Не е праведно некој да плаќа 60 денари, а друг 1.500 денари за квадрат дворно место
Билјана Ангеловска Деспина Трајковска
„Стотици илјади македонски граѓани еднаш засекогаш ќе ја обезбедат сопственоста на дворното земјиште за себе и за своите поколенија. Тоа е праведен општествен процес во кој и тие конечно ќе почувствуваат придобивки од транзицијата, од преминот кон приватна сопственост“, рече премиерот Никола Груевски на одржаната прес-конференција деновиве кога ја најави одлуката за намалување на цената на дворовите. Со оваа одлука квадрат од земјиштето што припаѓа на дворовите на куќите, станбените објекти, објектите за спорт и рекреација, инфраструктурните објекти и јавните институции ќе се продава по едно евро, поточно за 61 денар.
Колку може да се говори за, како што потенцираше премиерот, праведен процес, допрва ќе се покаже. Но, веднаш се огласи експертската јавност, а реагираа и граѓаните. И тоа оние кои веќе ги откупија своите дворови уште пред неколку години. Тие не само што не најдоа ништо праведно во оваа владина одлука, туку се почувствуваа онеправдани, бидејќи за да ги откупат дворовите на своите куќи, мораа да платат 25 пати поскапо. Оттаму, се чини, сосем оправдано нивното барање државата да им ја надомести разликата во однос на цената што ќе ја плаќаат нивните соседи кои се' досега калкулирале со откупот. Оти, не е сеедно ако некој за 500 квадрати платил 12.500 евра, а друг само 500 евра.
Но, државата нема намера да враќа пари. За министерот за финансии, Зоран Ставрески, граѓаните кои го почитувале законот и навреме ги откупиле дворовите се „мал клуб капиталисти кои во 90-тите години стекнаа се'“, па затоа тој смета дека нема потреба да им се враќаат пари.
„Мнозинството граѓани кои го немаат откупено земјиштето се сиромашни и со ова им овозможуваме и тие да добијат дел од општественото богатство по цена пристапна за нив и да почувствуваат придобивки од воведувањето пазарна економија. Тоа треба да им овозможи и на тие кои беа губитници во транзицијата да добијат нешто во овој процес“, рече Ставрески.
Приватизацијата на дворовите, всушност, стартуваше во почетокот на 2003 година, кога државното земјиште беше поделено во пет зони според кои беше одредена и неговата цена. Тогаш земјиштето имаше исклучително висока вредност, односно, чинеше дури 1.500 денари квадрат во првата зона. Набрзо се увиде дека квадратот е прескап, а интересот за откуп слаб. Поради тоа, цените беа преполовени, така што вредноста на земјиштето беше одредена на 600 денари квадрат во нај��капата, прва зона, до 30 денари во селата.
Уредбата со која беа пропишани ваквите цени важеше до крајот на октомври 2004 година, по што се чекаше да се донесе новиот закон и да се одреди нова вредност на земјата. Меѓутоа, иако законот беше усвоен во јануари 2005 година, долго се „крчкаа“ новите цени, па од тие причини имаше застој во откупот на дворовите. Во тој период граѓаните беа оставени без објаснување што да прават, дали и натаму да аплицираат или да ги чекаат новите цени, за кои државата најавуваше дека ќе бидат намалени.
Владата во февруари минатата година, конечно, ги објави новите цени на градежното земјиште. Според Уредбата од февруари 2008 година, градежното земјиште беше поделено на пет реони во кои беа распределни општините, а секој реон, пак, на три зони: централно подрачје, вонцентрално подрачје и населено место. Најскапиот квадрат беше во централното подрачје во општина Центар, во Скопје и за објектите за индивидуално домување имаше вредност од 800 денари, а за колективното домување 500 денари. Цената паѓаше со оддалечување на зоните и реоните во кои се наоѓа земјиштето, така што најевтиниот квадрат во последниот петти реон се движеше од 100 до 70 денари.
