Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Петардите на Бит-пазар и' пркосат на полицијата

По неделниот инцидент меѓу пазарџиите и полицијата, се вратија на терен пиротехничките средства

Горан Адамовски

Полициско комбе паркирано на десетина метри до Бит-пазар. Двајца полицајци седат во комбето и набљудуваат што се случува. Веднаш до комбето, на тротоарот кон поранешната стоковна куќа „26 Јули“ распослани масички, картонски кутии и чергичиња. На нив се продаваат петарди, ракети и други пиротехнички средства што е спротивно на Законот. Но, него и онака никој не го сфаќа сериозно.

Ова е вчерашната слика од најголемиот скопски пазар. По неделниот инцидент во кој поголема група граѓани го блокираа сообраќајот кон Бит-пазар, поради полициската акција против продавачите на петарди и шверцувани цигари (според верзијата на пазарџиите - полицаец удрил малолетник со автоматска пушка), работите вчера се вратија во нормала за битпазарски услови.

„Кутијата чини 120 денари, ама давај 100 и земи ја“, не' убедува еден од уличните продавачи да ја купиме кутијата со 100 петарди. На нашата забелешка дека е скапо, најпрво не' погледнува остро, а потоа продолжува да се пазари.

„Добро, дај 90, еве и 80. Поевтино нема да најдеш на цел пазар“, уверува момчето, кое нема повеќе од дваесетина години.

На неговата „тезга“ има и ракети што можат да се набават за 250 денари. Продава и други пиротехнички средства што смеат да се продаваат само во специјализирани продавници. Има жестока конкуренција и на пазарот, но и на семафорите околу Бит-пазар, каде што момчиња на возраст од 12-13 години им ги нудат петардите на возачите.

Пазарите се преплавени со шверцувани пиротехнички средства, кои, главно, се од кинеско производство. Разговор со уличните продавачи не е баш препорачлив, но, сепак, основните податоци за нивниот бизнис може да ги добиете под услов да не знаат дека сте новинар. Со стока најчесто се снабдуваат од Бугарија и од Косово, но веќе две-три години шверцот оди многу потешко, бидејќи „Бугарија е во ЕУ, а Косово е независно“.

Како и секоја година, полицијата врши редовни контроли, но петарди можат да се купат без проблем.

„Од страна на СВР - Скопје во пресрет на новогодишните и божикните празници се вршат редовни и дополнителни акциски контроли, при што во последните два месеца се запленети над 50.000 парчиња петарди, а против 20 лица се поднесени прекршочни пријави од Законот за заштита од експлозивни материи“, вели Лиза Бендевска, портпаролка на скопската полиција. Надлежните апелираат граѓаните да не употребуваат пиротехнички средства и најавуваат дека нивните контроли ќе продолжат и наредниот период.

Пиротехниката што се продава на улиците, пазарите, тезгите, во најголем број не е испитана, квалитетот е сомнителен, па поради тоа, не се ретки повредите. За граѓаните што ќе употребуваат пиротехнички средства се предвидени парични казни од 200 до 500 евра, додека родителите на малолетниците што не навршиле 14 години ќе мора да платат од 600 до 800 евра доколку нивните деца пукаат петарди.


#
Статијата е прочитана 1235 пати.

Испрати коментар

Од: Dime
Датум: 21.12.2010 12:12:17
Eden od svercerite na TV rece deka ova ne se slucuva po Strumica, Stip...Pa normalno, nikade vo zemjava osven na Bitpazar ne smee da se prodava bez strav ili sram cigari i petardi kako da se prodava corpai ili salovi. Dokolku vo Stip ili Strumica na nekoj mu najdat cigari bez banderoli ke go oderat od kazni a ne uste i da blokiraat ulici. Krimalci !
Од: забеган.
Датум: 21.12.2010 12:57:50
ГОРАН-Грешка си во насловот.Трба да ти биде ОД КОЈА ГРАНИЦА влегуват Петардите.
Од: memati
Датум: 22.12.2010 01:19:59
Ajde be se pravat spektakli so apsenje na prodavaci na smrtonosni pirotehnicki materijali ko boze nesto raboti i policijata nasa nesposobna i hendikepirana a ne se gleda kolkav zamav zemaat drugite kriminalni dejstvia

Најди! во Утрински
Хроника
Тајните тефтери на Суботиќ за шверц на цигари
Нов случај на сида во Битола
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks