Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Запалени цистерни на НАТО во Пакистан

Во времето на нападот цистерните со нафта, кои го зеле товарот од јужното пристаниште Карачи, биле паркирани на бензинска пумпа

ИСЛАМАБАД - Милитанти во јужниот дел на Пакистан уништија најмалку 27 цистерни со кои се превезува гориво за силите на НАТО во Авганистан, изјавија официјалните лица. Во последниве неколку години имаше стотици слични напади, меѓутоа, ова е прв во овој дел во јужната провинција Синд. Не е јасно дали овој настан е поврзан со прекуграничниот воздушен напад од НАТО, во кој загинаа тројца пакистански војници. Пакистан ги блокираше рутите за снабдување на Авганистан по воздушниот напад во четвртокот. Никој не ја презеде одговорноста за вчерашниот напад во градот Шикарпур, кој е на север од провинцијата Синд.

Началникот на обласната полиција, Абдул Хамид Коса, за Би-Би-Си изјави дека во времето на нападот цистерните со нафта, кои го зеле товарот од јужното пристаниште Карачи, биле паркирани на бензинска пумпа. Околу 15 вооружени лица отвориле оган за да ги исплашат возачите пред да ги запалат возилата, изјавија очевидците на настанот.

Нападите врз конвоите за снабдување на НАТО се ретки во јужниот и во централниот дел на Пакистан, па безбедносните сили не обезбедуваат придружба што е рутинска постапка во северозападниот дел од земјата. Додека овие цистерни беа цел на напади неколку пати во Карачи, главен град на Синд, вакви инциденти никогаш не се случија на други места во провинцијата. Нападите, главно, се случуваа во северозападниот дел, во племенскиот регион Пешавар и Кибер, или во југозападната провинција Балочистан.

По прекуграничниот хеликоптерски напад од НАТО-силите во четвртокот кога загинаа тројца пакистански војници, Исламабад нареди затворање на граничниот премин Кибер Пас кон Авганистан. НАТО соопшти дека неговите летала возвратиле на огнот откако кон нив било стрелано од лесно оружје, како што се смета, од страна на бунтовниците. Меѓутоа, пакистанската армија соопшти дека нејзините војници отвориле оган за да ги предупредат хеликоптерите оти навлегле во пакистанскиот воздушен простор.

Ова е трет пат за помалку од една недела хеликоптерите на НАТО да гонат милитанти преку границата на Пакистан и да стрелаат кон цели. Пакистански официјални лица изјавија дека го затвориле граничниот премин Торкам во племенскиот регион Кибер за да обезбедат возилата на НАТО да не бидат нападнати од талибанците. Сега голем конвој од НАТО-возила чека да ја мине границата. Другиот главен премин на НАТО-силите за Авганистан - Чаман во Балочистан, остана отворен. Не е јасно дали конвојот со цистерни нападнат вчера се движел кон Торкам или Чаман.

НАТО соопшти дека камионите кои минуваат низ Пакистан превезуваат гориво, воени возила, резервни делови, облека и друга неборбена опрема за странските сили во Авганистан. Алијансата и САД имаат и други снабдувачки маршрути во Авганистан, меѓутоа, оние во Пакистан се поевтини и најпогодни. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 433 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
И Бугарија и Романија ги дискредитирале Ромите
Јошка Фишер
Кинескиот премиер во Грција
Бунт во Еквадор, претседателот под опсада во болница






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma