Број 3267  понеделник, 26 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Груевски се изјасни за името

Аналитичарите коментираат дека Груевски, конечно, признал оти цело време го компликувал преговарачкиот процес и се криел зад референдумот

Оливера Војновска

Премиерот и лидер на десницата, Никола Груевски, викендов ги отвори докрај картите за проблемот со името, ставајќи јасно до знаење дека шансите за надминување на дводеценискиот спор до крајот на шпанското претседавање со ЕУ се речиси исклучени. Преку една од своите омилени телевизии – Сител, премиерот многу прецизно кажа дека во случај медијаторот Метју Нимиц официјално да достави предлог „Република Северна Македонија“ за севкупна употреба, тој ќе го стави на референдум и самиот ќе се изјасни „против“. Оваа негова изјава доаѓа по зачестените посети на странските дипломати и оптимизмот на претседавачот со ЕУ, Мигел Анхел Моратинос, кој минатата недела во Скопје ја охрабри Владата да го направи „компромисот за фантастична иднина“, убеден дека Македонија до јуни би можела да добие датум за преговори со ЕУ.

„Доколку биде ставен предлогот Република Северна Македонија за севкупна употреба и официјално тој предлог биде доставен од преговарачот Нимиц, ќе го ставам тој предлог пред граѓаните на референдумско изјаснување. А, доколку ве интересира мојот личен став, јас ќе гласам против“, изјави премиерот Груевски во интервју за магазинот „Ние“ на Сител. Груевски додаде дека неговиот став и ставот на Владата отсекогаш бил познат и запишан во нивната програма, со која дошле на власт. И во оваа прилика повтори дека како премиер и како Влада, „имаат одговорност да организираат референдум, бидејќи само граѓаните имале право да одлучуваат дали ќе го прифатат наметнатиот предлог од страна на Грција - Република Северна Македонија име за севкупна употреба“.

Премиерот и' го кажа ова на македонската јавност откако претходно спокојно се шеташе во Зоолошката градина во Скопје, импресиониран од „крупниот прогрес и сериозните зафати направени со нејзиното реновирање“. И не само од Зоолошката, Груевски е воодушевен и од акциите на МВР - „Метастаза“, „Бумеранг“, случајот со Бајруш Сејдиу, „Змиско око“, убеден дека „по извесен број години, ќе влезат во нашите учебници по криминологија, но можеби и на другите факултети“.

Откако овие негови импресии ги сподели со јавноста, тој првпат отворено се произнесе во однос на
преговорите за името. Во исто време, пак, додека премиерот ја расчистуваше дилемата, во Охрид, во организација на телевизијата А1, се одвиваше симулација на преговори за името меѓу Македонија и Грција, на која учествуваат интелектуалци, експерти, новинари и политичари од двете земји.

Според Стево Пендаровски, професор на Американскиот колеџ, ваквата изјава на Груевски јасно покажува дека Македонија изминатава година воопшто не била активна во преговорите кај Нимиц. „Премиерот првпат јавно кажува за она што дел од јавноста го тврдеше подолго време. Вториот момент е што тој не кажува дали Македонија воопшто давала контрапредлози со цел да го подобри последниот пакет на Нимиц. Груевски испраќа порака и до ДУИ и до меѓународната заедница дека нема намера да го решава проблемот во рамките на она што е понудено кај преговарачот и, дефинитивно, нема да преговара за вакви предлози“, вели Пендаровски.

Притоа, тој додава дека премиерот требало многу порано да ги отвори картите пред јавноста. „Затоа што станува збор за круцијален став за македонската позиција спрема која јавноста требаше да изгради однос. Вака многу време се изгуби во очекување дека нешто може да се добие од преговорите, за кои сега разбираме дека биле гола форма“, вели Пендаровски. Најавата за референдум на кој власта што го распишува нема да учествува, или ќе гласа против, ја смета за уникатна ситуација во меѓународните односи. „Евентуален референдум на кој најголемата партија на власт нема да учествува е однапред осуден на неуспех“, резонира тој, при што не ја исклучува можноста ваквото изјаснување на премиерот за името да е врзано со плановите за предвремени избори.

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани смета дека Груевски, конечно, признал дека цело време го комплицирал преговарачкиот процес и се криел зад референдумот. „Сега многу јасно се гледа дека премиерот нема намера да се реши проблемот со името и да ја понесе одговорноста. Туку неговата одговорност како премиер ја сведува до ниво на обичен граѓанин. И намерно заборава дека тој треба да биде дел од решението, а не дел од проблемот“, вели Рамадани. Во настапот на Груевски тој чита порака до меѓународната заедница, но повеќе до коалициските партнери во Владата. „ДУИ треба да го преземе својот дел од одговорноста и да излезе од Владата“, смета Рамадани. Тој вели дека во една таква ситуација се можни повеќе комбинации. И тоа од создавање ново парламентарно мнозинство до повлекување на Груевски од челната функција во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ. „Сегашната статус-кво ситуација е неодржлива. Македонија мора да направи исчекор во евроатлантските интеграции. И во самата ВМРО-ДПМНЕ се' побројни се политичките сили кои сметаат дека процесот веќе не може да стои во место. Дел од тие сили би можеле да поддржат еден широк политички фронт во Собранието. Од друга страна, ставен пред избор да го реши проблемот со името, Груевски може да се повлече и од премиерската и од лидерската позиција“, вели Рамадани.

Аналитичарот Аратен Садику ја смета изјавата на премиерот за недипломатска, но е склон да верува дека е дадена од популистички побуди и за домашна употреба. „Таквото одбивање на предлогот е направено во прилично недипломатски манир. Со децидното отфрлање не се остава простор ниту за можните модалитети за користење на тоа име. Сепак, изјавата на премиерот е повеќе во функција на политички маркетинг“, вели Садику. Во настапот на Груевски тој не чита порака до ДУИ. „Мислам дека Ахмети и Груевски разговарале за ова. Минатата недела Ахмети изјави дека без разлика дали во јуни ќе се реши името и дали ќе добиеме датум за преговори, ДУИ ќе остане во власта. Тој рече дека не би било добро за Македонија ДУИ да излезе од Владата. Потоа, Груевски ја поздрави оваа изјава како зрела. Така што не верувам дека ова е порака до Ахмети“, смета Садику. Според него, преоптимистички биле прогнозите дека е можно решение за името до јуни. „Таквите надежи се нереални. Најразумно очекување е некаков прелиминарен договор за името да може да се направи до ноември, со цел да добиеме датум за преговори“, вели Садику.

Портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, која досега прилично остро ги коментирала настапите на премиерот и на ВМРО-ДПМНЕ, особено кога се за евроинтеграциите, вчера беше воздржана во однос на изјавата на Груевски. „Пред да го видиме предлогот на медијаторот Нимиц, не можеме ништо да го коментираме“, кусо изјави Мехмети.

Вчера од Крушево, премиерот се обиде да ја ублажи изјавата дадена на Сител и порача дека очекува во мај медијаторот Нимиц да даде конкретен предлог или сет идеи за надминување на проблемот со името. „Подготвен сме и за активна партиципација во сите подготовки, бидејќи, како што знам, посредникот се слуша со двата преговарачи и разменува мислења и идеи. Се надевам дека во мај ќе даде предлог што ќе биде прифатлив за двете страни, а пред се' за Република Македонија, страната која е најмногу притисната и во најнеповолна ситуација со овој проблем“, изјави премиерот Груевски во Крушево по поставувањето камен-темелник на трафостаницата за мрежно ��оврзување на манастирот „Св. Преображение“ со Крушево.


#
Статијата е прочитана 6539 пати.

Испрати коментар

Од: CUK
Датум: 26.04.2010 00:07:41
само џандар и грујо сами се прашуваат и сами си даваат одговори... , а да, и по некоја плавуша
Од: trala-la
Датум: 26.04.2010 00:32:06
matenje slama na prazna vodenica..... a i mn jaki ekperti ste konsutirale.Intreresna rabota sekoja strana so svoite "eksperti " komunicira... dosta so podelbi MAKEDONSKI NARODE svestete se, dosta ne sakam vekje da mi se pere mozokot drn-drn...
Од: Itar Pejo
Датум: 26.04.2010 00:32:34
Posle ovaa izjava, koja sto ce ostane vo makedonskata istorija kako "Izjavata od zooloskata gradina" jasno ni e zosto premierot go zapocna Bunardjik 2. Na Makedonija i predstoi ekonomski BUUUUUUUUUUUUM !
Од: kris
Датум: 26.04.2010 00:41:33
Gruevski, sekoja mu cest, go kaza toa sto SITE NIE GO MISLIME ! ako Nimic ima usi neka slusa, nekoja poraka i od nas, ne samo naracki od drucas, papakotdreas itn.
Од: nick hill
Датум: 26.04.2010 00:47:42
ako se procita iskazuvanjeto na premierot na mia novinarska veb strana ke se vidi kako premierot se iskazuva za ova prasanje tuka nesto se krie od vas
Од: Od Prijatel
Датум: 26.04.2010 00:48:45
Bravo Grujo tova sekoj Makedonec bi go glasal nikoj nema pravo da mi menuva ime pozdrav do Prijatelite...
Од: Realist
Датум: 26.04.2010 00:48:55
Не се согласувам со анализата во текстов затоа што се базира на комплетно погрешна перцепција на тоа што го рече Груевски. Како прво, Груевски рекол дека не поддржува име Република Северна Македонија за СЕВКУПНА УПОТРЕБА, неколку пати го потенцирал тоа ("севкупна употреба"), и токму за таква формулација се изјаснил негативно. Што е доста различно формулацијата: Република Северна Македонија за меѓународна употреба. Или ако веќе навлегуваме во неговата логика, она првото е во спротивност на програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а ова второто е во согласност, затоа што во програмата тврдат дека нема да има промена на УСТАВНОТО име, а никаде не тврдат дека нема да име промена на "името за меѓународна употреба". Ако се анализира тоа што напишале ВМРО во нивната програма, испаѓа дека нивниот став не се разликува многу од ставот на оние што ги нарекуваме "про-европски сили" во Македонија (некои ги викаат "предавници").
Од: Boshko
Датум: 26.04.2010 00:51:17
Go poddrzuvam premierot,i jas bi glasal protiv i ushte 1500.000 Makedonci ke glasaat protiv a ako glasa i dijasprata 3000000 Makedonci ke lasaat protiv.Ne e roden Toj shto ke glasa protiv svoeto i sveto ime,ke glasaat za samo onie shto se protiv postoenjeto na Makedonija.Najmnogu bi im ja predlizil na grcite dvojnata formula.a ako ne sakaat taka togash nishto neka si ja zatvorat granicata i ne ni se potrebni fashistichki raspolozeni komshii.
Од: Arkan
Датум: 26.04.2010 01:19:32
Neznam sto vi e cudno vo komentarot, ubavo jasno i glasno veli, deka ako e imeto za sevkupna upotreba, ne samo zamena za PJRM, tuku i smenuvanje na ustav itn. togash ne samo premierot tuku sekoj inteligenten makedonec bi glasal za NE!
Од: Жарко Арнаудовски
Датум: 26.04.2010 01:45:54
Изјавата на премиерот дадена на сител е трик-изјава.Тој изјави дека не би прифатил име Р.Северна Македонија за севкупна употреба.Меѓутоа многу битно е да одговори дали тој би прифатил име различно од името Р.Македонија кое еве на пр. нема да биде за севкупна употреба.Јас мислам дека тој манипулира со сите нас преку оваа негова смислена игра на зборови.Новинарите сега треба да го притиснат за да добиеме одговор на многу прашања.Тој во исто време се претставува како патриот,глуми преговори,конструктивност а всушност ги лаже сите,а се лаже и себеси.
Од: Македонец
Датум: 26.04.2010 01:56:44
Зошто фрлате дрвја и камења по премиерот, и велите дека не сака решение и го кочи процесот, а притоа за решение се смета Северна Македонија, Северномакедонци??? До каде Ќе се оди со перењето на мозокот на народот??? Македонци освестете се!!!
Од: aleksandarmkd
Датум: 26.04.2010 02:18:37
Defitivno ispravna pravovremena izjava an Gruevski vo tocno tempirano vreme , Kocnicarot na pregovorite ne e Gruevski tuku vnatresnite petokolonashi kako A1 i nivnite puleni koi igraa detska gradinka vo Ohrid i pravejci nekoj si simulacii igrarii. Ispravniot stav podrzan od sekoj Makedonec vo i von Makedonija e samo poraka do Grcija , Zapadniot svet i petokkolonashite deka dvojnata politika edno zbori a drugo pravo zavrsi vo vremeto na SDSM. Ova bilo i ce bide Makedonija zemja na Makedonskiot narod sakale vie ili pak NE..
Од: Zoran
Датум: 26.04.2010 02:28:57
Bez obzir na toa sto nasiot premier nekogas vlece mnogu pogresni potezi, ovoj potez e mozebi eden od najdobrite sto gi povlekol. Zaprasajte se site vie koi ste makedonci dali bi prifatile nekoj da ve prekrsti vo Severno Makedonec za sevkupna upotreba ?! Pa ludje, 2/3 od svetot ne priznaa kako Makedonija, zosto sami da si ja seceme grankata na koja sedime ? Mislam deka narednata izjava treba da bide, prekin na pregovorite ili razgovorite. I toa jasno da se stavi na znaenje, Koj gi ima problemite, vo slucajov Grcija, neka si gi resava doma, a ne da nametnuva na drugi sto ke im tekne. Makedonceto si e zilavo i izdrzilo i pogolemi raboti od ovaa. Dokolku se prifati bilo kakov nametnat problem, veruvajte mi, toa tuka nema da zavrsi, posle ke ispadnat drugi, bez obzir dali bile ili ne vo EU ili NATO. Nemojte da mislite deka vo EU tece med i mleko, Od novoprimenite clenki na EU, osven mal procent poedinci, narodot e genaralno nezadovolen i nisto dobro ne se slucilo, osven sto se iselija po EU
