Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
21.04.2013, 19:11

Мoe ќоше

Зошто го сакам Балашевиќ

Ерол Ризаов

Ѓорѓе ни пее на сите автобиографија, за нашиот живот што веќе го нема, ете затоа го сакаме

Зошто го сакам Ѓорѓе Балашевиќ. Не оти е некој добар пејач, среде збор зима воздух. Имаме дузина подобри од него. Не оти ми е генерација и непоправлив југоносталигичар. За Југа има поголеми плачковци од него. Не оти е некој убавец, или заводник, или пак убаво се облекува. Катастрофа, би рекле помодарите и трендсетерите. Ние што го сакаме таков каков што е велиме друго да облече не му личи. Не би бил тој. Вицевите и шегите што ги раскажува не се бог знае што, ама ако вие ги прераскажувате. Кога тој ги говори пред публика со еден тон шарм многу се добри и оргинални. Не оти бил некој џентлемен и широка рака, велат бил голем циција. Па зошто тогаш го сакам Балашевиќ. Затоа што неговите балади ги разбирам. Тие се вистинити и ми ја допираат душата кај најтенките струни, ми прават голем ќеф, затоа што Ѓорѓе ни пее на сите автобиграфија, за нашиот живот, што веќе го нема, што го одживеавме ние од неговата генерација и нешто постари од него. Па зошто го сакаат и младите, децата родени во новото време на демократијата и независноста. Затоа што тој наш живот тие не го видоа, затоа што тоа им е бајка која ја слушнале од нас, од своите родители, кога некогаш добро се живеело и затоа што им е преку глава од слободата што им ја ветија и ги излажаа. Затоа што пораснаа тие, „некои нови клинци, некои нови клинци“ на кои Ѓорѓе им ја испеа песната пред да се родат.

Го сакам Балашевиќ затоа што ме потсетува на среќа, на младост, на првата љубов, на другарството, на војска, работни акции, студентски демонстрации од кои им замрзнуваше крвта на политичарите, ме потсетува на отпор, на пркос, на гордост, на чесност, на вистинска слобода, „не ломите ми багреме,“ ќе не однесе ветерот, „власт е власт, ама ред е рееееед“, ме потсетува на Панонско и Јадранско море, на Триглав и најубавото зеленило во светот, оризовите полиња во Кочани, ме потсетува на мирисот на дуњите врз креденецот во гостинската соба во нашата куќа и насмевката на мајка ми, на мојата прва учителка, ме потсетува „како се некад јело“ и пило, на моите другари со кои одев автoстоп низ Југославија да откријам колку е голема и да ја запознам Катрин, ме потсeтува на Хвар, на Вaрадар кога му дадовме пет гола на Партизан, на раскошот на дрвената клупа и звезденото небо над Биоково. Ме потсетува на „Т,га за југ“ и „Прошек“. Ме потсeтува на најдобрите кошаркари, фудбалери, ватерполисти, спортисти... во светот. На моите идоли. Сето тоа беше наше и мое. Наша, и моја лична сопственост. И сега Балашевиќ подостарен, двајцата сме дедовци во исто време, пак ме потсетува дека сето тоа го изгубивме како на комар, како во една партија покер, не како со оној негов симпатичен гамен „Божо звани пуб који вара мало боље“, туку во руски рулет со девет куршуми во буренцето кои ни ги подметнаа големите измамници. Џабе било коњи врани, на ливада разиграни, џабе било се'. Југославија умре среде балканската биртија поради невозвратена љубов. Да, умре југа, ама сепак не сме лузери, како што пее Балашевиќ за себе и за нас.

Го сакам Ѓорѓе Балашевиќ затоа што ја прифати новата реалност, а не ги заборави убавите работи од минатото. Затоа што неговата балада не не' враќа само во минатото туку и не' предупредува за иднината. Неговите песни и стихови ни кажуваат дека не е се изгубено, дека има уште многу да се губи ако не ја научивме тажната приказна за исчезнувањето на една држава. Го сакам Балашевиќ оти пее дека е славјанска душа и оти со тоа се гордее како и стотици милиони Словени. Југославија не беше мала како што мислевме, а дознавме колкава е кога ја снема. И нашите нови татковини не се мали, но уште не е завршена опасноста од нивно исчезнување, па да дознаеме колку се големи. Балашевиќ одамна со сета во гласот испеа „патувај Европо, не сметај на нас“.

Балашевиќ го сакам оти во неговите балади има покрај се' што набројав и еден убав хумор, иронија и малку здрав цинизам. Големиот рокер Бора Чорба, на пример, удира и по себе „кaко је лепо бити глуп“, стих злоупотребуван многу често за навреда на други, а не на своја сметка како што сакал да каже авторот и како што е одлика на силни личности. Останува вонременска и виртуозната сатира на Влатко Стефановски „све је као какао“, за да премине на лирско-социјална драма и наш сон со „Ах да имам бел коњ“. Панонскиот морнар, Балашевиќ нашиот Лала, добродушен, небаре со извинување го исмева кичот и турбофолкот: „Ах Мирка, Мирка, ко ти сада свирка“.

Во петокот веч��р во Скопје дојде пак панонскиот морнар. Не' потсети на некои убави работи од нашиот заеднички живот, на радосни времиња и тешки премрежија, ни измами по некоја солза, од некои како мене од жал за младост, а од други како тага за изгубената иднина и невиденото и недопрено минато. Ни измами и многу насмевки и надежи.

Ах, да ќе заборавев, на крај Балашевиќ три пати ни порача чувајте се од „бараби“. Не кажа како. Ќе го прашам кога ќе дојде следниот пат. Ако бидеме тука и ако не заминеме за Хондурас.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот


Статијата е прочитана 6546 пати.


Испрати коментар



Самитот за Агендата 2014 во Солун неизвесен
Го застрелал синот, па сам се убил
Кафето го намалува ризикот од одредени болести
Вибрирачка виљушка против дебелина и дигестивни проблеми
Отрујте ги отровите во организмот



jovan, 22.04.2013 00:48:27
Za Balasevic nema sto da se diskutira.Kapa do pod. So negovite pesmi koj se i poezija i filozofija napravi negoviot zivot da bide del i od nasiot. Sekoja negova pesma, sekoj stih i zbor imaat poraka, ostavaat po nekoe custvo i trag. Eden od negovite stihovi koj mene mi e omilen, *onda znam i da budem sam*, sekogas pravi da se custvuvam deka ne sum sam. Fala ti Djole, a i tebe Erole sto si napisal edna kolumna za ovoj golem muzicar, poet i filozof. Pokraj Djordje Balasevic se prisetiv i na site drugi golemi muzicki zvezdi od edno drugo vreme, Belo Dugme, Azra, Parni Valjak, Riblja Corba, Prljavo Kazaliste...i uste mnogu drugi koj bea i muzicari i poeti i ostavaa po nekoja dlaboka zivotna filozofija preku nivnite pesmi vo site nas koj gi slusavme i na koj do den denes se sekavame.Denes e drugo vreme so druga muzicka vrednost koe nema nikakva slicnost so ona sto bese.Balasevic e eden od poslednite od tie velikani od tie vreminja koga bevme i muzicka sila.
mene mmk, 22.04.2013 01:42:56
Е...тоа беа креативни времињаЕроле.Барем тие генерации има со што да се гордеат и да се фалата пред нивните наследници кои воошто и не знаат дека здравото мисловно јадро создавано во главите на нивните родители е од тогаш,не само Балашевик туку и други ја имаат прифатено ‘‘У име свих нас и з педесет и неке ‘‘,но новодојденците ,кои ја прифатија мувлосаната демократија на оние кои нас не излажаа или го излажаа ‘‘народот‘‘ после нас сервирајки му ги трошките на потрошената слобода ,мислејки дека тоа е дострел на цивилизацијата уште повеке ја дотолчија и онака скромно создаваната слобода на умот,прифакајки да бидат убаво глупави,а ма со недефинирани интереси.Таквите денес не водат .Но.Каде??
meksikanec, 22.04.2013 07:10:37
Blagdaram Erole.Na kolku lesen i ednostaven nacin ni go raskaza najubaviot del na lugeto od Vasata generacija,za koe vreme i nie postarite ne zalime solzi,a mladite ne veruvaat,deka mozelo da bide taka.Kako samo iznajdovte nacin da go napravite toa i da go razbudite seto ubavo vo nas,zaspano poodamna.Toa sto Balasevic go pravi niz pesma,oduseveno prifaten od publikata kade i da pee,so vaseto nadareno pero go pravite Vie niz ne nadminatite kolumni,koi so odusevuvanje gi ocekuvame i citame.
deutschland, 22.04.2013 07:18:28
Osvezuvacka kolumna od Erol!seto toa sto mu nedostiga nemu najverovatno im nedostiga na poveketo od nas sto ziveea vo MK koga bevme vo ramkite na JU.toj poranesen sistem koj bese zamislen za dobroto na site nemozese da uspee bidejki bese NE REALEN!!vo toj sistem nemase grafa za coveckata lakomost,za coveckata nerabotlivost,sebicnost,alcnost!!A bez takva grafa celiot sistem e postaven na lazna osnova i zatoa se raspukavme kako meur od sapunica.kapitalizmot uspeva bidejki e realno(nepravedno,rasipano)opstestvo-toa e toa,takvi sme si nie lugeto!!komunizmot pocna super no so vremeto pocnaa da se javuvaat klasnite razliki,prvite bogatasi,lugeto gi gledaa fabrikite kako kravi koi MISLEA deka mozat vecno da gi molzat(da zimaat dobri plati a MALKU da rabotat)!!e neodi toa taka moi sogragani-NEODI!!!ete zatoa sme nostalgicni-da si bideme realni.treba rabota a ne politika bistrenjeeee!!Sum ziveal vo Makedonija,Germanija,Kina-sto mislite kakov e redosledot vo rabotlivost-OBRATEN,prva e Kina.....
Stipjanec, 22.04.2013 07:55:58
Da, Balasevic peese za edno izminato vreme za nasata mladost, vreme koe imase idnina, no ne i minato. Denes ziveeme vo edno novo, Sovremeno vreme, koe nema idnina no zatoa ima minato. Sega konecno si go najdovme naseto poteklo, koe vo vremeto na Balasevic, ni bese zabraneto da go otkrieme. Blagodarenie na DEMO(N)KRATIJA, ja osoznavme vistinata za nasite koreni od Aleksandar pa do denes. Zatoa i imame tolku mnogu spomenici, za da ne go zaboravime slavnoto ni minata. A Idninata ?
ФЕЛИКС, 22.04.2013 08:06:14
