Која е целта на чистењето ако ништо не се менува, прашуваат граѓаните
Купишта искосена трева, гранки и друго ѓубре со денови лежи на тревник покрај тротоарот на булеварот „Србија“. Ѓубрето е оставина од еднодневната акција за чистење, што неодамна ја организираше Владата и која очигледно на повеќе локации во градот остана незавршена.
Граѓани кои живеат во населбите Аеродром и Ново Лисиче реагираат дека пред чистењето тревникот личел на змијарник и имало купишта ѓубре, а ниту сега не е подобар. Тие се прашуваат што е целта на акцијата ако сликата во градот не се менува на подобро. Очигледно е, коментираат скопјани, дека за чистење на градот не е доволен еден ден. Почнатите работи треба да се довршат докрај ако навистина целта ни е да ни заличи градот, велат тие.
Истовремено, жителите на овие населби го поставуваат и прашањето дали Владата ќе се казни самата за ова ѓубре, со оглед на тоа дека еден ден по акцијата стапи во сила Законот за јавна чистота кој предвидува строги казни за фрлање и најмало ливче хартија на јавна површина.
Скопјани ги прозиваат и градските јавни претпријатија дека не си ја вршат добро работата, кои, пак, од друга страна, велат дека немаат одговорност, бидејќи не беа дел од акцијата на Владата. Скопските комунални претпријатија велат дека ако тие треба да го собираат ѓубрето што остана по акцијата, тоа треба и да им се плати, што беше и една од причините поради која тие се воздржаа од учество во акцијата. (С.Н.)
ЈК ,,Комунална хигиена„ мора да напрацви реинжинеринг на своето работење. Ударно да биде собирањето на отпадот во сабота, недела и понеделник, мора да се испразни секој контејнер, вторник , четврток и петок само неопходни собирања. Од своја страна, Владата, Градот и општините треба да го помогнат работењето на граѓанските организации, кои ќе с вклучуваат со свои инвентивни проекти и кои ќе го организираат вклучувањето на граѓаните во подобрувањето на јавната хигиена.
Од: jas
Датум: 02.10.2008 11:33:44
Ocigledno , uste ne svativte deka seto toa bese za slikanje pred kamera...