Од: Blue fighter: "Mozete da se slikate,zaedno so mene"...
Датум: 26.04.2010 02:42:52
Toa e porakata na Grujo do gragjanite na Makedonija, za referendumot i po nego,dadena bez oko da mu trepne,a kamo li pak sovest da go zagrize.A i zosto da ne bide taka.Pa coveko0t ne e vinoven ako nekoj mu veruval.Se vo negovoto odnesuvanje,postapki i prezemeni obvrski se sveduva na manipulacija,simulacija ili sirenje lazna nadez.Kvotata na neodgovornost ja nadminuva sekoja najoptimisticka varijanta na dlabokovernite deka covekov mislel i rabotel za nivno dobro.Gi obvinuvase za nedobronamerni site koi go razotkrivaa sprotivnoto,ama dodje denot i samiot si prizna.So odredena cel i losa namera.Kako se sto napravi za imidzot na zemjata.Porakata i propagandata za sto i kako bi glasal e vrv na najgolemiot cinizam na"taka mi se SAKA" politikata sto ja vodi.Jasno e deka saka potop po nego.Se e vo taa nasoka.Nikoj ne moze da predvidi kolku zlobata moze da go osokoli covek na koj i onaka mu e seedno za interesite na gragjanite i drzavata.Se merat samo posledicite po nea.Garant deka ke gi ima.
Од: silvester, Sidnej
Датум: 26.04.2010 03:02:38
I cekase dolgi godini da si ja otkrie tajnata deka bil protiv....Dolgi godini na iscekuvanje, manipuliranje na javnosta, izolacija, mrtva ekonomija.... Toa e samo eden glas, pa makar bil i od premierot. Narodot e toj sto ke se izjasni.....NARODOT, A NE TI. - Turska demokratija.
Од: Kimov
Датум: 26.04.2010 03:20:14
Za se vkupna upotreba Makedonija veke ima 130 zemji sto ja priznale pod ustavnoto ime. Ima i drugi zemji koi cekaat da ne priznaat pod ustavnoto imeda samo cekaat da pomine ovaa ujdurma na EU. Vo Grcija nema Makedonija nema Makedonski narod zosto da se narekuvame Severna Makedonija.
Од: Hari
Датум: 26.04.2010 03:22:20
Nie ziveeme vo severniot del na teritorijata Makedonija. Nacionalniot identitet kako makednci poteknuva od 1945 godina, aped toa nekoi se izjasnuvale ili kako srbi ili bugari. Toa se istoriski fakti no dobro gi koristi Firerot makedonski da go manipulira ovoj prost narod i da go milze i tolci. Ne e vinoven Gruevski, vinoven e narodot.
Од: diplomat
Датум: 26.04.2010 03:23:46
Albancite vo makedonija nemoze da bidat zaloznici na nelogicnosta i licemerstvoto na gruevski koi od edna strana,vo 2006,mu se brzase za NATO i EU,covekot nemozese da ceka,pa barase i predvremeni izbori za pobrz vlez,znaejki deka zatoa treba da glasa i grcija,znaci kompromis so grcija okolu imeto.Od druga strana celo vreme glumese pregovori,dodeka na teren gi sprovede site svoi metodi,preimenuvanja,antikvizacija,direktna diskriminacija vrz albancite,mozen konflikt,znaci opasnost od regionalna destabilizacija-zatoa zapad ke go pritiska grcija,no bez uspeh:niti grcija popusta so antikvizacija,nitu destabilizacija,ahmeti ne paga vo zamka,ne izleguva od vlasta!Mu preostanva da organizira referendum za imeto,i da glasa protiv?!Golemite sili,od koi zavisi postoenjeto na MK,jasno mu kaza za sesto,pa i za referendumot go predupredija,deka se protiv,no ako on organizira,mora da uspee!!!Toa znaci bez kompromis za imeto nema drzava!!!Gruevski doagja vo sudir so SAD i EU!!!
Од: oxox
Датум: 26.04.2010 03:55:16
Аналитичарите коментираат дека Груевски, конечно, признал оти цело време го компликувал преговарачкиот процес и се криел зад референдумот Hahaha e od kade dojdovte do vakov zaklucok....Gruevski e potpolno vo pravo nema normalen Makedonec koj ke prifati vakvi gluposti.....I ako veke ima referendum i Makedoncite vo dijasporata da glasaat .... Sto se odnesuva do ekspertite od tipot na Pendarovski i Frckovski daj be ne se brukate ako ovie karakteri se eksperti togas Obama e Kinez.......
Од: nacional-patriot
Датум: 26.04.2010 04:21:56
Jasno bese deka kompromis nema da ima.Pendarovski veli deka imalo ocekuvanja za dogovor,no takvi ocekuvanja imaa samo neinformirani i politicki nepismeni luge.Izgleda i toj e takov.Ramadani prodolzuva vo negov stil da si kazuva negovi licni zelbi.Pusta negova zelba e deka ima nekakvi sili vo VMRO-DPMNE za dodavka na imeto.Za negova zal takvi sili nema,a onie sto sakaat promena na imeto,veke se kaj pateticniot Boskovski.Da mu pojasnam na onoj so potpis realist deka Gruevski nekolkupati ima izjaveno za stavot na vlasta,a toa e dvojnata formula.Toa znaci edno ime za Atina,a za cel svet i megunarodnite organizacii samo Makedonija.Znaci za vlasta ne e prifatlivo nitu sevkupno,nitu delumno imeto Severna Makedonija.
Од: pameten
Датум: 26.04.2010 05:48:16
Samo narodot mozhe da odluchi za imeto! No narodod mora da bide INFORMIRAN za sushtinata na sporot i za svojata vistinska istorija. Nemame vrska so Antichka Makedonija, no so vekovi nashite se osekjale del od Bugarskiot narod. Ochiglednata geopolitichka nemozhnost za Bugarska Makedonija rodila idejata da se raboti za poseben Makedonski narod i jazik. Taa ideja vo 1903 bila marginalna, no megju vojnite narodot bil teshko podelen na Makedonci i Bugari. Makedoskata opcija triumfirala po 1944, no za da se zachuva taa mora da se pomiri so svojata istorija. Togash sporovite kje se rashat prekonokj.
Од: Brian, canada
Датум: 26.04.2010 06:30:20
izjavata na premierot e precizna i go odslikuva raspolozenieto na ogromniot del na makedonskat a populacija. Vas gospoda ne vi se dopagja, i toa e vas problem. Gruevski megju drugoto i poradi problemot so imeto i stavot na VMRO gi dobi ubedlivo izborite. Mislam deka i novinarite ja razbiraat porakata iako se pravat nedovetni. Koristenje na imeto " Severna" nema da pomine NIKOGAS za sevkupna upotreba. Makedonija ostanuva za upotrebana za site zemji koi ne priznale pod ustavnoto ime, ostanatite kako sakaat. Bidejki ustavnoto ime nema da se promeni, toa ostanuva edinstveno validno za koristenje vo site megjunarodni organizacii. Vremeto raboti za Makedonija.
Од: novoselec
Датум: 26.04.2010 06:39:46
Nie sme nacija naselena vo site sosedni drzavi i vo dijasporata bez razlika na brojkite od popisite vo niv. Na grcite im treba potpis od Republika Makedonija da ja ozvanicat asimilacijata na egejskite makedonci. Tockata na poslednata recenica na takov eden dogovor kje znaci tocka na raznebituvanjeto na makedoncite bez razlika kade ziveat. Tie "Severna Makedonija" kje bidat "severnomakedonci" ili "makedontsi" a egejskite kje stanat "makedones". Po avtomatizam, makedoncite vo ostanatite sosedni drzavi i vo dijasporata kje bidat "pusteniniz voda". Opozicijata ne smee da go koristi ovaa prasanje za politicki marketing. Taa apsolitno e vo pravo da ja kritikuva vlasta, tos i e rabotata po definicija. Ame ne moze da se licitira so imeto. Prikaska za mali deca e da sme go smenele imeto ama ne i identitetot. Pa sto e togas srzta na eden identitet ako ne naslovot?
Од: lesmando
Датум: 26.04.2010 06:41:28
Vo Makedonija, kako site sto se zanimavaa i se zanimavaat sega so prasanjeto za imeto od visoki pozicii da ne se dorasnati za da go resat problemot, a rakata na srce i novinarite, kako Vie so ovoj tekst, ste mnogu nisko kotirani i nedovolno ozbilni. Edino, vo site ocie dvaesetina godini, Narofot na Makedonija e muder i edinstven. Koga ke dobieme vlada koja ke go razbere i napravi ona sto narodot go bara? A, toa e: Nema pregovori za imeto i nema pridobivka koja e ednakva na toa da se smeni, pa makar i so najmala korekcija. Promenata na imeto e predavstvo i narod sto toa ke go dozvoli ne zasluzuva poveke da postoi-posebno, ako toa treba da go stori pod vakov silen pritisok od Grcija i nekoi akteri na aktuelnata megjunarodna politika. Zostonie treba da go storime ona sto mikoj dosega vo istorijata ne gotoril pod pritisok i bez sakanje-duri i koga bil poroben?!
Од: Црвената линија е:
Датум: 26.04.2010 07:09:53
Не, за промена на име на државата која веќе е признаена под уставното име.
Од: Какво ново име, каква примена
Датум: 26.04.2010 07:19:04
Насловот не е точен. Груевски не се изјасни за името! Груевски се изјасни само за примената на името! Тој објасни дека не сака име за севкупна употреба. Таа изјава е сепак позитивна, иако тоа многу пред Груевски требаше да го каже опозицијата. Се уште не се родил политичар во Македонија кој ќе каже јасно - Нема промена на името!!!!!
Од: забеган
Датум: 26.04.2010 07:24:58
Кој Забеган може да го разбере Премиерот????????.Ова неприхватливо она исто така што се СЛУЧУВА сега демек ова е Најприфатливо???.Па ќе го дадел на референдум.Ова можеше да го стори многу поодамна.Името с.Македонија било прихватливо ама тој ќе гласал против.Ова оди по она види му умот крој му гаќи на овој НАРОД.
Од: Sanaderov sindrom
Датум: 26.04.2010 07:30:04
Samo na politicki slepci ne mu bese jasno deka Gruevski celo vreme "glumese" pregovori, a pravese se istite da se kocat.Gruevski kako licnost uste od detstvoto e optereten so animozitet kon Grcite, i takva licnost ne moze da najde kompromis. Negoviot obrazoven , diplomatski i intelektualen kapaciet e skromen i toj edino e mocen da manipulira so masi cie kulturno i obrazovno e marginalizirano( za zal vo MKD preku 70% se takvi) i so patriotski raplamtenite nasinci od dijasporata, za koja 100 stapa po tudj grb ne bolat,pa izvikuvaaat " patriotski paroli na izdrzlivost" od dalecina na 5000 km, i si vozat "americki karovi i jadata fruta od New Zealand", a ovde predlagaat MKD da ja napravat " crna dupka" na Balkanot i vo Evropa. EU i SAD seto ova dobro go znaee , i voopsto nema da me zacudi ako se sluci i kaj nas " Sanaderoviot sindrom". Mozebi toa e i edinstven izlez za resenie na problemot .
Од: Лазо Стефанов
Датум: 26.04.2010 07:38:48
Груевски го забрзува доближувањето до својот крај како политичар. И референдумот и предвремените избори може да испорачаат поинакви резултати? РМ е очигледно пред пресвртница. Но овој пат граѓаните, за првпат во нашата историја, ќе ги разлачи вистинските од лажните патриоти во самите собитија, а не одпосле, како што досега ни се случувало.
Од: vlado
Датум: 26.04.2010 08:02:50
grujo se izjasni po ova prasanje i toa "maski"i bas bi bilo interesno da go vidime stavot (po moznost nedvosmislen)na brane ama jasno i glasno
Од: Митре од долнодупени
Датум: 26.04.2010 08:05:44
Рекол умни работи.Рекол она што очекува народот да го рече.И Љубчо нешто рече, па како попче го потпиша Охридскиот договор! Ова е само одржување на рејтингот, двозначност на изјавите - за влечење за нос на народот и политичарите однадвор, замајување на сите ,но до кога.На него му е убавина со пари,статус,станови,улижувачи,виртуелна стварност. Дајте сите на народни кујни,егзистенција на точкици ( пред шеесет години било така). Каде е економијата,каде се осумте милијарди или се егзистира со подгревање на хистерија,поделби,непотизам,партизација... Тоа денес никој не го спомнува - сега е важна изјавата на Груевски, та тој дава секакви изјави - по потреба, за дневнополитички цели. Каде е тука Македонија и како понатаму?
Од: A zmijskoto okce?
Датум: 26.04.2010 08:07:49
Zivotot go davame, imeto ne go davame!!! Ama i zmiskoto okce ne si go davame. Premierot se fali deka svetskata kriminalistika ke se zbogatela so primerite na vladata za borba so organiziraniot i neorganiziraniot kriminal. Ama ne kazuva kolku se sega dnevnite prilivi na sredstva od naplatnite rampi??? Ili mozebi so akcijata zmijsko oko se smenija samo inkasantite i kasata ?!?!?! Na nekoi naplatni rampi gi nema vekje ni kamerite. Ako nema zmijsko oko, nema nitu kriminal.
