценка за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ.

„Ако Груевски повторно размислува за предвремени избори, таа опција не би претставувала проблем за Ахмети, бидејќи нивните партии се' уште имаат највисок и стабилен рејтинг“, вели Даути.

Сепак, тој посочува дека е време да се смират страстите. Топката да се префрли во МАНУ и енциклопедијата да се стави ад акта, со тоа што ќе се направи нов тим за корегирање на енциклопедијата, во кој ќе се вклучат и експерти Албанци и кој ќе користи понеутрални извори, а политиката ќе се тргне настрана.

„Имаме една деликатна ситуација на релација ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ. Груевски се обиде да се огради, префрлајќи ја одговорноста кај МАНУ. Ахмети, пак, настапува со ултиматум премиерот поотворено да се дистанцира од енциклопедијата, а тој не може да го стори тоа бидејќи и самиот присуствуваше и говореше на промоцијата“, објаснува Даути.

Со вонредните избори минатата година Груевски ги потроши аргументите со кои ја поддржа тезата дека не мора да го истера целиот мандат во ситуација кога нема апсолутно мнозинство во парламентот. А, со постизборното влегување во коалиција со ДУИ, тој ја „потроши“ и ДПА, која со години важеше за традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Нова демократија, пак, се чини, веќе не ја ужива славата на чии крилја ги истурка неодамнешните локални и претседателски избори.

Двајца пратеници ја напуштија партијата на Имер Селмани, така што во овој момент Груевски нема на располагање друг соодветен потенцијален партнер од албанскиот блок, во случај ДУИ да ги оствари заканите за излегување од коалицијата. Освен тоа, по објавувањето на енциклопедијата, партиите од албанскиот блок се обединија во барањата за нејзино повлекување и за дистанцирање на Владата од трудот на МАНУ. Со тоа се стеснува маневарскиот простор за Груевски, во случај да се најде во ситуација да бара нови партнери.

Теоретски, со повеќе од 61 пратеник коалицијата „За подобра Македонија“ би можела и сама да формира влада. Но, во практика, владеењето без релевантен партнер од политичкиот табор на Албанците би било еднакво на научна фантастика.