Иако граѓаните беа изненадени од повисоките цени, од Министерството за финансии уверуваа дека земјиштето не е поскапено, туку дека со цените кои важеа до 2004 година, кога најскапиот квадрат беше 600 денари, морало да се плати и данок на промет на недвижен имот во висина од три отсто од пазарната вредноста на земјиштето, давачка што ја немаше со цената од 800 денари за квадрат.
Истовремено, законот ги обврза граѓаните кои сакаат да си ги откупат дворовите да го сторат тоа најдоцна до 25 јануари 2009 година, а по тој рок ќе мора да плаќаат кирија. Но, се чини ниту намалените цени, како што сакаше да ги прикаже државата новите вредности, ниту, пак, зацртаниот краен рок не беа доволни да ги испровоцираат граѓаните да се одлучат да ги откупат дворовите.
Бидејќи, оние кои веќе ја имаа почнато постапката на приватизација на земјиштето, пренесуваа многу непријатни искуства. Луѓето реагираа на долгата и компликувана процедура, којашто, според некои примери, трае и по неколку години. Надлежните не успеаја да ја поедностават процедурата, која очигледно ги колеба граѓаните да ја почнат постапката. Имено, за да се откупат дворовите, не само што е потребно да се соберат неколку килограми хартија во која треба да бидат содржани документи и елаборати од повеќе институции од различни области туку тоа чини и дополнителни 200 - 300 евра.
Очигледно сметајќи дека цената е главниот фактор што влијае на интересот за приватизација на градежното изградено земјиште, државата го презеде последниот потег, драстично ја намали цената и сега ја продава земјата за само едно евро по квадрат. Така сега, земјиштето независно каде се наоѓа, дали во Скопје, Тетово, Охрид, Крива Паланка, Штип, дали е под или околу индивидуална куќа, под станбена зграда или, пак, под спортски објект, се продава за 61 денар по квадратен метар. Владата несомнено донесе одлука со која им даде реална шанса на сите граѓани кои досега не го сториле тоа, да си ги откупат дворовите. Но, притоа заборави дека на тој начин практично ги казни оние кои почитувајќи го законот, го испочитувале законскиот рок и навреме ја почнале постапката.
Од друга страна, очигледно е дека кога Владата ја носеше одлуката воопшто не мислеше на општините. Бидејќи 80 проценти од средствата од продажбата на градежното земјиште одат во општините, излегува дека со оваа одлука директно засега во приходите на локалната самоуправа. На тоа укажа и градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, кој појасни дека сега приходите од продажба на имот ќе се намалат за 13 пати.
„Како може кога се продава земјиштето да чини 60 денари, а кога државата купува при експропријација, тоа да биде од 3.000 до 6.000 денари. Тоа нема никаква логика. Апелирам до централната власт ваквите решенија и уредби што засегаат во локалната самоуправа да не ги носи со одлуки, туку со законски решенија кои ќе ги разгледуваат пратениците и стручната јавност.
Ова е класичен пример на дискреционо право, а дали ќе го примени министер или цела влада, сеедно. Важно е дека се прави на штета на локалната самоуправа и тоа се' со изговор дека е криза. Па, ако е криза, тогаш е криза и за трибините“, револтирано вели Јакимовски и додава дека општините веќе се во постапка државното земјиште да се пренесе на локалната самоуправа. Оттаму, се прашува што ќе им пренесе централната власт ако сега го продаде целото земјиште по едно евро. (Б.А-Д.Т.)
