Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Брисел не им верува на солзите

Оливера Војновска

Парламентот еден месец се занимава сам со себе. Целосно се посвети на собранискиот инцидент и на Деловникот. И пратениците и партиите ништо друго не ги интересира. Целата политичка енергија се троши на собранискиот акт, со кој се уредуваат правата и обврските на самите пратеници. Власта и опозицијата се координираат со денови. Се преговара до доцните вечерни часови. Не се памети дека пратениците досега со таква посветеност разрешувале некое прашање што ги засега граѓаните.

Далеку од тоа дека Деловникот не е значаен документ. Но, неговата важност навистина премногу се издигна.

Толку многу што во ситуација кога обичните луѓе ги мачат конкретни егзистенцијални проблеми, пратениците со ваквото однесување во јавноста оставаат впечаток на себичност и самобендисаност. И место да покажат дека умеат да комуницираат, да разговараат и да се слушаат, се впуштија во јалови дебати од кои излегоа уште пораскарани и поразединети. Всушност, на крајот најмногу си наштетија себеси. А парламентот уште повеќе го засили кавгаџискиот имиџ на кој упорно работи изминативе две години.

Измените на Деловникот во согласност со препораките на Венециската комисија се договорени уште пред една година. Во Собранието требаше да се верификуваат пред повеќе од шест месеци (декември 2009 година). Власта сега се обиде Деловникот да го протурка во пакет со Анкетната комисија и пред состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација да демонстрира дека има прогрес во политичкиот дијалог.

Ама, опозицијата со Деловникот бара и парламентарен механизам за контрола на трошењето на буџетските пари и инсистира тоа да биде посебна комисија. Парламентарното мнозинство, пак, се согласува да се формира поткомитет во рамките на Комисијата за финансирање и буџет, што за опозиционерите е неприфатливо. Убедени се дека власта не сака да се откаже од „мегаломанското трошење на реклами“ и бара начин како да ја избегне контролата на парламентот. Такво нешто препознаваат во поткомитетот кој никогаш не би профункционирал. И решението го видоа во бојкот за Деловникот, на чии измени тие инсистираа.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на „толку многу отстапки за Деловникот“ сега не сака да попушти за ревизијата на државните пари. Но, затоа има со кого да ја подели одговорноста за лошите оцени, кои се очекува да ни бидат доделени во Брисел.

И се' само поради Деловникот. Власта замислува дека немаме партизирана јавна администрација, туку државни служби и службеници, кои беспрекорно си ја вршат работата. Дека имаме завиден успех во реформите во правосудството, непристрасни и независни судии и обвинители, професионална судска администрација, така што судските процеси се фер и правични. Дека е направен невиден исчекор во борбата со корупцијата, криминалот; дека Владата изгради кохезија на внатрешно-политички план. А воспоставена е и меѓуетничка кохезија. Владата, со тешко срце, но, сепак, заборави на барокот и античките градби и сега води мудра финансиска политика. Сето тоа убаво отсонувано, само уште да не беше проблемот со Деловникот.

Затоа сега ќе плачеме по него. Но, Брисел не верува во солзите? Изгледа таму немаат информации за нашите политички состојби. Чекаат во македонскиот парламент да се изг��асаат со консензус измените на Деловникот, кои добиваат историски димензии. Ќе чекаат до полноќ, а можеби и до самиот почеток на состанокот. Случајно да не го изгласаме Деловникот, се разбира, со невидена хармонија. А кога ќе го пишуваат завршниот документ ќе стават и розови очила, за сликата за нас да биде уште поубава.


#
Статијата е прочитана 1529 пати.

Испрати коментар

Од: Миле - Охрид
Датум: 27.07.2010 00:14:45
Утрински да се откаже од поддршката на грчките шовинистички барања. Македонија ги исполни критериумите за отпочнување на пристапните преговори. ЕУ треба да го исполни својот дел од обврските. Се` останато е во функција на притисок врз Македонија да ги прифати грчките шовинистички барања и да го промени името. Доколку (не дај боже) го смениме името, нема да биде важен ни еден од наводните заостатоци во реформите. Тоа го знаете и вие. Сепак проблематизирате се` и сешто, само да ја држите во блокада државава . Тоа е отворена поддржка на шовинизмот.
Од: jug
Датум: 27.07.2010 00:20:15
Moj sovet do site novinari narednite tri meseci da gi pisuvaat site propusti na site vladi vo dosegasnite 20 godini samostojnost. Ne samo sto se slabi politicari tuku od zlatna i so bogatstva polna nasata Makedonija im uspea da napravat pustinja. Sami ke ne nateraat ime da si zasluzime Saharska Makedonija. Sram da im e ova e veke 20 godini politicki kriminal.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 27.07.2010 03:51:30
Of Lele! Oprosti mi Trade Of Lele ,sto go koristam tvoeto ime.Eve sto rece predsedatelot na R. Makedonija, za Skopski Vecer i ostana ziv. Kako Izjava na Denot! Изјава на денот ,,Светот се смени денес и вие полесно комуницирате, вие што имете интернет и скајп, се гледате меѓу себе, комуницирате. Новите технологии станаа достапни до секој, така што светот се смени. Ѓорге Иванов, претседател на Маке��онија. " Cudno mi cudo Od izjavavana ovoj predsedatel!Po se mi se Cini Predsedatelov na R.Makedonija so vakvaa izjava; Kasni povece od Cetvrtina na Vek na internet,a be decata uste predi 25 godini mi go kazaa ova sto ovoj Analfabet ni go kaza,a vo Vecetr se falat ,IZJAVA na Denot!Samo uste Vecer ,da mi kaze;Se ova e za: Promotiven il Kompromotiven aspekt,na Predsedatelot?!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 27.07.2010 06:54:17
Ова е борба за поставување на какви такви основи на клиците на демократијата...но кај нас ...секогаш било...трла баба лан...
Од: Јован АН
Датум: 27.07.2010 08:20:33
Ако за се’ е потребен консензус,зошто ни е плурализам,зошто ни се повеќе партии и на крај зошто ни се избори?Секоја партија се бори да дојде на власт за да ја оствари својата програма.Во нашиот случај имало поважни одлуки без консензус,но сега барањето за консензус има друга потреба,а Македонија е колатерална штета.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.07.2010 08:21:28
Навистина,не знам како,Усвојувањето на Деловникот,би ја изменило Грдата Реалност на Маргинизираното прашање на Опстојувањето на граѓаните на РМ?!Дали неговото усвојување би допринело за подобрување на животниот стандард на обичниот човек?Дали со тоа би се решило прашањето на Мрзеливиот и до крајни граници Неспособен и Дрзок Мастодонт наречен Јавна Администрација?Како,пак,неговото усвојување би ја подобрило ситуацијата во МК?Очигледно,постојано и вообичаено се занимаваме со формата,наместо со Суштината!Побитно ни е како да го решиме текстот на Парчето хартија кое ќе фаќа прашина на своите пожолтени листови и веднаш по усвојувањето ќе биде ставено Ad Acta,отколку Егзистенцијалните прашања!Не верувам дека Деловникот претставува суштинско прашање за опстанокот на државата,ниту дека тоа е најбитно за оценувањето во Брисел!Тоа е само повторен обид за Дефокусирање на одговорноста за нерешените горливи Проблеми и за Неостварените „Достигнувања“!(ajvandoktor.blogspot.com)
Од: И јас сум за џентлменски покер.
Датум: 27.07.2010 08:31:50
Ај, уште еднаш, авторката на горните редови, нека се позамисли! Вели: ... преценета е важноста на деловникот на Собранието. Не ќе да е така. Па, зарем не гледа дека само „за Парите се работи“? И со институционализирана контрола, ги гледа ли дечкива што прават со парите? А, тек, без таква контрола!? Тек тогаш на дечкиве „како ќе им тргне“! Каков Брисел/Европа, какви бакрачи, ќе видиме....
Од: Учо-Гостивар
Датум: 27.07.2010 09:51:02
Господа,оставете ги новинарите да си ја работат својата работа.Тие треба и да фалат и да критикуваат.Во случајов не се работи за државата,за парите се работи.Инаку зошто толкав отпор за контролата на трошењето на народните пари?
Од: dedo dimo
Датум: 27.07.2010 10:26:38
Me interesira dali nekoj se zaprashal. Shto ke dobieme od EU do kolku vlezime vo ovaj sojuz a shto ke izgubime ?. .Vlez vo Eu e dobar ali ne pod uslovi kako shto saka EU.Vo Makedonija za Makedoncite ne golemi pridobivki ,rabota pak ke nema kako i sega i mnogu godini ke treba neshto da se podobri.A shto gubime ?. Go gubime Vecnoto Ime Makedonija a mozda i MAKEDONSKi ,.Poshto dobrovolno prifakame novo ime ,- za sekogash go gubime ona shto 3000godini i poveke Makedoncite go imale i vo nasjteshi momenti go branele i davale krv za Makedonija.A shto ke bidi ako EU po nekolku godini se RASPADNI.Vo vakvi vremenski uslovi nisto ne e garantirano a edno za nas e vechno a toa e IMETO. Bez nasheto ime nie sne nikoj nikade.
Од: До Миле_Охрид
Датум: 27.07.2010 10:45:14
Ти стварно мислиш сме ги исполниле условите? Држава со партизирано судство, администрација, премиер што не го признава сопствениот Уставен суд, не е држава, туку баши-бозук. А тоа не е за Европа. А тебе и такви како тебе, можат да те лажат: Грција е опречка. Како до пред четири години никој не ја спомнуваше Грција?
Од: Историчар
Датум: 27.07.2010 11:53:53
Од кога во капиталистичко општество постои термин „НАРОДНИ ПАРИ“!?!?!?!?! Тоа е измислено во минатиот век како идеолошка основа да се залажат луѓето од комунистиката партија дека народот раководи со тие пари... а во суштина си раководеше бирократијата како што таа си сака... тоа се ДРЖАВНИ ПАРИ за одржување на општествениот систем каков-таков да не колабира...
Од: dimi61
Датум: 27.07.2010 14:56:27
До дедо Димо. За жал дедо Димо ти и да сакаш да видиш нешто позитивно од влезот во НАТО и ЕУ, не можеш, затоа што си слеп при очи и глув при уши.Кога ќе ги тргнеш розовите очила ќе видеш дека Европа се обединува а не разделува и изолира, ќе видеш дека земјите што се тамо се побогати и посигурни за својата иднина, ќе видиш еден огромен пазар за стоки и работна сила.А што ќе жртвуваме за влезот па ќе ја жрутвуваме бедата, партизираното судство и администрација , полициската држава,безперспективноста на младите луѓе, тотелетарниот систем кој владе моментално во земјата, треба ли уште.А за името тоа е измислено од Груевски за да се остане вака како што е , зошто само така човекот знае да вирее.Затоа што без држава што ќе ти е име?

Најди! во Утрински
Едиторијал