Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Деца се дрогираат на улица, државата гледа и молчи

Дечиња на возраст од 7-8 години се „боцкаат“ во центарот на Скопје, надлежните немоќни

Горан Адамовски

Момчиња на возраст од седум-осум години седнаа на еден од тревниците во строгиот центар на Скопје. По неколку минути, извадија шприцеви со дрога и си вшприцаа во вените. Ова не е филмска сцена, туку реалност што се одигра пред неколку дена пред екипата на „Утрински весник“. По првичниот шок и неверување, се јавивме на дежурниот полициски телефон 192. Додека ги информиравме за грозната случка, дечињата побегнаа, а шприцевите ги фрлија во блиската грмушка, оставајќи потенцијална опасност за граѓаните. Полицајците пристигнаа по неколку минути, но веќе беше доцна.

„Не се само овие две-три дечиња, ами група од десетина, која најчесто вдишува лепило и тоа го прават со години“, вели Гордана Змијанац од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Дежурниот полицаец што се јави на бројот 192 ни рече дека чести биле повиците на граѓаните, кои јавувале за вакви случаи. Но, како што вели, тие не можат многу да сторат. Полицијата ги знае овие деца, дури има и пример на шестгодишно момче, кое на скопскиот Бит-пазар оди од тезга на тезга и бара ќеси од продавачите, а потоа става лепило и вдишува од него.

„Во вакви случаи, кога сторителите се на возраст помала од 14 години и со тоа не подложат на кривична одговорност, не можеме многу да направиме. Ги приведуваме децата, ги информираме нивните родители или старатели и го известуваме Центарот за социјални работи. На крајот, заради евиденција, поднесуваме посебен извештај до Обвинителството“, вели Иво Котевски од Министерството за внатрешни работи.

Овие десетина деца, за жал, не и единствени, се само слика на нашето општество. Растурени семејства, долга транзиција, немање државна стратегија за спречување на пороците, создаваат услови малолетниците да скршнат од правиот пат и место да играат со топки и да се запознаваат со „Зоки Поки“, за нив денот започува и завршува со „дување“, „вшмркување“, па дури и „боцкање“. Дрогата, освен за здравјето и свеста, удира и по џебот, а од каде им пари на овие деца, може само да се претпостави.

„Не постои стратегија за заштита на детската права. Децата бегаат или се принудени да одат на улица, а таму се подложни на дрога, проституција или злоупотреба на нивниот труд. Приказната е непроменета: полицијата или Центарот за социјални работи ќе излезе на терен, децата ќе се разбегаат и така со години“, вели Змијанац. Таа смета дека Центарот за социјални работи треба да покаже мн��гу поголема активност, бидејќи „Меѓаши“ како невладина организација нема големи ингеренции во оваа проблематика.

Децата-наркомани, поради возраста, многу ретко завршуваат во Центарот за зависности.

„Малолетни деца, кои дури и не се во фаза на адолесценција, е жално да завршат во психијатриска установа и да бидат во иста програма со затвореници или опасни криминалци. Кај нас, но сосема кратко, престојувале неколку деца на возраст од 14, 15, 16 години, за кои подоцна се грижат други институции“, вели Лилјана Игњатова, в.д. директорка на Центарот за зависности во Кисела Вода. Д-р Игњатова вели дека државата нема програма за млади, односно дека не може малолетниците да бидат третирани како останатите зависници.

Во Министерството за труд и социјална политика велат дека овој горлив феномен не може да се третира само од здравствен аспект, ами дека тоа е веќе социјален феномен. Со Министерството за здравство имаат заеднички пристап и преку социјалните центри и стручните тимови се прават максимални обиди да се надмине проблемот и кај поединецот и кај семејствата.

„Искуството покажува дека порано, кога алкохоличар ќе се вратеше дома од лекување, го пречекуваа со сомневање и неверување, односно состојбата дома останала непроменета и тој прво што ќе направи е да се фати за чашката. Затоа, многу е важна работата со семејствата, за зависникот да може да почувствува дека не е отфрлен од блиските“, смета Душко Миновски, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика. Тој вели дека најголемиот проблем со кој се соочуваат е на локално ниво, односно неприфаќањето на граѓаните со отворени очи да се соочат со овој проблем.

А, за порокот на момчињата од почетокот на текстот знаеле сите. Често биле забележувани кај напуштената зграда на Југобанка на улица „Македонија“ во центарот на Скопје. Но, иако најболен, тие се најмалиот дел од оваа тажна транзициска приказна.


Статијата е прочитана 5831 пати.

Испрати коментар

Од: Mile
Датум: 09.09.2008 00:11:55
Кај е сега Влатко Ѓорчев,да џавка,дека оваа влада ЌЕ се борела со спортски сали против дрогата?
Од: Ace od Avstralija
Датум: 09.09.2008 04:16:56
PLUKNETE I NA VISTINATA VO OCI.... Da , tokmu taka. Dodeka ziveev tamu , plukavme na komunizmot, "placevme" po demokratija.Ziveam 22 god vo demokratija, i mora da se soglasite deka HOMOSEKSUALCI,LEZBEJKI,DROGA, SERISKI UBISTVA, PEDOFILIJA... I USTE ILJADNICI GNASNI RABOTI... SE DEL OD "FANTASTICNATA DEMOKRATIJA".... E kaj e sega zlatnoto doba do 80te t.e. SOCIJALIZMOT so site udobstva sto toprvo gi uviduvame.NA ZDRAVJE i PLUKNETE I NA DEMOKRATIJATA VO OCI
Од: mane
Датум: 09.09.2008 04:51:50
Момчињата од сите возрасти навечер во школските дворови, почнуваат со вечера, носејки шише пиво од 1,5 литар измислени за оваа намена. После вечерата следува десертот за кој се споменува во написот на новинарот. Па да се избори комората, пивото да стане храна, белким нема децата да останат гладни.
Од: Albanec
Датум: 09.09.2008 06:25:03
Zalno no vistinito. Vo drzava vo koja vladee bedata taka "si igrat decata" - se drogirat. A i diskriminacijata go pravi svoeto, bidejki ne se site edankfi pred sportot, muzikata, kulturata, artot. Zalno, kade ke im odi dusata na nekoji lugje?
Од: jimmy1
Датум: 09.09.2008 06:45:34
E toa ni go donese zapadot i zapadnata zapadna "demokratija". Dali treba da se gordeeme ili da placime sto vo zemjata zapadot ni vnese kriminal, droga, ubistva, sto decata uste vo peleni ni se drogiraat i kradat na taa vozrast i sto ocekuvame od niv da postanat vo idnina, kriminalci, dileri na droga. E togas pak nasite politicari neka im go davaat gazot pod kirija na Amerika. Od edna najubava zemja ne napravija edna od najkriminalnite vo svetot i sme crna damka za site.
Од: gradjanin
Датум: 09.09.2008 07:59:56
Najvazzno e shto pivo ne smee da se prodava posle 19 chasot a ova so drogata ne e nishto strashno.
Од: struzanec amerikanec
Датум: 09.09.2008 08:03:33
lele kakvi raboti za sramota za grev,do kade stignala nasata drzava.navistina ne sum bil kaj nas celi 9 godini i vakvi sliki ?nemam zborovi da go iskazam revoltot ,gnevot gledajki deca kako se unistuvaat ,zarem ova se slucuva kaj nas?zarem imame li nie nekakva drzava,sistem?sramota za site od pretsedatelot pa nadolu do obicn iot covek na ulicado kade sme stignale za sramota site da se zasramat.
Од: zlatko
Датум: 09.09.2008 09:31:08
na jymmi 1 treba da mu se zabrani za da dava komentari posto samo treska gluposti izgleda ne e aren
Од: Elena
Датум: 09.09.2008 10:00:53
Koj gi naucil ovie deca deka moze da se drogiraat so lepak i kesi??? VOZRASNITE! Znaci ne ni e ni Amerika i demokratijata vinovna, tuku samite nie. Namesto da ja prefrlame odgovornosta, neka odgovorat kolku od ovie luge sto go procitaa tekstot, koga go videle ova na plostad alarmirale policija ili druga institucija. Problemot so ovie deca e sto nivnite roditeli ne zasluzuvaat da imaat deca.
Од: PRAVDA
Датум: 09.09.2008 10:07:55
Dilerite sto ke se fatat so droga da prodavaat, da bidat kazneti na smrtna kazna !!!!!
Од: max
Датум: 09.09.2008 10:14:40
"deca se drogiraat na ulica,drzavata gleda i molci".pazi naslovov.a zosto molcat roditelite doma i ne gi interesira kaj mu se decata i sto pravat.policijata ne mozi da e na sekoe mesto 24h.i 1000 sali da se izgradat toa neznaci deka sekoe dete ke se zanimava so sport.taka bilo i ke bide sekade e isto.koj ke si go biva za sport,koj za politika koj za kriminalec ili novinar.i vo zdravi semejstva i bez finansiski problemi pak se slucuva decata da se drogiraat i to poike nego siromasnite.
Од: NL
Датум: 09.09.2008 11:31:58
E OVA NAS EVROPA NI GO DONESE
Од: dimitar
Датум: 09.09.2008 12:01:45
Imam jas eden predlog. Sekoj den na plostadot vo Skopje da besime po 10-15 dileri na droga, pa da vidime dali i ponatamu ke ima nekoj hrabrost da pomisli da prodava droga.
Од: Dak
Датум: 09.09.2008 12:32:14
Me iznasmeaa komentarive :))) Makedonija od koga znae za sebe e tranzit zona na droga, odsekogas ja imala i ke ja ima. Problem e covekot sam po sebe, ali domasna kultura, dovolna ljubov darena od roditeli i nasocuvanje na prav pat i problemot ke se resi. Politickiot sistem ne te tera da se menjas kako osoba, ti gi menuva navikite, a kutrite NIE znaeme samo da zabusavame koga rabotime i ni treba vreme da si gi smenime navikite :) Plus, zivotot denes i pred 30 godini ne e ist, sto se vrakate sekogas nanazad, deneska zivotot e 3 pati potezok od porano, ti trebaat muda za da uspees...epa koj ima si ima :) aj ciao
Од: Sloven
Датум: 09.09.2008 14:47:53
A ne,ne gospoda!Toa deka ne postoela strategija za borba protiv narkomanija moze da kazuvate na drug.Veruvam deka ako policijata saka moze za sigurno da gi uapsi 90% od narkodilerite.Pa kolku e daleku "Gazi Baba" od vasata kancelarija g.Kotevski?Kolku e daleku od vasata kancelarija g.Gruevski?Sramota!Ke poftoram 90% od narkodilerite mozat da zavrsat vo zatvor so samo edna dvocasovna racija ama sugurno gospodinot premier ima povazna rabota.Makedonija e malecka drzava kake sekoj sekogo znae.Dovolno e da se sledi samo desetina narkomani,i za edna nedela ke gi imate adresite od sekoj narko diler.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Рекетари му изнудиле 380.000 евра на бизнисмен од Прилепско
Тинејџер силувал двегодишен братучед
Македонски граничар шверцувал дрога во Албанија
Девојка изгоре во опожарено ѓубриште
Ограбиле златарница, па од страв го вратиле златото
Починала од струен удар додека се туширала
За еден час ограбени две бензински пумпи
Не се знае чие е оружјето во зградата во Чаир
Се задушил од чад гаснејќи пожар