Од: Стојан
Датум: 26.04.2010 08:20:31
Грујевски се изјаснил. Па нормално. Зар има некој во Македонија кој има “вуна“ во ност па да го промени името? Да го видиме тој “маж“. Какви ќе му бидат каќите?
Од: apologet
Датум: 26.04.2010 08:20:43
ne veruvam deka nekoj saka promena na imeto.No bidete sigurni deka Grujo e predavnikot, ne zatoa sto ke go smeni imeto(a ke go smeni) tuku zatoa sto laze i nema nikakva ideja.Vistinski sposobniot politicar pregovara vo odbrana na nacionalnite interesi , bara i iznaoga resenie.A novinarot se gleda deka "iska ama ne mu stiska".
Од: film
Датум: 26.04.2010 08:24:48
Tesko na narodot so vakvi eksperti. Ne znam dali da placam il da se smeam. Imeto si ostanuva narode makedonski, ne vi e tuka grujo vinoven za nisto. Ako dojde do referendum, veruvajte dekai dijasporata ke ucestvuva i deka imeto nema da se promeni. Ne melete prazna slama.
Од: prilep
Датум: 26.04.2010 08:27:34
Jasen e odgovorot za sekoj koj ima pari da go pomine mesecot a za toj sto nema ni edna nedela da pomine ke se poduma gospodine gruevski za tvojot odgovor i ako si tolku golem patriot zemi resigi problemite so denaciolizacija...
Од: stip
Датум: 26.04.2010 08:30:06
site vie sto ste protiv imeto republika makedonija treba da se sramite i napustete ja, nia ke ja socuvame.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 26.04.2010 08:53:32
Оваа изјава ми прилега на ударите на Кличко,таму барем има противници кој собрале храброст да се спротистават.Тука имаме фингирани противници кој се незадоволници од гумарабика профил.Прво дајте еднаш став,добиваат став е сега откриваат да цело време се имало став демек некооперативен.Се урниса гумарабиката презентација на тинк-тенк собраната дружина ептен тешкаши во Охрид,кој иако симулативно го урнисуваат дигнитетот на државата,башка самопрогласениве виножитни ,,експерти,, по се и сешто.Ина крај премиерот не се согласува за ЦЕЛОКУПНАТА ПРИМЕНА на промената на името,што е сосема во ред.
Од: Goce
Датум: 26.04.2010 08:57:33
I posle Grcite ne sakale da se resi sporot!!! Konecno prizna deka GRUEVSKI samiot ne saka da go resi sporot. Koj kje odgovara za mizerijata na moeto semejstvo!?
Од: marjan
Датум: 26.04.2010 09:18:02
Tekstot e so eden zbor antimakedonski. Vidovte kakvo fijasko dozivea sobirot vo Ohrid. Grckiot nevladin sekto bese poekstremen od Karadzaferis. Blagodaram
Од: vucko
Датум: 26.04.2010 09:19:31
Dali imame nie nekoj drug izbor pa da mu ja mislime,Jas kolku sto gledam NEMAME.Ima samo edno prasanje : SAKAME li nie vo EU ili NE EU postavuva uslovi ako nekeme ima dase izjasniem i toa sto pobrgu p 5ada vidiem na sto sme ,siromasi bevmei siromasike ostaneme,gledajki kako drugi nesto pravat mislevme i ne dek amozeme am izgleda neodi taka napred.Nie izmislivme kola so 5 rikverc brzini i edna napred ama nikako da ja pogodime i taa edna .Ve ko so godini DEMEK intemzivno se dogovarame a osnovno pravilo e deka ako posle tolku vreme ne sme se dogovorile NEMA NI DA SE DOGOVORIME zatoa sto NEZNAEME,NESAKAME i vsusnost i neznaeme zasto pregovarame.Sme se blokirale i ni dole ni gore i samo dvame izjavi od tipot nem aresenie za koj e postar JAJCETO ili KOKOSKATA koga nekoj ke go definira ova i ni ke dojdeme do resenieto.DA si gi zasukame rakavate site 2 miliona vo MK i da si rabotime bez zanesuvanej za nekoi golemi biznisi ,nie sme na rabot na bankrotstvo a ne da ocekuvame stranski ivestic
Од: petre
Датум: 26.04.2010 09:21:57
Premierot e za pofakba,samo taka moze da se zacuva imeto i identitetot,a Vie od utrinski vesnik ,konecno svatete deka dosadivte so kritikite kon ovaa vlast.Prasajte gi vasite od SDSM kako sakaat da se vikame.Tie bi smenile i ime i identitet samo da dojdat na vlast.Ako vaka prodolzite ke gi izgubite citetelite.Ednas da napisevte nesto pozitivno za vlasta ke bese poinaku.Site pravi Makedonci ja poddrzuvaat ovaa vlast.Ne se menuva ime,ne ni treba EU.
Од: Јован АН
Датум: 26.04.2010 09:31:20
Од омраза (или фабричка задача) према Груевски не ја гледате Македонија!Срамота!Зарем Вие се согласувате со Северна Македонија?Да ли сте свесни или се правите недоветни зошто Грција инсистира на Северна Македонија?!?Што добива Грција со тоа?Што би добила Македонија и Македонците со тоа?Што би изгубиле - секому му е јасно! Доста обработувате за нашите соседи!И кој симулира преговори?!Фрковски од мемоарите на Глигоров!Андов што бегаше во Солун кога се прогласуваше независноста!Ветон Сурои кој не сака да го спомне нашето име!
Од: terezija
Датум: 26.04.2010 09:32:59
Definitivno se "izbori" za svojot spomenik ushte na zivot "NAJPATRIOTSKIOT" ni Premier... Bravo za SAMOBENDISANIOT - sega Narodot e siguren deka vakvo dete ushte ednash majka ne ragja !
Од: Mene mi e DOSTA
Датум: 26.04.2010 09:34:03
Ne prifakame nikakvo drugo ime osvem naseto ime a toa e Republika Makedonija. Da se prekinat site vrski so nasiot Los sosed i da se stavi kraj na pregovorite so Grcija - ako imaat problemi neka si gi resavaat doma itaka veke imaat finansiski problemi i mnogu raboti vo nivnata drzava ne se kako sto treba.... Sum se rodil vo Makedonija Ziveam vo Makedonija JAS sum Makedonec
Од: snajper
Датум: 26.04.2010 09:44:23
grujo isto kako i branko veke oddamna se izjasni deka e protiv toa drzavata da e clenka na NATO i EU. So nivniot koncenzus vo Bukurest okolu stalinistickiot predlog so dodavkata 'skopje' jasno pokazaa koi se tie i koja politika ja sproveduvaat vo drzavata (kako i vonrednite izbori koi trebase da go donesat branko na vlast, prema nivnoto scenario da se obstruira vlezot na drzavata vo ovie megunarodni institucii so vecno kruzenje na vlasta vo krug). I normalno i se ova e sprema istoto scenario na predvremeni parlamentarni izbori, kako da se stigne do niv.
Од: Bobo toronto