gospodine Stavrevski
Dali si svesen sto zboruvas?.So koe pravo jas sto go pocituvav zakonot i go otkupiv dvornoto mesto me vbrojuvas vo mal klub kapitalisti koi vo 90-tite steknaa se. Predlagam da ja sporedime tvojata imovina i mojata pa da vidime koj vo koj krug pripagja.Vo normalna zemja so normalni vodaci zakonite ne se donesuvaat i menuvaat na koj goga ke mu tekne i za dnevna upotreba. Sramota
Од: marija
Датум: 10.09.2009 01:24:07
Tipicen primer na "makedonce' placko da mu umre kravata ne komsijata.Ni se tera ni se vodi .Treba da bideme srekni sto ja namalija cenata bidejki golem del od graganite ne go otkupija zemjisteto.Vo uslovi na kriza vladata imase razbiranje ja namali cenata .Se zalime deka e kriza a od druga strana novinarite frlaat so drva i kamenja po vladata zosto e namalena cenata.Ako nekoj kupil stan pred edna godina da ne baraat da im se vratat parite sega koga ke se namali cenata na stanovite?Tocno e deka tie sto go otkupija zemjisteto se dobro nafatirani pa si go otkupija zemjisteto .Sramota novinarite namesto da ja pofalat vladata sto se grizi za obicniot graganin tie kritikuvaat.BRAVO ZA VLADATA SAMO NAPRED
Од: kaktus
Датум: 10.09.2009 01:35:13
Вистината околу патрдијата наречена приватизација на градежното земјиште е следната: Државата изврши национализација на градежното земјиште при што градежното земјиште премина во државна сопственост, а на граѓаните им беше дадено право на трајно користење, екв. на правото на послуга познато во римското право. Во последните 4-5 години државата правото на трајно користење на земјиштето го избриша, а на граѓаните им остави да избираат или да го држат во закуп и да плаќаат закупнина на државата или да го откупат и да стекнат право на сопственост. Во времето на првото владеење на ВМОРО и нивниот лидер ЉуБчо се започна со процес на денационализација на национализираните имоти. На наследниците на поранешните сопственици им се враќаа дуќани и земјоделско земјиште БЕЗПЛАТНО, а таму кајшто не беше можно државата им плаќаше противвредност. Приватизацијата на дворовите за која сега станува збор е исто така денационализација на порано национализиран имот. Од каде пак сега за ова се бара плаќање
Од: goko
Датум: 10.09.2009 01:37:18
Na Stevce Jakimovski sekogas mu fali nesto. Toj e bezdusnik koj se nasituva od bedata na siromasniot narod . Pravo cudo e kako dojde do gradonacalnickata funkcija.
Од: ??
Датум: 10.09.2009 04:27:53
Не е дека не ми се допаѓа оваа одлука на Владата, можеби и јас ќе ќарам нешто со неа.
Но дека не е во ред, не е во ред.
Но тоа не е проблем само на оваа влада. Многу влади во Македонија имаат правено вакви “акробации“ - дај што даш.
Оваа истото е правено со плаќање даноци (па опростување на истите), со сметки за МРТВ, со приватизации, со денационализации и што се не. Македонија како држава е позната по тоа што нема ист однос кон сите.
Не знам зошто но тоа никако не ни успева, ДРЖАВАТА ДА ИМА ИСТ ОДНОС КОН СИТЕ.
(и тоа во еден подолг период , а не 6 месеци и слично)
(иако, како што гледам и во САД се случуваат слични работи - на пример: на некого му се помага да излезе од кризата, а на некого не, или помалку)
Животот не е фер, тоа ли е лекцијата!?
Од: lopovska rabota
Датум: 10.09.2009 05:17:54
Seto ova e uste edna GOLEMA LAGA i rejting marketing na Gruevski. Toj za pola evro bi ja prodal i baba mu samo za da lapne nekoj dinar i da osvoi nekoj glas poveke. Jas ziveam vo zgrada i ete aj da si platam zemjiste ama sakam Gruevski da mi go obelezi zemjisteto sto ke bide moe za da si imam mesto kaj da si postavam kumbe za pecenje ajvar. Kukite otkupuvaat ama si imaat dvora a nas vo zgradite kaj ni e dvorot??? Ili e fintata samo da se lapnat parite!!! Vsusnost parite ke si gi dadam a zemjiste ke nemam. Vo stanov sum 50 godini i ni dosega mi trebnalo zemjiste pa ni od sega. Seto ova e kolku da ni gi soberat parite i pak nisto od toa. Zatoa Gruevski gi spusta cenite na 1 evro kvadrat za da go podlaze narodot i da mu gi sobere parite i potoa ke si zamine od vlast pa ke bide pu pu ne vazi i ajde posle plakaj pak. Isto ke bide kako i so onie sto pred toa platile po 1500 den za kvadrat a sega im vika pu pu ne vazi toa za vas. Za da izmamis covek prodaj mu stan za 5000 evra i ke se zaleta.
Од: Трпе
Датум: 10.09.2009 06:45:05
Па нели државата се економски реформира,според светските банки.Живееме во моќна земја.Значи таа мрда.Власта се фаќа и за сламка.Дај што ке дадеш само да собере некој денар.Затоа продава по колку ке и текне.Да не случајно земјиштето им е од наследство од мајка и.Прво ги зголемува цените а сега за едно евро продават во центарот на Скопје и во Витолиште.Но некако да се собере некое евро во испразнетата каса.Народот нема да биде свесен уште што може да се случи со ова влада ,уште4 колку адути кријат во ракав.Така во периодот од 1998 до 2002 година ги обезвреднува и ги продава фирмите со дисконти од 95 %,некои ги купија и затворија.Вредноста на скапо створените фирми беше само како плацеви.И нека велат дпмне-овците дека Бранко е крив за моделот на приватизација.Нивните тајкуни ги купија фирмите и ги затворија сега ке си ги купуват како дворови.Чиста математика.
Од: Petre
Датум: 10.09.2009 07:22:29
Koга државата ќе поскаи нешто, фрламе дрва и камења по неа. Сега кога поефтинува во полза на народот, пак дрва и камења. Такво е Македончето. „Да му умри козата на соседот“. Криво му е оти соседот ќе плати помалку. Јас купив телевизор кој продавачот по три дена го поефтини за 80%. Сега да барам ли да ми ги врати парите? Така е во пазарна економија. Кога ќе купиш нешто незнаеш дали утре ќе поефтини или поскапи. Ами ако дворните места поскапеа? На кого тогаш требаше да му умира козата?
Од: navreden
Датум: 10.09.2009 07:39:53
Ovoj Stavrevski neka ni obezbedi standard, za da si plakame se sto i tekne na ovaa vlada, a ne bozem ne zale, pa da ni ja iscica i krvta
Од: cuci
Датум: 10.09.2009 07:54:18
e sto e sega tuka cudno,ne razbiram pazarna ekonomija nikoj ne kupuva znaci skapo e stom e skapo cenite ke padnat,toa e edno a vtoro e a zosto se plaka pa nie site danoci plativme zemja tocno e deka ne sme ja platile ama taa e dadena a ako e dadena i ja vladeam i plakam komunalii za taa kvadratura pa i neznam zosto i voopsto se plaka??
Од: sime
Датум: 10.09.2009 08:15:12
Ova so 1 evro mi lici na odlukata na Trifun Kostovski sto pausalno gi zgolemi porezite za 100%,zatoa sto poskapel kvadratot.
Од: ekonomist skopje
Датум: 10.09.2009 08:23:09
Sto da se kaze BANANA drzava nikogas ama bas niedna vlada vo RM ne bila dosledna na pocnatoto, ovaa ja kritikuvase predhodnata deka prodala za 25 evra/m2 (ramstor). pa ovaa prodava po 400 evra( Vero) i na kraj da deli besplatna zemja (kako komunjarite kako tie miluvaat da kazat). No sustinata e mnogu dlaboka se nema idea za resavanje na problemite na LUGETO NE IM TREBA NISTO BESPLATNO IM TREBA RABOTA ZA DA MOZAT TOA STO IM E POPTREBNO DA GO KUPAT zatoa funkcionira ZAPADOT ZATOA STO IMA VREDNOST KAPITALOT I TRUDOT malku prava ekonomija gospodo....
Од: dragan
Датум: 10.09.2009 08:26:22
Abe STAVUE , ti blagodaram mnogu sto tatko mi koj e stecaec od 1994 a sega penzioner, vo stavi vo grupata na kapitalistite polni kess koi do sega si gi otkupile dvorovite. Toj kutriot se isplasi da ne mu pomine rokot i da ne plakja enormni sumi na pari za danok, si ja prodade kolata i si kupi sopstvenost na dvorot vo koj cel zivot ziveel. Sega ostana i bez kola i bez pari. Ostvaruvate!!! Bas me interesira koi li ke bidat sega ovie obespraveni, kutri, koi za 1 evro ke stanat novite clenovi na kapitalistickiot klub na lokomotivata na DPMNR (razedinuvanje)!! Za da se bide drzaven funkcioner treba da se ima oset za narodot.
Од: Stole
Датум: 10.09.2009 08:27:17
Placot za kukata si go kupiv od fizicko lice po 10 evra od kvadrat. Covekot si imase imoten list i na notar mi go prefrli na moe ime. Si gi plativ site davacki. Prasuvam: Zosto sega povtorno da go kupuvam placot od drzavata . Ne mozam da si objasnam. Prosto neverovatno. Ova nikade vo svetot go nema.
Од: КОПАЧКА Кичево
Датум: 10.09.2009 08:39:42
Молам да се побрза со денационализацијата на земјиштето во Копачка,а после на другите нека им се дава и за бадиеела.Имено,нашата денационализација да се спроведе со замена на земјиште,соодветно,или истото да ни се врати.Во мојата фирма сега има некои мафиози,кој е оплачкаа фирмата,па сега да се направат и сопственици и на земјиштето.Република Македонија треба да има сопственост на државното земјиште не да се продава за бадиела,оти мојот дедо и прадедо не го купил во турското за бадиеела,туку во злато.Инаку немам против никако нека се даде на Македонскиот народ,нека биде сопственик на земјиштето во Македонија..за да не им се покаже некој сопственик навистина и на државата....Побрзо г.дине Ставрески со денационализацијата...да бидеме обештетени...нашето си е наше,а за другото неме интересира дајте им го и за бадиеала ако сакате....Да ви напоменам дека во таа фирма моментално не се сите од ВМРО,туку има и од другите партии кои во општо не е и мислат добро на МК.Позз до утрински
Од: До Марија
Датум: 10.09.2009 09:22:50
Е Марија, Марија. . . Камо среќа да бев „добро нафатирана „ или во дел од малиот клуб капиталисти. Се слушате ли со министерот НАШ што зборувате? И не Ви е срам?! Би требало, ако малку имате доблест, а и нешто што се вика совест. Ние го откупивме дворот од 700 кавдрати за да го испочитуваме законот. Како само ние знаеме - со подигање на кредит од 3000 евра кој и ден денес го исплаќаме. А тоа е затоа што спаѓаме во најмизерната група на население - во интелектуалците. Ете до таму не донесе оваа влада,а и таквите како Вас.
Поздрав до сите оние што оваа влада јавно ги направи БУДАЛИ.
Од: od citatel
Датум: 10.09.2009 09:24:54
Gospodine Stavrevski ocigledno e deka veke kompasot ne ti raboti. Te prasuvam vo koj klub si ti clen.Za tebe moze da se kaze deka najverojatno si vo klubot na otkacenite, koga za posteniot makedonski narod koj gi pocituval zakonite mozes da kazes deka bile vo nekoj klub na imoknite. Jado edna nevidena.
