Брoj 2700  сабота, 31 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Македонија пред судбински избори

Најнови Web Special вести и информации за текот на изборите

21:52 01.06.08 - ДИК: „За подобра Македонија“- 56.507, „Сонце“ - 26.510, ДПА - 22.538 и ДУИ 16.925 гласови

Според првичните резултати што Државната изборна комисија ги добила по електронски пат од 736 од вкупно 2.976 избирачки места, најмногу гласови има добиено Коалицијата „За подобра Макеодонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ - 56.507, „Сонце“ - Коалицијата за Европа - 26.510, ДПА - 22.538 и ДУИ 16.925 гласови.

Претседателот на ДИК Јован Јосифовски вечерва соопшти дека одѕивот на гласачите на денешните предвремени парламентарни избори изнесува 58,34 проценти, што е за околу 3,5 проценти повеќе од парламентарните избори одржани во 2006 година. (МИА)

19:30, 01.06.08 - Изборните нерегуларности ја влошија положбата на Македонија

Предвремените парламентарни избори во кои едно лице загина, повеќе се ранети, а имаше и низа сериозни нерегуларности ја влошија внатрешната положба и меѓународната позиција на Македонија.

Ваквиот тек на неделните предвремени парламентарни избори, што завршија вечерва во 19,00 часот, најверојатно, дополнително ќе ја оддалечи Македонија од евроатланските интеграции.

Сериозна загриженост, поради насилствата и бројните нерегуларности, главно во Западна Македонија, изразија претставници на Европската унија (ЕУ) и на Соединетите Американски држави (САД). Тие повеќе пати , нагласено предупредија дека само фер и демократски избори ја водат Македонија во НАТО и ЕУ.

На предвремените парламентарни избори во Македонија едно лице загина во престрелка со полицијата, која беше нападната од вооружена група. Инцидентот се случи рано изутрината во Арачиново, поради што, гласањето беше прекинато, а селото беше блокирано се до доцна попладнето.

Вториот сериозен инцидент се случи претпладнето во скопската општина Чаир, при што шест лица се ранети, а едно од нив е во животна опасност. Сите се повредени во престрелка меѓу вооружени групи, пред гласачкото место.

Според Државната изборна комисија (ДИК) нерегуларности поради кои предвреме беа затворени гласачките места имало на околу еден процент од вкупно 2.976 избирачки места.

Одзивот на предвремените парламентарни избори се очекува да биде поголем отколку на изборите во 2006 година. Според податоците на ДИК одзивот денеска до 17 часот беше 45,9 отсто. Тоа е за околу 3 проценти повеќе отколку во истиот период на парламентарните избори во 2006 година.

ДИК најави дека претходните неофицијални резултати од изборите ќе ги објави на полноќ. Партиските штабови се очекува дека првите прогнози да ги објават после 22 часот
(Макфакс)

19:20 - ДУИ бара прегласување во шестата и втората изборна единица

ДУИ не ги признава изборните резултатит и бара прегласување во општините Тетово, Боговиње, Желино, Брвеница, Јегуновце, Теарце и Сарај. Ова на денешната прес-конференција го истакна шефот на изборниот штаб на партијата Изет Меџити.

- Во текот на денешниот ден бандите на ДПА предводени од паралелните структури на полицијата вршеа терор и го нарушуваа изборниот процес, се закануваа на изборните комисии, овластените претставници на ДУИ, членовите на ДУИ и насилно ги полнеа гласачките кутии, рече Меџити.

Тој истакна дека во текот на денов како последица на насилството убиен е еден активист на ДУИ, Насер Ајвази, повреден е претседателот на огранокот на партијата во Чаир, Беќир Асани.

ДУИ обвини дека во денешните инциденти учествувале полициските единици „алфи“ заедно со криминални групи.
(МИА)

17:34, 01.06.08 - Нема информации за нови нерегуларности

Нема информации за нови изборни нерегуларности, со кои денеска беа опфатени речиси еден процент од вкупно избирачките места.

Ова попладнево го изјави портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК) Зоран Таневски.

Тој посочи дека попладнево до ДИк не пристигнале информации за нови инцидентите, што го одбележаа гласањето од самиот почеток.

Според ДИК, инциденти имало во еден процент од вкупно 2.976 избирачки места.

Нови информации за одзивот на избирачите и текот на изборниот процес, ДИк треба да соопшти на прес конференција, закажана за 18,00 часот.
(Макфакс)

16:40, 01.06.08 - Приведен Агим Красниќи

Министерството за внатрешни работи денеска го приведе Агим Красниќи од скопско Кондово, заедно со деветчлена група.

МВР за МИА потврди дека Красниќи се наоѓа во полициска станица и се врши службен разговор со него.
Полицијата засега не соопштува други детали. (МИА)


14:40 - Едно лице загина, а деветмина се повредени во инцидентите


По инцидентот во Основното училиште "Даме Груев" во Чаир

Едно лице загина, а девет се повредени во инцидентите кои се случија во Арачиново и Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, најсериозенот инцидент се случил во Арачиново, каде неколку вооружени лица во повеќе наврати пукале на полицијата. Полицајците вратиле на огнот, при што еден од напаѓачите бил смртно ранет и им , а друг е повреден и пренесен во болница. Вториот сериозен инцидент се случил во дворот на Основното училиште "Даме Груев" во Чаир, каде две вооружени лица отвориле оган на полицајците. Во овој инцидент се повредени и петмина граѓани кои се нашле во вкрстен оган при престрелката на вооружените лица и полицијата. Според неофицијални лица, вооружените напаѓачи, случајните минувачи ги користеле како жив ѕид. МВР потврди дека има приведено 9 лица, за кои се сомнева дека се вмешани во инцидентите во Чаир и Арачиново, а уште двајца се приведени поради нарушување на изборниот процес во тетовско село Камењане.
  (Редакција)

14:22, 01.06.08 - Набљудувачите на МОСТ повлечени од повеќе избирачки места


фото МИА

Поради низа неправилности, насилство, семејно гласање, голем дел од избирачките места се затворени, а повлечени се и дел од набљудувачите на граѓанската асоцијација "МОСТ".

Ова денеска на прес конференција го соопшти извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексив.

Набљудувачите на МОСТ се повлечени од избирачките места поради двочасовен прекин во 15 изборни места во општина Чаир, како и во две изборни места во Тетово, каде е забележано повеќе кратно гласање од страна на едно лице.

Општинската изборна комисија поради полнење на кутиите затворила две изборни места во Камењане, општина Боговиње, како и три изборни места во општина Сарај. Семејно гласање забележано е и во изборно место во општина Кичево.

Одзивот на гласачите според "Мост" во ИЕ 1 до 13 часот е 35,09 насто, во ИЕ 2 е 27,95 насто, во ИЕ 3 е 29,04 насто, во ИЕ 4 е 25,75 насто, во ИЕ 5 е 26,79 и во ИЕ 6 одзивот на гласачи до 13 часот изнесува 32,37 насто.
(Макфакс)

12:55 01.06.08 - Единаесет повредени, еден потешко во утринските инциденти

Единаесет повредени, од кои еден потешко е првичниот биланс по утринските инциденти во Арачиново и во Чаир. Информацијата дека едно лице е убиено во Арачиново, засега не е потврдена. Седуммина од повредените од нив се примени во Градската болница. Според директорот на болницата, Виктор Ќамиловски, шест лица биле повредени од огнено оружје, а една жена е полесно повредена откако била бутната на земја. Повеќето повредени се со застрелни и прострелни рани во рацете, додека 23-годишното момче, чиј живот е во опасност, е ранет во стомакот. Ќамиловски потврди дека на пат кон болницата се и три лица, што биле повредени во Арачиново.

Еден жител на Арачиново е пренесен во Ургентниот центар, од акде велат дека неговата здравствена состојба е стабилна.
(Редакција)

12:57, 01.06.08 - ДИК: Нови инциденти во тетовско- гостиварскиот регион

Нови инциденти се случија претпладнево во тетовско-гостиварскиот регион, објави Државната изборна комисија (ДИК).

Според истите извори, гласањето е прекинато во две гласачки места во село Букович каде триесеттина вооружени лица влегле во гласачките места, го собрале изборниот материјал и заминале.

ДИК објави и дека во село Ласкавци било пукано кон избирачкото место, по што членовите на избирачкиот одбор го напуштиле местото и го оставиле изборниот материјал.

Според општинската комисија во Боговиње, инцидент се случил и во ова место каде е констатирано дека на повеќе гласачки места биле поткинувани повеќе гласачки ливчиња, по што се заокружувале и ставале во гласачките кутии. (Макфакс)

12:25, 01.06.08 - Арачино во блокада, селаните тврдат дека има загинати

Огромни полициски сили и оклопни возила пред влезот на селото е сликата од скопско Арачиново. Жителите на селото со своја барикада од возила не дозволуваат никој да влезе и да излезе од Арачиново. Гласањето за парламентарните избори е прекинато во сите 8 избирачки места во Арачиново. Причина за ваквата одлука на претседателот на ДИК за Арачиново е инцидентот во селото Крушино. Според информациите од теренот, проблемот настанал кога еден од набљудувачите на избирачкото место во селото, се обидел да гласа за сите челнови на неговото семејство. Кога претседателот на ДИК за тоа место му рекол дека тоа е во спротивност со одредбите за гласање, набљудувачот се разбеснил и дошло до сериозен инцидент. Претседателот на ДИК успеал да се скрие во една од куќите во Крушино, а потоа и да побегне во Арачиново.

Арачиновци велат дека слушнале пукотници и тврдат дека во престрелката има едно загинато и едно тешко повредено лице. Наводно, припадниците на полициските "алфи" привеле неколкумина учесници во инцидентот.

"Има и загинати и повредени. "Алфите" ме пресретнаа и ми рекоа да легнам, оти било опасно", вели член на избирачкиот одбор во Орланце, каде е прекинато гласањето како и во преостанатите седум избирачки места во Арачиново.
(Редакција)

12:11, 01.06.08 - Престрелка во Чаир - неколку лица повредени

Вооружени престрелка во која неколку лица се повредени се случила изутрината во скопската општина Чаир, потврдија за Макфакс извори во МВ��.

Според истите извори, престрелката се случила околу 9 часот и 40 минути, кај основното училиште "Даме Груев", во која според првичните податоци, неколку лица се здобиле со повреди, и веднаш се хоспитализирани.

МВР додава дека престрелката се случила помеѓу засега непознати лица. (Макфакс)

11:32, 01.06.08 - Мост: До 10 часот одѕивот на гласачите околу 12 отсто

Одѕивот на гласачите во изборната единица 1 до 10 часот е 13,88 отсто, во изборната единица 2 - 11,11, во ИЕ 3 - 13,24 отсто, во ИЕ 4 - 12,21, во ИЕ 5 - 9,88, а во ИЕ 6 - 12,07 проценти, соопшти денеска на прес-конференција Граѓанската асоцијација МОСТ.

Набљудувачите на МОСТ евидентирале и неправилности, како и прекини на гласањето.

- Во општина Арачиново гласањето е прекинато, избирачкото место 2036 во село Гургурница, општина Брвеница, е затворено, избирачкото место 1023 почнало со еден час задоцнување, а отворањето на гласачкото место 2348 во Студеничани доцнело 15 минути, рече извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов.

Тој додаде дека гласањето е прекинато и на избирачкото место 2340 во село Грушино, Арачиново, дека се украдени гласачките кутии на избирачките места 515 и 516 во гостиварското село Горна Бањица по што е прекинато и гласањето, а поради полнење на гласачките кутии гласањето е прекинато и на избирачките места 540 и 541 во Дебар каде, според набљудувачите на МОСТ, имало и физичка пресметка.

Во село Теарце на избирачките места 2010, 2011, 2012 и 2013 непознати лица ги наполниле гласачките кутии, а набљудувачите на МОСТ се повлечени од избирачките места. Полнење на гласачките кутии е регистрирано и во Желино на избирачкото место 2095 и во село Камењане на избирачкото место 2093.

На бесплатниот телефонски број 080 080 080 што МОСТ го отвори за пријавување нерегуларности, има дојави од граѓани, како што рече Алексов, за забележано заплашување пред избирачките места, пукотници и друг вид притисоци во општините Чаир и Арачиново. (МИА)

10:55, 01.06.08 - Изборите прекинати во Арачиново- пукано врз полицијата

Изборите на сите гласачки места во скопското село Арачиново се прекинати заради безбедносни причини, откако непознати лица отвориле оган врз полициските специјалци.

Избори во МВР за Макфакс потврдија дека изутрината во 08:45 минути во атарот на село Арачиново непознати вооружени лица отвориле оган врз припадниците на мобилната единица АЛФИ.

Полицијата возвратила, при што според првични информации, еден од напаѓачите бил ранет.

Поради инцидентот одлучено е заради безбедносни причини да биде прекината гласањето на сите избирачки места во Арачиново.

Државната изборна комисија потврди дека гласањето во Арачиново е целосно прекинато по инструкции на полицијата.

Според неофицијални извори вооружен инцидент е регистран и во скопската општина Сарај.

Од МВР најавија дека со дополнителни информации во текот на денот ќе излезат на прес конференција. (Макфакс)

08:57, 01.06.08 - Изборниот процес во Гостиварско почна со инциденти

Во општина Гостивар, каде во 89 избирачки места право на глас имаат 69.016 граѓани, забележани се неправилности и прекини во гласањето на четири избирачки места. Комисијата работи на утврдување на причините за прекинот и во текот на денот ќе одлучи дали ќе продолжи или не гласањето на овие места. (МИА)

08:20, 01.06.08 - ДИК: Отворени сите гласачки места, освен во Малино, општина Чучер Сандево

Во седум часот утринава се отворени сите избирачки места, освен едно, во Малино, општина Чучер Сандево, соопшти портпаролот на Државната изборна комисија Зоран Таневски.

Според првичните информации на ДИК, во Малино се украдени изборниот материјал и гласачката кутија со 427 ливчиња.

- Очекуваме потврдна информација дали материјалот е украден. Досега, сознанија за проблеми на друго место нема, рече Таневски. (МИА)


Статијата е прочитана 4642 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Заробениот авион на МАТ се врати во Скопје
Европската унија се надева на фер гласање
Кацин побара признавање на малцинствата и во членките на ЕУ
Црвенковски