Датум: 26.04.2010 09:44:33
Makedonci bilo od koja partija da ste imeto ako go smenime zapamnete deka makedonija nema poveke da postoi idejata na evropa e taa da sozdade golema albanija i makedonskiot narod i jazik da iscezne za sekogas bidejki od sekogas na balkanot sme bile trn vo oko na site zato povik do site barem bidete obedineti za imeto Makedonija a potoa bidete si pak simatizeri nakoja sakate parija ako ima referendum izlezete i kazete NE na evropa i grckata raspadnata drzava koja sekoj den tone i se plasi da go izgubi egejskiot del
Од: k
Датум: 26.04.2010 09:45:59
mislam deka premierot ja laze cela nacija,za da ne go izgubi rejtingot ,se ke zavrsi koga ke se meni imeto i duri togas rejting 00000,sto mora da se meni samo ubavo e da se zacuva inentitet i se drugo ,i sto deka ke bideme s.mak. mene nekoj koga ke me prasa od kade sum ne ku mu kazam s.mak ,normalno samo makedonija a i taka site ne znaaat,pozzz narodee makedonski
Од: nekoj
Датум: 26.04.2010 10:21:58
Bravo Gruevski, ti si so narodot, na kogo ne mu
Од: h
Датум: 26.04.2010 10:27:11
ako tatkoti e albanec ti sto ce bidis makedonec ne znaete sto zboruvate
Од: todor
Датум: 26.04.2010 10:28:56
Конечно да им стане јасно на тие што веруваат во Грујо дека тој не ја сака Македонија во НАТО и ЕУ туку во прегратките на Блгарија, зарем е случајно што и тој беше дел од предавничката влада на ЉуБчо/
Од: gv
Датум: 26.04.2010 10:43:40
Izjavata na Grujo dadena vo Zol.gradina e protiv vleguvanje na RM vo EU i NATO .A celo vreme zboruva deka e mestoto na RM vo EU i NATO.
Од: Karokan-gambit
Датум: 26.04.2010 10:49:37
Bravo Felikse,a bravo i za mene sto odnapred znaev sto mozam da ocekuvam vo tvoite pisanija,bez razlika dali vo nesto se demantiras i samiot. Tocno,kako da te udaril Klicko, Simulacijata na pregovori vo Ohrid i nasite eksperti so gumarabika profil?? Grckite eksperti ne se so gumarabika profil??????? Vo sto megju dvata tima eksperti e razlikata.Vo glavata na Felix i ostanatite porcelanski profili!!!! Grckite eksperti ne se soglasija so site predlozi na nasite eksperti i tie se patrioti????? Nasite eksperti ne se soglasija so site viduvanja na grckite eksperti,ama tie se predavnici????? Nasite go urnisuvaat dignitetot na drzavata,grckite ne go urnisuvaat dignitetot na nivnata????????? (Trebase so kamenja kako na lizgalisteto-toa e porakata na "patriotite",a ne dokaz deka moze da se razgovara i pregovara i da se bara izlez)!!!! Patem,g-ne Felix,pocna mecot vo Sofija,vo prvite dve partii nemase karokan-gambit.Ti garantiram deka nema da go ima nitu do krajot na istiot. Ti prak
Од: Glup Pejo
Датум: 26.04.2010 11:05:53
Makedonskiot narod go podrzuva Gruevski kako sto srpskiot narod go podrzuvase Milosevic. Bidejci nie, na celo so DPMNE, sme vo pravo a celiot svet e vo krivo, svetot ce propadne a nie ce prosperirame. 130 drzavi ne priznale i ne podrzavaat. Tie investiraat vo Makedonija, a ako dojde zort spremni se da ginat za nas.
Од: George
Датум: 26.04.2010 11:23:43
Погрешен наслов, погрешни аналитичари, погрешни заклучоци. Замена на терминот со некој соодветен термин за меѓународна употреба, можеби ќе помине. Се друго, нема шанса. Тоа е што кажа премиерот, тоа е што сака народот (барем 99% од Македонците), тоа е можеби последниот компромис кој Македонија може да го направи во врска со проблемот кој го создаде нашиот јужен сосед, пред повеќе од 100 години. Ќе речете 100 години? Па да, ова не е од вчера. Само некои недоветни експерти, симулатори, се согласуваат да не се гледало во историјата, а не гледаат дека во историјата на 20 век лежи проблемот. НЈС се обидува на секој начин да уништи односно присвои се што е македонско и скоро сите постапки, а во последно време она „ерга омнес“ , се граничат со геноцид. А доколку пак ние сами би прифатиле на пример 'северна' за севкупна употреба, тогаш тоа е автогеноцид и нема разлика со тоа дали ќе се викаме 'марсовци' од земјата 'Марсовија'. Само мудрост, слог, љубов и истрајност за Македонија.
Од: Volkasin Mrnjavcevski
Датум: 26.04.2010 11:26:06
Bi mozelo na predstojniot raferendum da se dodadat uste 2 predloga " Juzna Srbija" i "Makedonistan" pa koj kako saka neka si glasa, taka i referendumot ke bidne 100% demokratski
Од: Трпе
Датум: 26.04.2010 11:31:20
Ниту една тајна не е трајна,секогаш излегува на виделина.Но нашиот ни бладетел кој си игра племиел,сака со лага да опстојува како ага.Но така е кога прост народ паѓа на евтини штосови со лажен патриотиозамСега и ова изјава дека Глујо ке организира референдум и тој би гласал против.Па тогаш зошто му е овој референдум,но сигурно нема да троши сопствени пари ,тоа се пари на македонскиот народ.А овие кои му веруват,зарем не гледат што се случува во опкружувањето.Ако се сака да се придвижиме напред,нужно зло ни се НАТО и ЕУ.Зарем не се гледа како напредува Албанија,кави инвестици и пристигат.Со вакво раководење,останавме дупка во Европа.Но по туѓ грб сто стапа се малку.
Од: Тоше
Датум: 26.04.2010 11:37:04
Се покажа дека премиерот за ‘политикантство‘ има оцена 5, а за ‘државништво‘ - оценка 1. Го излажа својот народ и во 2006 и во 2008 дека е способен да биде државник.
Од: DEMOKRAT
Датум: 26.04.2010 11:40:15
Citam i se cudam , MAKEDONIJA e demokratska drzava sekoj poedinec ima pravo na svoe mislenje i samoopredeluvanje zatoa gi molime site sto ne se MAKEDONCI da se drzite ponastrana od izjasnuvanje za imeto. VO MAKEDONIJA sekoj narod od sosednite drzavi ima pravo da se izjasni koj e i sto e , zatoa ve molime pocituvajte si gi pravata i prestanete da s....... za MAKEDONIJA I MAKEDONCITE.... MKD ZASEKOGASH....
Од: meto
Датум: 26.04.2010 11:58:14
