Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Економија

Банкари, дајте адреналин за фирмите!

Малите фирми треба да ја повлечат локомотивата за економски раст в година, ама за да се случи тоа, бараат помош од државата и од банките

Соња Маџовска

Ако крвотокот на стопанството е малиот и средниот бизнис, тогаш итно му е потребен адреналин од банките.

Малите фирми треба да ја повлечат локомотивата за економски раст в година, ама за да се случи тоа, бараат помош од државата и од банките. Тие повикуваат, конечно, да се врати оптимизмот и замрзнатите пари да почнат да се вртат, бидејќи две години наназад се задушија во неликвидност и слаб обрт. Вчера на заедничка маса малите и средните фирми од Сојузот на стопански комори, Владата и банките се договорија и ги поставија стандардите за следната година. Особено упатија порака до банкарите да бидат пофлексибилни в година, за да се оствари повисок и кредитен и економски раст.

„Ако изминативе две години се продуцираше страв и резерви, време е да почнат парите да се вртат на домашниот пазар. Со оглед на тоа што извозниот сектор излезе од кризата, поради заздравувањето на странските пазари, сега е време да се врати оптимизмот меѓу домашните фирми. Среќна Нова 2011 со расчистени долгови кон стопанството, осигурани од пожар, со нови кредити од ЕИБ преку МБПР, со зголемен кредитен раст од банкарскиот сектор и усогласена монетарна и фискална политика“, ваква желба, но и порака, упати претседателот на ССК, Златко Калеников, до бизнисмените, Владата, НБМ и до банкарите.

На вчерашната конференција бизнисмените му упатија новогодишна честитка и на гувернерот Петар Гошев, максимално да ја релаксира монетарната политика и да ги ограничи аукциите на благајнички записи, бидејќи годинава тој беше главен чувар на парите.

„Секоја среда имаме неограничено влечење на ликвидноста. Банките можат преку благајничките записи, ако сакаат, и сите пари да ги врзат. Тоа не е логично во време на криза. Сега во НБМ има замрзнато 870 милиони евра, дел на благајнички записи, дел како задолжителна резерва. Значи, ликвидни средства има, треба тие да се искористат“, порачува професорот Томе Неновски.

И министерот за финансии, Зоран Ставрески, смета дека банките имаат доволно средства за да ги финансираат фирмите. Според него, за тоа доволно зборува фактот што депозитите годинава се зголемени за 13,5-14 отсто, а порастот на кредитите е само 8 отсто. „Создадени се сите предуслови во 2011 да паднат каматите. Од Нова година од повеќето банки има најава за пониски каматни стапки“, изјави Ставрески.

Дека ќе има зголемена кредитна активност, но не и многу пониски камати најавуваат и банкарите. Директорката на Прокредит банка, Јованка Јолевска- Поповска, очекува кредитирањето в година да се зголеми за 15 отсто. На располагање на фирмите им стојат и средствата од кредитната линија од Европската инвестициска банка, чија искористеност досега е 65 милиони евра. Министерот Ставрески најави дека веќе се водат разговори со ЕИБ, кога од оваа кредитна линија ќе се искористат 80-85 милиони евра, веднаш земјава да добие уште 100 милиони евра. „Пари има за сите, доколку можеме оперативно да ги преточиме во проекти“, истакна Ставрески. Инаку, од ССК се пожалија дека ниту една членка од фирмите на Сојузот нема добиено кредит, а забележаа што оваа кредитна линија стана достапна и за големите фирми. „Големите фирми со три кредити ќе ги стопат овие пари. Како пчели работевме две години да дојдат овие кредити, сега мечката ќе ни го украде медот“, изјави Калеников.

Сепак, бизнисмените договорија средба со Владата и со банките за да се види како може побрзо да се искористат овие средства и да се лоцираат причините зошто е бавно повлекувањето. А со банките ќе се разговара да се пролонгира рокот на отплата, барем до седум години.

