Од ДУИ нагласуваат дека со влегување во власта е испочитувана желбата на Албанците во Македонија
Гојко Ефтоски
ТЕТОВО - Политичкиот блок на Албанците во Македонија во Владата на Никола Груевски ќе го застапува ДУИ. Оваа определба изминатиот викенд ја обелоденија официјални претставници на двете најголеми партии на Албанците. „Претседателството и Централниот одбор на нашата партија одлучија да учествуваме во новата влада. Прифатени беа постигнатите резултати од разговорите меѓу претседателот Али Ахмети и мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Нашите органи оценија дека со влегувањето на ДУИ во власта е испочитувана желбата на Албанците во Македонија, а Владата ќе биде со вистинскиот легитимитет“, пренесе потпретседателката Теута Арифи.
„Мандатарот има легитимно право во својата владина коалиција да земе партија за која ќе се определи. Овој пат тоа е ДУИ иако сме ние дол традиционални партнери. Десетдневните преговори меѓу двајцата лидери на партиите - Мендух Тачи и Никола Груевски завршија неуспешно. Ние не се чувствуваме поразени. Ќе дејствуваме како конструктивна опозиција“, го пренесе ставот на ДПА генералниот секретар Имер Алиу.
Според Теута Арифи, ДУИ ја прифатила надградената програма во сто чекори на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во целина. Приоритетите во работата се сведуваат на влегување на Македонија во НАТО и ЕУ, доследно спроведување на Охридскиот договор, продолжување на борбата против криминалот и корупцијата и решавање на проблемот со невработеноста. Арифи рече дека на ДУИ му е доверено едно вицепремиерско место и пет министерства: здравство, економија, труд и социјална политика, локална самоуправа и животна средина и просторно планирање.
Предлозите на ДУИ за кадровски решенија ќе се обелоденат во наредните денови. Неофицијално се вели дека е речиси сигурно Абдуаќим Адеми да биде новиот вицепремиер задолжен за реализација на Рамковниот договор. Бујар Османи ��д Скопје, лекар во Државна болница, ќе го води ресорот здравство, а поранешниот вицепремиер во владата на СДСМ Муса Џафери ќе биде прв човек во Министерството за локална самоуправа. Неџат Јакупи од Гостивар е кандидат за министер за животна средина, а Џелал Бајрами од Куманово за министер за труд и социјална политика. Од трите заменички места единствено се дознава дека Фатмир Бесими ќе биде предложен за заменик во Министерството за внатрешни работи.
Генералниот секретар на ДПА смета дека коалицијата со ДУИ била погрешна особено поради тоа што во изборната трка 80.000 гласа биле украдени. „Тие се гласачки ливчиња, а не гласови на граѓани. Затоа и сметаме дека ДУИ не може да ги претставува Албанците. Ние и во опозиција постојано ќе се залагаме за правата на Албанците“, рече Алиу, кој ги наброја приоритетите на својата партија што Мендух Тачи ги актуализирал на средбите со Никола Груевски. „Изнаоѓање побрз компромис за името на државата, признавање независност на Косово, донесување закон за службена употреба на албанскиот јазик во Република Македонија. Потоа закон за службена употреба на националното знаме, за правата на учесниците во конфликтот во 2001 година, како и запирање на постапката по вратените предмети од Хаг со целосна примена на Законот за амнестија.
Dosta be Aliu klevetite ti i tvojata partija. Cela megunarodna zaednica pokazuva so prst kon vas deka vie ste tie koi kradea glasovi, i pak ne vi doaga pamet. Svestete se i prifatete ja realnosta: Narodot ne ve saka!
Од: citatel
Датум: 07.07.2008 00:23:21
DPA moze samo da se slika sega, neka go zemat i Krasnici so niv, ili neka idat kaj nego, seedno!
Од: pegasus
Датум: 07.07.2008 01:21:22
vojvodata od tetovo (NE SAKAM NI IMETO DA MU GO SPOMNAM) gi drogiral site vo dpa,pa i ovoj sto go pcuese gruevski.pa sugurno e mnogu kvalitetna drogava, sto uste se opieni ine gledat deka narodot slavi i za pobedata na dui ali naj mnogu sto se spasija od terorot na dpa.na site predavnici krajot im je ist........ porano kursum sega opozicija viva la republika..
Од: jimmy1
Датум: 07.07.2008 05:23:05
E teterusko edna, sega velis deka mandatorot ima pravo da se opredeli so kogo ke koalicira, a koga koaliciraja so DPA skokavte kako sasardisani.
Po ona sto e staveno vo navodnici "za podobra Makedonoja" znaci Dui e prifatila nadgradenata programa za sto cekori na VMRO-DPMNE i koalicijata "Za podelba na Makedonija". Toa ne e nisto novo zosto site znaeme deka dvete partii rabotite protiv dobroto na Makedonija, ali toa ne mozat da go svatat simpatizerite na VMRO i DUI odnosno kriminalcite i teroristite, eh ama koalicija.
Од: Casanova 2
Датум: 07.07.2008 10:04:36
Tachi zaedno so negovata tajfa sega ke si platat znaat tie za sto Jas mislam deka za nekoe vreme ke go snema od Makedonija i ke se bara so poternici za kriminalot so go ima napraeno Tachi e najgolemiot mafijas vo makedonija deluva od senka CAPO DI TUTI CAPI duri i Gruevski se plasese od nego zatoa gi ostavi Ali Ahmeti i negovite da gi rascistat smetkite so nego ke vidite sega so ke se slucuva . Poritvorot na Talat Dzaferi skapo ke go kosta Tachi . Site znaeme koj e Tachi i od kade poteknuva negovoto semejstvo i zasto se doselilo od Kosovo vo Makedonija . Tachi e propast za Albancite vo regionot Vie ne go sakate Ali Ahmeti ama ke vidite deka Tachi e toj koj gi praese site problemi So mislite vie zasto se uste se naogja na crnata lista na USA za lepe oci?...
Од: cudo
Датум: 07.07.2008 10:46:38
Konstruktivna opozija koga do posleden moment im se kazuvase deka tie se partner na DPMNE! !!! Cudo ke bide ako bidat konstruktivna opozicija! Jas ne veruvam!
Од: demaskirani DUI-vci
Датум: 07.07.2008 16:55:52
Smetam deka cela makedonska javnost znae koi e KOMANDANT SKOPSKO PIVO(TALAT DZAFERI),covekot nema di dve cisti.Mislam deka svedoci sme sto se slucuvase vo ZAJAS,FORINO(RODNOTO SELO NA KOMANDANT SKOPSKO PIVO),duri so 1500 glasovi bea plus.Vo zajas 27.000 glasovi imase DUI,zemejki vo predvid deka vo tie regioni okolu 70% nese prisutni tuka.Uste ednaska se pokaze dena na DUI,celta mu bila samo da dojdan na vlas.Svedoci sme so kakov politicki pazar ja prifatija 100%programata na DPMNE.Celo vreme palceja za resavanjeto na statusot za indvalidite od vonjata(sega nemalo potreba za toa).Otstapija od toa sto e zakonski resano deka narednite lokalni izbori kicevo da go rakovodi albanev gradonacalnik.Celo vreme igravte uloga na ZRTVI,a vsusnost se bese rezirano od samata TERORISTICKATA DUI,definitivno vi uspea namerata,se razbira so pomosta od nekoj odredeni strukturi vo drzavata koj za zal den deneska se kontrolirat od srpskite tajni sluzbi(udba).
Од: Karpallak
Датум: 07.07.2008 17:00:34
Do site tie sto glasale za dui, gledate sega koi e prdavnik, velese zakonite za zname i za borcnite na UCK ke bidat doneseni vednas stom ke si dojdat na vlast, ke se priznae kosove, sega se otkazil samo za da dojde na vlast