#
Статијата е прочитана 3916 пати.

Испрати коментар

Од: Buntovnik
Датум: 30.09.2009 00:10:40
Edno e Premierot da raspise predvremeni izbori a drugo e ako 'mora' da gi raspise . Vo politikata nisto ne e slucajno. Ako e slucajno togas toa e taka planirano.
Од: dobronameren
Датум: 30.09.2009 00:27:31
Izvinete, no osetiv potreba dobronamerno da go popravam novinarot vo vrska so eden "fakt" sto go iznesuva vo tekstot. Ne zaminaa dvajca pratenici od Nova Demokratija, tuku dvajca clenovi na centralen odbor. Inaku, naucna fantastika e istotaka vo ova vreme nekoja od opozicionite albanski partii da stane del od Vladata na Gruevski, koga e veke ocigledno deka ovoj covek e rasipnik cija glavna cel e da ja podeli Makedonija. Na narodot ostanuva odlukata dali ke go dozvoli toa ili ne!
Од: Acko
Датум: 30.09.2009 01:02:23
Bravo do A.Mitevska bre analiticar neviden bravo bas vie kako sto ke kazete taka i ke bide ic da ne se sekirate.Samo spomnuvate predvremeni izbori a dali si spomnuvate deka i da ima povtorno vasata partija ke izgubi katasrofalno i na sto ke lici toa deka Gruevski si igra majtap so vas a mislam i saka da ve postedi od cirkus zatoa i ne pravi izbori ne se sekirajte vasite probni baloni se izdisani predvreme.
Од: Ne ste dobri
Датум: 30.09.2009 01:16:41
Не не интересираат вашите дворски игри,земете работете за доброто на народот.Народот ви е сиромав и гладен,запуштен.Дебиле едни.Па и тие албанците му попуштаат на торбешот Али...Ај ни е водат државата недоквакани луѓе цели 18 години,но како ќутиме..Има некој патриот,има ли македонец во Македонија.Па не не интересира што се нагарате,сакаме да ни е поправите економската состојба во државата,да живееме барем како Словенија,нели сме исто толку големи површински и во број народ.Некеме политиканти сакаме добри економисти кој ке е подобрат благосостојбата на луѓето.Македонија мора да напредне,престанете со вашите валкани игри.Македонија треба и е замислена Швајцарија на Балканот.Има родни богатства има се,мислите народот не знаеме,дека тргувате,користите само за себе,народот кој го тркала.Почнете време е да опрајте државата наша сирота после А.Македонски никој не води грижа за Македонија и македонецот.
Од: mitko si go ostri penkaloto za glasanje
Датум: 30.09.2009 01:44:22
Koalicijata ima ogromen broj pratenici i covek bi si zaprasal sto ke im se sega izbori? A odogovorot e lesen ako UCK otcepi del od teritorijata i formira nezavisna drzava (Ilirida?) togas navistina ke trebaat novi izbori vo dvata dela od segasnata RM. I rabotite odat vo taa nasoka. Nesto si se cudam. Zarem najinteligenten covek vo ovaa drzava e onoj lopovon Ljubco koj vo 2001 predlozi da im se dadat 2-3 gratcinja i 20tina sela za da gi otkacime za vek i vekov? Ajde zivi bili pa videli.
Од: moni
Датум: 30.09.2009 02:32:08
kolku za informacija,partija na selmani ne ja napusti nitu eden pratenik,matosi i fazliu bile samo clenovi na partijata,znaci raspolaga so 5 pratrenici i nezavisniot leka.poz ne sirete dezinformacii
Од: nacional-patriot
Датум: 30.09.2009 03:50:41
Dokolku nitu edna partija na gegite ne saka da ucestvuva vo vladata,togas vladata i ponatamu ke si funkcionira i toa nema da bide nikakva naucna fantastika.Partijata na gegite sto ucestvuva vo vladata,ja ima prifateno programata na VMRO,a ako ne ja prifatese,nemase ni da bide primena vo vlasta.
Од: Tom
Датум: 30.09.2009 04:27:17
Nasiot narod rekol ,,gladna kokoska proso sonuva,, ta taka i statijava na novinarkava. Se znae site vie od Utrinski sto zagovarate i sto sonuvate , no veruvajte deka obraten efekt postignuvate .
Од: Grujoooooooo ODI SIIIIIIIIIIII.........
Датум: 30.09.2009 06:12:30