Благопријатен релаксирачки текст на авторот за концертот на Балашевиќ,кој предизвика бура од сентименти.Сите ние во сериозни години се подсетивме на нашата младост,кога правме журки на кој обавезно имаше ,,стискавец,,по нотите на Рани мраз на Балашевиќ и Б.Крстиќ со ,,у раздељак те љубим,,или последниот заеднички албум ,,одлази циркус,,,Се сеќавам кога пријатни морници ги лазеа будните млади комунисти со,,рачунајте на нас,,и ,,три пут сам видео Тита,,За оние во посериозни год. хит им беше песната за петелот и оној рефрен на вистината,,да чујем петла још једаред,,За оние кој сакаа хазард хит им беше песната за коцкаротБожа звани пуб.Оние кој ја сакаа Југославија им беше наменет хитот ,,солитер,,предвесник на распаѓањето.За миразџиите и миразџиките и нивната несреќа легенда беше хитот за Васа Ладачки и т.н Едноставно ова беше концерт за памтење на живата ,,ходајуќа,, музичка легенда.
jana., 22.04.2013 08:40:31
Odlichna kolumna. Erole, dozvolete mi da se obratam do chitatelite. E,vaka...Erol pichuva kolumni. Nekomu se dopagjaat, nekomu ne. Normalno i demokratski. Onie koi ne se soglasuvaat, go povrzuvaar so SDSM I MILIOT branko . OK. Ako se odi po taa linija, togash takvite se za VMRO I Gruevski. Dragi VMRO- ovci go koristite govorot na omraza so zborovi od tipot- odi si vo penzija, od koj sistem doagjash,destruktivec, Turchine itn..Ova go pravite vo nedostig na fakti da go demantirate Erol. Ne me chudi- otrueni ste so omraza kon neistomislenicite. Zasramete se na vashiot vokabular- ulicharski...
zik, 22.04.2013 09:41:34
ete! sega ,,kulturnata ministerka,, so subvencii ke napravi stotici ,,balashevichi,, kaj nas!
Podgor, 22.04.2013 09:51:29
Ne bev na koncertot od opravdani prichini no mnogu mi e krivo shto ne bev Po ovaa statija na Erol kako da bev vo nekoj agol vo salata i od prikrajka go sledev.Fala ti Erole
Zoshto go sakame Balashevic?, 22.04.2013 10:22:44
Zatoa shto e golem umetnik i ushte pogolem chovek. I vo onie ludi voeni vreminja, ostana dosleden na svoite chovechki vrednosti. Primer za mnogumina, pred se za javnite lichnosti i iznad se, za nacionalistichkite politichki lideri. Bravo za Djole!
Austrslia, 22.04.2013 10:34:54
Ти го сакаш Балашевиќ и СДСМ Г-не Ризаов.А тоа е знак за квалитет.Балашевиќ незнаеш дали пее или рицитира а СДСМ постојано создава вештачки кризи и наводно бара демократија.Таа бара анархија за кутрата да се врати на власт само што народот не дава.
Pero, 22.04.2013 11:26:38
taka ako gledass ne e samo balassevic koj te podsetuva na jadransko more, na onaa prekrasna jugoslavija vo koja imavme spokoj na dussata, na taa jugoslavija so redovni plati i odenje na more, potsetuvaat isto taka i:miki jevremovic, tereza, lola novakovic, majda sepe, miso kovac, zafir i senka, ljupka dimitrovska, bijelo dugme, dubrovacki trubaduri, pro arte, nada knezevic, boba stefanovic, radmila karaklajic....eeeee kolku gi ima sto pa toj balasevic toj pa bas e mnogu prevrtliv!
od diasporata, 22.04.2013 11:58:36
Ponekogas mi se dopagjaat tvoite kolumni no ponekogas ke ti priznaam javno deka se cista tapa. Taka pisuvase za filmot Treto poluvreme za oskar bil, neznam sto a neznaese deka e bleda kopija na Ukrainskiot film. Sega za Djordje. Nitu e peac, nitu e muzicar, a ne daj Boze filozof kako sto procitav nekoj od komentrite. Petel kako sto veli Tocak za nego. Toj e jugoslovenska kopija na Leonard Khoen od Canada. Site jugonostralgicari go obozavaat sto e i vo red. Ve razbiram. Mal prostor, ogranicen. Nizok kriterium. A toa sto nema kreativni umetnici, toa ne e samo na Balkanot. Toa e svetski trend. Prezasitenost, izvetepereni vrednosti, nemoralot i profitot go storija svoeto. Nemora da pisuvas ako ne razbiras potpolno od umetnostite. Pozdrav.
x, 22.04.2013 12:16:51
_Pateticno placenje po mladosta i po bvsa YU koga bevme vo se Naj,naj i koga bevme bogati i ...koga nosevme pleteni dzempercinja od baba.
ODNADVOR, 22.04.2013 12:44:36
*..... jer kako je prazno nashe srce kada u zivotu nema da oplace nishta........ i umri da spasesh verovanje cisto, da si kad-god stao pred istinom golom i da u zivotu nisi jedno isto, jednom zvao srecom, a drugi put bolom.....* Ti blagodaram Erol.Ne, nemav moznost da go slusham Balashevic , no tvojata kolmumna me vrati vo to vreme, vo sreknata mladost. Duri i Feliks, i *dojcerot*ni prizna deka,* Zasto volim sve ono sto mine....*
dobar den :-), 22.04.2013 13:26:09
Dobar den, g. Erole. I jas go sakam Balaševik. On nee pevač, nego pesnik, poet, koj na stihovi im dodava muzika. Negovite temi se van site vreminja, van site režimi. Nema mnogu takvi ličnosti vo kultura. Sekoj zbor mu e na mesto, so ednostavni zborovi kažuva dlaboki vistini... a toa so decenii, a okolu nego vekina samo mlati prazna slama, i laže. Uspeja i pesnite poplatni na režimot (za Tito napr.- takvo beše vremeto) da gi napravi inteligentno - i ostana svoj, so razlika od drugi, koi togaš na Tito mu maftale, rakopleskale i mu se voshituvale i pred sé gordo se biele v gradi: gledajte me, jas sum JUGOSLOVEN so crven pasoš, koj e poveke od mene! - a deneska go plukat Tito, ja ismejavat Jugoslavija, gi kršat grobovi na padnatite borci i vrtat.. vrtat.. vrtat u krug sve isti ploči, isti dosadni temi i teorii i pojma nemat što uopšte kažuva Balaševik!! On e EDINSTVEN na Balkan! I drago mi e, što imav možnost da go slušam. Pozdrav - i bidi nam dolgo živ, Gjole!
Јанко, 22.04.2013 13:35:25
Балашевиќ е легенда! А дали вреди да се убедуваме како беше некогаш за сите нас од генерацијата од пеесет и некоја, но и пред тоа. Песните на Балашевиќ до детали раскажуваат за тоа време. Ние проживеавме еден пристоен живот кој за жал тешко дека ќе имат прилика да го проживеет денешните генерации освен се разбира поединци со длабоки џебови. За вкусовите не се дискутира а уште помалку не може некој да спори нешто што не го доживеал! Само еден мал пример од лично искуство: полноќ, ледина пред Колашин, паркирани и распослани на земја летувалци од секаде, црна темница и над главите ѕвездено небо за незаборав!!! Дали некој од нас денес би имал храброст да го направи истото било каде на овие простори? Ама важно си имаме демократија на претек!!! А иднина ...???
Uko, 22.04.2013 13:41:46
Da ne bese Balasevic, kako niz godinive sto gi pominavme ke mozev da kazam ja sve to razumem
JAS, 22.04.2013 15:17:22
YU- Каква ,таква.Го живеев тој систем, го живеам и овој сега ! Еден Бугарин во тоа време ми рече :Aбе вие сте само чрвени, каков комунизам,това нема врска со комунизам ?!Дојди во Блгарија да видиш што е комунизам !? Е, мои пријатели, за каков капитализам сега станува збор овде во Македонија?Каде е капиталот?Се знае во неколку џепови, ама не и кај народот!?Е ама јас не се залагам за квазикапитализам како оној во Колумбија, туку за оној Скандинавскиот...Вака ова сега...торбата на рамо и на курбет кај ти очи таму глава..подалеку од демократијата..
Чадиковски венцислав, 22.04.2013 15:53:15
редовно ги читам твоите колумни продолжи да пишуваш за наша и твоја радост
Bлaдo, 22.04.2013 16:10:10
Pa sakate го Балашевиќ zasto vi peva na srpski, a to vi e na vas naj mili jezik
homo sapiens, 22.04.2013 19:16:01
G-ne Erol Vi blagodaram za prekrasnata kolumna, gi stavate na hartija mislite na mnogumina od nas - se nadevam ke prodlzite da pisuvate na golemo zadovolstvo na nas koi go cenime Vasiot napisan zbor. Ne sfakam zosto citatelite koi odnapred, od politicki pricini, Ve napagaat Vas licno i napisanoto ednostavno ne se otkazat i prestanat da se izmacuvaat sebe si so citanje na Vasite kolumni za koi veke odnapred imaat artilerija negativni zborovi. Nie koi dobro znaeme sto bese ubavo a sto negativno vo onaa nasa Jugoslavija ke si ostaneme so toa mislenje, ni pomalku Makedonci vo dusata ni poveke jugonostalgicni.
Божо Пуб, 22.04.2013 22:17:25
Браво Ерол. Само еден мал детал испушти или не го знаеш... детал која на оваа слатка приказна и дава примеса на горчина, малку кисело, вкус, како разлика во вкусот на кола и кола лајт. Жал ми е што неможам да кажам дека е еден од р��тките - бидејќи не е - тој е ЕДИНСТВЕН поранешен Yu музичар кој немал ама никаков настап во Скопје или Македонија, за време на единствената Југославија, кога ако свиреше овде ќе беше платен во динари, а не како сега во евра. Жал ми е ама тоа кажува за него дека е еден најобичен фолирант. За пари.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Среда
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 12°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Наука - Има ли Земјата планета-близнак?
Кеплер 62ф е веројатно досега најсимпатичниот доказ дека дека „слични на Земјата светови“, сепак, постојат во огромниот ...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |