Историчарите велат дека сите 29 личности што ќе бидат на мостот „Око“ се од нашето поднебје
Деспина Трајковска
Сте слушнале ли за Андреа Гропа од Охрид или можеби за Публиј Септилиј Николај од Стоби, а ја знаете ли поборничката за права, Јулија Тертила? И да не знаете ништо за нивниот лик и дело, сепак, ќе треба да ги „поздравувате“ кога ќе минувате по пешачкиот мост „Око“ што треба да се изгради. Треба да бидат овековечени во бронзени двометарски скулптури. Никој не знае како изгледале и нивните ликови ќе бидат направени според креативната и имагинативната моќ на скулпторите, а можеби според посредните записи.
Тие се дел од 29-те личности, за кои е одлучено да го красат објектот замислен да биде директна комуникација со кејот и со зградата на Уставен суд, во кој ќе биде сместен и Археолошкиот музеј и државниот Архив.
Генерално, најголемиот дел од овие лица се анонимци за пошироката јавност, иако, според историчарите, тие имаат оставено белег во историјата на Македонија, потекнуваат од наше поднебје и се застапени од неколку археолошки периоди. Минувачите по „Око“ (чија изградба е на ‘стендбај‘, иако камен-темелникот беше поставен пред повеќе од 1,5 година) ќе се „запознаат“ со неколку благородници, антички и пајонски кралеви, кнезови, архиепископи и иконописци...
Една од нив е и Јулија Тертила, која се борела за правдата и вистината, во историјата е забележана и како добродетелка од Хераклеја, која на градот му подарила скулптура на божицата Немеза. Друштво на објектот ќе му прават и скулптурите на сликарите и зографи, Михаило и Евтихиј, чие дело се фреските во црквата „Богородица Перивлепта“ во Охрид, во „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричино и уште десетина други. Според историчарите на уметноста, двајцата иконописци се сметаат како едни од основачите на фрескоживописот.
На мостот во срцето на Скопје ќе се наоѓа и скулптура на Андреја Гропа, кој управувал со Охрид како болјарин во рамките на територијата на Волкашин, кој, по неговата смрт, станал и единствен господар на градот. Според упатените, продукцијата на монети Гропа ја започнал по Маричката битка во 1371 година. Почнал самостојно да кова монети и за кусо време станал конкуренција на емисиите на монети на кралот Марко.
Место на „Око“ ќе има и за Тит Флавиј Орест, роден во близина на сегашното прилепско село Чепигово, а во историјата е забележан како угледен граѓанин кој имал многу пари и првосвештеник во Хераклеја. Неговата обезглавена скулптура е поставена пред влезот на Владата и пред влезот на кабинетот на премиерот Никола Гру��вски. Речиси на исто ниво, по углед во општеството, забележан е и Публиј Септиј Николај. Не само тој туку целата негова фамилија била надалеку позната, а потекнувала и живеела во Стоби. Неколку колена од членовите на фамилијата биле високи првосвештеници. Се грижеле за одржување на храмовите во градот, биле главни организатори на јавните религиозни фестивали, а биле и едни од главните патрони на градот. Живееле во 3 век од н.е.
На мостот ќе се најдат и скулптурите на Хацон и Пребонд, кои биле водачите на првото големо обединување на словенските племиња на Балканот во 616 година, наречено Македонска Склавинија. Историчарите посочуваат дека за рангот до кој се издигнало тоа обединување се' уште има голем број отворени прашања. Некои тоа го сметаат за прва словенска средновековна држава. До Хацон ќе се наоѓа и скулптурата на неговиот наследник, Пребонд.
Колку јавноста и да полемизира, всушност, околу изборот на овие личности овековечени во бронза да го красат „Око“, оние што го направиле конечниот избор имаат едноставно објаснување. Тематиката на скулптурите, всушност, ќе биде симболика кон влезот на Археолошкиот музеј, кој ќе биде дел од зградата, во чиј влез директно ќе се приоѓа од „Око“.
„Сите избрани личности хронолошки ја отсликуваат целокупната македонска историја и археологија. Освен тоа, тие истовремено се и симболика на мостот, како врска со Археолошкиот музеј“, вели Паско Кузман директор на Управата за заштита на културното наследство.
Тој потврдува дека во централниот дел на објектот ќе се наоѓа триметарската бронзена скулптура на Пајонската свештеничка-имагинарна симболика на македонската археологија.
