11.03.2013, 16:32 Директорот на „Кока-Кола“ лани заработил 21 милион долари
Главниот извршен директор на „Кока-Кола“, Мухтар Кент, во 2012 година заработи 21,6 милиони долари. Се работи за плати, разни бонуси и повластици. Чистата месечна плата на првиот човек на оваа позната компанија изнесува 1,6 милиони долари.
Шеесетгодишниот Мухтар Кент, Американец со турско потекло, во „Кока-Кола“ работи од 1978 година. Откако завршил деловно училиште во Лондон, во оваа светска компанија почнал да работи како возач.
На првата висока функција бил именуван во 1985 година, кога станал генерален менаџер на „Кока-Кола“ за Турција и Централна Азија. По три години бил именуван за заменик-претседател на „Кока-Кола интернешенал“.
„Кока-Кола“ лани го зголеми профитот на 9,02 милијарди долари, што во однос на претходната година е повеќе за 5 отсто. На глобално ниво продажбата пораснала за 4 отсто. (Ек.Р.) |