Pa koj normalen bi prifatil ime za sevkupna upotreba i za vnatresna upotreba i vo pasosi, toa e kapitulacija..Premierot kaza pravilno, Grcite baraat za sevkupna upotreba a najmnogu sto nie bi prifatile e promena na FYROM vo nekoe ime i za tie zemji sto ne ne priznavaat kako Makedonija, znaci samo za tie sto ne vikaat FYROM i toa e najdobro resenie.,..Kako mozi da kazuvate deka e loso toa sto premierot ne bi glasal za ime za sevkupna upotreba, toa grcite baraat ama zatoa se pregovara da popustat i tie od toa i nie nesto..sto bi bilo ako prifatime za sevkupna upotreba , toa znaci deka grcite dobile se sto barale... malku razmislete, treba da se dobie najmnogu sto mozi a ne odma da se prifati toa sto saka Grcija..kako mozi novinarite da pisuvaat vakvi raboti i se da odi vo prilog na Grcija, toa e strasno i sramno..svestete se malku sto pisuvate..ako e demokratija ne znaci deka sekakvi gluposti treba da se pisuvaat....
Од: AD
Датум: 26.04.2010 11:58:59
Ни треба влез во НАТО и ЕУ, бидејќи ни треба безбедност и иднина за нашите деца. Во однос на начинот како ќе се направи тоа - имаме легитимно избрана влада што треба да решава. По однос на референдумот и гласањето на дијаспората - НЕ. Не може некој што живее во Австралија и што му е многу убаво таму, да ми одлучува како ќе живеам јас овде. Ако е толку голем МАКЕДОНЕЦ нека дојде да живее овде, да ја споделува нашата ,,преродбеничка,, судбина и тогаш нека гласа.
Од: јас
Датум: 26.04.2010 12:02:40
Значи овчарот конечно го кажа својот став ( пак во служба на се’ помалиот рејтинг)!! Тој ��е бил за промена на името во Северна Македонија..А зошто само чекаше 4 години ????? Па за да им го направи кеифот ( и да си го подигне рејтингорт , кој несоприливо ПАЃА) на „најпатриотите -портокали “ од типот на Кимов, национал-патриотот и еден куп иселеници , кои со години не ја виделе Македонија ,а пишуваат „патриотски “ коментари за несменување на името..Запрашајте се „патриоти““ дали за Македонија е во ред да води инает со ЕУ и Грција , по цена да биде престигната и од Косово и од Босна и Херцеговина и Македонецот да преживува со мизерна плата под 100 евра , притоа да биде горд дека не го менува името , ама корења јади, а во исто време овчарот и фамилијата му , да си ГИ ТОВАРИ МИЛИОНИТЕ ЕВРА и по завршувањето на мандатот , ДА СИ ЈА ЛЕТНЕ во туѓина , исто како неговиот ментор ?!!
Од: Дете бегалче - во сопствената земја -До: „Българите“
Датум: 26.04.2010 12:11:27
Веќе и не ме зачудува фактот што се јавуваат огромен број „Македонски Патриоти“што јасно нагласуваат дека овој народ се „осеќал“како „дел од бугарскиот народ“!Трагично е што ваквите сподоби,најчесто се потпишуваат и искажуваат себеси како: nacional-patriot, pameten,Патриот,makedonec,Kultiviran Balkanec... Но не е чудо,навикнавме на „патриотите“,особено на оние кои се удараат во градите!И не е проблем во Македонија да се признае постоење на Бугарска нација!Реално,тие постојат!Токму како што во сите гранични реони,постојат припадници на другите соседни држави!Проблемот настанува кога се кријат под Лажниот патриотизам,обвинувајќи ги сите други за србоманство и дека не постојат други во РМ,освен Бугари!Заслепени и самите убедени дека тие и Терористите од BМRО,отсекогаш се бореле за Македонија!Ајде,нека прочитаат и за тоа Зошто бугарската држава ја Забранила BМRО во 1923,а нивниот премиер и стотици други платиле со глава!Можеби ќе им се разбистри во умот!
Од: vodno
Датум: 26.04.2010 12:11:54
So vakov premier i narod sto misli kako nego ne zasluzuvaat nisto tuku samo izolacija,bezrabotica,nevidena siromastija,za stranski investicii ni zbor.So eden zbor srekna nova '49
Од: Balkanac
Датум: 26.04.2010 12:21:21
Јас не сум Макенонец по националност јас сум Албанец но навистина се чудам со ВАС Македонците како можете да дозволите да ви дојдат грците овде во Охрид и ва ве оценуат толку многу и вие молчите сите заедно. И замислете што ке се случеше ако ВИЕ Македонците одите во Грција и му кажувате на грците да го сменат името, сигурен сум сто посто ке ве убијат сите. А бре луге зошто молчите за вашата Македонија, за вашиот идентитет, култура и сешто. Грците не се грци а тоа го знаат сите, Тие се мешавина од Албанци, Турци. Бугари. Грција има проблеми со сите соседи, со Турција, Албанја, Македонија и на некој начин и со Бугарија. Како може да се толерира ваково однесување на една држава која е членка на ЕУ и НАТО. Немојте да го смените името инако ке жалите потоа со векови.
Од: Sudija so iskustvo
Датум: 26.04.2010 12:50:12
treba RM da im reche na stranite faktori deka nie ke go reshime problemot so IMETO na poinakov nachin! Ke pregovarame, ama ke pobarame vo septemvri i Sovetodavnoto mislenje (preku Generalnoto sobranie na OON) od Megunarodniot sud za legalitet na denominacijata BJRM i obvrska za razgovorite za imeto (praven identitet)! Znachi treba na stranite dipomati da se kazhe da pristapuvame kon pravno reshavanje na problemot i nema da primarno barame reshenie preku razgovori/pregovori za imeto!!
Од: dedodimo
Датум: 26.04.2010 12:51:15
BRAVOS ZA PREMIEROT NIKOLA GRUEVSKI , covekot e 100%vo pravo .Nikoj nema odobrenie vo vladata od narodot za pregovori ili razgovori .Makedoncite znaat kajo se vika nivnata zemja .Makedonija e zemja na site luge shto ziveat vo nea i ubeden sum tie shto se za promena na imeto se malku i se predavnici.Ako dojdi nasilna promena za imeto od koj i da e od vladata mozi Makedonija da gori vo plamen kako i TAILAND.Narodot znaat do kade da trpat, toa se desi i vo Romanija a kade e Chaushesku sega .Poraka i do nemarnite novinari . Branetegi interesite na svojata zemja shto ve rodila i porastila, inaku brishete shto pobrgu kaj vashite MILENICI nadvor od MAKEDONIJA.
Од: Илче
Датум: 26.04.2010 12:54:44
А Стево Пендаровски е репер за нешто? Мислам, извинете, професор бил на Американскиот колеџ, божем тоа му дава право и доблест да дава недоквакани изјави? Страшни работи можеш да слушнеш од нашиве т.н политичари! Па уште и ова го немав видено и слушнато: новинарите да ја преземат улогата на политичарите, а и дотичната телевизија ќе изведувала симулација на спорот? Добро бе, има останато некој нормален во државава наша напатена? Страшно мислам дека симулаториве не се баш нормални - Фрчковски, Андов! Ај, секое добро.
Од: the Macedonian
Датум: 26.04.2010 12:55:12
znaci vo potpolnost se soglasuvam so stavot deka so imeto na Makedonija nema moznost za pazarenja i potkusuruvanja. 100% makedonija, a grcite ako sakaat da se razlikuvaat od nas, neka se vikaat grcki makedonci...nie ne mozeme da se vikame makedonski makedonci, ili tie racunaat deka nie ke se vikame severni makedonci.....a kako toa koga nema nema juzni makedonci????MA DAAAAJ ne davete veke. ImETO ne e za prodazba!!!
Од: citatel
Датум: 26.04.2010 13:07:09
Spored mene site komentatori se zalepija na pomalku vaznoto od intervjuto. Setete se sto se izjavuvase site ovie godini. Deka na referendum ke se postavi predlog koj za VLADATA ke bide PRIFATLIV kako resenie no sepak krajnata odluka ke ja dade narodot. E sega ako Gruevski kako premier (vo prevod VLADA) go postavi na referendum navedeniot predlog togas TOJ go smeta za prifatliv, a toa sto veli deka licno ke glasa protiv e nisto drugo tuku REJTING.
Од: Nikola-Vlav od Germanija
Датум: 26.04.2010 13:22:29
Izjavata na Gruevski e zacuduvacka,zosto jas ne znam za toa deka megjunarodnata zaednica ja pritisnala MK da prifati takvo resenie,pa nema logika javno da izjavi deka bi glasal protiv!No sustinski gledano,go delam mislenjeto na Premierot:DA za Kompromis kako zamena za "FYROM";dodeka NE za SEVKUPNA MEGJUNARODNA upotreba!Jazikot,Kulturata,znaci Idenitetot,MORA(!) da ostanat MADECONIAN,a nikako "Makedontsi/Makedonski" bez moznost za prevod!Ako Makedoncite bi se soglasile so resenie po GR-zelba,togas neminovno vo najmala raka ke stanat predmet za potsmev vo regionot,a i posiroko;da ne zborime za Agitacijata vo sosedni zemii,znaete na koi mislam!Vladata ja ima mojata moralna podrska ako se izbori za rsekoe esenie koj ne go negira Makedonskiot Identitet po moznost,toa da ne nema reperkusii vrz zemiite sto ja priznaa MK pod nejzino ustavno ime!Najvazno e sega,MKskite Politicari da dogovorat ZAEDNICKA NACIONALNA Strategija po ovoa bitno prasanje,bidejki samo taka ke se zajakne pozicijata na MK
Од: ORCE MAKEDONSKI
Датум: 26.04.2010 13:37:27
Za ova prasanje samo ALEKSANDRA M MITEVSKA I OLEVRA VEJANOVSKA da gi dostavat site moj komentari vo vrska so ova prasanje vo kolku e neophodno da se najde naj pravilnoto resnije za nasata SVETA I MILA MAJKKA RM ,a toa e samo CENTRALNA REPUBLIKA MAKEDONIJA ,napomenuvam do kolku e neo phodno ,a kako predlozi EVROPSKA REPUBLIKA MAKEDONIJA ,BALKANSKA REPUBLIKA MAKEDONIJA ,a OD ponovata istorija SVETSKA REPUBLIKA MAKEDONIJA I TOA samo na REFERENDUM i konecna POBEDA ZA RM,POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA
Од: митко
Датум: 26.04.2010 14:48:18
Доста се занимаваме со тоа кој е поголем македонец.Премиерот си го кажа своето.Па сега да се видиме.Дали сме МАКЕДОНЦИ или не сме.
Од: Резервов
Датум: 26.04.2010 15:07:00
Добро, бре, немате ли друга работа, туку само се навредувате меѓусебно. Да се чуди човек што народ живее во државава. Ниту некој ќе менува име, ниту некој ќе ни помогне ако го смениме, ниту пак ни требаат Европа и НАТО. Ниту Груевски ниту Црвенковски, или кој и да е има право да менува име на еден народ, кој што веќе се определил. Подобро Груевски да се потруди да функционира македонската економија, а не да се занимава со грците. Они сами за себе не знаат што да прават, а не пак со нас да се бават.
Од: patriot
Датум: 26.04.2010 15:28:15
.....Bravo za Premierot . Taka Treba . Ostro i na prva. Konecno i javno im soopstivme na site da znaat deka R.makedonija e drzava i ostanuva R.Makedonija. Sloboda ili smrt...
Од: XML
Датум: 26.04.2010 15:55:29
Како и обично во вашиот весник може да се прочитат вакви написи за неподготвеноста на нашата влада за решавање на проблемот со Грција. Зошто нема напис дека грција ја дестабилизира Македонија, дека ја уценува, настапува од позиција на сила,измислува најразлични кованици за да не се реши спорот. Жално за вакви новинари и експерти како Пенадаровски. Малодушни ископмплексирани со зафатеност на опсесивна психоза - Груевски. Ослободетесе се веке еднаш и коментирајте ги настанатите проблеми според резулуцијата на ООН е не како што ке кажат грците. Зарем Вас не ве погодува тоа што треба да ви кажат како ке се виката дома, зарем не ве погодува кованицата македонски па на латиница да било, зарем треба Грција да каже како треба Турција нас да не вика, зарем не треба да кажете со поостар тон за правата на македонците во Грција, за Виножито, и каде се видело да се преговара со црвени линии. А вие Груевски вака, Груевски така и ве зафатила психоза. Жално, жално е веке.
Од: Весна
Датум: 26.04.2010 16:28:05
Зарем некој очекуваше конкретен одговор од Груевски, сите знаевме дека цело време лаже и манипулира, само дојде денот кога си го призна ��оа. Срамота премиере срамота!
Од: eu
Датум: 26.04.2010 16:31:39
razocaran sum ili grujo e laik za politika i eu ili saka maked da ne vleze vo eu da moze da se mrsi,kakva idnina ima mak bez eu?nikoj vo eu ne para humanitarna za operacii,nkoj ne trpi,nikade vo eu nema 700den socijala cor li e 70% nevraboteni,cor li e 2mil sme po stranstvo.
Од: Никола
Датум: 26.04.2010 16:39:31
Груевски, за жал, се уште не се изјасни за името. Се изјасни за тоа како би гласал на референдум со точно определено прашање. За да се изјасни за името, треба да каже како мисли да го ЗАТВОРИ проблемот со Грција. Доколку гласа против прашањето кое го посочи, проблемот нема да се затвори. Затоа, граѓаните се уште чекаме негово изјаснување и транспарентност или напуштање на функцијата.

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Независно зависни
Македонска делегација вратена од Бугарија