Од: ljubica
Датум: 10.09.2009 09:25:20
ako vi padne vo oci, koga minuvate niz Kozle, edna ruinirana baraka od vremeto po zemjotresot, e taa e na tatko mi. Toj iako penzioner so mala penzija go pocituvase zakonot i go kupi dvornoto mesto so kredit koj se uste go placa. Da bese kapitalist barakata ce bese vila (kako okolnite), i nemase da mu bide krivo sto e izigran od Vladata. Naravoucenie: cesnosta i lojalnosta ce kaznuva. Zatoa ne placajte. PS Megu tie sto ne platija ima golem broj profiteri i od minatoto i od segasnoto vreme koi nikogas ne bile lojalni i ne placale.
Од: Македонка
Датум: 10.09.2009 09:34:07
Дали бевте незадоволни кога опстетсвените станови ги купувавте за една месечна плата???. Дали бевте незадоволни кога акциите од набрзина направената приватизација ги продававте на газдите и купувавте огромни имоти??? А сто да речам јас морав да купан стан по пазарна цена, мажот ми е стечлаец без отпремнина, а имаме деца за сколување. Е сега дали ако цената на дворните места ке се зголемесе и ке бесе поголема од онаа сто вие сте ја платиле ДАЛИ КЕ БАРАВТЕ ДА ЈА ДОПЛАТИТЕ РАЗЛИКАТА???!!!!!
Од: Predrag Terzioski
Датум: 10.09.2009 10:05:32
Mu blagodaram na vicepremijerot sto mi gi otvori ocite.do sega ne sum znael deka mu pripadjam na "mal Klub Kapitalisti".
A za toa sto dvorot si go otkupiv na vreme, koristejki kredit, za koj pokraj visokata cena dodatno plakav i visoki kamati moze da se oceni samo kako moja "kapitalisticka glupost".
Pozdrav od maliot klub na kapitalisti do golemiot klub na diletanti ,koj bez nikakov osnov , nepriznavajki i ne poznavajki nikakvo pravo ,donesuvaat katastofalni propisi vodeni od dnevnopoliticki i licno-profiterski motivi.
Од: Jas
Датум: 10.09.2009 10:28:56
DO MARIJA
Dobro bre marija ti gl..pa si ili taka ve ucat vodacite vasi VMRO-vski( uklucete se po vesnicite i da falite i opravduvate se sto nie ke napravime i ke kazeme ). Pa do koga bre ke vi perat mozok Guevski i Stavue. Pa tatko mi i majka mi sto imizeruvale za da dojdat do sopstvenost na zemjisteto, da iskoluvaat deca i na kraj nisto da ne ostane, zarem takvite kako tebe i kako onoj Stavue i niv ke gi svrstat vo krugot na GOLEMITE sto nemale gajle kako da si go platat zemjisteto. Pocnete bre ednas zasekogas da mislite so vasa glava , a ne ONIE da mislat za vas. Do tuka li vi odi dostoinstvoto? Do tuka li vi odi vaseto ( ne zasluzuvate so golema bukva da go pisam zborot, neli taka pravilno bilo) JAS ( ako go imate). Do kade ke stigneme so takvi kako vas, se prasuvam ama nemozam do odgovor da dojdam. Pozdrav do tebe draga Marija
Од: јас
Датум: 10.09.2009 10:56:19
Само несалам и лоповска влада ова им го прави на својот народ...И пак ќе се најдат изроди , кои кога прифитираат неколку стотини евра ,ќе ја фалат владата дека еве мисли за својот народ.Ако мисли за својот народ НЕМА ПОВТОРНО ДА БАРА ПАРИ ЗА НЕШТО ШТО ЕДНАШ Е ВЕЌЕ КУПЕНО И ПЛАТЕНО...Сите ние сме купила дворишта и места за куќи од некого и уредно сме платиле
Од каде сега државата те тера пак да платиш ( макар да е пак 1 евро)???Јас лично , соочен со еден куп документи и илјада евра за откуп на мојето земјиште , еднаш веќе купено, бев решен да плаќам кирија на државата .И покрај тоа што сите ме убедуваа дека грешам..
Од: BRAVO
Датум: 10.09.2009 11:11:57
Mnogu me intersira kako mozam da si kupam 2 kvadravi zemja pred zgrada za inaet na komsijata. inaku kako ke se podeli PROPORCIONALNO zemjisteto pred zgrada vo naselba od 15 zgradi edna do edna...Smesno Grujo ti se blizi KRAJOT.
Од: OD ORCE MAKEDONSKI -AUSTRALIJA
Датум: 10.09.2009 11:22:46
Ovaa e navistina sramota do site sto ja kritikuvaat oaa vlada ,barem za noviot donesen zakon vo vrska so gore navedeniot tekst.No kako po obicaj udri po ovaa vlada i pravi se za da ja soboris pa druga partija da dojde ,pa taa partija vladeela dolg vremenski period i nusto dobro ne napravila za svojte gragani vo kolku jas se dobro sekavam,a sto se odnesuva za miti i korupcija i drugata garnitura od drugata vladeecka parija ne bese nisto podobra,odnosno se borese protiv korupcijata. Eve eden dobar pr jas podnesuvam molba az da dobijam zitestvo skoposko i me odbivaat ,a licata od zapdniot sosed ili severniot sosed so togasni germanski marki koj pred ocite vidlivo na site luge vlevaa po kancelarite i vednas dobivaa zitelstvo,pa i togasnata vlast se borese protiv korupcijata vo kolku bidat se znae vateni.pa za toa nemo da barate vednas otpodvikliva postapka za ovie ministri od drugata nekogasna vladeecka parija,a segasna opozicija i ovdeka na zapad sekoj den se smenuvaat zakonite.POZZ ORCE
Од: Emi
Датум: 10.09.2009 11:25:39
Bezobrazlukot i nevospitanosta i nemaat kraj vo odnesuvanjeto na ovaa vlada, a za mene e vcudoviduvacko sto toa sega go pravi i Stavrev, koj go smetav, zaedno so Milososki, za eden od povospitanite. Za zal i ovoj ja pevzede retorikata na Grujo i sega vleguva vo ista bagra. Koga posledniot pat se prodavaa dvorovite, moite bliski rodnini, obicni sluzbenici, se izzadolzija do gusa za da si go kupat dvorot i toj dolg uste go plakaat so debeli kamati.No vo vakva kvazi drzava se e mozno, pa i ova. Onoj sto so trud i golemi odrekuvanja steknal nesto, da se narekuva so pogrdni iminja, a toj sto preku nok kupuva po tri stana i ima imot sto inaku ni za celzivot ne bi go steknal, da bide na celni pozicii. No se lazeme ako mislime deka ova e napraveno zasto Grujo mislel na siromasniot narod. Ova e cisto populisticki metod, mu treba na Grujo pokacuvanje na rejtingot, koj vrtoglavo paga i se faka za slamka. NO LUGE, KUPETE SI GI DVOROVITE, I SVRTETE MU GRB NA OVOJ DEMAGOG.
Од: snezana
Датум: 10.09.2009 11:58:23
Ja pozdravuvam ovaa odluka na Vladata, zasto e prvo nesto sto nekoja dosegasna Vlada go pravi za narodot koj nisto nedobi od privatizacijata na firmite. Imeno site gi stvaravme i rabotevme za sekogo, za da se izgradat firmite, fabrikite, a koga dojde za privatizacija samo direktorite stanaa"gazdi-sopstvenici" (i vrabotenite sto ostanaa da rabotat vo tie firmi), na nesto vo koe sme vlozuvale site i imame svoj del. SLEDNOTO sto treba da go napravi Vladata e da iznajde nacin kako da ne obesteti site, taka kako sto go napravija Slovenija, CEska..vo startot na privatizacijat., zasto samo ovaa Vlada misli na narodot koj ostana bez nisto. Ova so cenata za dvornite mesta e samo eden mal del so koj saka na nekoj nacin da ne obesteti, VERUVAME i znaeme deka Vladava ke napravi se da ja ispravi greskata i nepravdata na predhodnite Vladi.