Gruevski NEMA nikakvi opcii!!!! Neka se trgne sto pobrgu zosto vo sprotivno narodot ke go trge so sila. Od negovite GLUPOSTI propate cela Makedonija i vise retko koj moze da go smisli. Ima samo nekolku budaletinki koi go podrzuvaat ete takvite kako Latas ili onie kaj "Bumbarkata" i po nekoj ovde po komentarive. No, so ogled na toa deka non-stop istite osobi se javuvaat pa duri i ista osoba so 2-3 razlicni iminja se predstavuvaat jasno e deka toa se luge od negoviot tabor koi na toj nacin sakaat da go odrzat Grujo uste nekoe vreme na vlast. No, FAKT E deka na Grujo mu dojde KRAJOT. Koj normalen covek ke gi trpi vise ovie negovi sekojdnevni samoubilacki potezi po steta na Drzavata i na Makedonskiot narod. DOSTA VISE LAZESE. NA LAGITE IM DOJDE KRAJOT.
Од: igor
Датум: 30.09.2009 08:15:23
Smetam deka sega e vremeto da se napravi procenka za momentalniot rejting na VMRO-DPMNE i GRuevski.Vo slucaj da se dobijat rezultati slicni kako i na prethodnite sondiranja,togas ne drzi faktot deka vo Makedonija narodot ne e zaedno so vlasta.Vo sprotivno ce se pokaze deka ovoj narod se odnesuva kako edna granka koja se nisa na stranata na koja duva veterot.Bi sakal da e prvoto,ne zaradi vlasta tuku zaradi narodot.So toa narodot e stabilen da opstoi na gledisteto sto go nasocuva ovaa vlast(bez DUI).
Од: mite
Датум: 30.09.2009 08:26:10
Vo Srbija na vremeto od Milosevic imase edna parola: GOTOV JE! Taka ce bide i vo Makedonija, zosto Grujo se uste ne e zrel za premier, poradi toa sto na sekoi dve godini rezira izbori , pa toa go nema nikade vo sveto t- samo vo najbogatata Makedonija i toa pod direktiva na GRujo i DPMNE.... Se predviduva deka se blizi krajot za DPMNE za zal.....tolku.....
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 30.09.2009 08:27:53
Do premierot Nikola Gruevski ,kako i do celata vlada na RM ,jas ke go dadam predlog kako najdobro resenije ,obedinuvanje na site pariji koj prouzlegoa od segasnoto VMRO-DPMNE,kako i od dobrite strucnjaci od drugite makedonski partiji vo edna parija VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA RM,a pratenicite od drugite nacionalnosti da stanat opozicioni partneri i da se borat za nivnite prava koj im se pruzaat nasekade kade sto zivejat vo site geografski zemji vo svetot i istoto toa da go baraat od drzavata RM,a ne poveke ,vo sprotivno si imaat tie svoja drzava i sekoj bara sozitelstvo i dobro sosedstvo za resavanje na ovie problemi.I jas zivejam vo dijasporata vo AUSTRALIJA I GI BARAM NIVNITE PRAVA ,A TIE MI GI ODOBRUVAAT SPORED ZAKONOT I PRAVILATA NA AUSTRALIJA ,vo sprotivno ,se sto go baram poveke ,mozam da go dobijam vo svojata drzava RM,kako sto e i drugite drzavi na EU I NATO,pa zatoa albancite ke gi molam da gi pocituvaat pravata na RM i da se zalagaat za dobro odnosi i sozitelstvo .POZZ OM
Од: Лебед
Датум: 30.09.2009 08:36:28
Точно е дека Грујо има само две опции. Првата е сам да си оди, а втората е на сила на клоци да го истераат од таму. Неможам да сфатам кои се потезите на Грујо, за што се бори и за кој се бори.
Од: jovan
Датум: 30.09.2009 08:42:25
Gruevski nema veke nikakvi opcii. da e ziv i zdrav glupaviov Makedonski narod koj "kasno pali"(kasno svaka sto mu se slucuva) i da e ziv i zdrav FANTOMSKIOT izbiracki spisok vo koj ima okolu 150-200 iljadi FANTOMSKI glasaci pa po potreba si go koristi toj spisok te VMRO te SDSM. Makedonija e GOTOVA, ne Grujo gotov.(na Grujo bas mu e gajle)
Од: Pero Zdero
Датум: 30.09.2009 09:02:16
Novi izbori ke nema ne zaradi Gruevski i VMRO-DPMNE tuku zaradi Ahmeti i DUI.Pogolem broj na Albanci vraboteni vo drzavni institucii nikogash nemalo i sigurno nekoj shto takarechi vcera vlegol na rabota ne saka da stane od stolcheto.Ako SDSM saka novi izbori, teshko deka ke gi dobijat preku DUI.Najarno za niv e da si sedat ushte malku...ima vreme...
Од: mkd
Датум: 30.09.2009 10:25:46
Ne bi mozela EFIKASNO da vladee bez albanci.Od kaj izmislivte vie novinarite vakva definicija. Sekoja vlada moze efikasno da vladee so nad 61 pratenik ako sproveduva zakoni a ne da progleduva niz prsti kaj ke stigne.Vakvite uceni od albanci vo vlada se pogolema NEefikasnost nego da e vladat samo od eksperti od svojata oblast
Од: Mene
Датум: 30.09.2009 10:26:49
jasno e deka enciklopedijata e poracana bas za da se digne vreva i da se odi na novi izbori. Paranoikot Rejting samo saka da si obezbedi uste nekoja godina mandat.
Од: Simona
Датум: 30.09.2009 10:40:28
A ako si odi Grujo koj li ke dojde???Nekoj so eden ton idei i mozok??? Sigurmo ne segasnata opozicija,so novite programi i idei.Ona sto tie go upikatija ne moze so godini da se oprai.Preku nok ne moze site da se vrabotat i da imaat plata od 500 evra.Malku trpenie da se ima treba.No site gledate deka ziveeme so albanskite gragani kako mace i kuce i deka na kraj ne se izlaga,se nesto baraat i ucenuvaat, a oni sto dale//??? Katastrofalni oceni da dobivame za site prethodni izbori zaradi nivni mafijaski presmetki so puski,i sega demek oni ne mozele da docekaat da vlezeme u EU i NATO.Site sakame ama treba i oni malku da se razmislat i da stavaat i rabotuvaat kadri koi barem ke posetat nekoj kurs pred da vlezat vo drzavnite organi i bar malku ke naucat jazik, bidejki ziveat vo RM a ne vo Albanija ili na Kosovo.Se ponasaat kako makedoncite da se malcinstvo , a oni mnozinstvo. Mislam deka terba da povlecat RUCNA.
Од: srebre
Датум: 30.09.2009 10:53:52
albancite 19god samo so uceni ja napravija mak da bide posledna zemja na balkanot duri i alb ja pomina mak a sega nekoj spomnuva da se neutralizira manu i se stavat alb naucnici???koi se tie tie so zavrseni privatni i kurum faks vo tirana i pristina tie da ja pisuvat makskata istorija?da dademe otkaz na naucnici koi 60god ja istrazuvale makaskata istorija?da piseme falsifikat vo uncikloped deka tie se dojdene pred nas na ter na mak?sto e toa ako ne samoubistvo namak?nasite pisani izvori na ovaa ter se od 7.vek pa duri sme imale universitat vo ohrid od vr na kliment i naum a kade se pisanite albanski izvori pisani na albanski na ter na mnak????ako bile tuka ce imalo nesto kade e?alb sakat samo vel alb i nisto drugo ako neim stavi kraj ednas mak za 10god pola ce vleze vo vel alb.
Од: Zoki
Датум: 30.09.2009 11:34:12
Mnogu teorija, malku zaklucoci bazirani vrz argumenti. Taka ne se pravi analiza.
Од: nabljuduvac
Датум: 30.09.2009 12:30:09
Bugarija pokaza sto e evropska demokratija i formira vlada bez diktat i bez turska partija a evropejcite se iskazaa deka i vo makedonskata vlada vo princip ne mora da ima albanska partija. Od druga strana ako grckite izbori se neinteresni poradi ednoumieto, makedonskite se izvesni zaradi bezumieto na sdsm. DPA pokaza lekovernost kon NATO i lesnotija na gubenje na se sto napravi i za Albancite i za Makedonija. Edinstvena nepoznanica e dali edna kvalitetna treta makedonska opcija moze da participira znacajno na smetka na bezumniot sdsm no pod uslov da ne se zaletuva so pobeda?
Од: Kiril
Датум: 30.09.2009 14:40:16
Simona uste kolku treba da cekame i da ja trpime ovaa tiranija????Pa veke 3godini i nekoj mesec kako se na vlas a nisto ne napravija,da bese se regularno vo dfrzavava vo Juli ke trebase da ima izbori znaci cel eden mandat a rezultati pod NULA. Kade ni bese a kade ni e sega drzavava...?!?
Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 30.09.2009 15:20:50
da ima sega izbori dpmne moze maksimalno da osvoi 40 pratenici zaedno so zingo,pavle ,popovska i uste 40 drugi pecat partii.uck ke osvoi 10 do 12 znaci nema da formiraat vlada.nema da mozat.najdobra vlada ke bide vmro-narodna-dpa i obedineti za makedonija na brat ljube.
Од: milco
Датум: 30.09.2009 15:54:29
ne se problem izbori tuku opozicija. sega e nema a kamo li da ima izbori epten ke nema opozicija.sega barem na papir postoi ako ima izbori ni toa ke go nema

Најди! во Утрински
Насловна
Премиерот не сака грозје
Последен поздрав до Коле Чашуле
Насловна 1
Зденко
Старите лични карти мора да се заменат до февруари
Огномет од ветувања пред изборите во Грција
Труења наголемо, контрола ниту за лек
Најцрна година за кредитирањето
Поплавите досега убија 240 лица на Филипини
На берзите се врати оптимизмот
Груевски и Ахмети ќе го гаснат огнот
Македонскиот мрачен саркофаг
Французите се самоубиваат на работните места
Македонија убедливо на дното по инвестиции во регионот
Студентки за контрацепција користеле „кока-кола“ и сода бикарбона