Jas sum prost covek, ama si mislam deka bi trebalo bolnicite vo Demir Hisar i Bardovci pod hitno da se prosirat i tamu da se smestat site sto tamu im e mestoto.
Од: обичен сурат
Датум: 18.05.2010 00:48:45
Ако не се знае какви им изгледале ликовите - еве јас можам да им позирам. Нема да ги кошта многу, тие и онака сега не знаат колку пари имаат од турбо штанцање на сурати и торзоа со кои толку многу сакаат културно да не вознесат.
Од: niko
Датум: 18.05.2010 03:40:15
Dali ja imate slusnato basnata za cavkata sto se kitese so tugji perduvi (vo ovoj slucaj Rimski, Grcki, Vlaski). Bese napisana od Ezop, koj kojznae moze da ispadne deka i toj e "Makedonec". Isto primetiv deka se kreva spomenik i na slovenski vodac (Prebond). Dobro bre lugje odberete ili ste sloveni ili anticki, krajot ne moze da vi se najde.
Од: Afion
Датум: 18.05.2010 06:48:47
Da bea od strumicko kje gi poznavav tuk-tam. E, a toa sto ne se od strumicko i toa sto za niv ne ni predavaa ucitelite vo ex Jugoslavija oti moravme da imame makedonska istorija od jugoslovenski tip, voopsto ne znaci deka ne treba da se zapoznaat pa makar i preku skulpturi? Eve jas sakam. Ako ne sum mozel na vremeto, sakam sega da gi zapoznaam.
Од: Istorija na kilogram
Датум: 18.05.2010 07:32:49
Ajde da receme deka e vo red da im se dade znacenie na licnosti od istorijata na Makedonija, koi tvorele na teritorijata na denesna Republika Makedonija. No, zosto nivnata vaznost mora da se meri vo kilogrami bronza?!?!?!
Ke da ima tuka i nesto poprizemno od grizata za istorijata, cenata na kilogram bronza e gore, dolu poznata. Povisoka cena, a so toa i pogolema provizija, moze da se dobie samo so povekje kilogrami.
Од: mkd
Датум: 18.05.2010 09:19:04
Ocigleden vi e tonot na tekstovite koj ne ja odobruva ovaa plemenita zamisla Skopje 2014.
Licno ja podrzuvam bidejki pokraj toa sto ke go oplemeni Skopje ke bide i Magnet za turistite koi realno mozat da ja pridvizat ekonomijata na gradot i benefitot ke bide daleku pogolem od primarnite trosoci. Edinstveno triumfalnata porta mislam deka moze da priceka nekoi podobri vreminja a se ostanato e na mesto.
Од: Cif
Датум: 18.05.2010 09:37:46
Afion e potpolno vo pravo ako sum moral da ucam i znam broj na stada i bunari vo Vojvodina zasto sega da ne se zapoznaam so makedonskata istorija, pa makar i anticka. Ne e poentata vo parite Amerikancite rabotat na nacionalnata samosvest kontinuirano, ste videl li vie Americki film bez da se pokaze zname X pati ili himnata da se provlece negde. Nacionalnata samosvest e mnogu bitna za makedonskive zbuneti generacii. Ne kritikuvajte nesto sto ne e za kritika.
Од: neredoven chitatetl
Датум: 18.05.2010 09:54:49
Кога поднебјето има толку богата историска култура, зошто ние како народ не ја познаваме?
Зошто воопшто ништо не знаеме за Јулија Тертила, која била добродетелка од Хераклеја? Можеби треба да поработиме на запознавање на сопствената историја. Уште пред 20 години моето другарче од наша соседна држава цела учебна година ја изучуваа историјата на сопствената држава! Јас историја многу малку знам (не е од моите омилени теми), но сепак уште помалку ја знам историјата на мојата родна држава.
Од: marija
Датум: 18.05.2010 10:15:08
E jadni moi novinarcina. Pa naucete nesto. Obicniot covek znae samo toa sto mu go servirale na uciliste. Ako novinarot (koj bi trebalo barem nesto poveke da procita za da napise) ne znae toa ne znaci deka nema koj znae. Zalno e koj se moze da pisuva po vesnicive. AKO NE ZNAES PRASAJ.
Од: Marso
Датум: 18.05.2010 10:36:25
Сега повторно откриваме дека сме словени???
Па зошто ли до вчера сите ме обвинуваа ако кажев дека имаме словенски background. Небило страшно да си она што си,најпосле му текна некому да прочита историја. Инвестирајте во иднината за да ве паметат како позитивно минато. Се ми е страв дека може да завршат скулптуриве како оние на Тито,Ленин и сл.