Од: verag
Датум: 10.09.2009 12:39:14
Имаме стабилна влада со нестабилни членови,па така стално ги менуваат одлуките. Под изговор дека им помага на социјалните случаи и на сиримашните,таа им дава еднакви услови за откуп или помош(компјутери,бесплатни учебници) на сите. Дека е неправедно прво да се дигне цената до небо, а сега да е симболично за оние што побрзале да откупат, нема сомнение. Јас сметам дека од нив,кој не припаѓа на малиот клуб на капиталисти што стекнале се во 90-тите треба да го тужи Ставревски за клевета,а и ним треба да им се вратат парите.Инаку јас живеам во зграда и не гледам зашто би го откупувала земјиштето под зградата- подрумот ми е впишан во катастар,а станот не е на чардак на небо.А за дворното место- тие на приземје имаат излез во дворот-како јас да откупам место до неговиот балкон,па скоро да му влезам дома.Ако една зграда има 50 стана -како ќе се обележи сопсвеноста на секој станар. Ќе ставаме ограда на секој квадратен метар,или два?Ако веќе некои зборат за пазарна економија- правилата ги одред
Од: MMM
Датум: 10.09.2009 13:54:52
Do Makedonka
TI mora da si padnata od MARS zzeno bozzja. Kakva li glupost kazuvas koga vikas dali kje sme barale d aja doplatime razlikata ako se poskapelo. Se razbira ne. Kj eposkapi ako pomine rokot da go platis kako vo sekoja normalna zemja. I togas treba d ati poskapi oti ne go pocituvas zakonot, ama ti si nagradena kako nepocituvac na zakonot i neka ti e so srekja i tebe i na sit ekako tebe, samo ve molam ne komentirajte deka e toa dobra odluka na vladata. Najdobra nejziona odluka e da se zamozatvori vo Idrizovo do krajot na zivotot
Од: graganin
Датум: 10.09.2009 13:55:59
Dosega se iznacitav debilni izjavi od nasive politicari, no ovaa izjava na Stavrevski e vrv na cinizam, bezobrazie, nevospitanie,.... Momce, znaes li ti deka tie kapitalisti sto navreme, postojano plaseni od vas deka ke se zgolemi cenata na dvorno mesto ako ne se plati do ....,podigavme krediti od bankite so basnoslovni kamati za da go otkupime dvorot, a ti sega od nas pravis majmuni. pa ne li ti e sram, imas li obraz, taka li te vospituvale yvoite roditeli patrioti da ja prodavay drzavata za bespari na kogo ti e keif? Zasrami se od majcinoto mleko , ako e makedonsko, od tvoite idni pokolenija.
Од: usa
Датум: 10.09.2009 14:37:38
eden zakon koga staduva vo sila treba ida se sproveduva. zemjisteto trebase da se otkupi do januari 09 i tocka. sega treba da se naplaka kirija,
ako kirijata ne se plati za vreme od tri godini zemjisteto se prodava na licitacija na drugo lice sto ce plaka. takov e zakonot na zapad a nie veke pripagjame vo toj klub. dosta menuvanje na zakoni
Од: mene
Датум: 10.09.2009 15:38:40
do site koi ja poddrzuvaat ovaa odluka :
dali vie veke go imavte otkupeno zemjisteto????
dali vie ste dale 2500 evra namesto sega da dadete 500????
moze za vas ne se mnogu 2000 evra sto ke vi ostanele, ama za mene se!
Од: Dragan
Датум: 10.09.2009 16:00:06
Абе што имам јас да плаќам за нешто што веќе сум го платил на бившиот сопственик. Еј бре Македонче освести се до кога ке ве молзат овие психопати.
Од: Атанас
Датум: 10.09.2009 16:32:54
За уредните плаќачи и групата капиталисти кои ги откупиле дворовите по барање на владата. Предлог- нека не ги плаќаат комуналиите, разните даноци и други обврски према државата во висина на направената разлика.