Талер: Берлин и Париз ќе побараат попустливост од Грција
Блокирањето на евроинтеграцијата на Македонија е клучен дестабилизирачки фактор на Балканот, изјави вчера известувачот за Македонија во Европскиот парламент Зоран Талер на дебатата во Скопје. Според него, одложувањето на одлуката за преговори со Македонија од самит на самит веќе нема смисла.
„Процесот на решавање на спорот за името во ОН е в ред, но проблемот е што тоа не дава резултати“, изјави Талер, додавајќи дека цената ја плаќа Македонија, па затоа се очекува од неа да игра поактивна улога. „Потребно ни е решение што ќе го зачува образот и на двете страни“, рече тој, истакнувајќи дека најверојатно медијаторот Метју Нимиц, сепак, ќе дојде во Брисел.
Еврокомесарот Штефан Филе ќе остане во контакт со него повеќе од Оли Рен, а Берлин и Париз ќе ја повикаат Грција да биде солидарна кон регионот како што се тие кон неа. Одговорноста за регионалниот мир, посочи Талер, не е само на Македонија, туку и на сите земји од Балканот, особено земјите- членки, па ги повика сите заедно, пред се', Грција да развијат меѓусебна култура на разбирање место да настапуваат себично да се стават во туѓа кожа. (Н.Р.) |