Од: КАФЕ
Датум: 18.05.2010 10:44:59
Добро бре, значи додека сме во економска криза, (а веќе дваесет години сме во неа), мора ли од Втора Светка војна до денеска да сме и во културна и историска криза. Па ова за која држава е наметето? Нели е за нашата Македонија? Или пак критиката е послатка и над се! Не, дами и господа, свртете ја критиката кон онија на кои и се даде шанса да бидат власт, да бидат на функција а речиси ништо не сторија на овој план.
Од: Vladimir
Датум: 18.05.2010 10:56:05
Navistina sega duri gledame kolku ne si ja znaeme istorijata na Makedonija. Se raduvam na faktot sto konecno se najdoa svesni Makedonci koi odlucile da se samopocituvaat onolku kolku sto e normalno a za nas na ova nisko nivo na samopocit ova ni izgleda neverojatno.
Од: Dalibor
Датум: 18.05.2010 11:01:07
Ne bidete prosti,.. videte kako e vo drugie metropoli, site imaat nesto so sto se atraktivni za turistite od cel svet a i taka se polnat so pari. Skopje kakvo sto e sega so nisto ne bi privlklo turisti, dobro e da se investira vo kulturata i da se gradi! Bravo za noviot izgled na Skopje!!!
Од: nikola skopje
Датум: 18.05.2010 12:24:16
stvarno zalno novinar da ni kazuva deka ne si ja poznavame istorijata,sega veke i vistnski veruvam deka pishuvaat i izvestuvaat po sopstveno ubeduvanje ili naracano pishuvanje.nema spremen novinar vo makedonija zatoa i site ste ni nepoznati
Од: Вукашин
Датум: 18.05.2010 12:58:41
Само напред со спомениците.Тит Орест,Јулија Тертила и Андреја Гропа се толку познати,што цел свет ќе нагрне да ги види нивните споменици.Кутриот Влатко Ѓорчев,како туристички водич,ќе припадне од водење на туристички групи! Пара,плева!Ако го има Андреја Гропа,зошто да го нема неговиот крал Вукашин (односно Волкашин!!!)?.Колку луѓе во Македонија го носат името Волкашин,а колку во Србија се викаат Вукашин?Презимето му беше Мрњавчевски?
Од: Alek
Датум: 18.05.2010 13:10:02
Za razvoj na turizam vo Makedonija so nekakvi skulpturi moze da zboruva samo covek sto ne mrdnal podaleku od Tabanovce.Vo Makedonija turizam ne postoi,a nema ni da postoi.Ne ne biva.Ne samo za turizam,za nisto ne ne biva.
Од: Луда Мара
Датум: 18.05.2010 13:30:11
Летам над Вардар и Гордо сонувам!Министерства, Палати,Музика и Фонтани...над мостот „Око“,но и под тунелот под Вардар „Нос“,како дел од Скопското метро!Насекаде,Скулптури со Лековити својства!Ме поздравува Julius Tertila,борец за човекови права и член на НВО„Навраќање кон Миракулите на Грозомората“!Се вртам,а таму Андреја Гропа,првиот градоначалник на Охрид,насмеан гордо гради Колектор!Акамир,Хацон и Rex Prebondus,дојавуваат(на коњи,секако) пресреќни,најпосле го освоиле Солун!Каде ли сега ќе купувам облека?Тука е и мојот род по машка стрина Gaius Cæsar Nero Claudius Augustus Anima Curatio Populi Maximus Stupidus!Го запалил Рим!За да го Изгради,повторно!Чист Антички Македонец!Роден во Смрдеш и во Граче,истовремено!Ене ги и Ιπποκράτης,Σορανός ο Εφέσιος и Quintus Septimius Florens Tertullianus,моите антички роднини,безуспешно се обидуваат да не излечат!Колегите од Бардовци,повторно излегле на настава во природата!Пуштете ЕПП,ве молам!
Од: spectattor
Датум: 18.05.2010 14:43:34
da vi kazam pravo brakja makedonci, jas si nemam problem so identitetot. turcin sum. ama krivo mi e za v as.vas sto del od vas ne znaat sto se. citam i se cudam. anticki spomenici, spomenici na slovenski likovi. gospod napomos neka vi e , a da vi kazam pravo i mene neka mi e, deka ovie epten zabegaa