Покрај пристапот до кредити, бизнисот побара и подобра наплата на долговите. Предложија воведување систем на автоматско плаќање на обврските до 30 дена, меѓу фирмите, а за државата најмногу до 45 или до 60 дена од доставување на фактурата. Ако нема должникот средства за наплата, веднаш да му се блокира сметката и автоматски да се отвори стечајна постапка. Бизнисот побара трошоците за судските постапки да ги плаќа должникот, а не доверителот. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 1687 пати.

Испрати коментар

��д: Stojko
Датум: 18.12.2010 16:15:10
Koj bese Tome Nenovski? Profesor? Cccc? Koj se ne stanuva profesor vo ovaa nasa drzavicka? I toj ima kredibilitet da zboruva? A za Stavreski ne vredi da se komentira? Toj neka si otvori banka, so svoi tesko steceni pari, pa neka kreditira kogo saka.
Од: Realen
Датум: 18.12.2010 18:37:12
Da se relaksira kreditnata politika prvenstveno za proizvoditelite - izvoznici i da im se ovozmozat uslovi za pogolema produktivnost, zgolemuvanje na nivnata konkurentnost sto bi dovelo do pogolem izvoz i rast. Lokalnite distributeri na vozila ne mozat da bidat promotori na rastot na GDP i vrabotenosta. Toa da mu bide jasno na G-din Kalenikov
Од: flying monaco
Датум: 18.12.2010 19:02:52
E bre Stojko i tebe kraj ne ti se najduva, predlozi eden odtvoite da vidime koj e po asolen, kako se najde ti najuceniot analiticar da se rodis vo edna mala drzavicka. Ne sum slusnal deka vakov covek kako tebe postoel vo MK. ne se brukaj, podobro ne komentiraj.
Од: t26
Датум: 18.12.2010 21:06:48
do stojko---gospodine ako ne ti e jasno tome nenoski bese zamenik guverner a zoran stavreski bese vraboten vo svetskata banka---ajde posoci ti nekoj ekonomist sto treba da kazuva nesto...i kazi ti sto si napravil vo zivotot pa za drugi da kazuvas
Од: jovan
Датум: 18.12.2010 23:01:45
Se slozuvam deka na ova nase stopanstvo mu treba"adrenalin",no moze li toa isto stopanstvo pokonkretno da objasni za sto tocno mu treba toj"adrenalin". Za plati ili za investiranje vo novi tehnologii/masini.Ako e zainvestiranje,prosiruvanje i razvoj,togas vo red,neka prezentiraat planovi,elaborati.....pa bankite neka se zaangaziraat takvite baranja gi kreditiraat so maksimalni povolnosti koj mozat vo ovie uslovi i opkruzuvanja da gi ponudat.Ako se za plati i otplakanje stari dolgovi,togas poveke od jasno e deka toj biznismen/stopanstvenik e"propala rabota".Ponataka e sve jasno,i ne e nikoj dolzen na takvite da im dava"adrenalin",a pazarot takvite umee nemilosrdno da gi resi.Zatoa,pamet vo glava,dobri proracunki,precizno merenje na cergata a bogami i na nozete,pa tek potoa po kredit vo banka.Dosega biznis krediti za razvoj i sirenje se zemaa za da se investira vo BMW, Dzip....ama toa zavrsi.Dzabe takvite se uste kukaat i "agitiraat"po mediumive za "adrenalin".
Од: Од Дени
Датум: 20.12.2010 09:12:19
А да почне власта да го враќа ДДВ-то на малите претпријатија за 2010 не ќе беше лошо. Тоа нешто сто го има вратено е само на поголмите фирми. На оние што им се слуша гласот во јавноста. На оние малите кои се плашат да кренат глас и од кои се очекува раст не им го враќа. Со тие пари можеби го планира растот.

Најди! во Утрински
Економија
Продолжува тивкиот бојкот на откупот на тутун
„КБ публикум“ ќе основа два нови фонда
Извезува гас, па го купува назад
Ќе се зголемува енергетската ефикасност
Даночни олеснувања уште две години
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks